попис 2021 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Jun 2023 13:10:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png попис 2021 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СП: Пописот беше лошо спроведен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sp-popisot-beshe-losho-sproveden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sp-popisot-beshe-losho-sproveden/#respond Fri, 23 Jun 2023 13:07:31 +0000 https://kurir.mk/?p=849017

Социјалистичката партија на Македонија потсетува дека Пописот од 2021 година во периодот на неговото спроведување од повеќето партии меѓу кои и од СПМ беше оценет како лошо спроведен, без соодветна регулатива, со лоша методологија и без позитивна оценка од Евростат. И покрај укажувањата од експертите и политичките партии власта си спроведе попис спротивно на стандардите и доби податоци кои се малку употребливи, нејасни и некорисни. Се манипулираше со местото на живеење, попишување со изјави и без документи, попишување за други лица, самопопишување на дијаспората, отсуство на контрола на попишувачите, отсуство на хартиена форма на податоците и друго, Сето тоа овозможи да се изврши инженеринг и манипулација со бројките кои се објавија од пописот, за што опозицијата предупредуваше. Ја потсетуваме јавноста на самонабеденото однесување на директорот на Заводот за статистика со неговата неприкладна конфронтација со политичките фактори, но и со целата јавност, за на крај резултатите да бидат верификувани од страна на неговиот заменик, како апсурден крај на целата статистичка операција според желбите на власта на СДС и ДУИ. Отвореното сомнмевање во реализацијата на пописот го потврди Државниот завод за ревизија во својот Извештај за Пописот 2021.каде констатира недоследности во начинот на планирање на средствата, набавката на совтверската апликација за самопопишување, набаката на преносни компјутери и начинот на исплата на надоместоците. И покрај бројните забелешки и констатирани пропусти Државниот завод за ревизија потврдува му дава делумен легитимитет на Пописот, но со загрижувачки забелешки кои сериозно ја доведуваат во прашање исправноста на Пописот, а со тоа и на пописните резултати. Затоа сомнежите кои останаа кај мнозинството граѓани после Извештајот на ДЗР повторно се актуелизираат на што следи нашата сериозна реакција. Социјалистичката партија на Македонија оценува дека се бројни нелегитимните настани кои го следеа пописот и посебно оспорените законски основи за спроведуавњето на оваа операција за која се потрошија 7,9 милиони евра, а се добија ограничени или безкорисни ефекти. Со активностите и соопштенијата со кои се обраќа Државниот завод за статистика врз база на објавените пописни податоци се согледува неправилната поставеност на власта и парламентот, односно институционалните надлежности, притисоци и влијанија врз нив од страна на СДС и ДУИ заради што произлезе одредена несоодветност на пописот и на пописните постапки и резултати. Социјалистичката партија на Македонија констатира дека со сè што е сработено и прикажано се потврдува дека Пописот 2021. е политичка, а не статистичка операција направена за власта на СДС и ДУИ зошто е следена со бројни неправилности и сомнежи од граѓаните во државата и во странство. За свесни направените пропусти и манипулации во делот на набавките, користењето на софтерските решенија и апликации, начинот на попишување одговорните лица мора да сносат одговорност, за што надлежните институции во согласно со законските надлежности потребно е целиот случај детално да го испитаат. Оттаму сметаме дека нов попис ќе биде неопходен во услови кои ќе ги обезбеди новата демократска и легитимна власт на Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sp-popisot-beshe-losho-sproveden/feed/ 0
ДЗР: Извршена ревизија за Пописот во 2021 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-izvrshena-revizija-za-popisot-vo-2021/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-izvrshena-revizija-za-popisot-vo-2021/#respond Wed, 21 Jun 2023 09:59:21 +0000 https://kurir.mk/?p=848165

Државниот завод за ревизија (ДЗР) по извршената ревизија за Пописот во 2021 констатира недоследности во начинот на планирање на средствата, набавката на софтверска апликација за самопопишување, набавката на преносни компјутери / лаптоп и начинот на исплата на надоместоците. Државниот завод за ревизија изврши ревизија на усогласеност на тема „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година“, со цел да даде заклучок дали постапката на подготовка, организација, спроведување и објавување на податоците од пописот е спроведена во согласност со законската и подзаконската регулатива. -Опфатот и доказите кои се обезбедени по пат на спроведување на ревизорските техники и ревизорската методологија, даваат основа ревизорите да заклучат дека освен за состојби во однос на начинот на донесување на дел од подзаконските и интерните акти, периодот на извршување на претходното попишување на одделни категории на лица, бројот на учесниците во пописот во однос на планираниот број, начинот и висината на утврдување на дел од надоместоците, периодот за кој е донесен финансискиот план како и состојбите во однос на јавните набавки, постапката на подготовка, организација, спроведување и објавување на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година е во согласност, во сите материјални аспекти со одредбите од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, подзаконските и интерните акти донесени за подготовка, организирање и спроведување на истиот, се наведува во соопштението од ДЗР. Државните ревизори со извршената ревизија констатирале состојби и отсуства во однос на правната рамка, односно утврдено е дека со извршените измени за одложување на спроведувањето на пописот за во септември 2021 година, краток е периодот за исполнување на подготвителните активности. Исто така, утврдено е и отсуство на пишана процедура со која јасно и прецизно ќе се дефинира целокупната постапка и потребна документација за пописот, како и донесувањето на дел од актите и нивна авторизација спротивно на одредбите на Законот за попис. Од ДЗР велат дека се утврдени состојби и во однос на подготовката и спроведувањето на пописот, кои влијаат на можноста од потврдување на точноста и целосноста на податоците за лицата кои во време на пописот се наоѓаат на служба на Армијата во земјата или во странство, или на издржување мерка притвор или казна затвор, на лицата во воспитно-поправните домови и на лица кои спаѓаат во категоријата на бездомници. -Со ревизијата утврдено е дека теренското попишување е спроведено со 505 инструктори и 4.482 попишувачи, број кој е помал во однос на планираниот, а воедно спроведено е попишување на лицата кои не биле попишани во просториите на комисиите за пописни реони, начин на попишување кој не е предвиден во Законот за попис, се наведува во соопштението од ДЗР. Во извештајот за работа на Советот за статистика за 2021 година, наведени се одредени проблеми при вршењето на пописот во однос на мал одзив на кандидати за попишувачи и инструктори, проблеми со апликативното решение на терен, проблеми со интернет конекцијата, хакерски напади, што предизвикало и прекин во попишувањето, за што е поднесена пријава до Министерство за внатрешни работи. -Во однос на софтверската апликација за самопопишување на лицата-државјани кои се на привремена работа или престој во странство, ревизорите утврдија одредени состојби и тоа: -во текот на 2019 година извршена е набавка на софтверска апликација за пописот, но не е набавена софтверска апликација за самопопишувањето; - самопопишувањето отпочна на 01.03.2021 година, а активностите за набавка на апликација отпочнале на 25.02.2021 година; - на ден 26.02.2021 година упатени се барањата за забрани и можности во однос на апликацијата до фирмата изработувач на апликацијата; -софтверската апликација е набавена без надоместок, за што Државниот завод за статистика се обврзал да го истакне името на давателот во апликацијата, со што врши негова промоција, односно станува збор за спонзорство, за кое не е побарано од Министерството за правда решение, со кое ќе се потврди јавниот интерес на ова спонзорство; - фирмата изработувач на апликацијата е управувана од лице кое во периодот од 25.05.2019 до 23.09.2020 година бил член на Советот за статистика, како и -апликацијата за самопопишување не е евидентирана во деловните книги на Државниот завод за статистика. -Формирано е стручно тело чие формирање не е уредено во Законот за попис, а воедно и преклопување на надлежности на неколку работни групи, во кои истовремено членуваат исти вработени, се наведува во соопштението од ДЗР. Во однос на исплатените надоместоци за учесниците во пописот, како што посочуваат од ДЗР, исплатени се надоместоци во износ од 191.405 илјади денари, односно околу 3,1 милион евра, врз основа на правилник во кој се утврдени критериуми и број на бодови за секој критериум одделно, додека вредноста на бодовите е уредена со акт донесен од страна на директорот, без негово парафирање. -Во март 2021 година, донесен е финансискиот план за пописот во износ од 522.751 илјади, односно околу 8,5 милиони евра, од кои над 40 отсто од средствата се реализирани во текот на 2019 и 2020 година, без усвоен финансиски план за попис, велат од ДЗР. За реализација на Пописот потрошени се средства во износ од 479.111 илјади денари, односно околу 7,9 милиони евра, во кои најголемо учество од над 49 отсто се расходите за набавка на лаптопи и 40 проценти за надоместоци за учесниците во спроведување на пописните активности. За потребите на пописот, склучени и реализирани се договори за јавни набавки во износ од 237.905 илјади денари односно 3,9 милиони евра. -Спроведена е постапка за јавна набавка за набавка на 5.650 лаптопи и со единствениот понудувач склучен е договор во износ од 199.498 илјади денари, односно околу 3,2 милиони евра, за кој со ревизијата констатирано е: - пролонгирање на утврдениот рок на испорака на лаптопите и наместо испораката во целост била сукцесивна извршена во период од 05.11.2020 до 18.12.2020 година; - со анекс кон договорот извршена е измена на начинот на плаќање на лаптопите, односно наместо 22% од средствата да се платат во 2020 година, а преостанатите во 2021 година, извршено е целосно плаќање во декември 2020 година; - квантитативен и квалитативен прием на лаптопите, наместо да се изврши од страна на работна група согласно договорот, утврдено е дека документите за примопредавањето на лаптопите се потпишани од страна на раководителот на субјектот; - постапката е спроведена по одобрување од страна на н надлежните органи, но за техничката спецификација за лаптопите, не е добиено мислење од Националниот совет за информатичка и компјутерска технологија при Владата; - склучени се 3 анекси на договорот во вкупен износ од 30.255 илјади денари, односно околу 500 илјади евра, без спроведување на постапка за јавна набавка и - доставена е банкарска гаранција за периодот на основниот договор, а во однос на анексите, само за третиот анекс, се наведува во соопштението од ДЗР. Во извештајот е констатирано дека за услуги за медиумска кампања, спроведени се две постапки за јавни набавки во вкупен износ од 7.315 илјади денари, односно околу 120 илјади евра, што е повеќе за 40 отсто од планираните средства. Држабните ревизори утврдиле дека техничките спецификации не содржат количина и вредност по одделни позиции, а финансиските понуди содржат една позиција, додека една постапка е спроведена со преговарање без објавување на оглас, иако Бирото за јавни набавки нема дадено позитивно мислење. Исто така, како што е посочено во извештајот, набавени се средства за заштита од КОВИД 19 во износ од 1.220 илјади денари односно околу 20 илјади евра, без да се спроведе постапка за јавна набавка. Државниот завод за статистика, во периодот од 05.09.2021 до 30.09.2021 година го спроведе деветтиот по ред попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, со состојба на 04 септември 2021 година, во 24:00 часот. Резултатите од пописот се објавени на 30.03.2022 година, шест месеци по завршувањето на теренските активности, согласно кои Република Северна Македонија има 1.836.713 резидентно население, 598.632 домаќинства и 839.174 станови. -Имајќи предвид дека вообичаено е попис да се спроведува на секои 10 години, како и дека активностите на истиот се регулираат со посебен закон за попис, дадени се препораки кои се во функција на подобрување и создавање на ефикасен систем на планирање, спроведување, следење и реализација на јавните набавки на стоки и услуги, се наведува во соопштението од ДЗР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-izvrshena-revizija-za-popisot-vo-2021/feed/ 0
Попис 2021: Аеродром со најмногу жители и најмладо население, 205 населени места се празни https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/popis-2021-aerodrom-so-najmnogu-ziteli-i-najmlado-naselenie-205-naseleni-mesta-se-prazni/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/popis-2021-aerodrom-so-najmnogu-ziteli-i-najmlado-naselenie-205-naseleni-mesta-se-prazni/#respond Wed, 21 Dec 2022 11:52:34 +0000 https://kurir.mk/?p=778585

Во периодот на спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 година, во земјава има вкупно 1 781 населени места, а 205 се празни населени места, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Во главниот град Скопје живеат 526 502 жители, има 171 171 домаќинство и 213 850 станови. -Населено место со најголем број на жители е скопски Аеродром со 75 108 жители, а потоа следуваат градовите Куманово со 75 051 жител, Битола со 69 287 жители, Прилеп со 63 308 жители, Тетово со 63 176 жители…, се вели во соопштението од ДЗС повикувајќи се на резултатите од пописот. Според податоците добиени со оваа статистичка операција, 684 населени места се со помалку од 100 жители, додека 218 населени места се со помалку од 10 жители. – Најмногу домаќинства има во Аеродром – 27026, па следуваат Битола со 24974, Куманово со 23451, Прилеп со 22763, Тетово со 17948, а во 381 населено место има 10 и помалку домаќинства. Најмногу станови има во населеното Аеродром – 34 415, а во 116 населени места има помалку од 10 станови, покажуваат резултатите од пописот. Населени места со најмногу младо население на возраст од 0 до 14 години се: Чаир, Аеродром и градовите Куманово и Тетово, а со старо население на возраст од 85 и повеќе години се: скопски Карпош и Центар и градовите Битола, Прилеп, Велес, Охрид… Државниот завод за статистика, во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021, во последниот сет на пописни податоци ги објави податоците на ниво на населени места и тоа вкупно резидентно население, домаќинства и станови, вкупно резидентно население по 5-годишни возрасни групи и вкупно резидентно население според изјаснувањето за етничка припадност.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/popis-2021-aerodrom-so-najmnogu-ziteli-i-najmlado-naselenie-205-naseleni-mesta-se-prazni/feed/ 0
Објавена првата публикација од Пописот 2021 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objavena-prvata-publikacija-od-popisot-2021/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objavena-prvata-publikacija-od-popisot-2021/#respond Thu, 20 Oct 2022 11:21:18 +0000 https://kurir.mk/?p=748370

Клучните податоци за населението, домаќинствата и становите од Пописот 2021 од сега се достапни и во првата публикација под наслов: „Вкупно резидентно население, домаќинства и станови во Република Северна Македонија, Попис 2021“. Како што соопшти Државниот завод за статистика, по обработката на податоците и објавувањето во сетови, во првата публикација од Пописот 2021 преку 22 табели, графикони и други визуелизации, на едно место може да се најдат социоекономски податоци за основните единици на Пописот – лицата, домаќинствата и становите – на ниво на целата држава, но и по општини. Публикацијата е подготвена со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА. Со објавувањето на публикацијата Државниот завод за статистика се приклучува кон одбележувањето на 20 Октомври – Европскиот ден на статистиката кој годинава се одбележува под мотото „Статистиката – алатка за разбирање и поврзување на општеството во потрагата по вистината“. Публикацијата е достапна на следниот линк: https://www.stat.gov.mk/InfoGraphic/2022/POPIS_DZS_web_MK.pdf ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objavena-prvata-publikacija-od-popisot-2021/feed/ 0
ПОПИС 2021: 13 разводи на лица од 15 до 19 години и три случаи на вдовици/вдовци, еве колку проценти од населението е во брак https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popis-2021-13-razvodi-na-lica-od-15-do-19-godini-i-tri-sluchai-na-vdovici-vdovci-eve-kolku-procenti-od-naselenieto-e-vo-brak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popis-2021-13-razvodi-na-lica-od-15-do-19-godini-i-tri-sluchai-na-vdovici-vdovci-eve-kolku-procenti-od-naselenieto-e-vo-brak/#respond Fri, 30 Sep 2022 12:22:44 +0000 https://kurir.mk/?p=739570

Државниот завод за статистика денес објави нов сет на податоци од Пописот 2021 кои се однесуваат на брачниот статус на населението, бројот на живородени деца и миграциите внатре во државата. Еве неколку интересни факти: Според Пописот 2021,  во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, според брачниот статус, 23. 8 % се неженети/ немажени, 65.3% се мажени /женети, 7.2% се вдовци / вдовици и 1.6% се разведени. Регистрирани се и  вкупно 3 случаи на вдовци/ вдовици и 13 случаи на рзведени во возрасната група од 15 -19 години. Во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, 98.4 % живеат во брачна заедница, а 1.6% во вонбрачна заедница. 81.1% од вкупното резидентно население изјавиле дека не се селеле (автохтоно население), а 11,7% дека се доселиле во местото на вообичаено живеење. Според местото на раѓање, 90% од вкупното резидентно население се родени во Република Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popis-2021-13-razvodi-na-lica-od-15-do-19-godini-i-tri-sluchai-na-vdovici-vdovci-eve-kolku-procenti-od-naselenieto-e-vo-brak/feed/ 0
Попис 2021: Околу 80 проценти од невработените во земјава се со основно или средно образование https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popis-2021-okolu-80-procenti-od-nevrabotenite-vo-zemjava-se-so-osnovno-ili-sredno-obrazovanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popis-2021-okolu-80-procenti-od-nevrabotenite-vo-zemjava-se-so-osnovno-ili-sredno-obrazovanie/#respond Sat, 11 Jun 2022 07:28:39 +0000 https://kurir.mk/?p=689390

Во земјава има вкупно 109 249 невработени лица на возраст од 15 години и повеќе. Од нив речиси 80 проценти се со основно или средно образование. Поголемиот дел од невработените со основно и средно се мажи – над 60 проценти, додека од 1 545 невработени со магистратура 60 проценти се жени. Во земјава има и 100 невработени доктори на науки. Над половината од невработените или 56 701 лице се со средно образование, од кои над 60 проценти се мажи. Над 30 илјади или 28 проценти имаат основно образование. Околу 14 проценти од невработените имаат високо образование, од нив речиси 60 проценти се жени. Нешто под пет проценти од невработените се без образование или незавршено основно образование. Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен од Државниот завод за статистика. Над половина од невработените со основно се постари од 40 години Над половина од невработените со основно образование се на возраст меѓу 40 и 60 години, додека најмногу се на возраст од 45 до 49 години – над четири и пол илјади. Околу една третина од невработените со средно образование се на возраст меѓу 20 и 29 години, што значи дека можеби се уште не го завршиле своето образование. Околу 11 проценти или над 6 илјади се на возраст меѓу 30 и 34 години. Над пет илјади или по десет проценти се на возраст меѓу 35 и 39 години и меѓу 55 и 59 години. Гледано по статистички региони најголем дел од невработените со основно – 27 проценти живеат во Полошкиот регион. По градови речиси пет илјади или 16 проценти живеат во Скопје, од кои најголемиот дел или над 1 500 во Чаир. Над две илјади невработени со основно образование има и во Гостивар, Тетово и Куманово. Најголем дел од невработените со средно – над 14 илјади или 26 процени живеат во Скопскиот регион, потоа над девет илјади или 17 проценти во Полошкиот регион и над седум илјади или 14 проценти во Североисточниот регион. По градови речиси 13 илјади или 23 проценти живеат во Скопје, од кои над две и пол илјади во Чаир. На второ место е Куманово, каде живеат речиси пет илјади невработени со средно или девет проценти. На трето место е Тетово со 3 744 или седум проценти. Над две и пол илјади невработени со средно образование има и во Битола и Прилеп, додека над две илјади невработени со средно живеат во Гостивар. Над една третина од невработените доктори на науки се на возраст од 30 до 39 години Во земјава има 100 невработени доктори на науки. Над една третина или 36 од нив се на возраст од 30 до 39, по една четвртина се на возраст од 40 до 49 години (26) и од 50 до 59 години (25). Шестмина се постари од 60 години, додека седум се на возраст од 25 до 29 години. Од вкупно 100 невработени доктори на науки во земјава, над половината или 52 се во главниот град Скопје. Во Куманово има 5, Охрид и Штип по 4, Гостивар – 4, Кочани и Тетово по 3, а по двајца невработени доктори на науки има и во Битола, Дебар, Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Струга. Еден процент од невработените се магистри, третината од нив се во Скопје Од вкупно 109 249 невработени во земјава 1 541 се магистри. Речиси две третини се млади на возраст од 25 до 34 години, додека над една третина се во Скопје. Седум проценти или 112 невработени магистри се во Тетово, а по шест проценти во Битола, Куманово и Прилеп. По околу педесетина невработени магистри има и во Кичево, Гостивар, Охрид и Струга. Една третина од невработените магистри во земјава се млади на возраст од 25 до 29 години, а 31 процент се на возраст од 30 до 34 години. Една петтина се на возраст од 35 до 44 години, а околу стотина се меѓу 45 и 54 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popis-2021-okolu-80-procenti-od-nevrabotenite-vo-zemjava-se-so-osnovno-ili-sredno-obrazovanie/feed/ 0
Попис 2021: Над една третина од граѓаните најчесто користат автомобил, секој петти оди пеш, а велосипед само 2,3 проценти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popis-2021-nad-edna-tretina-od-gragjanite-najchesto-koristat-avtomobil-sekoj-petti-odi-pesh-a-velosiped-samo-2-3-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popis-2021-nad-edna-tretina-od-gragjanite-najchesto-koristat-avtomobil-sekoj-petti-odi-pesh-a-velosiped-samo-2-3-procenti/#respond Fri, 10 Jun 2022 06:43:50 +0000 https://kurir.mk/?p=689127

Автомобилот е најчесто превозно средство кое се користи во нашата земја. Над 35 проценти од вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе до работа или училиште користи автомобил. Пеш оди секој петти, додека градски автобус користат седум проценти и 2,6 проценти меѓуградски автобус, а велосипед само 2,3 проценти. Со воз до работа или училиште патуваат само 0,06 проценти или вкупно 341 лице. Над осум проценти до работа или училиште користат организиран превоз и исто толку, рекле дека користат повеќе од едно превозно средство. Над 10 илјади граѓани или 1,65 проценти рекле дека не патуваат до работа или училиште. Мажите најчесто до работа или училиште возат автомобил, и тоа над 40 проценти, потоа околу 17 проценти рекле дека одат пеш, а со градски автобус само 4,4 проценти и 2,1 проценти со меѓуградски автобус. Велосипед користат 2,6 проценти, мотоцикл 0,77 проценти, а воз 0,08 проценти. Жените најчесто до работа или училиште одат пеш, и тоа над 27 проценти, потоа околу 19 проценти возат автомобил, 10,8 проценти користат градски автобус и 3,34 проценти меѓуградски автобус. Велосипед користат 1,86 проценти, мотоцикл 0,15 проценти, а воз 0,03 проценти. Ова го покажуваат податоците за вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе според пол и видот на превозното средство кое најчесто го користи до работа или училиште, објавен со третиот сет податоци од Пописот 2021 година. Автомобилот омилено превозно средство во Скопје, околу четири проценти користат велосипед Во Скопје над 42 проценти најчесто до работа или училиште одат со автомобил (38,4 најчесто како возач и 4,1 најчесто како совозач). На второ и трето место како најчесто превозно средство се автобус и пеш – по 13 проценти, додека околу четири проценти најчесто патуваат со велосипед. Над 10 проценти користат повеќе од едно превозно средство, што значи дел од патувањето е со автобус или автомобил, а дел пеш или некое друго превозно средство. Речиси половина од мажите во Скопје најчесто до работа или училиште патуваат со автомобил, за разлика од 34 проценти од жените. Речиси 20 проценти од жените во Скопје најчесто патуваат со автобус, за разлика од осум проценти од мажите. Пеш патуваат над 16 проценти од жените и над 10 проценти од мажите. Од скопските општини пеш најчесто до работа или училиште одат во Центар – 31 процент (36 проценти од жените) и Чаир – 24 проценти (26 проценти од жените), додека најретко пеш одат во Бутел – 8 проценти и Ѓорче Петров – 7 проценти (5 проценти од мажите). Со велосипед до работа или училиште најчесто одат во Аеродром и Карпош – по 6 проценти, а најмалку во Сарај и Шуто Оризари по еден процент. Градски автобус најчесто користат во Шуто Оризари – 26 проценти, Ѓорче Петров – 20 проценти и Гази Баба – 19 проценти, а најмалку во Центар – 4 проценти и Карпош – 8 проценти. Во Аеродром 17 проценти од жените најчесто користат градски автобус, а тоа го прават само пет проценти од мажите. Над половина од мажите во општина Аеродром најчесто користат автомобил, и тоа како возач, 8 процени одат пеш, шест проценти со велосипед и само пет проценти со автобус. Автомобил најчесто користат и жените во општина Аеродром – 31 процент како возач и седум проценти како сопатник. На второ место е автобусот – 17 проценти, потоа пеш – 14 проценти и пет проценти со велосипед. Во Бутел над 28 проценти од жените и 11 проценти од мажите најчесто користат градски автобус. Околу 55 проценти од мажите во општина Бутел најчесто користат автомобил, потоа 11 проценти користат градски автобус, седум проценти одат пеш и три проценти со велосипед. Над 30 проценти од жените во општина Бутел најчесто користат автомобил (како возач) и осум проценти најчесто како совозач, 28 проценти користат градски автобус, 10 проценти најчесто одат пеш и само еден процент користат велосипед. Во Гази Баба над 30 проценти од жените и 10 отсто од мажите најчесто користат градски автобус. Над половина од мажите во општина Гази Баба најчесто најчесто користат автомобил, 10 проценти градски автобус, шест проценти одат пеш и три проценти возат велосипед. Жените во општина Гази Баба најчесто до работа патуваат со градски автобус – 30 проценти, потоа со автомобил – 26 проценти, 11 проценти најчесто одат пеш и само еден процент најчесто користат велосипед. Во Ѓорче Петров мажите најчесто користат автомобил, а жените градски автобус. Над половина од мажите во општина Ѓорче Петров најчесто користат автомобил, потоа 12 проценти патуваат со градски автобус, пет проценти пеш, а четири проценти најчесто користат велосипед. Меѓу жените во општина Ѓорче Петров, најголемиот дел или над 30 проценти користат градски автобус, потоа 28 проценти автомобил, осум проценти пеш и три проценти велосипед. Во Карпош над 16 проценти од жените и девет проценти од мажите најчесто до работа одат пеш. Околу 48 проценти од мажите во општина Карпош најчесто користат автомобил (како возач), девет проценти одат пеш, седум проценти возат велосипед и четири проценти патуваат со градски автобус. Над една третина од жените во општина Карпош најчесто користат автомобил (како возач), 16 проценти одат пеш, 11 проценти патуваат со градски автобус и пет проценти со велосипед. Една петтина од жените во Кисела Вода најчесто користат градски автобус, а осум проценти од мажите. Околу 52 проценти од мажите во општина Кисела Вода најчесто до работа користат автомобил, пеш или со градски автобус одат по осум проценти, а со велосипед најчесто четири проценти. Над две третини од жените во општина Кисела Вода најчесто до работа одат со автомобил и тоа 28 проценти како возач, а седум како совозач. Над 21 процент одат со градски автобус, 15 проценти најчесто пеш и три проценти со велосипед. Над половина од мажите и една третина од жените во општина Сарај најчесто користат автомобил. Над половина од мажите во Сарај најчесто користат автомобил, 16 проценти градски автобус, 10 проценти пеш и само еден процент со велосипед. Една третина од жените во општина Сарај најчесто користат автомобил (како возач) и девет проценти најчесто како совозач. Над 26 отсто најчесто патуваат со градски автобус и 13 проценти пеш. Над 36 проценти од жените и 24 проценти од мажите во Центар најчесто на работа одат пеш. Над 37 проценти од мажите во Општина Центар најчесто користат автомобил, 24 проценти одат пеш и само два проценти користат градски автобус. Над 36 проценти од жените во Општина Центар најчесто одат пеш до работа или училиште, 24 проценти користат автомобил, пет проценти градски автобус и четири проценти велосипед. Околу 26 проценти од жените и 22 проценти од мажите во Чаир најчесто на работа одат пеш. Над една третина од мажите во општина Чаир најчесто користат автомобил, 22 проценти одат пеш, десет проценти со градски автобус и пет проценти со велосипед. Жените во општина Чаир најчесто на работа или училиште одат пеш – 26 проценти, потоа со градски автобус или автомобил – по 22 проценти и само еден процент со велосипед. Над 38 проценти од жените и 20 проценти од мажите во Шуто Оризари најчесто користат градски автобус. Во општина Шуто Оризари 35 проценти од мажите најчесто го користат автомобилот како превозно средство, потоа 20 проценти градски автобус, девет проценти пеш и два проценти со велосипед. За над 38 проценти од жените во Шуто Оризари најчесто превозно средство е градски автобус, 15 проценти со автомобил, а десет проценти пеш. Организираниот превоз го заменува градскиот автобус во Битола, Велес, Кавадарци, Прилеп… Најголем дел од мажите во Куманово најчесто користат автомобил, додека жените најчесто одат пеш. Над две третини од мажите во Куманово најчесто како превозно средство користат автомобил, 19 проценти одат пеш, 10 проценти организиран превоз, а само еден процент велосипед. Над две третини од жените во Куманово најчесто до работа или школо одат пеш, 16 проценти користат автомобил, 12 отсто градски автобус и седум проценти организиран превоз. Во Битола мажите најчесто користат автомобил – 37 проценти, а жените одат пеш – 31 процент. Битола Во општина Битола мажите најчесто како превозно средство користат автомобил – 37 проценти, 17 проценти организиран превоз, 16 проценти пеш и три проценти најчесто користат велосипед. Најголем дел од жените во Битола – 31 процент најчесто до работа или училиште одат пеш, 16 проценти користат организиран превоз, 15 отсто автомобил и еден процент велосипед. Во Тетово 30 проценти од мажите и 45 проценти од жените најчесто на работа одат пеш. Во Општина Тетово најголем дел од мажите – 39 проценти најчесто како превозно средство користат автомобил, 30 проценти најчесто одат пеш, а девет отсто користат повеќе од едно превозно средство. Околу три проценти возат велосипед. Жените во општина Тетово најчесто до работа или школо одат пеш – 45 проценти, 20 проценти со автомобил како возач, седум проценти со автомобил, но како совозач и четири проценти користат организиран превоз. Во Прилеп над 22 проценти од жените и 14 проценти од мажите најчесто користат организиран превоз. Над две третини од мажите во Прилеп најчесто како превозно средство користат автомобил, 18 проценти најчесто одат пеш, 14 проценти користат организиран превоз, а четири проценти најчесто користат велосипед. Најголем дел од жените во Прилеп на работа или школо најчесто одат пеш – над 30 проценти, 22 проценти користат организиран превоз, 12 проценти користат автомобил, а два проценти најчесто користат велосипед. Во Гостивар над 46 проценти од жените и 31 процент од мажите најчесто на работа одат пеш. Над една третина од мажите во Гостивар најчесто користат автомобил, 31 процент одат пеш и осум проценти користат повеќе од едно превозно средство. Најголем дел од жените во Гостивар – 46 проценти најчесто до работа или училиште одат пеш, 20 проценти користат автомобил, а шест отсто користат повеќе од едно превозно средство. Во Охрид мажите најчесто користат автомобил, а жените одат пеш на работа. Над 41 процент од мажите во Охрид најчесто како превозно средство користат автомобил, 17 отсто одат пеш, седум проценти користат велосипед, а три проценти користат градски автобус. Најголем дел од жените во Охрид најчесто на работа или школо одат пеш – над 32 проценти, автомобил користат 19 проценти, седум проценти користат градски автобус, а пет проценти велосипед. Во Струга мажите најчесто за на работа користат автомобил, жените одат пеш. Над 40 проценти од мажите во Струга најчесто како превозно средство користат автомобил, 21 отсто одат пеш, околу четири проценти користат организиран превоз, три проценти најчесто користат велосипед. Најголем дел од жените во Струга најчесто до работа или школо одат пеш – над 35 проценти, 18 отсто најчесто користат автомобил, седум проценти користат градски автобус, а шест проценти меѓуградски автобус. Само два проценти најчесто користат велосипед. Во Струмица над 43 проценти од жените и 25 проценти од мажите на работа или школо најчесто одат пеш. Најголем дел од мажите во Струмица до работа најчесто одат со автомобил – над 36 проценти, околу 25 отсто одат пеш, а девет проценти користат организиран превоз. Со велосипед најчесто патуваат три проценти. Над 43 проценти од жените во Струмица на работа или училиште најчесто одат пеш, 15 отсто возат автомобил (како возач), 11 проценти како совозач и пет проценти користат организиран превоз. Еден процент најчесто користат велосипед. Во Велес 20 проценти од жените и 14 проценти од мажите најчесто користат организиран превоз. Околу една третина од мажите во Велес најчесто до работа користат автомобил, 22 проценти одат пеш, а 14 отсто користат организиран превоз. Со велосипед најчесто патуваат еден процент. Најголем дел од жените во Велес – 37 проценти најчесто до работа одат пеш, 20 проценти користат организиран превоз, 8 проценти автомобил, пет проценти градски автобус и четири проценти меѓуградски автобус. Жителите на Штип најчесто користат автомобил или одат пеш, велосипед не користи речиси никој. Над 42 проценти од мажите во Штип најчесто како превозно средство користат автомобил, 17 отсто одат пеш, 14 проценти користат организиран превоз. Најголем дел од жените – 25 проценти до работа најчесто одат пеш, 23 отсто користат организиран превоз, а 17 проценти автомобил. Околу седум проценти користат градски автобус. Во Кичево над 45 проценти од мажите и 22 проценти од жените најчесто користат автомобил. Најголем дел од мажите во Кичево – 45 проценти најчесто користат автомобил како превозно средство, 18 проценти одат пеш, девет проценти користат организиран превоз, а само еден процент велосипед. Една третина од жените во Кичево најчесто на работа или школо одат пеш, 22 проценти користат автомобил, а 12 отсто организиран превоз. Во Кавадарци над 38 проценти од жените и 20 проценти од мажите најчесто на работа одат пеш. За најголем дел од мажите во Кавадарци – 37 отсто најчесто превозно средство е автомобилот, 20 отсто одат пеш, а 16 проценти користат организиран превоз. Само еден процент најчесто користат велосипед. Најголем дел од жените во Кавадарци – над 38 проценти најчесто на работа или школо одат пеш, 21 отсто користат организиран превоз, а 12 проценти автомобил. Во Кочани над 27 проценти од жените и 19 проценти од мажите најчесто на работа одат пеш. Најголем дел од мажите во Кочани – над 43 проценти, најчесто како превозно средство користат автомобил, 19 проценти одат пеш, 10 отсто користат организиран превоз, а само еден процент велосипед. Жените во Кочани најчесто до работа или школо одат пеш – 27 проценти, потоа 22 проценти користат организиран превоз, автомобил најчесто користат 15 проценти, а 10 проценти велосипед. Извор:Миа]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popis-2021-nad-edna-tretina-od-gragjanite-najchesto-koristat-avtomobil-sekoj-petti-odi-pesh-a-velosiped-samo-2-3-procenti/feed/ 0
ПОПИС 2021: Каква е школската подготовка на македонското население? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popis-2021-kakva-e-shkolskata-podgotovka-na-makedonskoto-naselenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popis-2021-kakva-e-shkolskata-podgotovka-na-makedonskoto-naselenie/#respond Wed, 01 Jun 2022 14:06:17 +0000 https://kurir.mk/?p=685045

Според полето (видот) на највисокиот степен на школска подготовка најмногу 19,5 проценти од вкупно резидентно население на возраст над 15 години се во полето Општи програми и квалификации, додека најмалку или 1,9 проценти се во од областа Информатичко-комуникациски технологии. Во Здравство и социјална заштита се само 7 проценти, додека во полето на Природни науки, математика и статистика се 3 проценти. Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика. Според полето на образование во највисокиот степен на образование од вкупно резидентно население на возраст од 15+ години: – 197 810 лица или 19,5 проценти се во полето Општи програми и квалификации; – 189 736 лица или 18,6 проценти се во полето Инженерство, производство и градежништво; – 148 180 лица или 14,5 проценти се во полето Општествени науки, новинарство и информирање; – 81 494 лица или 8 проценти се во полето Бизнис, администрација и право; – 71 102 лица или 7 проценти се во Здравство и социјална заштита; – 59 215 лица или 5,8 проценти се во полето Образование; – 54 779 лица или 5,4 проценти се во полето Услуги; – 48 857 лица или 4,8 проценти се во полето Уметност и хуманистички науки; – 40 455 лица или 4 проценти се во полето Земјоделство, шумарство, рибарство и ветерина; – 30 624 лица или 3 проценти во Природни науки, математика и статистика; – 19 044 лица или 1,9 проценти во полето Информатичко-комуникациски технологии (ИКТ); – 75 293 лица или 7,4 проценти се во непознато поле. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popis-2021-kakva-e-shkolskata-podgotovka-na-makedonskoto-naselenie/feed/ 0
НАД 100.000 МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ СЕ НЕВРАБОТЕНИ: Излезе и третиот сет податоци од пописот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-100-000-makedonski-gragjani-se-nevraboteni-izleze-i-tretiot-set-podatoci-od-popisot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-100-000-makedonski-gragjani-se-nevraboteni-izleze-i-tretiot-set-podatoci-od-popisot/#respond Wed, 01 Jun 2022 10:34:09 +0000 https://kurir.mk/?p=684851

Државниот завод за статистика, во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021, во третиот сет на пописни податоци ги објави податоците кои се однесуваат на: образовните и економските карактеристики на лицата, лицата со попреченост и дел од картактеристиките на живеалиштата и становите. Податоците ќе бидатсе објавени на во МакСтат базата на податоци, во делот за Попис на населението 2021 на следниот линк: https://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef Што ни покажуваат податоците: - Во вкупното резидентното население на возраст од 15 години и повеќе, според писменоста, регистрирани се: 18 897 лица или 1.2 % неписмени лица, од кои 5 517 се мажи и 13 380 се жени. - Според највисокиот степен на школска подготовка, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, регистрирани се: 23 192 лица или 1.5 % без образование, 62 129 лица или 4.1 % се со незавршено основно образование, 423 456 лица или 27.8 % се со основно образование, 672 375 лица или 44.1 % се со средно образование, 263 349 лица или 17.3 % се со високо образование, 29 654 лица или 1.9 % се со магистратура, 6 037 лица или 0,4 % се со докторат, а 45 174 лица или 3.0 % се со непозната школска подготовка. - Според полето ( видот ) на највисокиот степен на школска подготовка, 189 736 лица или 18.7 % се во од областа Инженерство, производство и градежништво, а само 19 044 лица или 1.9 % се во од областа Информатичко-комуникациски технологии. - Во вкупното резидентното население на возраст од 5 години и повеќе, кои се во процесот на формалното (редовно) образование: 186 570 лица или 10.7 % посетуваат основното образование, 80 378 лица или 4.6 % се во средното образование, додека 93 804 лица или 5.4 % се во високото образование, на магистратура и на докторски студии. - Вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе изнесува 1 525 366 лица, од кои 717 769 лица се дел од активното население , односно 608 520 лица се вработени, а 109 249 лица се невработени. Бројот на неактивните лица изнесува 768 549 лица. - Според највисокиот степен на школска подготовка, најмногу невработени, 56 701 лице се со средно образование од кои 34 313 се мажи и 22 388 се женисе со средно образование. - Според дејноста, најмногу вработени, 123 347 лица , има во Преработувачката индустрија од кои 65 751 се мажи и 57 596 се жени. - Во вкупното резидентното население, бројот на издржуваните лица изнесува 450 766 лица. - Во вкупното резидентно население бројот на лицата со попреченост изнесува 94 412 лица и тоа: 1.8 % на возраст од 0- до 14 години, 43.5 % на возраст од 15- до 64 години и 54.8 % на возраст од 65 и повеќе. - Според видот на попреченоста, најголемо учество од 40.8 % или 38 499 имаат лицата со потешкотии со движењето. - Од вкупно 839 174 станови, 531 987 станови или 63.4 % се населени , а 307 187 станови или 36.6 % се ненаселени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-100-000-makedonski-gragjani-se-nevraboteni-izleze-i-tretiot-set-podatoci-od-popisot/feed/ 0
Јотова децидна: Во оваа фаза не гледам причини за укинување на ветото за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jotova-decidna-vo-ovaa-faza-ne-gledam-prichini-za-ukinuvanje-na-vetoto-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jotova-decidna-vo-ovaa-faza-ne-gledam-prichini-za-ukinuvanje-na-vetoto-za-makedonija/#respond Fri, 22 Apr 2022 16:23:08 +0000 https://kurir.mk/?p=666966

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова не гледа причина во оваа фаза да се укине ветото за почеток на преговорите со ЕУ со Северна Македонија. Таа ова го изјави во ексклузивното интервју за емисијата „Брисел 1“ на Bulgaria ON AIR по нејзината посета на Битола и Охрид пред неколку дена. Таму Јотова присуствуваше на отворањето на Културниот клуб Иван Михајлов и се сретна со локалните Бугари. -Бугарија има пет услови за Македонија, кои се поставени одамна. Дури и кога стана јасно дека ништо не е сменето од потпишувањето на Договорот за добрососедство. Ниту после 18 состаноци на Мешовитата историска комисија ниту еден ред не е сменет во учебниците од кои се изучува во училиштата во Македонија, изјави Јотова. Покрај ова, Јотова истакнала и дека не може да биде признат ниту пописот, според кој во Северна Македонија се попишани 3 500 Бугари, а како што тврди таа, Бугарија располага со податоци според кои од 2007 година па наваму издадени се 85 000 бугарски државјанства на македонски државјани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jotova-decidna-vo-ovaa-faza-ne-gledam-prichini-za-ukinuvanje-na-vetoto-za-makedonija/feed/ 0