поплави – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 09:34:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png поплави – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Словенија од ЕК бара 400 милиони евра за справување со штетите од поплавите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenija-od-ek-bara-400-milioni-evra-za-spravuvane-so-shtetite-od-poplavite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenija-od-ek-bara-400-milioni-evra-za-spravuvane-so-shtetite-od-poplavite/#respond Fri, 20 Oct 2023 09:34:20 +0000 https://kurir.mk/?p=891125

Словенечкото Министерство за кохезија и регионален развој денеска ќе испрати барање до Европска комисија за добивање на 400 милиони евра од Фондот за солидарност на Европска Унија за справување со штетите предизвикани од поплавите што зафатија две третини од земјата во август. Словенечкиот министер за кохезија и регионален развој Александар Јеусак вчера најави дека ЕК има шест недели да одлучи каква ќе биде нејзината улога во справувањето со штетите од поплавите во Словенија. Тој изрази надеж дека ЕК ќе донесе одлука за ова прашање што е можно поскоро и ќе ги испрати на Словенија средствата за обнова по природната катастрофа. Љубљана очекува околу 400 милиони евра од Фондот за солидарност, алатката на ЕУ за помош при природни катастрофи, а за годинава бара аванс од 100 милиони евра, а останатите средства очекува да ги добие следната година. Словенечката Влада пред неколку дена ја процени директната штета и мерките за санација на 9,99 милијарди евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenija-od-ek-bara-400-milioni-evra-za-spravuvane-so-shtetite-od-poplavite/feed/ 0
Луѓето сѐ повеќе ги населуваат областите кои можат да бидат погодени од опасни поплави https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lugeto-s-poveke-gi-naseluvaat-oblastite-koi-mozhat-da-bidat-pogodeni-od-opasni-poplavi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lugeto-s-poveke-gi-naseluvaat-oblastite-koi-mozhat-da-bidat-pogodeni-od-opasni-poplavi/#respond Thu, 05 Oct 2023 06:32:03 +0000 https://kurir.mk/?p=885361

Луѓето сѐ повеќе ги населуваат областите кои се многу изложени на опасни поплави, особено во Кина, предупредува студијата објавена синоќа, објавена од економист од Светска банка. -Во време кога изборот на човечки населби треба да се прилагодат на климатските промени, многу земји брзо ја зголемуваат својата изложеност на поплави, изјави авторот Јун Рентшлер. Неговата студија анализирала сателитски снимки во текот на 30 години, следејќи ја дистрибуцијата на населението на глобално ниво, како и мапи од поплави. Новото истражување беше глобално и ги зема предвид ризиците од поплави покрај морињата и океаните, поплави од обилни дождови, како и поплави на реки. Студијата покажа дека во 2015 година, 20 отсто од сите населени области биле со среден или висок ризик од поплави, во споредба со 17,9 отсто триесет години порано. Според студијата, проширувањето на населбите во областите со висок ризик ја зголемува изложеноста на поплави и идни штети и прави неопходно да се инвестира во заштита од поплави. Источна Азија и Пацификот се меѓу најекспонираните региони, особено поради урбаната експанзија во Кина, како и во Виетнам и Бангладеш. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lugeto-s-poveke-gi-naseluvaat-oblastite-koi-mozhat-da-bidat-pogodeni-od-opasni-poplavi/feed/ 0
Најмалку 10 загинати во поплавите во Индија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-10-zaginati-vo-poplavite-vo-indija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-10-zaginati-vo-poplavite-vo-indija/#respond Wed, 04 Oct 2023 20:06:57 +0000 https://kurir.mk/?p=885286

Најмалку 10 лица загинаа, а 82, од кои 23 припадници на армијата, се водат како исчезнати по обилните врнежи предизвикани од невремето во индиската држава Сиким, соопштија денеска локалните власти. Во североисточната индиска паднаа 40,9 милиметри дожд помеѓу вторникот и средата наутро, соопшти Индискиот метеоролошки оддел (IMD) – речиси пет пати повеќе од нормалната стапка од 8,6 милиметри за овој период од годината. - Досега се извлечени 10 тела од различни локации. Уште најмалку 82 лица се водат како исчезнати, а 22 лица се повредени, некои од нив сериозно, рече главниот секретар на Сиким, В. Б. Патак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-10-zaginati-vo-poplavite-vo-indija/feed/ 0
Штетите од поплавите во Словенија во август се проценуваат на 9,9 милијарди евра https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shtetite-od-poplavite-vo-slovenija-vo-avgust-se-protsenuvaat-na-9-9-milijardi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shtetite-od-poplavite-vo-slovenija-vo-avgust-se-protsenuvaat-na-9-9-milijardi-evra/#respond Wed, 04 Oct 2023 16:47:49 +0000 https://kurir.mk/?p=885205

Словенечката Влада излезе со проценка дека директните штети од поплавите во август и нивните последици за луѓето, бизнисите и животната средина изнесува 9,9 милијарди евра, јави агенцијата СТА. Поплавите зафатија 183 од 212 општини во земјата, а површината на погодената област се проценува на 17.203 квадратни километри или 85 отсто од територијата на земјата. -Претставената проценка ги опфаќа сите аспекти на природната катастрофа, вклучувајќи ги и напорите за обезбедување алтернативи на погодените згради, расчистување на речните корита, обновување на инфраструктурата, заштита и обновување на местата на културното наследство, како и отстранување и управување со отпадот, изјави денеска министерот за регионален развој Александар Јевшек , откако проценката беше разгледана од владата, пренесе интернет страницата „Словенија тајмс“. Проценката игра клучна улога во подготовката на пријавата за надомест на штети од Фондот за солидарност на ЕУ. -Барањето за помош секако ќе го поднесеме пред истекот на рокот, односно до 27 октомври, кажа министерот Јевшек. Поплавите предизвикани од обилните дождови во август, словенечкиот премиер Роберт Голоб ги опиша како најголема природна катастрофа во последните 30 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shtetite-od-poplavite-vo-slovenija-vo-avgust-se-protsenuvaat-na-9-9-milijardi-evra/feed/ 0
Најмалку 23 војници исчезнале во силните поплави на Хималаите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-23-vojnitsi-ischeznale-vo-silnite-poplavi-na-himalaite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-23-vojnitsi-ischeznale-vo-silnite-poplavi-na-himalaite/#respond Wed, 04 Oct 2023 12:45:57 +0000 https://kurir.mk/?p=885119

Најмалку 23 војници се водат за исчезнати по силните поплави што ја зафатија долината на Хималаите, во североисточна Индија, соопшти индиската армија. Овој далечен планински венец на Хималаите се наоѓа во близина на границата на Индија со Непал. Езерото Лонак се наоѓа во подножјето на глечерот во близина на Кангченџунга, третиот највисок врв во светот. Поради низводната брана која претходно испушти вода, нивото на реката Тиста е за 4,5 метри повисоко од нормалното. На видео снимка објавена од портпарол на индиската армија се гледа како надојдениот кафен порој се влева во долината обрасната со шума, преминува преку патишта и носи далноводи на својот пат. Поплавите и свлечиштата се релативно честа појава во Индија и предизвикуваат многу штети, особено за време на сезоната на монсуни, што трае од јуни до септември. Но, до октомври поголемиот дел од монсуните обично завршува. Експертите велат дека климатските промени ги прават овие катастрофи почести и поголеми. Топењето на глечерите, исто така, го зголемува нивото на реките, а нерегулираната градба во областите подложни на поплави создава дополнителна штета. Хималајските глечери се топат побрзо од кога било поради климатските промени, изложувајќи ги жителите на непредвидливи катастрофи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-23-vojnitsi-ischeznale-vo-silnite-poplavi-na-himalaite/feed/ 0
Каселакис: Луѓето од подрачјата погодени од поплавите се оставени сами, без никаква помош https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kaselakis-lugeto-od-podrachjata-pogodeni-od-poplavite-se-ostaveni-sami-bez-nikakva-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kaselakis-lugeto-od-podrachjata-pogodeni-od-poplavite-se-ostaveni-sami-bez-nikakva-pomosh/#respond Mon, 02 Oct 2023 18:43:14 +0000 https://kurir.mk/?p=884371

Сликата овде е шокантна. Луѓето се оставени сами, немаат никаква помош, порача новиот претседател на грчата опозициска партија СИРИЗА Стефанос Каселакис за време на неговата посета на областа Тесалија и градот Волос, подрачјата погодени од поплавите, јави дописничката на МИА од Атина. Каселакис посети поплавени домови, поразговара со граѓаните, кои претрпеа материјална штета, а според видеата што самиот ги објави на социјалните мрежи, жителите на погодените подрачја детално го информирале за проблемите со кои се соочуваат. -Знам дека знаете да преживеете, но треба државата да ви помогне да преживеете полесно, државата има морална обврска, ѝ рече лидерот на СИРИЗА на жителка на областа Тесалија. Преку социјалните мрежи упати апел до државата да им помогне на луѓето, но и истакна дека реченицата што ја слушнал секаде е дека никој досега не ги посетил за да ја види ситуацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kaselakis-lugeto-od-podrachjata-pogodeni-od-poplavite-se-ostaveni-sami-bez-nikakva-pomosh/feed/ 0
Во Њујорк поради поплавите прогласена вонредна состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nujork-poradi-poplavite-proglasena-vonredna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nujork-poradi-poplavite-proglasena-vonredna-sostojba/#respond Fri, 29 Sep 2023 18:14:36 +0000 https://kurir.mk/?p=883426

Во Њујорк денеска е прогласена вонредна состојба откако голем дел од областа беше поплавена поради невремето. Поради надојдената вода затворено е метрото и еден терминал на аеродромот ЛаГвардија, а поголем број од патиштата се под вода. - Оваа бура е опасна по живот. Прогласувам вонредна состојба во Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон. Сметајте на ова во следните 20 часа, изјави гувернерката на Њујорк, Кети Хочул. Властите издадоа предупредување за поплави во Менхетен, Бруклин и Квинс. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nujork-poradi-poplavite-proglasena-vonredna-sostojba/feed/ 0
Грчкиот град Волос и околината повторно под вода https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-grad-volos-i-okolinata-povtorno-pod-voda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-grad-volos-i-okolinata-povtorno-pod-voda/#respond Thu, 28 Sep 2023 06:22:10 +0000 https://kurir.mk/?p=882552

Грчкиот град Волос, како и околните села, повторно се поплавија, по втор пат во период од неколку седмици, а невремето „Илиас“ ги зафати и областа Тесалија и северниот дел на Евија, каде што исто така има проблеми, јави дописничката на МИА од Атина. Жителите на Волос и околината, поминаа тешка ноќ, повеќе делови се без струја и вода, улиците се поплавија и поради обилниот дожд и поради изливање на реката Кравсидонас, а од вчера во градот има забрана за движење, откако од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите. Од Противпожарната служба на Грција соопштија дека во областа Магнисија, поширокиот регион на Волос од пладневните часови вчера до денеска наутро примиле 1.200 повици, а 257 лица биле пренесени на безбедни локации. Според локалното население, новото невреме било посилно и покатастрофално во споредба со претходното „Даниел“ што ја зафати Грција на почетокот на месецов. Градоначалникот на Волос, Ахилеас Беос, говорејќи за грчката телевизија ЕРТ утрово рече дека домови и бизниси повторно се поплавени, во опасност беа човечки животи, 80 отсто од градот е без струја, а проблеми има и со водата. Поплави има и во областа Тесалија, каде што вчера беа евакуирани десетици села, додека пак во северниот дел на островот Евија, постои целосна забрана за движење во четири населени места, откако утрово до жителите беше испратена порака од бројот 112.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-grad-volos-i-okolinata-povtorno-pod-voda/feed/ 0
Поплави во северниот дел на грчкиот остров Евија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poplavi-vo-severniot-del-na-grchkiot-ostrov-evija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poplavi-vo-severniot-del-na-grchkiot-ostrov-evija/#respond Wed, 27 Sep 2023 13:02:36 +0000 https://kurir.mk/?p=882295

Во повеќе села во северниот дел на грчкиот остров Евија од рано утрово има сериозни проблеми поради невремето „Илиас“ што предизвика поплави како на домови, така и на улиците, јави дописничката на МИА од Атина. Според локалните медиуми, предизвикана е материјална штета, во одредени делови има и лизгање на земјиштето, а поради проблемите на патната инфраструктура, во прекин е сообраќајот на повеќе локални патишта. Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека во северниот дел на островот е и министерот за климатска криза и цивилна заштита Василис Кикиљас. На невремето „Илиас“ што денеска кулминира во повеќе делови на Грција, се осврна и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на владината седница, истакнувајќи дека „во погодените подрачја мобилизиран е државниот механизам“, а фокусот е на ситуацијата на Евија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poplavi-vo-severniot-del-na-grchkiot-ostrov-evija/feed/ 0
Вода, кал, мртви животни и уништени домови и бизниси во поплавените делови во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/voda-kal-mrtvi-zhivotni-i-unishteni-domovi-i-biznisi-vo-poplavenite-delovi-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/voda-kal-mrtvi-zhivotni-i-unishteni-domovi-i-biznisi-vo-poplavenite-delovi-vo-grtsija/#respond Thu, 14 Sep 2023 09:01:08 +0000 https://kurir.mk/?p=877936

Веќе десетти ден повеќе села во близина на грчките градови Лариса, Кардица и Волос се под вода и кал, а во тек е и проценувањето на штетата на домовите и бизнисите во поплавените подрачја од невремето „Даниел“ кое беше катастрофално за централниот дел на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според Противпожарната служба на Грција од почетокот на невремето минатиот вторник, заклучно со денеска наутро, биле спроведени 4.594 спасувања- пренесувања на лица на безбедни локации, од кои мнозинството се во областа Тесалија. Паралелно во петокот и вчера беа пронајдени безживотни тела на маж и жена и голема е веројатноста дека се исчезнатите туристи од Австрија. Според грчките медиуми, телото на жената пронајдено во петокот денеска било идентификувано и станува збор за Австријката. Доколку телото пронајдено вчера му припаѓа на нејзиниот сопруг, тогаш бројот на загинати во невремето „Даниел“ ќе се зголеми на 17 лица, со оглед на тоа дека официјално, потврдени се 15 жртви, а двајца, односно парот од Австрија се водеа за исчезнати. Дополнително, во поплавените подрачја постои опасност по јавното здравје, а водата во дел од погодените општини не е погодна за употреба. Според алтернативната министерка за здравство на Грција Ирини Агапидаки, во подрачните единици Лариса, Магнисија, Трикала и Кардица, до вчера и завчера 1.396 лица побарале здравствена помош, а од нив имаме 48 имале гастроентеритис и 65 респираторни инфекции. Со оглед на тоа што во погодените подрачја има голем број фарми и сточари, во тек е и акција за собирање и отстранување на мртвите животни, процес во кој ќе се вклучи и војската. Заклучно со вчера попладне биле собрани 56.000 угинати животни, од кои, според надлежниот министер за земјоделство Лефтерис Авгенакис, 24.856 се овци и кози, 23.900 се птици, 7.500 свињи и 35 говеда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/voda-kal-mrtvi-zhivotni-i-unishteni-domovi-i-biznisi-vo-poplavenite-delovi-vo-grtsija/feed/ 0