понуди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Jan 2023 09:50:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png понуди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Денес отворање на понудите за субвенционирани нови авиолинии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/denes-otvorane-na-ponudite-za-subventsionirani-novi-aviolinii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/denes-otvorane-na-ponudite-za-subventsionirani-novi-aviolinii/#respond Fri, 27 Jan 2023 09:50:44 +0000 https://kurir.mk/?p=792705

Понудите што до вчера напладне пристигнале на тендерот за субвенции за нови авиолинии, ќе се отворат денес од Комисијата што за таа намена е формирана во Министерството за транспорт и врски. За годинава се предвидени 1,1 милион евра за финаниска поддршка за нови авиолинии. Повикот, пак, кој беше објавен лани, на 20 декември и се однесува на периодот од 2023 до крајот на 2025 година. Според Министерството за транспорт и врски, овој јавен повик е различен од претходните и на него можат да се изберат повеќе авиокомпании кои би биле субвенционирани за воспоставување нови линии од Меѓународниот аеродром Скопје и охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Конкретно, финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, број на седишта понудени на продажба. Предвидена е поддршка од седум евра (во денарска противвредност) по патник во заминување превезен од скопскиот аеродром и од 4,5 евра (во денари) по патник од охридскиот аеродром. Инаку, крајниот рок на повикот беше 19 јануари, но се продолжи поради измени во тендерската документација, со кои од критериумите за учество се иззема барањето за позитивен биланс за 2020 и 2021 година поради ковид кризата. А, останаа оние за превезени десет милиони патници и најмалку 25 милиони евра профит во 2019 година. Што се однесува до двата аеродроми, минатата година ја заокружија со речиси 2,4 милиони патници и 19.448 летови. Растот во патничкиот сообраќај е 70 насто, споредено со 2021 година. А, пак, во однос на 2019, која е референтна година во воздухопловството, патничкиот сообраќај е на -11 проценти. Односно 89 проценти стапка на закрепнување, согласно статистиката на патничкиот авиосообраќај за 2019 година. Од Меѓународниот аеродром Скопје до 36 дестинации сообраќаат 11 авиокомпании (Air Serbia, Austrian Airlines, Croatia Airlines, Edelweiss, Chair Airlines, Pegasus Airlines, Turkish Airlines, LOT, Aegean, Wizz Air, Easyjet). А, од охридскиот „Св. Апостол Павле“ две авиокомпании (Wizz Air, Chair Airlines) до четири дестинации.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/denes-otvorane-na-ponudite-za-subventsionirani-novi-aviolinii/feed/ 0
Јаневски: Почна декември, а Скопје и другите градови се уште немаат програма за Нова Година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-pochna-dekemvri-a-skopje-i-drugite-gradovi-se-ushte-nemaat-programa-za-nova-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-pochna-dekemvri-a-skopje-i-drugite-gradovi-se-ushte-nemaat-programa-za-nova-godina/#respond Thu, 01 Dec 2022 09:50:23 +0000 https://kurir.mk/?p=769351

Нашите туристички дестинации можеби нема да бидат добро пополнети во последниот квартал од 2022-ра, зашто бевме повеќе фокусирани на скапата струја, отколку на тоа какви аранжмани да направиме за Нова година, смета директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски. Во разговор за МИА, Јаневски забележува дека декември почна, а градовите се уште не излегле со понуда за пречек или некаква прослава, ниту се знае дали ќе бидат украсени. -Се случува еден феномен. Почна декември, а немаме ниту една програма за Нова Година, ниту знаеме дали градовите ќе бидат украсени. Тогаш како да очекуваме туристи?, нагласува директорот. Јаневски се осврнува и на актуелните понуди за дочек. Вели дека на ова поле треба веднаш нешто да се направи. Според него, најатрактивен за Нова година ќе биде Охрид, а новогодишните празници, генерално, ќе бидат во знакот на домашните туристи кои ќе престојуваат главно во домашните капацитети. -Дали во овој момент имаме некаква понуда, дали некаде се рекламира Нова година од страна на нашите тур-оператори за домашните центри? Да, но се работи за регионот, за дочек во ски-центри, за Нова година во другите главни градови од регионот. На тоа поле треба многу брзо нешто да направиме. Во однос на претстојните празници, мислам дека, сепак, ќе предничи Охрид, градот познат по туризмот и евентуално Скопје зашто има многу поврзувања со другите градови. Но, очекувам и многу домашни туристи низ другите градови во државата. Всушност, дочекот на Нова година ќе го одбележат домашните туристи во домашните кашацитети, нагласува Јаневски во разговорот за МИА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-pochna-dekemvri-a-skopje-i-drugite-gradovi-se-ushte-nemaat-programa-za-nova-godina/feed/ 0
Пријателот на Роналдо: Има 5-6 понуди, нема шанси да заигра за еден клуб! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/prijatelot-na-ronaldo-ima-5-6-ponudi-nema-shansi-da-zaigra-za-eden-klub/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/prijatelot-na-ronaldo-ima-5-6-ponudi-nema-shansi-da-zaigra-za-eden-klub/#respond Wed, 17 Aug 2022 13:10:02 +0000 https://kurir.mk/?p=719962

Новинарот Еду Агире, кој е добар пријтел на Кристијано Роналдо, вели дека е невозможно Португалецот да се пресели во Атлетико Мадрид и додава дека напаѓачот има 5-6 понуди. Името на Кристијано Роналдо секој ден е дел од трансфер шпекулациите, се говори дека Португалецот летово сака да замине од Олд Трафорд. Наводно Жорж Мендеш го понудил на многу клубови ширум Европа, дури и на Атлетико Мадрид. Португалецот на социјалните мрежи објави дека се пишуваат многу лаги за него, а истото ова го пренесе и новинарот Еду Агире, кој е добар пријател со ЦР7. „Роналдо е многу разочаран и бесен на сите тие неточни информации кои се појавуваат во медиумите. Невозможно е тој да игра во Атлетико Мадрид! Тоа нема да се случи“ - вели Еду Агире. „Роналдо има понуди од 5-6 клуба“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/prijatelot-na-ronaldo-ima-5-6-ponudi-nema-shansi-da-zaigra-za-eden-klub/feed/ 0
Доставени девет понуди на тендерот за набавка на јаглен за РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dostaveni-devet-ponudi-na-tenderot-za-nabavka-na-jaglen-za-rek-bitola-i-rek-oslomej/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dostaveni-devet-ponudi-na-tenderot-za-nabavka-na-jaglen-za-rek-bitola-i-rek-oslomej/#respond Thu, 21 Oct 2021 12:36:50 +0000 https://kurir.mk/?p=583176

Девет компании доставиле понуди на тендерот за набавка на јаглен за РЕК „Битола“ и за РЕК „Осломеј“. Понудите за РЕК „Осломеј“ ги исполнуваат барањата за потребните количини, додека за РЕК „Битола“ во најкус можен рок повторно ќе биде објавен тендер, бидејќи понудите не ги исполнуваат целосно количините што се бараа. Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска изјави дека се доставени пет понуди за РЕК „Битола“ и осум понуди за РЕК „Осломеј“. Понуди се доставени од три македонски рудници, како и од рудници од Албанија, Косово, Русија, Турција и Босна и Херцеговина. – Во прва фаза утврдено е дека за „Осломеј“ понудите ги исполнуваат барањата за потребните количини, и понатаму во втора и трета фаза се продолжува со проценка на другите сегменти од тие понудите. За РЕК „Битола“, понудите не ги исполнуваат целосно количините кои се бараа, односно не се нудат доволни количини на јаглен. Од тие причини АД ЕСМ во најкус рок повторно ќе објави повик за РЕК „Битола“ и повторно ќе бара понуди за потребните количини за овој капацитет, изјави Ковачевски. Тој најави дека следува евалуација во втора фаза, односно ќе се направи техничка, комерцијална и економска анализа, проверка на пробните количини кои треба да се достават, а потоа ќе биде донесена одлуката за избор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dostaveni-devet-ponudi-na-tenderot-za-nabavka-na-jaglen-za-rek-bitola-i-rek-oslomej/feed/ 0
Арсенал ќе му понуди на Оубамејанг тригодишен договор https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/arsenal-kje-mu-ponudi-na-oubamejang-trigodishen-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/arsenal-kje-mu-ponudi-na-oubamejang-trigodishen-dogovor/#respond Mon, 03 Aug 2020 07:42:41 +0000 https://kurir.mk/?p=385368

Арсенал сака да го обнови својот договор со напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг. „Топџиите“ ќе му понудат на 31-годишниот Габонец тригодишен договор со плата од 250.000 фунти неделно. Сега тој добива 180 илјади објави „The Mirror“. Актуелниот договор на напаѓачот со Арсенал истекува на крајот на јуни 2021 година. Во сезоната 2019/20 година, Обамејанг одигра 44 натпревари за Арсенал, постигна 29 погодоци и три асистенции. Арсенал во саботата го освои ФА Купот најмногу по заслуга на Обамејанг кој ги постигна двата гола против Челзи. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/arsenal-kje-mu-ponudi-na-oubamejang-trigodishen-dogovor/feed/ 0
Силва има понуди од Шпанија, САД и Обединетите Арапски Емирати https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/silva-ima-ponudi-od-shpanija-sad-i-obedinetite-arapski-emirati/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/silva-ima-ponudi-od-shpanija-sad-i-obedinetite-arapski-emirati/#respond Thu, 30 Jul 2020 11:51:24 +0000 https://kurir.mk/?p=383742

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Давид Силва, доби понуди од клубови во САД и Обединетите Арапски Емирати, а има опција кариерата да ја продолжи во својата татковина, објави „Скај Спортс“. Според изворот, за услугите на 34-годишниот Шпанец се заинтересирани неговиот матичен клуб Валенсија, Интер Мајами и неименуван клуб од Дубаи (ОАЕ). Силва играше за Манчестер сити од 2010 година и ќе го напушти англискиот клуб на крајот на неговиот договор ова лето како слободен агент. Тој има шест голови и 11 асистенции на 38 натпревари за „граѓаните“ во сезоната 2019/20. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/silva-ima-ponudi-od-shpanija-sad-i-obedinetite-arapski-emirati/feed/ 0
Мурињо: Тешко е да одбивам понуди, но имам право на избор https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/murinjo-teshko-e-da-odbivam-ponudi-no-imam-pravo-na-izbor/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/murinjo-teshko-e-da-odbivam-ponudi-no-imam-pravo-na-izbor/#respond Wed, 31 Jul 2019 08:44:48 +0000 https://kurir.mk/?p=225015

Жозе Мурињо инсистира на тоа дека ќе преземе клуб, каде што навистина го сакаат како менаџер. Португалскиот тактичар е без тим, откако Манчестер Јунајтед го отпушти минатиот декември и го замени со Оле Гунар Солскјер. Иако веќе доби неколку понуди, поранешниот ментор на Челзи, Реал Мадрид, Интер и Порто сè уште не брза да се врати во тренерската професија. 56-годишниот Мурињо инсистира на тоа дека ќе се врати само ако тој е навистина посакуван од конкретниот клуб. – Најтешко е за мене е да кажам „не“ на сите предлози. Морам да работам, затоа што внатрешно, секогаш сум импулсивен во однос на работата. Ако имам можност да работам, сакам да кажам: „Почнуваме“. Да одбивам предлози е нешто многу, многу, многу тешко, вели Специјалниот за „Скај Спортс“. На прашањето зошто одбива, стратегот вели вака: „Затоа што тоа не е предизвикот што го сакам. Но, со сета почит кон предлозите што ги добив од клубовите, сакам да имам право да бирам луѓе кои се „Мурињовци“ – како што сакаат да кажат луѓето во Португалија, Шпанија и Италија – „Мурињовец“ е личност, кој е фан. Тие сакаат јас да бидам таму, каде што припаѓам, така што кај мене не станува збор да кажам „добро, еве ја мојата понуда и ќе ја прифатам“. Морам да бидам трпелив и да чекам на вистинската можност, и таа да одговара на моето ниво како менаџер“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/murinjo-teshko-e-da-odbivam-ponudi-no-imam-pravo-na-izbor/feed/ 0
Венгер: Имам повеќе понуди отколку што очекував https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/venger-imam-povekje-ponudi-otkolku-shto-ochekuvav/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/venger-imam-povekje-ponudi-otkolku-shto-ochekuvav/#respond Tue, 08 May 2018 12:33:35 +0000 https://kurir.mk/?p=51534

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, на прес-конференцијата пред гостувањето кај Лестер во натпревар од 31-то коло од Премиер лигата, кој е на програмата утре од 20:45 часот, изјави дека многу клубови се заинтересирани за него. Запрашан дали добил понуда за работа, Венгер одговори: „Да! Повеќе отколку што очекував. Но, јас се уште не ги земам предвид. Сакам до последниот ден да бидам посветен на Арсенал. Се разбира дека ќе бидам активен, мојот мозок има потреба од тоа. Имам многу искуство. Ќе видиме ... Не сум разгледувал опција да тренирам друг англиски клуб“. Венгер ги отфрли тврдењата дека Месут Озил сам одбира на кои натпреаври ќе игра, посочувајќи дека германскиот репрезентативец е повреден. - Озил можеби ќе игра против Хадерсфилд. Тој вчера беше на прегледи, но сé уште има проблем со грбот. Затоа имаше проблеми и во Мадрид. Фудбалерите не ги избираат сами натпреварите. Понекогаш тоа изгледа така, но не е, изјави тренерот. Како што се приближува крајот на сезоната, во медиумите излегуваат имињата на потенцијалните наследници на францускиот стратег па тој даде свое видување за нив. - Сите се добри професионалци. Како фан на Арсенал јас ќе го поддржам секој, кој ќе се најде на оваа позиција. Јас не би коментирал јавно. Кој сака мој совет, ќе го добие приватно. Тимот нема потреба од многу подобрувања. Момците имаат потенцијал. Постои добра основа. Може да пристигнат две или три засилувања и тимот ќе се бори за титулата, смета Венгер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/venger-imam-povekje-ponudi-otkolku-shto-ochekuvav/feed/ 0