попишувач – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Sep 2021 12:53:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png попишувач – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Жител на Велес избрка попишувач: „Ми доаѓаш на врата без маска“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zitel-na-veles-izbrka-popishuvach-mi-doagjash-na-vrata-bez-maska-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zitel-na-veles-izbrka-popishuvach-mi-doagjash-na-vrata-bez-maska-video/#respond Wed, 08 Sep 2021 12:48:01 +0000 https://kurir.mk/?p=560999

На социјалните мрежи денеска масовно се споделува видео кое го снимил жител од Горно Оризади, Велес на кое се гледа и слуша како тој брка попишувач од својот двор. Снимателот, односно жителот обвинува дека попишувачот кај него се појавил без маска и притоа не се легитимирал. Вчера градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски на прес-конференција информираше дека на првиот ден од пописот ниту еден од попишувачите не бил вратен од домовите на граѓаните и податоците биле успешно внесени во системот, денес ова видео сведочи за конфликт помеѓу граѓанин кој треба да биде попишан и попишувач. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zitel-na-veles-izbrka-popishuvach-mi-doagjash-na-vrata-bez-maska-video/feed/ 0
Пописот почнува во недела: Ако не сакате да примите невакциниран попишувач, ќе ви пратат вакциниран https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popisot-pochnuva-vo-nedela-ako-ne-sakate-da-primite-nevakciniran-popishuvach-kje-vi-pratat-vakciniran/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popisot-pochnuva-vo-nedela-ako-ne-sakate-da-primite-nevakciniran-popishuvach-kje-vi-pratat-vakciniran/#respond Thu, 02 Sep 2021 11:03:23 +0000 https://kurir.mk/?p=558327

Премиерот Зоран Заев денеска изрази уверување дека не очекува проблеми со спроведувањето на пописот, а во одговор на новинарско прашање како ќе се решаваат ситуации со оние граѓани кои нема да примат невакцинирани попишувачи, тој најави дека ќе има рокади на попишувачите. – Ќе се трудиме секојпат со максимална флексибилност. Разговарав со министерот за правда и во една прилика и со директорот на Заводот за статистика каде што секако кога ќе се случат вакви ситуации може да се направи рокада на попишувачите за да може флексибилно да излеземе пред се во барањата и очекувањата на граѓаните, рече премиерот. Заев рече дека е мал процентот на ваквите реакции, затоа што и поголем дел од попишувачите се вакцинирани, а, како што рече, и над 50 проценти граѓани над 40 години се исто така вакцинирани. – И попишувачите се вакцинирани во значителен процент. Мислам дека имајќи во предвид дека пописот се спроведува 20 дена, овој пат е 25 дена имаме дополнителни можности за флексибилно постапување се со конечна цел стопроцентно да ги собереме сите податоци од нашите граѓани, истакна Заев при посетата на средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Пописот ќе почне во недела, на 5-ти септември, и ќе трае до 30-ти септември. До тој ден ќе трае и онлајн пописот на дијаспората што почна на 1 март. До денеска до 7.30 часот во дијаспората се попишани 190.890 граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popisot-pochnuva-vo-nedela-ako-ne-sakate-da-primite-nevakciniran-popishuvach-kje-vi-pratat-vakciniran/feed/ 0
Арсовски: Попишувач во Сарај било лице уапсено за трговија со дрога во акцијата Планина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-popishuvach-vo-saraj-bilo-lice-uapseno-za-trgovija-so-droga-vo-akcijata-planina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-popishuvach-vo-saraj-bilo-lice-uapseno-za-trgovija-so-droga-vo-akcijata-planina/#respond Tue, 30 Mar 2021 17:42:38 +0000 https://kurir.mk/?p=489880

Политизирањето на пописот со ангажирање на партиски лица доведе до тоа да едно од лицата уапсени за трговија со дрога во акцијата „Планина“ бил попишувач на територија на Сарај. За тоа мора да се понесе одговорност и директорот на ДЗС, Апостол Симовски треба да си понесе оставка, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во Само Вистина на Канал 5. Арсовски прашува дали воопшто постои некаков филтер и дали некој гледа какви лица ќе бидат попишувачи бидејќи не смее да се дозволи лице уапсено за трговија со дрога да биде попишувач. - Ова е сериозен скандал и за ова треба да се понесе одговорност. Апостол Симовски директорот на ДЗС требаше досега да си даде оставка. Нему му беше поважно да слуша слепи насоки од страна на неговата партија како партиски војник, наместо да ја согледа реалната слика зошто треба да се одложи пописот, потенцира Арсовски. Арсовски додаде дека главна причина за одлагање на пописот требаше да биде и состојбата со коронавирусот, која Симовски не сакаше да ја согледа иако инструктор близок до него се заразил со коронавирус. - Прва причина за одлагање е заштита на здравјето на граѓаните. Самиот призна во истава емисија дека четворица од инструкторите се заболени со корона. Од петокот досега уште еден од инструкторите кој што е во секојдневна комуникација со Симовски е позитивен на корона, значи дефакто се шири и меѓу инструкторите, нагласи Арсовски. Тој истакна дека покрај тоа и системот има слабости бидејќи самата апликација е тотално нефункционална и беше падната само еден ден пред да биде одложен пописот. - ГИС апликацијата каде што треба да се лоцира секоја една куќа и семејство не функционира и тоа е уште една слабост на апликацијата. Државни инструктори се луѓе кои не се вработени во ДЗС, туку се договорци, синови и ќерки на вработени и блиски до директорот. Пред само неколку дена 150 од попишувачите исплашени од состојбата со короната и се откажаа. Тоа се повеќе причини за одговорност и одлагање, вели Арсовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-popishuvach-vo-saraj-bilo-lice-uapseno-za-trgovija-so-droga-vo-akcijata-planina/feed/ 0