поплавени подрачја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Dec 2021 11:54:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png поплавени подрачја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Водата се повлекува од поплавеното подрачје во Босилово, општината ќе им помогне на поплавените https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vodata-se-povlekuva-od-poplavenoto-podrachje-vo-bosilovo-opshtinata-kje-im-pomogne-na-poplavenite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vodata-se-povlekuva-od-poplavenoto-podrachje-vo-bosilovo-opshtinata-kje-im-pomogne-na-poplavenite/#respond Tue, 14 Dec 2021 11:54:39 +0000 https://kurir.mk/?p=608303

Водата полека се повлекува од триесетината објекти и голема површина земјиште кои од вчера се под вода на влезот во селото Турново, во општина Босилово. Таму се излеаја реките Струмица и Турија, а водата навлезе во повеќе објекти. Целосно се поплавени фудбалскиот терен, соблекувалните и спортската сала на ФК „Турново“, објектот на Ветеринарната станица и дваесетина куќи и помошни објекти. Од ФК „Турново“ информираа дека е направен испуст за истекување на водата во реката Турија и очекуваат во наредните денови, доколку нема нови врнежи, таа да истече од поплавените објекти. – Поднесовме барање до Општина Босилово за утврдување на штетата, а ќе поднесеме и барања за помош до ФФМ и Агенцијата за млади и спорт. Според нашите првични проценки штетата е над 50 илјади евра, но поголема е штетата што нашите фудбалери и 120 деца од помладите категории не можат да тренираат, велат од ФК „Турново“. Градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев вели дека состојбата со поплавите полека се нормализира и дека Општината презема се што е во нејзини ингеренции да им се помогне на поплавените. Инаку, влезот во селото Турново со години се поплавува при обилни врнежи и излевање на реката Струмица. Жителите велат дека многу пати досега барале да се реши овој проблем, но досега ништо не било преземено.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vodata-se-povlekuva-od-poplavenoto-podrachje-vo-bosilovo-opshtinata-kje-im-pomogne-na-poplavenite/feed/ 0