попладневна дремка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Jun 2023 19:36:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png попладневна дремка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Редовното дневно спиење го намалува ризикот од деменција https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/redovnoto-dnevno-spiene-go-namaluva-rizikot-od-dementsija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/redovnoto-dnevno-spiene-go-namaluva-rizikot-od-dementsija/#respond Tue, 20 Jun 2023 19:36:40 +0000 https://kurir.mk/?p=847944

Попладневната дремка помага да се спречи деменција, сугерира новото истражување. Уживањето во дремката во текот на денот може да ја забави брзината со која вашиот мозок се намалува, со што ќе биде поголем и поздрав во средните и старосните години. Научниците од Универзитетскиот колеџ во Лондон користеле податоци од 378.932 Британци на возраст од 40 до 69 години. Откриле дека некои луѓе генетски имаат поголема веројатност да спијат во текот на денот, а скенирањата покажале дека мозокот на дремачите изгледал 2,6 до 6,5 години помлади. -За некои луѓе кратките дневни дремки може да бидат дел од сложувалката што помага да се одржи мозокот здрав како што старееме. Се надевам дека оваа студија може да помогне да се намали стигмата што сè уште постои околу дневната дремка, вели авторот на студијата, др. Викторија Гарфилд. Истражувачите сугерираат дека дремката пократка од 30 минути во раните попладневни часови е најдобра. Може да го заштити мозокот од влошување предизвикано од недоволно спиење ноќе. Дваесет и седум проценти од лицата постари од 60 години спијат често или прилично често, покажа истражувањето на YouGov минатата година, во споредба со 13 проценти од оние под 25 години. Познато е дека премалиот сон го зголемува ризикот од болести, но науката за придобивките од дремењето е измешана, а некои студии откриваат дека тоа е знак за лошо здравје. Студијата на др. Гарфилд ја споредува количината на мозочна материја кај луѓето чија ДНК ги тера да спијат повеќе или помалку во текот на денот. Поголемиот волумен на мозокот покажува дека е поголем, потежок и преполн со повеќе витални нерви, што го намалува ризикот од деменција. Студијата покажа дека луѓето кои дремеле во просек имаат 1,3 отсто поголем волумен на мозокот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/redovnoto-dnevno-spiene-go-namaluva-rizikot-od-dementsija/feed/ 0
Попладневниот одмор е драгоцен за организмот: 5 добри причини да дремнете преку ден https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/popladnevniot-odmor-e-dragocen-za-organizmot-5-dobri-prichini-da-dremnete-preku-den/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/popladnevniot-odmor-e-dragocen-za-organizmot-5-dobri-prichini-da-dremnete-preku-den/#respond Mon, 14 Jun 2021 06:56:36 +0000 https://kurir.mk/?p=523009

Сигурно ви е познато чувството кога ќе заспиете толку попладне, што креветот е сè за што размислувате. Помеѓу 13 и 15 часот, температурата на телото паѓа и нивото на мелатонин се зголемува. И обете се знак дека ни треба пауза. Иако луѓето имаат се помалку време за попладневен одмор, на нашето тело навистина му треба. Луѓето честопати тесно ги поврзуваат дремките и мрзеливоста, а не сфаќаат колку грешат. 5 придобивки од попладневната дремка Луѓето кои практикуваат попладневен одмор се поактивни, а исто така имаат и поголема мотивација од луѓето кои практикуваат спиење само навечер. Понатаму, според истражувањето, дремењето не само што влијае позитивно на расположението, туку може да го продолжи животот и да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести. Не само што ќе се чувствувате поодморено после дремката, туку и ќе ги подобрите когнитивните функции, времето на реакција и краткорочната меморија. Конечно, една студија покажа дека спиењето попладне доведува до промени во мозочните канали кои го олеснуваат и побрзо учењето. Колку треба да трае дремката? Докажано е дека спиењето 20 минути во раните попладневни часови ги намалува шансите да доживеете срцев удар во зрелоста, а исто така потврдено е и дремење за намалување на крвниот притисок. Кратките дремки се одлични кога немате многу време за одмор, и ви требаат повеќе, а дополнителните придобивки се што нема да се чувствувате поспани и слаби по нив, бидејќи не сте влегле во фаза на длабок сон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/popladnevniot-odmor-e-dragocen-za-organizmot-5-dobri-prichini-da-dremnete-preku-den/feed/ 0
Попладневната дремка не треба да трае подолго од 40 минути, еве и зошто https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/popladnevnata-dremka-ne-treba-da-trae-podolgo-od-40-minuti-eve-i-zoshto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/popladnevnata-dremka-ne-treba-da-trae-podolgo-od-40-minuti-eve-i-zoshto/#respond Wed, 07 Oct 2020 11:30:17 +0000 https://kurir.mk/?p=413438

Стручните лица советуваат дека не секој одмор е добар за човековото тело. Во таа смисла, на пр., попладневната дремка не треба да трае повеќе од 40 минути или, во спротивно, нашиот „внатрешен часовник“ и циклусите на спиење може да бидат нарушени. Човекот е биолошки „програмиран“ да спие подолг дел од ноќта и да одмори кратко еднаш во текот на денот. Имено, температурата на нашето тело најмногу паѓа меѓу 13:00 и 15:00 часот, поради што токму тогаш почнуваме да се чувствуваме поспани… Но, според стручњаците, спиењето попладне не е целосно безбедно. Ново истражување покажува дека спиењето попладне повеќе од 40 минути го зголемува ризикот од повеќе физички нарушувања. Испитувањата опфатиле 300.000 лица, а резултатите посочуваат на поврзаност меѓу попладневната дремка и развојот на т.н. „метаболички синдром“, којшто вклучува покачена тежина, висок крвен притисок и повисоко ниво на холестерол. Истражувањето беше презентирано на Годишната конференција на Американскиот колеџ за кардиологија. Според податоците, во сон дење, кој трае повеќе од 40 минути, телото „замислува“ дека е во состојба на длабок сон, што значително влијае на метаболизмот. Поради ова, човекот може а биде дури и поуморен после таквиот сон отколку пред него. Клучот е, всушност, во тоа да не се претера во спиењето. Луѓето кои спијат најмногу половина час попладне се чувствуваат „поведро“, поодморено, посвежо и се чувствуваат подобро. Во случај на подлабок сон, мозокот оди во фаза на „бавни бранови“, по коишто речиси секогаш се чувствуваме уморни и дезориентирани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/popladnevnata-dremka-ne-treba-da-trae-podolgo-od-40-minuti-eve-i-zoshto/feed/ 0