помпеја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Jun 2022 08:35:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png помпеја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Откриена желка која може да ги расветли последните години на Помпеја https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkriena-zelka-koja-moze-da-gi-rasvetli-poslednite-godini-na-pompeja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkriena-zelka-koja-moze-da-gi-rasvetli-poslednite-godini-na-pompeja/#respond Mon, 27 Jun 2022 08:35:55 +0000 https://kurir.mk/?p=696211

Археолози од Италија открија остатоци од желка во разурнатата Помпеја во Стар Рим, стари речиси 2.000 години. Животното најдено меѓу остатоците од древниот град под вулканот Везув во Јужна Италија, живеело и во 62. година н.е. – по разорниот земјотрес, но пред вулканската ерупција во 79. година што засекогаш го уништила градот. Откритието можеби ќе помогне да се расветлат последните години на градот Помпеја, т.е. периодот на повторена изградба по земјотресот, смета управителот на археолошкиот парк, Габриел Зухтригел. Според археолозите, оваа желка не е прва откриена на наоѓалиштето. Сепак, она што е посебно за овој примерок е тоа што не е пронајден во градината на некогашниот град, каде што се откриени другите. – Очигледно, не биле преизградени сите куќи, а средишните области на градот исто така биле напуштени, па станале собиралиште за диви животни, појасни Зухтригел. Научниците пронајдоа и јајце во внатрешноста на желката, што води до претпоставки дека желката можеби копала за да најде место за да го изведе, рече управителот, додавајќи дека ова е вообичаено за видот „тестудо хермани“ (testudo hermanni). Желката била пронајдена во областа на Термите на Стабија, а била закопана во пепел, кал и лава во 79. година, поради што и е делумно зачувана. Помпеја била повторно откриена во 18 век, а како археолошко наоѓалиште денес е и една од најпопуларните туристички атракции во Италија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkriena-zelka-koja-moze-da-gi-rasvetli-poslednite-godini-na-pompeja/feed/ 0
Куќата на љубовниците во Помпеја се отвора по 40 години https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kukjata-na-ljubovnicite-vo-pompeja-se-otvora-po-40-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kukjata-na-ljubovnicite-vo-pompeja-se-otvora-po-40-godini/#respond Thu, 20 Feb 2020 11:14:02 +0000 https://kurir.mk/?p=306437

Куќата на љубовниците“, едно од најпознатите зданија во древниот римски град Помпеја, се отвора за јавноста по 40 години, објави италијанскиот министер за култура, Дарио Франческини. Куќата на љубовниците (Casa degli Amanti) е откриена 1933., но тешко настрада во земјотрес 1980 година. Последниве години беше подложена на обемна и сеопфатна обнова. Куќата е изградена во првиот век пред Христа. Објектот се опишува како „единствен скапоцен камен” на градот којшто настрадал во ерупција на Везув 79 година од нашата ера, и е единствен со речиси целосно сочуван втор кат. Се верува дека тоа било јавна куќа. Украсена е со бројни слики по ѕидовите. Своето име, куќата го добла според натписот на латински јазик над влезот: „Amantes, ut apes, vitam melitam exigunt“, што значи – „Љубовниците, како пчели водат меден живот”. …Под тоа, еден од жителите на Помпеја, или посетител, сепак, допишал: „Барем да беше така”. Куќата на љубовниците е во процес на обнова со уште две други – „Куќата на бродот Европа“ (Casa della Nave Europa) и „Куќата на овошјето“ (Casa del Frutteto).]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kukjata-na-ljubovnicite-vo-pompeja-se-otvora-po-40-godini/feed/ 0
ФОТО: Еротски приказ на спартанска кралица на слика во Помпеја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-erotski-prikaz-na-spartanska-kralica-na-slika-vo-pompeja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-erotski-prikaz-na-spartanska-kralica-na-slika-vo-pompeja/#respond Thu, 22 Nov 2018 08:04:47 +0000 https://kurir.mk/?p=130650

Слика со еротски приказ на митот за спартанската кралица Леда е пронајдена под урнатините на древноримскиот град Помпеја, кој бил уништен од ерупција на вулканот Везув во 79 година од новата ера. Станува збор за легендата за Леда во која, според грчката митологија, се вљубил Зевс, но никако не можел да ја освои, па се претворил во лебед и ја силувал, пто историјата чеато го занемарува и еуфемистички го претставува како „успеал да ја добие нејзината љубов“. Според грчката митологија, Зевс се вљубил во Леда, кралицата на Спарта, се претворил во лебед и ја силувал. Леда истата ноќ спиела и со својот сопруг, па потоа снела две јајца. Од едното излегле близнаците Кастор и Полукс, а од другото Клитемнестра и Елена, поради која почнала Тројанската војна. Митолошката сцена на односот меѓу Леда и лебедот со векови ги инспирира уметниците. Експертите веруваат дека фреската го красела ѕидот на спалната соба на побогато семејство, кое живеело блиску до центарот на античкиот град Помпеја. На новопронајдената слика, Леда е во интимна прегратка со лебед. – Таа е насликана како да гледа кон оној што влегува во нивната спална соба… Леда го погледнува набљудувачот со доста изразена сензуалност, нагласува одговорниот археолог за Помпеја, Масимо Осано. Фреската, како и нејзините живописни бои, се во доста добро зачувана состојба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-erotski-prikaz-na-spartanska-kralica-na-slika-vo-pompeja/feed/ 0
Во Помпеја откриени исклучително зачувани фрески https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-pompeja-otkrieni-iskluchitelno-zachuvani-freski/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-pompeja-otkrieni-iskluchitelno-zachuvani-freski/#respond Sat, 06 Oct 2018 13:12:17 +0000 https://kurir.mk/?p=111634

При археолошките ископувања во Помпеја откриени се исклучително зачувани фрески, кои биле затрупани при ерупцијата на Везув во 79 година. Фреските се наоѓаат во една богатите куќи, поточно во делот од објектот наречен лалариум, тоа е олтар каде сопствениците принесувале жртви и се молеле. Дел од фреските се насликани на доминантно црвена позадина, а на нив можат да се видат фигури на бикови, птици, дрвја и змии. Според раководителот на архелошкото наоѓалиште, Масимо Осана, станува збор за фасцинантно откритие и најави дека собата во која се пронајдени дополнително и детално ќе биде проучена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-pompeja-otkrieni-iskluchitelno-zachuvani-freski/feed/ 0