поморска граница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Oct 2022 19:18:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png поморска граница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претседателот на Либан го одобри историскиот договор за поморската граница со Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-liban-go-odobri-istoriskiot-dogovor-za-pomorskata-granica-so-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-liban-go-odobri-istoriskiot-dogovor-za-pomorskata-granica-so-izrael/#respond Thu, 13 Oct 2022 19:18:35 +0000 https://kurir.mk/?p=745001

Либанскиот претседател Мишел Аун денеска соопшти дека неговата земја го одобрила договорот за поморската граница со Израел, постигнат со посредство на САД. И Либан и Израел тврдат дека имаат 860 квадратни километри од Средоземното Море каде што се наоѓаат полињата за гас. Договорот за демаркација на поморската граница е постигнат по неколкумесечни преговори со посредство на американскиот претставник Амос Хохштајн и ќе претставува голема пресвртница во односите меѓу двете земји, иако тие официјално се во војна од 1948 година, кога беше формирана еврејската држава. – Овој индиректен договор ги исполнува либанските барања и ги зачувува сите наши права, рече Аун во телевизиско обраќање. Тој претходно се состана со техничкиот премиер Наџиб Микати и со претседателот на либанскиот парламент Набих Бери, кои добија копии од последниот нацрт на договорот претходно оваа недела. Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот изјави дека двете земји се согласиле „формално“ да стават крај на граничниот спор и дека лидерите на тие земји му рекле дека се подготвени да ги преземат следните чекори. „Огромно мнозинство“ од министрите на израелскиот кабинет вчера гласаа за договорот. Израелскиот парламент (Кнесет) сега ќе го разгледува документот две недели пред конечното гласање на владата. Либан се надева дека определувањето на поморската граница ќе го отвори патот за експлоатација на гас, што ќе придонесе за надминување на економската криза во земјата. – Се надевам дека крајот на тие преговори е ветувачки почеток за поставување на камен-темелникот за економскиот раст што му е потребен на Либан преку експлоатација на нафта и гас, рече Аун, оценувајќи дека тоа ќе придонесе за стабилноста, безбедноста и развојот што и се потребни на земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-liban-go-odobri-istoriskiot-dogovor-za-pomorskata-granica-so-izrael/feed/ 0
Израел и Либан постигнаа историски договор за заедничката поморска граница https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-i-liban-postignaa-istoriski-dogovor-za-zaednichkata-pomorska-granica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-i-liban-postignaa-istoriski-dogovor-za-zaednichkata-pomorska-granica/#respond Tue, 11 Oct 2022 11:35:08 +0000 https://kurir.mk/?p=743856

Израел и Ливан, после повеќедецениските тензии, конечно се договорија за заедничката поморска граница во Средоземното Море, соопшти израелскиот премиер Јаир Лапид. -Ова е историско достигнување што ќе ја зајакне безбедноста на Израел, ќе внесе милијарди во израелската економија и ќе обезбеди стабилност на нашата северна граница, рече Лапид. Договорот утре ќе биде доставен на одобрување до неговиот Совет за безбедност и владата, пред да биде разгледан од парламентот, се наведува во соопштението на Лапид. Либански Хезболах, моќното вооружено движење кое Израел гÐ ¾ смета за свој главен непријател, даде зелено светло за договорот постигнат со посредство на САД за воспоставување на поморските граници на Либан со Израел, изјавија вчера двајца високи либански извори. Висок либански владин функционер и функционер близок до Хезболах изјавија дека партијата се „согласила“ со условите од договорот и дека преговорите се „завршени“. Двете земји со години наназад се расправаат за точната граница. Конфликтот се засили по откривањето на наоѓалишта на природен гас во спорното подрачје. Израел сака што поскоро да почне со производство на гас од гасното поле Кариш, дел од поморската област што и Израел и Либан ја сметаат за ексклузивна економска зона. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-i-liban-postignaa-istoriski-dogovor-za-zaednichkata-pomorska-granica/feed/ 0