попишување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 Mar 2021 13:40:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png попишување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Цуцуловски: Според кој закон граѓаните се должни во својот дом да примаат попишувач, а ако не го примаат ќе бидат казнети со 300 евра? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/cuculovski-spored-koj-zakon-gragjanite-se-dolzni-vo-svojot-dom-da-primaat-popishuvach-a-ako-ne-go-primaat-kje-bidat-kazneti-so-300-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/cuculovski-spored-koj-zakon-gragjanite-se-dolzni-vo-svojot-dom-da-primaat-popishuvach-a-ako-ne-go-primaat-kje-bidat-kazneti-so-300-evra/#respond Thu, 25 Mar 2021 13:40:52 +0000 https://kurir.mk/?p=487624

Според кој закон, како и според кој член од тој закон, граѓаните се должни во својот приватен/личен дом да п р и м а т/п у ш т а т лице, макар било и попишувач, и дека ако не го примат ќе бидат глобени до 300 евра?, прашува универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски. Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме целата објава на професорот Цуцуловски: СПОРЕД КОЈ ЗАКОН? Време е властите конечно да одговорат на следните прашања: 1.Според кој закон, како и според кој член од тој закон, граѓаните се должни во својот приватен/личен дом да п р и м а т/п у ш т а т лице, макар било и попишувач, и дека ако не го примат ќе бидат глобени до 300 евра? Значи, прашањето не ги опфаќа лицата, партиите, здруженијата или организациите кои повикуваат на бојкот, туку единствено лицата, кои (сеедно од кои причини) не сакаат попишувачите да ги пуштаат во својот личен/приватен дом/посед! Односно, граѓанинот не дека не сака да даде податоци на попишувачот, туку едноставно не прифаќа во домот да му влезе попишувачот или кој било друг без судски налог. Притоа, не барам од властите да толкуваат одреден закон или член, туку директно да укажат на него, без какви било толкувања/замаглувања, бидејќи од таквото однесување на сите им е дојдено преку глава. 2. Која е смислата да се одржуваа попис, ако подолго време клучни лидери, од одредени политички партии, отворено (без никаков срам) се закануваат дека резултатите од Пописот нема да ги прифатат, ако не се постигне – што ќе рече, н а ш т е л у в а! – точно определен процент од одредена етничка заедница? Односно, кому е потребен попис во кој однапред би биле познати/определени резултатите? Или сѐ се сведува на политичка трговија, за чие остварување граѓаните на Република Македонија без каква било мера се заплашуваат? Притоа, со ваквите уценувања граѓаните, самите луѓе, се сведуваат на голи броеви. Сепак, луѓето не се бројки/броеви. П.С. Одржувањето попис во услови на сеопшта пандемија е посебно прашање за кое посебно треба да се одговори и да се о д г о в а р а. П.П.С. Повикувањето на член 51 од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република (с) Македонија од 2021 година, не може да биде бараното објаснување, бидејќи со тој член се санкционираат лицата кои одбиваат да ги дадат податоци што се бараат од нив, а не и оние кои не дозволуваат попишувачот да влезе (повторувам: да влезе!) во нивниот дом/посед, пишува професорот во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/cuculovski-spored-koj-zakon-gragjanite-se-dolzni-vo-svojot-dom-da-primaat-popishuvach-a-ako-ne-go-primaat-kje-bidat-kazneti-so-300-evra/feed/ 0
Преку апликацијата за самопопишување досега евидентирани 82.106 лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preku-aplikacijata-za-samopopishuvanje-dosega-evidentirani-82-106-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preku-aplikacijata-za-samopopishuvanje-dosega-evidentirani-82-106-lica/#respond Fri, 19 Mar 2021 10:20:27 +0000 https://kurir.mk/?p=484665

Преку онлајн апликацијата за самопопишување досега од странство се евидентирани 82 106 лица, процесот продолжува до 21 април. Преку апликацијата се попишуваат македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци. Процесот на самопишување почна на 1 март, а ќе се одвива до 21 април 2021 година Од 1 март до 15 март се попишуваа и вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив во странство, македонските државјани на работа во Обединетите нации и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата на Република Северна Македонија во странство и граѓаните што се ангажирани врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на нивните семејства/ домаќинствата што престојуваат во странство со наведените лица како и сите лица – државјани на Република Северна Македонија кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој. Пописот на населението во земјава ќе се спроведува од 1 до 21 април 2021 година. Државниот завод за статистика објави и дополнителен трет јавен конкурс за ангажирање лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, за кој заинтересираните кандидати треба да се пријават до 20 март 2021 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preku-aplikacijata-za-samopopishuvanje-dosega-evidentirani-82-106-lica/feed/ 0
ДЗС: Досега евидентирани 11.149 лица преку апликацијата за самопопишување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzs-dosega-evidentirani-11-149-lica-preku-aplikacijata-za-samopopishuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzs-dosega-evidentirani-11-149-lica-preku-aplikacijata-za-samopopishuvanje/#respond Tue, 02 Mar 2021 16:16:45 +0000 https://kurir.mk/?p=476195

Преку апликацијата за самопопишување досега се евидентирани 11.149 лица, објави Државниот завод за статистика на својата веб страница. Податоците се однесуваат за состојбата на 2 март 2021 во 10:00 часот. Со пријавувањето на Апликацијата, корисникот се регистрира и остава свој ЕМБГ, е-маил адреса, која се верификува со праќање на е-маил за верификација, и телефонски број на корисникот. При регистрација на корисникот и при секој внес на податоците од страна на корисникот, во апликацијата автоматски се запишува од која ИП адреса се внесени податоците. Предвидено е собраните податоци преку Апликацијата за самопопишување да се споредат со податоците од претпописната база на податоци. Бројот на самопопишани лица преку Апликацијата за самопопишување, како што велат од ДЗС, не значи по автоматизам број на резидентно население на Република Северна Македонија. Претходно, ДЗС објави дека до апликацијата за попишување наменета за дијаспората, може да се пристапи само со ИП адреса од странство, а секое нарушување на процесот на прибирање на податоци е казниво со Законот за попис. Апликацијата за самопопишување, како што информираат од ДЗС, е во согласност со Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година и Упатството за самопопишување на лицата отсутни во странство, што ги донесува директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС). Првата фаза од Пописот на населението, домаќинствата и становите почнa вчера со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на Армијата во странство, затворениците и бездомниците. Оваа активност ќе трае до 21 април, кога и официјално треба да заврши пописот, кој ќе започне на 1 април. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzs-dosega-evidentirani-11-149-lica-preku-aplikacijata-za-samopopishuvanje/feed/ 0
Се уште се попишува наследството на Марадона https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/se-ushte-se-popishuva-nasledstvoto-na-maradona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/se-ushte-se-popishuva-nasledstvoto-na-maradona/#respond Wed, 06 Jan 2021 15:11:39 +0000 https://kurir.mk/?p=452441

Светските медиуми објавија детали од извештајот на аргентинскиот адвокат Себастијан Батлието, кој со овластување на локалните власти, започна пред еден месец да работи на утврдување на имотот што по својата смрт, во ноември лани, го остави еден од најдобрите фудбалери на светот на сите времиња Диего Армандо Марадона. Нецелосниот извештај на угледниот аргентински адвокат покажува дека Марадона оставил голем движен и недвижен имот за кој се очекува долга судска постапка за распределба меѓу наследниците, чии број сè уште не е докрај утврден. Според документацијата што досега ја обезбедил Батлието, славниот аргентински фудбалер имал побарувања од властите во Венецуела во износ од 50 милиони долари со вклучени камати, од позајмици на локалните нафтени компании, вклучени во програмата „нафта за храна“. Марадона поседувал и фабрика за брашно и шпагети во близина на Каракас, мала трговска фирма во Неапол, четири банкарски сметки, како и седум автомобили, вклучувајќи ги моделите „Ролс ројс гост’“ (Rolls Royce Ghost), проценет на 300.000 евра и „Бе-Ем-Ве и8“ (BMW i8), вреден околу 145.000 евра. Марадона поседувал и дел од заработките на американската компанија „Флотинг казино“ (Floating Casino), како и две други американски и една британска компании за продажба на облека со неговата заштитна марка, синџир фудбалски академии во Кина, како и колекција од уметнички слики од познати светски сликари. Марадона, исто така, поседувал и дел од хотел со пет ѕвезди во Хавана, како и луксузна куќа во кубанската престолнина. Според весникот „Марка“, куќата била издавана под закуп, а на Марадона лично му ја подарил поранешниот кубански лидер Фидел Кастро. На името на Марадона се водат и неколку недвижности во Јужна Америка, вклучувајќи и два луксузни апартмани во Буенос Аирес. Поранешната аргентинска фудбалска легенда имаше и доживотни договори за соработка со производителот на спортска опрема „Пума“ американската мултинационална компанија за пијалаци „Кока-Кола“, производителот на луксузни часовници „Хаболт“ (Hublot), како и јапонската компанија за видеоигри „Конами“ (Konami). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/se-ushte-se-popishuva-nasledstvoto-na-maradona/feed/ 0