поништување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Dec 2022 11:05:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png поништување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Л’Екип“ тврди: Голот на Аргентина за 3-2 требало да биде поништен https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/l-ekip-tvrdi-golot-na-argentina-za-3-2-trebalo-da-bide-ponishten/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/l-ekip-tvrdi-golot-na-argentina-za-3-2-trebalo-da-bide-ponishten/#respond Mon, 19 Dec 2022 11:05:49 +0000 https://kurir.mk/?p=777555

Аргентина го освои светскиот шампионат откако во брилијантното финале во Доха ја совлада Франција со 4-2 на пенали. По 120 минути беше 3-3, а Франција до 80. минута губеше со 2-0. Потоа, Килијан Мбапе го одведе натпреварот во продолженија со два гола, во кои Меси ја врати Аргентина во предност во 108. минута, а Мбапе комплетираше хет-трик од пенал во 118. минута и го одведе мечот во продолженија. Аргентинците беа многу посмирени при пеналите и ги реализираа сите четири. Мартинез го одбрани ударот на Коман во втората серија, а потоа Чуамени го промаши целиот гол за да ја обезбеди титулата за Аргентина со пеналот на Монтиел во четвртата серија, по што Франција ни теоретски не можеше да се врати. Сепак, „Л’Екип“ тврди дека воопшто не требало да има пенал и дека голот на Меси за 3-2 требало да биде поништен. Имено, на социјалните мрежи се појави видео од стадионот на кое се гледа дека во моментот пред Меси да ја турне топката покрај Лорис, двајца аргентински резервни фудбалери влегле на теренот и се загревале во близина на аут линијата. Целата акција ја следеа во еуфорија и влетаа во полето пред топката да ја помине гол-линијата. „Шимон Марчинијак теоретски требаше да ја прекине играта, односно да го поништи голот. Правилата јасно кажуваат дека голот мора да биде поништен ако тимот има премногу играчи на теренот за време на натпреварот, што беше случај овде. Но, тоа веројатно би било премногу сурова одлука во овој случај“, пишува „Л’Екип“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/l-ekip-tvrdi-golot-na-argentina-za-3-2-trebalo-da-bide-ponishten/feed/ 0
На север ништо ново https://arhiva.kurir.mk/kolumni/na-sever-nishto-novo/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/na-sever-nishto-novo/#respond Wed, 14 Sep 2022 10:53:54 +0000 https://kurir.mk/?p=732614

Таљо пак го прегази Уставот. Вредностите се’ уште се маана. Црпко повторно тресе зелени и се прави паметен. Стево Стокиќ и натаму мавта со рачињата кога зборува како да ја презентира карате катата Хејан Шодан. Власта тера бизнис со националните одредници, народот осиромашува. Алија си го трие мешето од рушвет. Македонците и натаму повраќаат кога ќе чујат северна... Да, на север ништо ново... Дефинитивно, цели пет години како маѓепсани зомбија тапкаме во место во еден волшебен круг во кој благодарение на услужноста, сервилноста и исполнителноста кон интересите на поголемите и посилните, една банда корисни идиоти непречено си владее и прави антимакедонски зулум по зулум. Отфрлањето на иницијативата за Референдум против бугарскиот диктат наречен „договор“ е само последната капка во поплавата на ненародни дејанија на Заевци. Да, Заевци затоа што Таче е само избраник и алатка на Црпко, кој сега навистина успеја во животот. Она, кога истовремено можеш да уживкаш на грчка плажа, да продаваш македонски интереси на Бугари и да им удоволуваш на Албанци од тендер-коалиција. Полна муртинска капа и невиден успех. Грејт сексес, што би рекол Борат... Ова „дежа ви“ чувство на веќе видено не е така случајно. Го гледаме и според соседите. Една Албанија и Бугарија за кои до неодамна бевме „закон“ на секое можно поле сега се далеку подобри од нас. Се’ се менува и оди на подобро, само Македонија со Црпковци тапка во место, небаре заглавена на временската скала со муртински супер-лепак. Само кај и за нас не важи „панта реи“. Секаде, се’ тече и се менува, само ние 5 лета левитираме и стоиме во место на сите полиња, одвреме навреме и назадувајќи. И додека Македонија го игра „Тешкото“, со сета симболика на спорите движења на играорците, севeрната владејачка болумента постојано ја игра улогата на успешен социјален редуктор и дополнителен успорувач на општествените, политичките, економските и политичките раздвижувања, анатемисувајќи, исмејувајќи и минирајќи се’ што е прогресивно, национално и со идеи и ентузијазам за работа и поместување на умртвеното македонско општество. Земјата во која само диазепамот и алкохолните пијалаци не доживеаја ценовен скок до небо, почва на која најдобро виреат рамнодушноста, апатијата и фејсбук патриотизмот. Држава во која власта секојдневно поднесува курбан на олтарот на новокомпонираното божество наречено Бојкот. Ок, и Мамон им е на цена... Вистинското прашање е до кога во земјата во која пример за успешен човек е измамникот со IQ33, Црпко Минхаузен, и која толку многу го „зацементира“ идентитетот што забранува користење на МАКЕДОНИЈА во името на здруженија, фирми и организации, до кога народот ќе ги трпи овие неолиберални глупоштии и повраќаници, сервирани и испрани од пропагандната машинерија и армијата лукративни новинарчиња и аналитичари „на копче“? Референдумот, и покрај сите маани и наспрема сета скепса и отпор на негативците на кои им „легнаа“ бојкотот и фејсбукот, беше одлична, нова шанса за анимирање на македонската јавност, за раздвижување на заспаното, дрогирано општество, за будење на македонштината врз која суртуците од паралелниот универзум и имагинарен северџганистан постојано се изживуваат и ја уништуваат. И сега? Среќни ли се оние кои беа против Референдумот? Им се погоди ли Таљо? Ќе се вратат ли пак на омилената летаргија и УПМ штракањето по ФБ, со лезет залегнати во удобните фотелји пред компјутерот, навикнати да плукаат по се’ живо и диво? Како и секаде, така и на Референдумот требаше да не’ има за да не не’ снема. Последните злодејанија не помагаат во оваа битка. Особено во земја во која нема иницијатива ни за лек, а секоја идеја и иницијатива за што било е повеќе од добредојдена. Оти, да не се лажеме, доста беше лелекање по дома, силење и јадење бубрези по анти/социјални мрежи, кои во реалноста завршуваат со сентенцата „Ајде да бегаме, тие се двајца, а ние сме сами!!“ Констелациите на светската моќ се менуваат, секојдневно, со секој минат час се преобликува целиот свет. Она што вчера било на цена, денеска е за бадијала, слично ко риговите за копање биткоини. На цена се’ повеќе е националното, суверенитетот, своето. На страна што со оваа неспособна сурија не очекува национална, енергетска, здравствена, образовна и економска нај-бездна. Затоа, ајде,  да не дозволиме заглавени во временскиот континиум со временската машина на бандата на Црпко само ние да му контрираме на светот. Во спротивно, останавме без историја, без јазик, без револуционери, дејци и светци. Останавме без Македонија. Ова не се фрази, затоа што полека, но сигурно, црните сценарија стануваат грдо, македонско јаве. Време е за револт, за акција, конкретна и мобилна, изворна и семакедонска. Каква и да е. Време за будење. Крајно... А, можеби, вистинската порака за нас и за нив е во „Песна“ на Конески. О, пеј ми, пеј ми! Каква песна! За едно пее, за друго збори: „Се’ што си рекол, се’ што си сторил, случајно не е, простено не е.”]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/na-sever-nishto-novo/feed/ 0
Мисајловски: Од утре започнува кампањата за собирање на потписи за поништување на Законот за попис, придружете ни се и заедно да го собориме овој закон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-od-utre-zapochnuva-kampanjata-za-sobiranje-na-potpisi-za-ponishtuvanje-na-zakonot-za-popis-pridruzete-ni-se-i-zaedno-da-go-soborime-ovoj-zakon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-od-utre-zapochnuva-kampanjata-za-sobiranje-na-potpisi-za-ponishtuvanje-na-zakonot-za-popis-pridruzete-ni-se-i-zaedno-da-go-soborime-ovoj-zakon/#respond Fri, 19 Feb 2021 12:22:35 +0000 https://kurir.mk/?p=470947

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски по денешната средба со пензионерите во општина Бутел, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека од утре започнува кампањата за собирање на потписи се со цел понишување на Законот за попис, и упати апел до сите граѓани да се придружат на ваквата иницијатива додавајќи дека штандови ќе има насекаде низ државата. Ние започнуваме уште од утре насекаде низ Македонија да ги собираме овие потписи, затоа ги охрабруваме граѓаните ќе не има секаде низ плоштадите, ќе не има на улиците секој кој што сака да ни даде поддршка да дојде да се потпише, бидејќи сакаме што повеќе граѓани да бидат опфатени, а потоа се разбира ние заеднички да ги поднесеме за соборување на овој закон. Секако тука ќе бидеме сите пратеници да се потпишеме и потоа да ги доставиме, вели потпретседателот Мисајловски и додаде: Затоа започнува оваа кампања би ја нарекол во наредните 20тина, 30тина дена и секој еден граѓанин кој што сака да ни се приклучи е добредојден, ќе не има од утре насекаде и ќе продолжиме и во наредните денови се разбира, да дојдат да се потпишат и потоа со едно мото да имаме реален потпис, и затоа го бараме потписот на граѓаните за сето ова да го измениме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-od-utre-zapochnuva-kampanjata-za-sobiranje-na-potpisi-za-ponishtuvanje-na-zakonot-za-popis-pridruzete-ni-se-i-zaedno-da-go-soborime-ovoj-zakon/feed/ 0
Бајден веднаш ќе потпише 17 извршни наредби со кои ќе се укинат уредби на Трамп https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-vednash-kje-potpishe-17-izvrshni-naredbi-so-koi-kje-se-ukinat-uredbi-na-tramp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-vednash-kje-potpishe-17-izvrshni-naredbi-so-koi-kje-se-ukinat-uredbi-na-tramp/#respond Wed, 20 Jan 2021 13:23:45 +0000 https://kurir.mk/?p=457547

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, планира да ја почне својата нова администрација денеска попладне со први наредби за враќање на САД во Парискиот договор за климата и Светската здравствена организација, изјавија соработници на новоизбраниот американски претседател. Бајден ќе потпише 17 извршни наредби неколку часа откако ќе положи заклетва како американски претседател. – Со тоа ќе се ослободи од политиката на претседателот Доналд Трамп и ќе постави нови насоки за имиграцијата, животната средина, борбата против Ковид-19 и економијата, наведоа соработниците на Бајден. Со потезите од првиот ден, тој ќе стави крај на многу нападнатата забрана на Трамп за посетители од муслимански земји и ќе ја запре изградбата на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико за спречување на илегалната имиграција. Тој исто така ќе постави мандат за носење маски на федерални имоти за да се запре ширењето на Ковид-19; ќе врати заштити на природните резервати отстранети од Трамп; и ќе бара замрзнување на иселувањата и заштита на милиони луѓе со хипотеки кои беа погодени од пандемијата на коронавирусот. Тој исто така планира да испрати предлог-закон до Конгресот за обнова на имиграциската политика и да им даде на милиони мигранти без документи кои живеат во земјата пат до државјанство што администрацијата на Трамп го оспоруваше. Бајден „ќе преземе акција – не само за да ги поправи најголемите штети на администрацијата на Трамп – туку и да почне да ја движи нашата земја напред“, се вели во изјавата на соработниците. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-vednash-kje-potpishe-17-izvrshni-naredbi-so-koi-kje-se-ukinat-uredbi-na-tramp/feed/ 0
По Заев и Локвенец ги „плаши“ граѓаните со враќање на уставното име Република Македонија?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-zaev-i-lokvenec-gi-plashi-gragjanite-so-vrakjanje-na-ustavnoto-ime-republika-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-zaev-i-lokvenec-gi-plashi-gragjanite-so-vrakjanje-na-ustavnoto-ime-republika-makedonija/#respond Wed, 22 Jan 2020 13:50:06 +0000 https://kurir.mk/?p=293225

И Хари Локвенец, пратеник на СДСМ, се вклучи во новата шема на партијата во која граѓаните на Македонија се „плашат“ со враќање на уставното име Република Македонија и поништување на Преспанскиот договор. Најпрвин со партиски утрински соопштенија, па со специјален прес на лидерот Заев, СДСМ откри што ќе биде основата на нивната кампања на претстојните предвремени парламентарни избори. Пи-ар статезите се согласуваат дека двете нишки на кои ќе се базира кампањата на владејачката партија ќе бидат враќањето на „режимот“ и „плашење“ со враќање на уставното име преку поништување на Преспанскиот договор. Денеска Локвенец изјави: „ВМРО-ДПМНЕ на македонските граѓани не им нуди ништо ново, освен познатите погубни политики со кои сака да ја врати државата со децении назад. Најавите дека се залагаат за поништување на Договорот од Преспа директно го загрозува нашето понатамошно и полноправно членство во НАТО, како и нашата интеграција во ЕУ.“ Инаку, на последниот Самит на ЕУ, Унијата потврди дека промената на името никогаш и не била услов за Македонија, а недобивањето на датумот го оправда со вистината за неизвршените реформи од Заевата Влада и со реформите во сопствениот систем на проширување, за што вината се насочи кон Макрон. СДСМ, пак, ги злоупотреби емоциите на граѓаните и при референдумското прашање во 2018-та, кога наместо за промена на името праша дали граѓаните се за влез во ЕУ и НАТО со прифаќање на Преспанскиот договор, против кој се изјаснија 65% од граѓаните. И покрај сите подметнувања, Референдумот беше неуспешен за владејачката гарнитура, но и покрај тоа тие насила, без почит кон ставот на народот, го протуркаа договорот и промената наимето и Уставот, сето тоа пропратено со закани, уцени и амнестии на пратеници од опозицијата за добивање на потребното 2/3 мнозинство во Парламентот. Сега, гласот за нив партијата на власт ќе го претставува како глас за ЕУ, а никогаш нема да ја споменат цената која државата и граѓанита ја платија за наводното одмрзнување на процесот на евроинтеграции кој реално тапка во место и не е мрднат од статус-кво. Оптимистичките прогнози на тинк-тенк организациите од Унијата за влез на Македонија во ЕУ се движат во рамките на 15 до 20 години. НАТО е веќе завршена работа, но и овде СДСМ нема никогаш да спомне огромната и непотребно платена цена, имајќи предвид дека Македонија беше и онака неформална членка на НАТО, а во 2008-та не станавме членки само поради „пријателска“ Грција, која не блокираше, а за тоа добивме и пресуда од судот во Хаг. Пи-ар стартезите посочуваат дека и натаму СДСМ ќе тера анти-кампања против опозицијата темелена на измислени, апстрактни именки како РЕЖИМ, фраза со помош на која ламентираа и правеа фама 11 години како опозиција, но и покрај тоа не победија на изборите во 2016-та година. На помош, сега партијата ги има и судовите и обвинителството, кои ќе даваат ветер во едра и преку процесите на СЈО, целосно обезвреднето како институција по Рекет, и оние за 27 април - средства од судско-владејачката спрега преку ќе ги враќаат реминисценциите за наводниот режим во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Познавачите на состојбите потенцираат дека СДСМ вака атакува кон немакедонското гласачко тело, конкретно кон Албанците, свесни дека македонското гласачко тело се повеќе се оддалечува од партијата, која самата е виновна за ова преку антинационалните дејствија во изминатите три години, поврзани со името, законот за двојазичност и договорите со Грција и Бугарија. Најавуваат и очекуван силен контраефект кај Македонците од кампањата на СДСМ со „плашење“ со враќањето на уставното име во комбинација со уништената економија и криминогената обоеност со редица рекети, тендери и дузина афери на актуелната влада од екс Бихаќка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-zaev-i-lokvenec-gi-plashi-gragjanite-so-vrakjanje-na-ustavnoto-ime-republika-makedonija/feed/ 0
Законот за поништување на лустрацијата на Комисија за политички систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-ponishtuvanje-na-lustracijata-na-komisija-za-politichki-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-ponishtuvanje-na-lustracijata-na-komisija-za-politichki-sistem/#respond Mon, 13 Jan 2020 06:50:50 +0000 https://kurir.mk/?p=288728

Законот за поништување на лустрацијата денеска ќе биде разгледан од членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Владата на крајот декември минатата година го утврди текстот на Предлог на закон за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација. Со новото предложено решение, се пристапува кон отстранување на штетните последици по лицата кои беа жртви на овие постапки пред Комисијата за верификација на факти, пред надлежните судови и пред другите органи, и согласно Предлог законот, за  оштетените лица од наведените акти и дејствија, се предвидува надоместок на штета. Со овој Предлог закон се заокружува правната рамка како стратешка цел на реформата во правосудството во однос на обезбедување на независноста и непристрасноста и се пристапува кон реализација на стратешката насока за воспоставување на законска рамка за поништување на мерките и правните последици од процесот на лустрација. За време на шестгодишното работење на Комисијата за лустрација за кодоши беа прогласени околу 200 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-ponishtuvanje-na-lustracijata-na-komisija-za-politichki-sistem/feed/ 0