попишани граѓани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Sep 2021 08:37:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png попишани граѓани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Досега попишани 1.760.194 лица во земјава и 201.247 од дијаспората https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dosega-popishani-1-760-194-lica-vo-zemjava-i-201-247-od-dijasporata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dosega-popishani-1-760-194-lica-vo-zemjava-i-201-247-od-dijasporata/#respond Wed, 29 Sep 2021 08:37:40 +0000 https://kurir.mk/?p=569862

Заклучно до денеска во 7:30 часот во земјава се попишани вкупно 1.760.194 лица, 546.080 домаќинства и 789.406 станови, соопшти Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 201.247 граѓани од дијаспората. Денеска е 25-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште еден ден пописни активности. Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини, што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/SpisokNaKPRzaPopisuvanje.pdf Од Државниот завод за статистика велат дека во последните денови од Пописот на населението, домаќинствата и становите, пописните активности на терен се одвиваат непречено и во одредени пописни реони со зголемен интензитет. Помалите пописни реони низ државата веќе завршуваат со попишување на населението и се прават последни завршни проверки. Во одредени урбани средини интензитетот на попишување се зголемува, се вклучуваат дополнителни попишувачи за да може да се посети секое домаќинство и никој да не биде пропуштен. Со сиот расположлив потенцијал се работи непрекинато и според утврдените рокови предвидени во Законот за попис, истакнуваат од ДЗС. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dosega-popishani-1-760-194-lica-vo-zemjava-i-201-247-od-dijasporata/feed/ 0
Ова е вкупната бројка на попишани граѓани во првите осум дена од пописот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-e-vkupnata-brojka-na-popishani-gragjani-vo-prvite-osum-dena-od-popisot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-e-vkupnata-brojka-na-popishani-gragjani-vo-prvite-osum-dena-od-popisot/#respond Mon, 13 Sep 2021 08:51:01 +0000 https://kurir.mk/?p=562914

Вкупно 419.485 лица, 129.614 домаќинства и 173.439 станови се попишани во првите осум дена од пописот, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 192.538 лица. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-e-vkupnata-brojka-na-popishani-gragjani-vo-prvite-osum-dena-od-popisot/feed/ 0