пониква – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Mar 2023 08:50:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пониква – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИСТИНСКА ЗИМСКА ИДИЛА И МНОГУ СНЕГ – утрово на ова место во Македонија врне без престан (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vistinska-zimska-idila-i-mnogu-sneg-utrovo-na-ova-mesto-vo-makedonija-vrne-bez-prestan-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vistinska-zimska-idila-i-mnogu-sneg-utrovo-na-ova-mesto-vo-makedonija-vrne-bez-prestan-video/#respond Fri, 03 Mar 2023 08:50:35 +0000 https://kurir.mk/?p=807474

Иако месец март веќе пристигна, сепак топло време и сонце уште долго се чини нема да имаме. Според УХМР дождот ќе се задржи и во следните неколку дена, а во меѓувреме на повисоките места врне и снег. Утрово според видеокамерите на „Skimacedonia“ може да се забележи дека слаб снег врне на Пониква, додека на Попова Шапка и Маврово имаме ведро и сончево време.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vistinska-zimska-idila-i-mnogu-sneg-utrovo-na-ova-mesto-vo-makedonija-vrne-bez-prestan-video/feed/ 0
Од утре ноќно скијање на Пониква https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-nokno-skijane-na-ponikva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-nokno-skijane-na-ponikva/#respond Thu, 02 Feb 2023 11:26:31 +0000 https://kurir.mk/?p=795136

Од утре во зимскиот рекреативен центар Пониква на Осоговските Планини почнува сезоната за ноќно скијање. Последните врнежи од снег и релативно ниските температури овозможија скијачките патеки да бидат добро подготвени поради што од концесионерот „Еурокомерц“ - Кочани најавуваат продолжување на дневните со ноќни термини за користење на условите што се нудат. -За ноќното скијање од овој викенд посетителите ќе можат да ја користат патеката број 1, која целосно е осветлена и во функција е ски-лифтот. Таа е погодна за почетници и напредни скијачи, а на посебен дел е обезбеден простор за санкање на најмладите. Дневниот билет чини 700 денари, а дополнително може да се изнајмат скии, санки, штици за бординг, облека и заштитна опрема за скијање. Исто така, стручни лица нудат обуки за скијање за деца и почетници, истакна Благој Манев, управител на „Еурокомерц“. За уредувањето и подготовката на патеката за скијање е користена машина ратрак, а доколку има потреба во функција можат да се стават и топовите за вештачки снег. Ноќното скијање ќе биде во периодот од 17 до 21 часот, а во зависност од интересот на посетителите можно е, освен во викендите, тоа да се реализира и во другите денови од неделата.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-nokno-skijane-na-ponikva/feed/ 0
НА ПОПОВА ШАПКА ПОЛИЦИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СНАЈДЕ, НА ПОНИКВА ХАОС – ски центрите во земјава денес во колапс! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-popova-shapka-politsijata-ne-mozhe-da-se-snajde-na-ponikva-haos-ski-tsentrite-vo-zemjava-denes-vo-kolaps-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-popova-shapka-politsijata-ne-mozhe-da-se-snajde-na-ponikva-haos-ski-tsentrite-vo-zemjava-denes-vo-kolaps-video/#respond Sun, 22 Jan 2023 14:11:08 +0000 https://kurir.mk/?p=790345

Вистински сообраќаен хаос се случува денес во сите ски центри во земјава. Читателите на КУРИР информираат дека полицијата не може да се справи со гужвите и колоните автомобили на Попова Шапка, додека на Инстаграм се шират видеа од Пониква каде буквално игла не може да се фрли денеска таму. Според видеата објавени на Инстаграм профилот на Роберто Навали се гледа што навистина се случува километри пред туристичкиот центар... Инаку денеска на Попова Шапка и Маврово започнува ски сезоната откако изминативе денови наврна доволно снег.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-popova-shapka-politsijata-ne-mozhe-da-se-snajde-na-ponikva-haos-ski-tsentrite-vo-zemjava-denes-vo-kolaps-video/feed/ 0
ФОТО: МВР со нови детали за страшната сообраќајка, познат идентитетот на девојката која загина на Пониква https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-mvr-so-novi-detali-za-strashnata-soobrakjajka-poznat-identitetot-na-devojkata-koja-zagina-na-ponikva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-mvr-so-novi-detali-za-strashnata-soobrakjajka-poznat-identitetot-na-devojkata-koja-zagina-na-ponikva/#respond Sun, 28 Feb 2021 11:48:03 +0000 https://kurir.mk/?p=475033

Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајна несреќа која синоќа околу 2 часот се случила на регионалниот пат Кочани-Пониква. Полицијата соопшти дека автомобил „фолксваген туарег“, со бугарски национални ознаки, управуван од И.А(38) од кочанско Облешево, излетал од коловозот. Во несреќата животот го загуби 31 годишната М.Б. од кичевското село Прибачево која била сопатичка во автомобилот. -Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Другата сопатничка, Е.Г.(28) од с.Василево, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани, а со телесни повреди се здобил возачот, информира МВР. На терен излегле и од противпожарната единица од Кочани кои помагале лицата да се извлечат од превртениот автомобил. – Изутринава околу 3:15 часот добивме повик за интервенција за спасување повредени лица од сообраќајната несреќа кај Аеродромот, при што од превртеното возило извлековме безживотно тело на девојче кое настрадало на лице место. Другите две лица, момче и девојче кои се здобиле со потешки повреди беа префрлени со возило на итна помош во кочанската болница. Поради специфичноста на стрмниот терен и можноста возилото дополнително да излизга, бевме принудени да го осигураме со јажиња, истакна претходно Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица од Кочани. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-mvr-so-novi-detali-za-strashnata-soobrakjajka-poznat-identitetot-na-devojkata-koja-zagina-na-ponikva/feed/ 0
Последната трка од државниот шампионат во автомобилизам ќе се вози на 1 ноември на патеката кон Пониква https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/poslednata-trka-od-drzavniot-shampionat-vo-avtomobilizam-kje-se-vozi-na-1-noemvri-na-patekata-kon-ponikva/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/poslednata-trka-od-drzavniot-shampionat-vo-avtomobilizam-kje-se-vozi-na-1-noemvri-na-patekata-kon-ponikva/#respond Wed, 14 Oct 2020 20:55:46 +0000 https://kurir.mk/?p=416502

По две одложувања на терминот, последната ридско-брзинска трка од овогодишниот државен шампионат во автомобилизам ќе се вози на 1 ноември на патеката кон Пониква. На состанокот што го иницираше градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, претставниците на Автомобилистичката федерација и сопствениците на угостителски објекти на Пониква се договориле трката да се вози, со оглед што таа е во функција на промоција на планинскиот центар. Притоа е постигната и согласност за идната година да се изготви календар на натпреварите. Кочани ја има најдобрата патека за ридско-брзински трки во Македонија, а Пониква е прекрасно место и штета е да се прекине традицијата стара 30 години. Автомобилизмот е високоризичен спорт и бара многу ангажман и финансиски средства за подготовки, поради што задоволни сме што со помош на локалната власт најдовме заеднички јазик со угостителите и годинава успешно ќе го привршиме државниот шампионат, истакна Ранко Станојковски, претседател на комисијата за спорт при Автомобилистичката федерација на Македонија. Угостителите на Пониква се противеа на одржувањето на ридско-брзинските трки поради затворањето на патеката, која е дел од регионалниот патен правец кон планинскиот центар на Осогово, со образложение дека во деновите додека трае натпреварувањето посетителите не можат да стигнат до угостителските објекти. На работниот состанок е заклучено ридско-брзинските трки на Пониква од догодина да се одржуваат во последната седмица од април и во првата од септември, во периодот меѓу 12 и 16 часот, а организаторот да води сметка тоа да не биде продолжен празничен викенд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/poslednata-trka-od-drzavniot-shampionat-vo-avtomobilizam-kje-se-vozi-na-1-noemvri-na-patekata-kon-ponikva/feed/ 0
Изгаснат и локализиран шумскиот пожар што избувна на стар пат село Бели – Пониква https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izgasnat-i-lokaliziran-shumskiot-pozar-shto-izbuvna-na-star-pat-selo-beli-ponikva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izgasnat-i-lokaliziran-shumskiot-pozar-shto-izbuvna-na-star-pat-selo-beli-ponikva/#respond Fri, 09 Aug 2019 09:26:03 +0000 https://kurir.mk/?p=228000

Околу 9 часот изутринава е локализиран и изгаснат шумскиот пожар што избувна на локација стар пат село Бели – Пониква. Извршена е проверка на теренот за можни остатоци на жаришта и нивно гасење, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување. Општина Кочани заедно со Дирекцијата за заштита и спасување го координираше гаснењето на пожарот. – Запазена е постапноста во дејствувањето при вакви катастрофи со учество на околу 100 луѓе од Територијалните противпожарни единици на Кочани, Виница, Штип, Кавадарци, Гевгелија, просторните сили на ЈП „Национални шуми“, просторните сили на локалната самоуправа на општина Кочани и други субјекти, се вели во соопштението. Дирекцијата за заштита и спасување апелира до сите граѓани за совесно однесување и почитување на забраната за движење во шуми и шумски предели. Се препорачува да не се палат стрништа и оган близу шумски површини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izgasnat-i-lokaliziran-shumskiot-pozar-shto-izbuvna-na-star-pat-selo-beli-ponikva/feed/ 0
Властите „слепи“: Се сруши летниковец во новоотворениот туристички инфоцентар на Осогово (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vlastite-slepi-se-srushi-letnikovec-vo-novootvoreniot-turistichki-infocentar-na-osogovo-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vlastite-slepi-se-srushi-letnikovec-vo-novootvoreniot-turistichki-infocentar-na-osogovo-foto-video/#respond Tue, 11 Jun 2019 11:53:33 +0000 https://kurir.mk/?p=207976

Со финансиска поддршка од Програмата за зачувување на природата во Македонија, што се реализира во соработка со Швајцарскиот секретаријат за економски работи- СЕКО, на Осоговските Планини во октомври 2018 година беше отворен нов туристички информативен центар. На промоцијата на инфоцентарот „Пониква“, присуствуваа заменик-амбасадорот на Швајцарија, Стефане Томажиан, амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар и министерите за локална самоуправа и за земјоделство, Сухејл Фазлиу и Љупчо Николовски, а беше истакнато значењето на проектот за регионот. -Инфоцентарот ќе придонесе кон промоција на природното богатство од регионот и начините на неговото одржливо управување и користење, ќе даде значителен придонес и кон подигање на свеста за зачувување на природата и за збогатување на туристичката понуда на Источниот плански регион. Со неговото интегрирање кон веќе познатите туристички атракции на Осогово, тој ќе придонесе и кон поддршка на локалниот економски развој, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев. Но, деновиве посетителите на Осоговските планини се сведоци на напуштен објект по само 8 месеци од неговата промоција. Најавите и ветувањата на градоначалникот дека туристите ќе можат да добијат информации, мапи, летоци и други печатени и промотивни видеоматеријали во Инфоцентарот „Пониква“ се срушија исто како летниковецот кој беше изграден пред неполни 8 месеци. Веќе неколку денови посетители на Осоговските планини испраќаат слики и јавуваат за срушен летниковец во Инфоцентарот „Пониква“, но локалната власт предводена од градоначалникот Николчо Илијев останува глува на реакциите на посетителите. За да биде срамот поголем локалната власт го гледа срушениот летниковец online на веб страната osogovo.mk преку стримот од поставената камера и не презема никакви активности. Неодговорноста и неспособноста на локалната власт на чело со градоначалникот Николчо Илијев започна да достигнува епохални размери. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vlastite-slepi-se-srushi-letnikovec-vo-novootvoreniot-turistichki-infocentar-na-osogovo-foto-video/feed/ 0
Ликвидирањето на ЈП „Пониква КП“ одложено поради неплатена радиодифузна такса https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/likvidiranjeto-na-jp-ponikva-kp-odlozeno-poradi-neplatena-radiodifuzna-taksa/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/likvidiranjeto-na-jp-ponikva-kp-odlozeno-poradi-neplatena-radiodifuzna-taksa/#respond Sat, 27 Oct 2018 10:07:26 +0000 https://kurir.mk/?p=120138

Неплатена сметка за радиодифузна такса во висина од 190 денари скоро цела година ја закочила ликвидацијата на меѓуопштинското јавно претпријатие “Пониква КП“. Иако се работи за минимална и скоро симболична сума, овој долг се испречил во постапката што ја започнаа општините Кочани и Пробиштип за да го згаснат и избришат од Централниот регистар заедничкото претпријатие што го формираа пред околу четири години. Без разлика што тоа фактички не профункционира, токму неплатената сметка за телевизија се уште го одржала во живот, рекоа од Секторот за јавни дејности. -Во постапката за ликвидација, кога поднесовме барање до Управата за јавни приходи за да добиеме уверение дека претпријатието нема финансиски обврски, се покажа дека за радиодифузна такса има одреден долг. Без разлика што фирмата не функционираше во платниот промет, бидејќи била регистрирана создала минимален долг за кој немавме сознание, рече Венцо Бојков од Секторот за јавни дејности на Општина Кочани. Во меѓувреме сметката за радиодифузна такса е платена и обновена е постапката за ликвидација, за што на седницата на Советот на Општина Кочани, што ќе се одржи в понеделник, треба да биде донесена и соодветна одлука. За нормално работење на меѓуопштинското претпријатие “Пониква КП“ се предлагаше финансирањето да биде заедничко, од буџетите на двете соседни општини. Тоа требаше да придонесува за развојот на туризмот и управувањето со ски-центарот на Пониква, во чија изградба делумно инвестираше и државното електропреносно претпријатие МЕПСО. Набргу се покажа дека тоа тешко ќе профункционира, а неодамна од Локалната самоуправа на Пробиштип излегоа со писмено известување дека тие не се во состојба не само да го финансиираат новоформираното претпријатие, туку дека не можат да се грижат ниту за топовите за вештачки снег и за другата опрема што им припадна со поделбата на донацијата од МЕПСО. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/likvidiranjeto-na-jp-ponikva-kp-odlozeno-poradi-neplatena-radiodifuzna-taksa/feed/ 0
Отворен туристички инфоцентар „Пониква“ на Осоговските Планини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-turistichki-infocentar-ponikva-na-osogovskite-planini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-turistichki-infocentar-ponikva-na-osogovskite-planini/#respond Mon, 01 Oct 2018 10:59:57 +0000 https://kurir.mk/?p=108938

Со финансиска поддршка од Програмата за зачувување на природата во Македонија, што се реализира во соработка со Швајцарскиот секретаријат за економски работи - СЕКО, на Осоговските Планини е отворен нов туристички информативен центар. На  промоцијата на инфоцентарот „Пониква“, на која присуствуваа заменик-амбасадорот на Швајцарија, Стефане Томажиан, амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар и министерите за локална самоуправа и за земјоделство, Сухејл Фазлиу и Љупчо Николовски, беше истакнато значењето на проектот за регионот. - Инфоцентарот ќе придонесе кон промоција на природното богатство од регионот и начините на неговото одржливо управување и користење, ќе даде значителен придонес и кон подигање на свеста за зачувување на природата и за збогатување на туристичката понуда на Источниот плански регион. Со неговото интегрирање кон веќе познатите туристички атракции на Осогово, тој ќе придонесе и кон поддршка на локалниот економски развој, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев. Во промоцијата на туристичкиот информативен центар се вклучија и членовите од извидничкиот одред „Ластовица“ од Кочани кои демонстрираа дел од своите вештини. Инфоцентарот „Пониква“ е изграден со реконструкција на стар воен објект, кој еден период функционирал како воена болница. Во првата фаза зградата беше комплетно обновена и внатрешно уредена, а со втората фаза се изградени амфитеатрален простор за интеракција со туристи, инфо-терминал и место за одмор. Во објектот туристите можат да добијат информации, мапи, летоци и други печатени и промотивни видеоматеријали, како и сувенири за продажба. Инфоцентарот располага со сала за состаноци и семинари што може да се изнајмува, со што ќе се обезбедуваат средства за одржување на објектот. Со овој проект е изработена веб-страницата www.osogovo.mk на која има податоци за осоговските туристички атракции, новости, настани и камера во живо со информации за моменталната температура, влажноста на воздухот, брзина и насока на ветерот.   (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-turistichki-infocentar-ponikva-na-osogovskite-planini/feed/ 0
На Пониква ќе биде отворен Туристички инфоцентар https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-ponikva-kje-bide-otvoren-turistichki-infocentar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-ponikva-kje-bide-otvoren-turistichki-infocentar/#respond Sat, 29 Sep 2018 07:56:52 +0000 https://kurir.mk/?p=107687

Туристички инфоцентар ќе биде отворен денеска на Пониква на Осоговските Планини. Проектот е реализиран од Центарот за развој на Источниот плански регион со финансиска поддршка од Владата на Швајцарија. Отворањето на Туристичкиот инфоцентар „Пониква“ е во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2018“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-ponikva-kje-bide-otvoren-turistichki-infocentar/feed/ 0