попокатапетел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 May 2023 07:03:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png попокатапетел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Силни ерупции на Попокатапетел, прекината наставата во 22 мексикански градови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-silni-eruptsii-na-popokatapetel-prekinata-nastavata-vo-22-meksikanski-gradovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-silni-eruptsii-na-popokatapetel-prekinata-nastavata-vo-22-meksikanski-gradovi/#respond Fri, 19 May 2023 07:03:56 +0000 https://kurir.mk/?p=836151

Властите во Мексико ја прекинаа наставата за над 100.000 ученици од училиштата во 22 градови во непосредна близина на вулканот Попокатепетл, чија активност е засилена во последните денови. Британските медиуми пренесуваат дела наставата е прекината во јавните и приватните училишта на сите нивоа во 22 града поради релативно малите, но силни ерупции што доведоа до расфрлање пепел. Учениците привремено ќе ја следат наставата онлајн бидејќи пепелта и гасовите исфрлени од ерупциите можат да бидат штетни, а во најлош случај може да доведат до масовна евакуација на населението. Училиштата во главниот град останаа отворени, но властите препорачаа да се избегнуваат активности на отворено. Мексиканскиот центар за превенција од катастрофи го задржа жолтото ниво на тревога, што укажува на умерен ризик. Попокатепетл е висок 5.426 метри и е вториот највисок вулкан во Мексико. Се наоѓа на 72 километри југоисточно од мексиканската престолнина, а околу 25 милиони лица живеат во зона од 100 километри од кратерот на вулканот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-silni-eruptsii-na-popokatapetel-prekinata-nastavata-vo-22-meksikanski-gradovi/feed/ 0
Вулканот Попокатепетл исфрла чад во висина од еден километар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vulkanot-popokatepetl-isfrla-chad-vo-visina-od-eden-kilometar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vulkanot-popokatepetl-isfrla-chad-vo-visina-od-eden-kilometar/#respond Mon, 10 Dec 2018 20:40:08 +0000 https://kurir.mk/?p=138408

Вулканот Попокатепетл, кој се наоѓа југоисточно од Мексико Сити, денеска исфрли чад и пепел во висина од еден километар, соопштија локалните власти. Националниот центар за спречување на катастрофи (Ценапред) ги предупреди граѓаните да не одат во близина на вулканот, кој е опкружен со безбедносен прстен од 12 километри. Попокатепетл неодамна покажа необично висока активност, соопшти Ценапред кој од вчера до денеска регистрирал повеќе од 100 ерупции на пареа и гас, како и двокилометарски столб од чад. Еден од најактивните вулкани во Мексико, Попокатепетл, што на ацтечки значи „планина што се чади“, имал 15 големи ерупции од доаѓањето на шпанските освојувачи на почетокот од 16 век.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vulkanot-popokatepetl-isfrla-chad-vo-visina-od-eden-kilometar/feed/ 0