понеделник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Jun 2023 07:54:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png понеделник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПОНЕДЕЛНИКОТ ПО ДУХОВДЕН Е МНОГУ ТЕЖОК ДЕН – еве што треба да направите за среќа и благослов, особено една работа никако не ја правете! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ponedelnikot-po-duhovden-e-mnogu-tezhok-den-eve-shto-treba-da-napravite-za-sreka-i-blagoslov-osobeno-edna-rabota-nikako-ne-ja-pravete/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ponedelnikot-po-duhovden-e-mnogu-tezhok-den-eve-shto-treba-da-napravite-za-sreka-i-blagoslov-osobeno-edna-rabota-nikako-ne-ja-pravete/#respond Mon, 05 Jun 2023 07:54:40 +0000 https://kurir.mk/?p=842105

Денеска е Слегување на Св.Дух – Духовден (втор ден). Празникот Духовден спаѓа меѓу големите Господови празници. Меѓу народот е познат со повеќе имиња, како Дуовден, Доедни, Свети Дух, Света Тројца, Педестница итн. Се празнува десет дена по Спасовден (Вознесение Христово), а педесет дена по Велигден (Воскресение Христово). Се вика и Педесетница не само затоа што се празнува педесет дена по Велигден туку и затоа што настанот се случил точно на еврејскиот празник Педесетница што Евреите го празнувале во спомен на денот кога Господ му ги дал на Мојсие законите во Синајската Гора. Во народот овој празник најчесто е поврзан со душите на умрените, а и обичаите што се изведуваат на овој ден се поврзани со тие верувања. Духовден се празнува три дена, а првиот ден од празникот секогаш е во недела. Овој е единствен од дванаесетте големи празници што нема претпразненство. Тоа се надоместува со фактот што во текот на целиот период од Велигден до Духовден се чувствува празничното расположение. Духовден е христијански празник посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и формирањето на Црквата. На овој ден се исполнило Христовото ветување за доаѓањето на Светиот Дух (Духот на Вистината, Утешителот, Силата одозгора, ветувањето на Таткото) што Христос им го даде заповедувајќи им на апостолите да не се одалечуваат од Ерусалим додека тоа не се случи. На овој ден Христовите апостоли беа облечени со силата на Светиот Дух и комплетно оспособени да бидат Христовото тело на Земјата. На овој ден апостолите, од здружение на граѓани, откако го примија Светиот Дух беа трансформирани во Христова Црква. На овој ден апостолите беа трансформирани од едни збунети и уплашени Христови ученици, во вешти, до смрт лојални и храбри Христови проповедници со исклучителна јасност и длабоко разбирање на Христовата евангелска порака. На овој ден, по Петровата проповед, се крстија околу 3000 души и славно беше формирана првата Христијанска Црква. Затоа овој ден е наречен Роденденот на Христовата Црква. По Духовден, овој понеделник е многу важен и има многу обичаи. Неделава не се пости, туку се празнува цела недела, не се бања во река, а се прават и венци од цвеќиња. Не смее да се прави ништо дома од тешките работи, да се листи, пере и пегла.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ponedelnikot-po-duhovden-e-mnogu-tezhok-den-eve-shto-treba-da-napravite-za-sreka-i-blagoslov-osobeno-edna-rabota-nikako-ne-ja-pravete/feed/ 0
В понеделиник прекин на сообраќајот на патниот правец Ветуница – мост на река Блидеш https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/v-ponedelinik-prekin-na-soobrakajot-na-patniot-pravets-vetunitsa-most-na-reka-blidesh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/v-ponedelinik-prekin-na-soobrakajot-na-patniot-pravets-vetunitsa-most-na-reka-blidesh/#respond Sat, 18 Mar 2023 08:59:57 +0000 https://kurir.mk/?p=813432

Поради изведување на градежни активности со минирање за изградба на експресен пат А2 на делницата Длабочица - Чатал в понеделник во периодот од 13:00 до 16:00 часот предвиден е прекин на сообраќајот на потегот село Ветуница - мост на река Блидеш. Како што информира АМСМ, за време на минирањето сообраќајот ќе биде во прекин за сите типови на возила. По минирањето, патничките возила ќе се пренасочуваат на спореден пат, додека сообраќајот за сите останати типови возила ќе остане во прекин до расчистување на магистралниот пат. Од понеделник до петок во периодот од 08:00 до 16:00 часот затворена за сообраќај ќе биде и делницата меѓу селата Ногаевци и Виничани на регионалниот пат Велес-Градско, поради асфалтирање. Сообраќајот урово на сите државни патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/v-ponedelinik-prekin-na-soobrakajot-na-patniot-pravets-vetunitsa-most-na-reka-blidesh/feed/ 0
Денес е СИН ПОНЕДЕЛНИК- најдепресивен ден во годината: Вака треба да се однесувате за да се чувствувате подобро https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/denes-e-sin-ponedelnik-najdepresiven-den-vo-godinata-vaka-treba-da-se-odnesuvate-za-da-se-chuvstvuvate-podobro-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/denes-e-sin-ponedelnik-najdepresiven-den-vo-godinata-vaka-treba-da-se-odnesuvate-za-da-se-chuvstvuvate-podobro-2/#respond Mon, 16 Jan 2023 10:35:42 +0000 https://kurir.mk/?p=787849

Официјално, денешниот е прогласен за најдепресивниот ден во годината, кој инаку се нарекува „Син понеделник“. Тоа е третиот понеделник од почетокот на годината. Датумот е „одреден“ од страна на психологот Клиф Арнал. Причините за депресијата се целосно објективни. Досега сите сме си ги прекршиле нашите новогодишни ветувања за промени. Телото ни е изморено од декемвриско- јануарските гозби, а паричниците ни е страв и да ги отвориме. Освен тоа, утрата се многу мрачни, а сонцето кое и онака излегува подоцна, потоа тешко се пробива низ облаците, поради што имаме недостиг од витамин Д. Експертите секоја година на овој ден стравуваат дека би можел да се зголеми бројот на самоубиства, па редовно ги советуваат луѓето што би требало да направат за да се чувствуваат подобро, иако и официјално и неофицијално не им е до ништо. Убави мисли Иако можеби ви делува невозможно, пронајдете три работи во својот живот на кои треба да се радувата. Психолозите дури советуваат дека можете да напишете на хартија и истите работи да ги читате секој пат кога ќе почувствувате дека расположението не ви е добро. Бидете љубезни Да, ќе бидете разнежнети како и сите околу вас. Меѓутоа, морате да се издигнете над тоа и да бидете љубезни кон другите. Еден убав збор може некому да му измами насмевка, а со самото тоа и таа личност ќе биде попријатна, што веднаш ќе „донесе сонце“ во просторијата во која се наоѓате. Наспијте се Бидејќи ви најавивме дека ве очекува грозен ден, потрудете се барем да бидете наспиени. Доколку телото ви е одморно, помалку ќе бидете нервозни и нема толку негативно да влијаете на себе и светот околу вас. Нека оди животот Поместете ги границите. Доколку веќе сте свесни дека сте прекршиле некои правила кои сами си ги имате зацртано, тогаш ништо нема да ви се случи ако денеска јадете две парчиња торта или го прескокнете користењето на правосмукалката. Некои работи треба да ги оставите за друг ден, особено доколку „не ви е до животот“. Излезете некаде Доколку сте депресивни, најлошо што можете да направите е да останете сами. Затоа повикајте ги вашите добри пријатели, роднини, момче, девојка… и излезете. Не останувајте дома за да ги претресувате проблемите. Одете на кафе, во кино, театар, прошетајте.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/denes-e-sin-ponedelnik-najdepresiven-den-vo-godinata-vaka-treba-da-se-odnesuvate-za-da-se-chuvstvuvate-podobro-2/feed/ 0
Понеделник неработен ден за сите граѓани на Република Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ponedelnik-neraboten-den-za-site-gragjani-na-republika-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ponedelnik-neraboten-den-za-site-gragjani-na-republika-makedonija/#respond Thu, 20 Oct 2022 11:37:18 +0000 https://kurir.mk/?p=748384

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 23 октомври 2022година (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври 2022 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Северна Македонија им го честита Денот на Македонската Револуционерна Борба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ponedelnik-neraboten-den-za-site-gragjani-na-republika-makedonija/feed/ 0
Понеделник и вторник посебен режим на сообраќај во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ponedelnik-i-vtornik-poseben-rezim-na-soobrakjaj-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ponedelnik-i-vtornik-poseben-rezim-na-soobrakjaj-vo-skopje/#respond Sun, 19 Jun 2022 08:04:53 +0000 https://kurir.mk/?p=692726

На 20.06. и 21.06.2022 (понеделник и вторник) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе пристигне премиерката на Република Финска, Сана Марин. Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициски службеници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ponedelnik-i-vtornik-poseben-rezim-na-soobrakjaj-vo-skopje/feed/ 0
Дводневен состанок на лидерите на ЕУ в понеделник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvodneven-sostanok-na-liderite-na-eu-v-ponedelnik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvodneven-sostanok-na-liderite-na-eu-v-ponedelnik/#respond Fri, 27 May 2022 13:23:03 +0000 https://kurir.mk/?p=682511

Лидерите на ЕУ ќе се состанат в понеделник, 30 мај, на специјален дводневен состанок во Брисел на кој ќе разговараат за ситуацијата во Украина, енергијата, снабдувањето со храна и одбраната. На состанокот на лидерите на ЕУ преку видео врска ќе се приклучи и украинскиот претседател Володомир Зеленски, а од Брисел повторуваат дека ќе продолжат со политичка, воена и финансиска поддршка на Украина и притисок врз Русија. – Една од нашите најитни грижи е да и помогнеме на украинската држава, заедно со нејзините меѓународни партнери, да ги задоволи потребите за ликвидност. Ќе разговараме и за тоа како најдобро да ја организираме нашата поддршка за обновата на Украина, бидејќи ќе бидат потребни големи глобални напори за обнова на земјата, наведе претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Во писмото со покана до лидерите на ЕУ, Мишел најави дека во Брисел повторно ќе се разговара на највисоко ниво за енергијата, цените на енергијата и престанокот на зависноста од руските фосилни горива. Тој додаде дека војната во Украина, покрај енергетската, има драматично влијание и врз глобалната безбедност на храната. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvodneven-sostanok-na-liderite-na-eu-v-ponedelnik/feed/ 0
СЛЕДУВА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Од недела пообилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleduva-promena-na-vremeto-od-nedela-poobilni-vrnezi-od-dozd-zasilen-veter-i-zaladuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleduva-promena-na-vremeto-od-nedela-poobilni-vrnezi-od-dozd-zasilen-veter-i-zaladuvanje/#respond Fri, 15 Apr 2022 10:16:41 +0000 https://kurir.mk/?p=663521

Под влијание на влажна и студена воздушна маса в недела и понеделник времето во земјава ќе биде облачно, ветровито и значително постудено, со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи од над 20 литри на квадратен метар ќе има в недела, особено во јужните и источните делови и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневните температури ќе се намалат за повеќе од 10 степени, а од вторник на места ќе има утрински температури и под нула.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleduva-promena-na-vremeto-od-nedela-poobilni-vrnezi-od-dozd-zasilen-veter-i-zaladuvanje/feed/ 0
Во понеделник без вода дел од корисниците на „Партизанска“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-ponedelnik-bez-voda-del-od-korisnicite-na-partizanska/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-ponedelnik-bez-voda-del-od-korisnicite-na-partizanska/#respond Sat, 19 Jun 2021 14:40:34 +0000 https://kurir.mk/?p=525454

Дел од корисниците на булеварот „Партизански Одреди“, на потегот од бул.„8-ми Септември“ до ул. „ФранклинРузвелт“ (само непарните броеви) и бул.„Партизански Одреди“ бр.48, во понеделник, на 21 јуни, нема да имаат вода поради изведување водоводен приклучок ф 100мм на бул.„Партизански Одреди“ бр.63. Како што информираат од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје, прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 9:00 часот до завршување на работата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-ponedelnik-bez-voda-del-od-korisnicite-na-partizanska/feed/ 0
Ах, тој понеделник: Зошто најмногу се жалиме на првиот ден од неделата? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ah-toj-ponedelnik-zoshto-najmnogu-se-zalime-na-prviot-den-od-nedelata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ah-toj-ponedelnik-zoshto-najmnogu-se-zalime-na-prviot-den-od-nedelata/#respond Sun, 14 Mar 2021 20:41:44 +0000 https://kurir.mk/?p=482075

Забавниот викенд заврши, а работната недела само што започна. Па, логично е понеделникот да биде наречен најочајниот ден во неделата и ден во кој луѓето најмногу се жалат. Едно истражување покажа дека луѓето во понеделник наутро во просек се жалат по 34 минути. За споредба, во останатите денови од неделата жалењето и негодувањето трае по 22 минути. Од 2000 учесници во истражувањето, третина изјавиле дека понеделник им е најомразениот ден во неделата, што е сосема нормално и очекувано. Во понеделник на повеќето луѓе им е потребно подолго време за прилагодување пред да можат да им се вратат на вообичаените работни обврски. Понеделник е и денот кога најчесто можете да слушнете од колегите дека им недостига викендот, дека имаат еден тон неодговорени пораки и дека се уморни затоа што во претходните денови си легнувале подоцна или затоа тоа што имале многу активен викенд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ah-toj-ponedelnik-zoshto-najmnogu-se-zalime-na-prviot-den-od-nedelata/feed/ 0
По викендот ни доаѓа целосен пресврт- еве какво време не очекува од понеделник, особено без чадор не излегувајте од дома! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-vikendot-ni-doagja-celosen-presvrt-eve-kakvo-vreme-ne-ochekuva-od-ponedelnik-osobeno-bez-chador-ne-izleguvajte-od-doma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-vikendot-ni-doagja-celosen-presvrt-eve-kakvo-vreme-ne-ochekuva-od-ponedelnik-osobeno-bez-chador-ne-izleguvajte-od-doma/#respond Fri, 05 Feb 2021 14:01:00 +0000 https://kurir.mk/?p=464733

Под влијание на влажен бран во понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, локално и над 20 литри на метар квадратен. Како што најавува УХМР, на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со силен јужен ветер, над 60 километри на час, а ќе има и појава на грмежи. Дожд ќе врне и во вторник попладне. Зголемување на облачноста, според УХМР, ќе има од недела, кога ќе почне да дува умерен до засилен јужен ветер, што ќе се задржи до вторник. Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. И покрај промената на времето, дневните температури до среда ќе бидат над просекот за овој период од годината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-vikendot-ni-doagja-celosen-presvrt-eve-kakvo-vreme-ne-ochekuva-od-ponedelnik-osobeno-bez-chador-ne-izleguvajte-od-doma/feed/ 0