поплава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 13 Aug 2023 08:26:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png поплава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Русија поради поплави евакуирани повеќе од 2.000 луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rusija-poradi-poplavi-evakuirani-poveke-od-2-000-luge/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rusija-poradi-poplavi-evakuirani-poveke-od-2-000-luge/#respond Sun, 13 Aug 2023 08:26:11 +0000 https://kurir.mk/?p=866194

Во Русија повеќе од 2.000 луѓе се евакуирани од поплавените подрачја на далечниот исток на земјата поради налетот на невремето Канун, соопштија денеска локалните власти. „Повеќе од 2.000 луѓе, меѓу кои 405 деца, се евакуирани во регионот Приморје“, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации на Телеграм. Министерството наведува дека околу 5.000 згради биле поплавени во тој пограничен регион, кој граничи со Кина и Северна Кореја. Спасувачите поставија 13 центри за привремено сместување. Минатата недела тајфунот Канун, придружен со обилни врнежи и силен ветер, ја зафати Јапонија пред да стигне до Корејскиот полуостров. Ова доведе до евакуација од претпазливост и откажување на стотици летови и возови во Јапонија и Јужна Кореја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rusija-poradi-poplavi-evakuirani-poveke-od-2-000-luge/feed/ 0
Најмалку 20 загинати во поплавите во областа на Пекинг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-20-zaginati-vo-poplavite-vo-oblasta-na-peking/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-20-zaginati-vo-poplavite-vo-oblasta-na-peking/#respond Tue, 01 Aug 2023 14:15:11 +0000 https://kurir.mk/?p=862401

Најмалку 20 лица загинаа во областа на кинескиот главен град Пекинг и соседната провинција Хебеј по невообичаено обилните врнежи предизвикани од тајфунот Доксури, јави ДПА, повикувајќи се на локалните власти. Кинеските државни медиуми денеска објавија дека е потврдена смртта на 11 лица во Пекинг и уште девет во Хебеј. Поројните дождови се последица на тајфунот Доксури, кој во петокот ја погоди источна Кина. Метеоролошката служба на кинеската престолнина издаде највисоко ниво на предупредување за ризик од врнежи во сабота навечер, советувајќи ја јавноста да не излегува надвор. Оттогаш врне речиси непрекинато. Видео снимките покажуваат улици претворени во бујни реки од кал и однесени паркирани автомобили. Мост се урнал под напливот на водите кои дошле. Пооддалечените рурални области околу Пекинг се особено тешко погодени. Кинескиот весник „Женмин жибао“ објави дека повеќе од 100.000 луѓе биле преместени во побезбедни области. Претходно, Доксури ја погоди кинеската крајбрежна провинција Фуџијан како тајфун. Потоа во внатрешноста ослабна до ниво на тропска бура, но сепак произведе екстремно пороен дожд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-20-zaginati-vo-poplavite-vo-oblasta-na-peking/feed/ 0
Поплавени куќи по синоќешниот дожд во Куманово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/poplaveni-kuki-po-sinokeshniot-dozhd-vo-kumanovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/poplaveni-kuki-po-sinokeshniot-dozhd-vo-kumanovo/#respond Sun, 25 Jun 2023 08:53:56 +0000 https://kurir.mk/?p=849409

Регионалниот ЦУК Куманово известува дека по силниот пороен дожд што го зафати градот Куманово, во вечерните часови, а поради неможноста атмосферската канализација да ги прифати големите количества вода, дошло до поплавување на куќи. Екипите од ТППЕ Куманово биле излезени на терен за испумпување на вода во село Черкезе. ЈП „Водовод“, била на ул. Никола Вапцаров каде што известува дека поради подигнување на нивото на реката има поплава на улицата, и на ул. „Србо Томовиќ", бр.36. Таму имало поплавени подрумски простори, но случајот не можел да се реши веднаш и водата треба да се повлече.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/poplaveni-kuki-po-sinokeshniot-dozhd-vo-kumanovo/feed/ 0
Црвено ниво на тревога, поплави и во Романија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsrveno-nivo-na-trevoga-poplavi-i-vo-romanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsrveno-nivo-na-trevoga-poplavi-i-vo-romanija/#respond Fri, 16 Jun 2023 17:59:08 +0000 https://kurir.mk/?p=846625

Црвено ниво на тревога за силен дожд, невреме и ризик од поплави е на сила за цела Југозападна Романија. Во округот Дол поплавата веќе однесе десетици домаќинства. Евакуирани се 60 лица. Куќите за неколку минути се наполниле со вода, пренесува Диџи24. На места водата достигнува два метри. Спасувачките екипи извлекоа маж заробен меѓу два потока. Луѓето се апсолутно уништени. Некои од нив се многу стари и немаат каде да одат“, пишуваат локалните медиуми. Поради сложената ситуација, вонреден состанок одржа комисијата за вонредни ситуации при Министерството за животна средина, води и шуми. „Сакам максимална мобилизација за да нема жртви во поплавите, повика ресорниот министер Мирча Фичет. Црвеното ниво на тревога е на сила за окрузите Мехединци, Караш Северин, планинскиот регион на окрузите Горж и Хунедоара. Обилните врнежи се очекува да продолжат и во текот на викендот, предупредуваат метеоролозите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsrveno-nivo-na-trevoga-poplavi-i-vo-romanija/feed/ 0
Во Велес поплавени улици, деловни објекти и куќа во синоќешното невреме https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-veles-poplaveni-ulitsi-delovni-objekti-i-kuka-vo-sinokeshnoto-nevreme/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-veles-poplaveni-ulitsi-delovni-objekti-i-kuka-vo-sinokeshnoto-nevreme/#respond Thu, 15 Jun 2023 14:32:04 +0000 https://kurir.mk/?p=846195

Територијалната Потивпожарна Единица - Велес поради синоќешните обилни врнежи од дожд во Велес, синоќа интервенирала на поплавени два деловни објекта на улица „Благој Горев“ и на поплавена куќа на улица „Васил Атанасов“ бр 22 во населба Превалец, информираат од Центарот за управување со кризи Велес. Од таму појаснуваат дека тројца пожарникари на Територијална Противпожарна Единица Велес со едно противпожарно возило со пумпа ја извлекувале водата надвор од просториите на поплавената куќа во населбата Превалец во близина на Велес. Воедно, тројца пожарникари интервенирале и во чистењето на затната шахта на главната улица „Благој Ѓорев“, што било причина за поплавата на двата деловни објекти. Поради конфигурацијата на Велес, како и во секој поголем дожд и синоќа целосно беа поплавени главните градски улици со нерешена атмосферска мрежа, бидејќи водата од улиците од високите делови на градот се слеа надолу и целосно ги поплави и затрупа со песок и камчиња. Како што информираат од Општина Велес, на лице место синоќа бил и градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев. По посетата во населбата, Превалец биле ангажирани пожарникари, екипи на ЈКП „Дервен“ и на помош била повикана механизација на градежни фирми во санирање на состојбата во населбата Превалец. Невремето синоќа ја уништила и фекалната и атмосферска канализација на една улица во Превалец. Во невремето бил уништен еи асфалт во должина од 200 метри на улица во оваа Населба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-veles-poplaveni-ulitsi-delovni-objekti-i-kuka-vo-sinokeshnoto-nevreme/feed/ 0
По поплавите, се огласи градоначалникот на Делчево: Исконтактиравме со околните општини, помошта е на пат https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/po-poplavite-se-oglasi-gradonachalnikot-na-delchevo-iskontaktiravme-so-okolnite-opshtini-pomoshta-e-na-pat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/po-poplavite-se-oglasi-gradonachalnikot-na-delchevo-iskontaktiravme-so-okolnite-opshtini-pomoshta-e-na-pat/#respond Thu, 08 Jun 2023 19:43:24 +0000 https://kurir.mk/?p=843791

Имаме исконтактирано со околните општини, помошта во однос на пумпи за исфрлување на вода, е на пат и чекаме, имаме организирано, знаеме каде да ги упатиме овие пумпи. Луѓето на коишто им се поплавени домовите, може да се јавуваат на бројот 193 во Пожарната, изјави за МИА, делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, по силното невреме што ги зафати Делчево и околината. Тој информира дека се поплавени одредени улици, пропаднат е асфалтот на една од нив, а на терен се екипи на Територијалната противпожарна единица, јавното комунално претпријатие, „Македонија пат“. Полицијата што го регулира сообраќајот е тука, додаде тој, за да може што побрзо да се стави градот во функција и да се помогне на луѓето, таму каде што се поплавени домови. - Врнежите, со тој интензитет со којшто беа во време од час и неколку минути, нема атмосферска канализација што може да ги апсорбира, рече Трајковски, меѓу другото. Директорот на комуналното претпријатие Стојче Стојковски појасни дека поради настанати дефекти, можно е одредени населени места во текот на ноќта да бидат без вода за пиење. Трајковски и Стојковски препорачуваат засега граѓаните да купуваат вода за пиење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/po-poplavite-se-oglasi-gradonachalnikot-na-delchevo-iskontaktiravme-so-okolnite-opshtini-pomoshta-e-na-pat/feed/ 0
Дел на БиХ се уште е зафатен од поплави, вонредна состојба во неколку градови https://arhiva.kurir.mk/svet/region/del-na-bih-se-ushte-e-zafaten-od-poplavi-vonredna-sostojba-vo-nekolku-gradovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/del-na-bih-se-ushte-e-zafaten-od-poplavi-vonredna-sostojba-vo-nekolku-gradovi/#respond Wed, 17 May 2023 19:53:17 +0000 https://kurir.mk/?p=835500

Северозападниот дел на Босна и Херцеговина е најзагрозен од поплавите, а во неколку градови во тој дел од земјата е прогласена вонредна состојба. Вонредна состојба е прогласена во Костајница и Нови Град во Република Српска, како и во Бихаќ, Босанска Крупа, Сански Мост, Цазин и Велика Кладуша во Федерацијата БиХ. Управата за цивилна заштита на РС денеска соопшти дека специјалистички тимови на управата се ангажирани во Козарска Дубица, Костајница, Нови Град, но и во Градишка и Приједор за да им пружат помош на подрачјата загрозени од поплави. Најлоша е состојбата во Нови Град каде вода навлегла во околу 40 станбени згради, а евакуирани се 23 лица. Наставата во основните и средните училишта е прекината, пренесува Бета. Во РС е поплавен и автопатот „9-ти јануари“ од Бања Лука до Добој. Во Федерацијата Босна и Херцеговина, најлоша е состојбата во Босанска Крупа, каде водостојот на реката Уна е највисок досега измерен на тоа место. Се уште не е познат точниот број на поплавени згради, но голем број домаќинства се евакуирани. Повеќе од 800 станбени згради се опколени со вода и не може да им се пристапи. Во Бихаќ се поплавени повеќе од 200 згради, а населбата Покој е отсечена од градот. Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ изјави дека владата на ентитетот Босна и Херцеговина одвоила 500.000 конвертибилни марки (околу 250.000 евра) за Унско-санскиот кантон, погоден од поплави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/del-na-bih-se-ushte-e-zafaten-od-poplavi-vonredna-sostojba-vo-nekolku-gradovi/feed/ 0
Смртниот биланс од поплавите во Италија се искачи на осум лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/smrtniot-bilans-od-poplavite-vo-italija-se-iskachi-na-osum-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/smrtniot-bilans-od-poplavite-vo-italija-se-iskachi-na-osum-litsa/#respond Wed, 17 May 2023 18:17:07 +0000 https://kurir.mk/?p=835485

Најмалку осум лица загинаа, а илјадници се раселени по обилните дождови што го погодија северниот италијански регион Емилија-Ромања, соопштија денеска локалните власти. Обилните врнежи предизвикаа излевање на 21 река, кои поплавија улици и куќи, а имаше и прекини во железничкиот сообраќај. „Најмалку 5.000 луѓе се евакуирани од областа“, рече министерот за цивилна заштита Нело Мусумечи. Вкупниот број на градови погодени од поплавите е 36, додека одрони се забележани во 48 градови и села. Властите ги предупредуваат жителите на погодените подрачја дека врнежите би можеле да траат уште 12 часа. „Вонредната состојба воопшто не е завршена... Спасувачките операции се сложени и може да ги доведат спасувачите во опасност“, рече Тити Постиљоне, заменик-шеф на италијанската Агенција за цивилна заштита. Трката во Формула 1, која требаше да се вози во Имола овој викенд, во близина на најтешко погодените области, е откажана. „Одлуката е донесена бидејќи не е можно безбедно да се одржи настанот за нашите навивачи, тимови и персонал“, соопштија организаторите на Формула 1. Пред две недели слични временски појави предизвикаа најмалку два смртни случаи и голема штета во истиот регион. Мусумечи рече дека Владата будно ја следи состојбата и веќе има предвидено 10 милиони евра за оваа област. Италија е погодена од долги периоди на суша во последниве години, но експертите велат дека другите екстремни временски настани, како што се бури и поплави, стануваат сè почести поради климатските промени. Поради долготрајната суша, почвата го апсорбира дождот помалку од вообичаено, со што се зголемува веројатноста за поплави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/smrtniot-bilans-od-poplavite-vo-italija-se-iskachi-na-osum-litsa/feed/ 0
Италија: Поради поплавите 10.000 луѓе останаа без вода за пиење во провинцијата Равена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-poradi-poplavite-10-000-luge-ostanaa-bez-voda-za-piene-vo-provintsijata-ravena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-poradi-poplavite-10-000-luge-ostanaa-bez-voda-za-piene-vo-provintsijata-ravena/#respond Fri, 05 May 2023 12:28:43 +0000 https://kurir.mk/?p=830952

Речиси 10.000 луѓе во североисточниот италијански регион Емилија Ромања денеска се без проточна вода поради поплави во локалната пречистителна станица, предизвикани од невидени врнежи во вторникот и средата, јави италијанската новинска агенција АНСА. Пожарникарите работеа на решавање на проблемот во објектот во градот Конселице во провинцијата Равена, кој заедно со провинцијата Болоња го понесоа најголемиот товар од екстремните временски услови. Во меѓувреме, цистерни и волонтери обезбедуваат вода. Медиумите известуваат дека две лица загинале, а 500 луѓе морале да бидат евакуирани од своите домови како последица на обилните дождови и поплавите кои настанале, кои исто така ја оштетиле инфраструктурата и ги уништиле посевите. Италијанската Влада вчера прогласи вонредна состојба во регионот и одвои 10 милиони евра за справување со штетите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-poradi-poplavite-10-000-luge-ostanaa-bez-voda-za-piene-vo-provintsijata-ravena/feed/ 0
Најмалку две жртви во поплавите во Италија, едно лице исчезнато https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dve-zhrtvi-vo-poplavite-vo-italija-edno-litse-ischeznato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dve-zhrtvi-vo-poplavite-vo-italija-edno-litse-ischeznato/#respond Wed, 03 May 2023 20:45:31 +0000 https://kurir.mk/?p=830342

Најмалку две лица ги загубија животите во невремето и поплавите што ја зафатија Италија, а едно лице се води како исчезнато. Еден постар маж загина при излевање на реката Сенио поради обилни врнежи во градот Кастел Болоњезе, во провинцијата Равена, јавија италијанските медиуми. Уште едно лице загина при уривање на куќа во градот Фонтанеличе кај Болоња, по лизгање на земјиште, а уште едно лице се води како исчезнато. Во Фаенца дошло до поплави поради пробивање на бреговите на реката Ламона, при што некои куќи биле евакуирани како мерка на претпазливост. Поплавите го зафатија регионот Емилија Ромања, а особено провинциите Болоња, Форли, Модена и Равена. Противпожарни бригади се ангажирани во бројни интервенции поради излевање на реки и свлечишта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dve-zhrtvi-vo-poplavite-vo-italija-edno-litse-ischeznato/feed/ 0