попреченост – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
Најнови вестиTue, 16 May 2023 14:31:20 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.3.4https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.pngпопреченост – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
3232Со општинска поддршка сертифицирани 10 асистенти за лица со попреченост
https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-opshtinska-poddrshka-sertifitsirani-10-asistenti-za-litsa-so-poprechenost/
https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-opshtinska-poddrshka-sertifitsirani-10-asistenti-za-litsa-so-poprechenost/#respondTue, 16 May 2023 14:31:20 +0000https://kurir.mk/?p=834881
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес им ги додели сертификатите на десетте лица кои изминатите три месеци посетуваа обука за лични асистенти на лицата со попреченост. Обуката се реализираше во соработка со општинската организација на Црвен крст Битола, а согласно Програмата за социјална заштита на Општина Битола, за оваа намена, беа издвоени 200.000 денари од општинскиот буџет. Со завршувањето на обуката, сертифицираните лични асистенти, се обучени за поддршка на лицата со попреченост и можат работно да бидат ангажирани.
Градоначалникот Коњановски, честитајќи им на лицата кои ја завршија обуката им посака успешен работен ангажман, исполнет со одговорност, хуманост и посветеност во работењето.
Согласно измените во Законот за социјална заштита, се зголемува бројот на корисници на услугите за лична асистнција, а Општина Битола, со реализацијата на овој проект, за добробит на граѓаните, настојува да обезбеди доволен број лица кои ќе бидат оспособени за работа како лични асистенти кои ќе овозможат помош во секојдневното живеење на лицата со физичка попреченост или слепите лица. Минатата година, со овој проект беа обучени 24 лица, а дел од нив веќе се работно ангажирани.]]>
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес им ги додели сертификатите на десетте лица кои изминатите три месеци посетуваа обука за лични асистенти на лицата со попреченост. Обуката се реализираше во соработка со општинската организација на Црвен крст Битола, а согласно Програмата за социјална заштита на Општина Битола, за оваа намена, беа издвоени 200.000 денари од општинскиот буџет. Со завршувањето на обуката, сертифицираните лични асистенти, се обучени за поддршка на лицата со попреченост и можат работно да бидат ангажирани.
Градоначалникот Коњановски, честитајќи им на лицата кои ја завршија обуката им посака успешен работен ангажман, исполнет со одговорност, хуманост и посветеност во работењето.
Согласно измените во Законот за социјална заштита, се зголемува бројот на корисници на услугите за лична асистнција, а Општина Битола, со реализацијата на овој проект, за добробит на граѓаните, настојува да обезбеди доволен број лица кои ќе бидат оспособени за работа како лични асистенти кои ќе овозможат помош во секојдневното живеење на лицата со физичка попреченост или слепите лица. Минатата година, со овој проект беа обучени 24 лица, а дел од нив веќе се работно ангажирани.]]>https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-opshtinska-poddrshka-sertifitsirani-10-asistenti-za-litsa-so-poprechenost/feed/0Коалиција Менуваме: Лицата со попреченост и сите засегнати да го искористат правото на повластен превоз-годишен билет
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koalicija-menuvame-licata-so-poprechenost-i-site-zasegnati-da-go-iskoristat-pravoto-na-povlasten-prevoz-godishen-bilet/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koalicija-menuvame-licata-so-poprechenost-i-site-zasegnati-da-go-iskoristat-pravoto-na-povlasten-prevoz-godishen-bilet/#respondThu, 15 Dec 2022 11:43:05 +0000https://kurir.mk/?p=776061
Коалицијата Менуваме ги повикува лицата со попреченост, родители на деца со попреченост и засегнати страни да го искористат правото на повластен превоз-годишен билет во Скопје.
-Ова е среќна седмица за нас, за сите вас кои се вклучивте и ќе се вклучите на нашата заложба за заедно да бидеме носители и борци за почитување на попреченоста-личноста за пристапен јавен превоз благодарение на Град Скопје кој ни го овозможуваат преку повластен превоз-годишен билет за лицата со поореченост, наведуваат од Коалицијата Менуваме.
Иразуваат благодарност до Град Скопје и до медиумите за поддршката на нивното барање за непречен бесплатен пристап до јавниот превоз со доделување повластен превоз-годишни билети.
-Лицата со попречност кој живеат на територија на Град Скопје треба да се пријават да си го остварат правото на повластен превоз-годишен билет од 14.12.2022 до 19.12.2022 до 17:00 часот. Лицата со попреченост кои имаат остварено право на повластен превоз-годишен билет потребно е да се обратат до Коалицијата Менуваме преку порака на Fan page или да пишат на е-пошта [email protected] со следните информации: име и презиме, матичен број, години на старост, адреса, општина, вид на билет, се цели во соопштението. Истиот начин за пријавуцвање важи и за нови корисниците за повластен превоз-годишен билет.
Потребните документи треба да се скенирани или сликани со телефон, а вклучуваат: наод од валидна институција (не се признава наод од приватна институција), лична карта, и документ за статус (пензионер, ученик, вработен , невработен). Условите за стекнување на правото на повластен превоз-годишен билет важат за сите категори на попречености. (МИА)
]]>

]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koalicija-menuvame-licata-so-poprechenost-i-site-zasegnati-da-go-iskoristat-pravoto-na-povlasten-prevoz-godishen-bilet/feed/0Годините „пречка“ за остварување на правото на надоместок поради попреченост
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godinite-prechka-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-nadomestok-poradi-poprechenost/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godinite-prechka-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-nadomestok-poradi-poprechenost/#respondSun, 27 Nov 2022 08:21:16 +0000https://kurir.mk/?p=767088Вкупно 23 барања за остварување на правото на надоместок за попреченост биле одбиени во 10 центри за социјална работа во државава поради условот навршени 65 години што го предвидува член 44 став 2 од Законот за социјална заштита. Народниот правобранител го смета ова законско ограничување за дискриминирачко и бара Министерството за труд и социјална политика да преземе мерки. Од МТСП велат дека ќе постапат согласно конечната одлука на Уставниот суд, кој уставноста на овој член ќе ја оценува в среда.
Според Законот за социјална заштита, надоместок заради попреченост се обезбедува за поттикнување социјално вклучување и еднакви можности на лице кое е со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице.
Надоместок заради попреченост, според член 44 став 2 од овој закон, може да оствари лице со навршени 26 години возраст, најдоцна до 65 годишна возраст, а се користи без оглед на старосната возраст на корисникот.
Токму овој став, според Народниот правобранител, е ограничувачки услов за пристап и остварување на правото на надоместок заради попреченост. Оттаму велат дека истиот во себе содржи нееднаквост, односно дискриминирачка одредба кон останатите лица кои го остваруваат ова право.
– Попреченоста е состојба со која што определено лице може да се стекне и после 65 години и не смее закон со кој што се утврдува определено право, да ограничи по возраст. Тоа претставува основ за забрана за дискриминација, основ кој што го препознава и Законот за заштита и спречување од дискриминација, меѓутоа и Европскиот суд за човекови права, но и меѓународните конвенции, велат од Народниот правобранител.
Нееднаквиот третман при користење на надоместокот поради попреченост, Народниот правобранител го нотира и во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето, почитувањето, унапредувањето и заштита на човековите слободи и права во Репбулика Северна Македонија за 2020 година.
– Ако сте постари од 65 години, а сте лице со попреченост, според постојните законски одредби немате право на паричен надоместок поради попреченост, освен ако ова право не го остваривте до 65-тата година. Ваков апсурд утврди Народниот правобранител откако на негова адреса стигна претставка од граѓанин кој поради старосната пречка (бил постар од 65 години) не можел да оствари право за овој вид на паричен надоместок. За надминување на овој проблем со нееднаквиот третман на граѓаните врз основа на годините, Народниот правобранител достави Мислење до Министерството за труд и социјална политика, во кое побара да се процени оваа одредба од Законот за социјална заштита, стои во извештајот.
Нивното истражување за согледување на состојбата со остварување на правото на надоместок заради попреченост, открива дека во 10 од 30 центри за социјална работа во земјава во 2020 и 2021 година се одбиени вкупно 23 барања за надоместок поради попреченост токму поради условот навршени 65 години.
Според извештајот, дванаесет барања се одбиени во 2020, а 11 во 2021 година.
Најмногу одбиени барања има во Центарот за социјална работа во Струмица, вкупно шест, Кичево – 5, Тетово – 3, Кавадарци и Свети Николе по две и Крива Паланка, Штип, Неготино, Делчево и Велес по едно одбиено барање.
Иницијативата за измена и дополнување на Законот за социјална заштита, заедно со извештајот, Народниот правобранител ја доставува до Министерството за труд и социјална политика во октомври. Од МТСП за МИА велат дека одговориле на истата.
– Во одговорот, Министерството го информира Народниот Правобранител дека до Уставниот суд на Република Северна Македонија е поднесена иницијатива за оцена на уставноста на член 44 став 2 од овој закон, од лицето со иницијали А.Д од Прилеп и Институтот за човекови права од Скопје. По однос на овие иницијативи, Уставниот суд на Република Северна Македонија донесе Решение за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 44 став 2 во делот: „најдоцна со 65-годишна возраст“ од Законот за социјалната заштита, а до конечното одлучување го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од Законот за социјалната заштита, велат од МТСП.
Дополнуваат дека ги известиле центрите за социјална работа за решението на Уставниот суд, да ја имаат предвид изречената мерка за запирање на извршување на поединечните акти и дејствија во постапките што се водат за остварување на надоместок заради попреченост.
– Министерството за труд и социјална политика, го извести Народниот Правобранител дека ќе постапи согласно конечната одлука на Уставниот суд на Република Северна Македонија по иницијативата за оцена на уставноста на член 44 став 2 од Законот за социјалната заштита, посочуваат од ресорното Министерство.
Од Уставниот суд, пак, за МИА велат дека по ова прашање ќе се одлучува на седницата закажана в среда.
Поголемата информираност на граѓаните, клучна за остварување на правото
Народниот правобранител укажува на потребата од поголемо информирање на лицата со попреченост за начинот на остварување на правото на надоместок заради попреченост и олеснување на пристапот и остварување на правото на паричен надоместок, со цел социјално вклучување и еднакви можности на лицата со попреченост.
– Нашето истражување укажува на потреба од поголема информираност на граѓаните, особено лицата за попреченост, во поглед на тоа кaко се остварува одредено право, да им се излезе во пресрет. Mеѓу другото, тука зборуваме и за малку чувствителна категoрија, имајќи предвид дека се работи за лица со најтешка телесна попреченост, длабока или тешка интелектуална попреченост, потополнo слепи и потполно глуви лица, што значи дека дури и барањата во центрите за социјална работа, според нас, за остварување на ова право треба да бидат прилагодени на јазикот и писмото што овие лица го користат, а не да бидат задолжени секогаш до себе да имаат личен асистент за да можат да поднесат барање, велат оттаму.
Контактите со здруженијата на лица со попреченост покажуваат дека тие се разочарани од ваквото законско решение.
– Нашите контакти со здруженијата на лица со попреченост кои што се наши партнери, укажуваат на тоа дека тие се разочарани од таквото решение, бараат излез и токму затоа побараа од нас како институција да преземеме мерки, но, не се охрабрени самите да поднесуваат претставки, стравувајќи дека негативно ќе се одрази. Сепак има лица кои што зависат од паричниот надоместок кој што го прифаќаат, велат од Народниот правобранител.
Од движењето против хендикеп „Полио плус“ ја поздравуваат иницијативата на Народниот правобранител, меѓутоа, дополнуваат дека покрај возраста, Омбудсманот треба да покрене иницијатива за измена на целата одредба, како и на системот на бенефиции со тоа што ќе се бара проширување на опфатот на лицата со хендикеп и обезбедување на овој додаток од седумгодишна возраст за децата и возрасните со хендикеп, и негово целосно усогласување со одредбите од Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.
– Констатациите дека вака поставената одредба е дискриминирачка е согледана и од страна на Државниот завод за ревизија, каде се посочува „законските измени и ограничување на возраста за остварување на правото за попреченост до 65 години ги ограничува граѓаните да го остварат ова право кога најмногу ќе им биде потребно, односно, кога ќе западнат во подлабока старост и ќе се соочат со влошување на здравствената состојба. Наведеното доведува до намалување на бројот на корисници на додатокот за попреченост“, велат од Полио Плус.
Системот што го обезбедува државата, според нив, не само што е ограничувачки по возраст, туку истиот е заснован на медицинскиот пристап, и е ограничувачки во поглед на персоналниот опфат, при што не се опфатени сите лица со хендикеп, што, како што велат, е спротивно на обврските што државата ги има со Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.
– Постоечката одредба за Додаток за попреченост која беше донесена од 2019 година не ги зеде во предвид ни препораките дадени од страна на ООН Комитетот за права на лицата со хендикеп во 2018 година. Имено, во заклучните согледувања од 2018 година, Комитетот ѝ препорачува на државата (став 48): (а) Да го ревидира Законот за социјална заштита со воведување на основот хендикепот со основ за заштита од дискриминација, како и да се направи ревизија на релевантните подзаконски акти и шеми на бенефиции со цел да се гарантира соодветен стандард на живот за лицата со хендикеп, вклучуваќи ги и компензациите во форма на додатоци кои би им овозможиле на лицата со хендикеп да ги покријат трошоците поврзани со нивниот хендикеп; (б) да се укинат одредбите со кои се ограничуваат правата од социјалните бенефиции за лицата со хендикеп врз основа на возраст, како и да обезбеди и алоцира одредени додатоци и надоместоци за децата со хендикеп, образложуваат од Полио плус.
Од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – Мобилност, исто така, ја поддржуваат иницијативата на Народниот правобранител. Според нив, определените права мора да бидат еднакво достапни за сите.
– На почетокот, кога беше донесена ова одредба во Законот за социјална заштита (2010 година со примена од јуни 2011 година) немаше лимит старосна граница. Меѓутоа, со донесувањето на новиот закон во 2019 година, беше ставено ова ограничување, со цел, како што велеа претставниците на Министерството, да се воведе ред и да се ограничи правото на остварување на овој надоместок за време на работоспособноста на популацијата. Ние уште тогаш реагиравме дека тоа не е исправно, бидејќи животот и активноста не престанува со одењето на луѓето во пензија, дека не е добро да се става возрасен лимит. Но, доколку веќе мора да се става некоја возрасна граница, тоа да биде најмалку 75 годишна возраст, велат оттаму.
МИА упати прашање и до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација од каде добивме одговор дека иницијативата на Народниот правобранител за измена и дополнување на Законот за социјална заштита во членот 44 став 2, која се однесува на правото на надоместок поради попреченост, досега не биле разгледувани на седница на Комисијата.
– За да може КСЗД да утврди дали во правната регулатива постојат одредби кои би можеле да произведат дискриминаторски дејствија, потребно е формално отпочнување на постапка од страна на КСЗД по службена должност или по барање на заинтересирана страна, за да потоа се донесе Стручно мислење на КСЗД, појаснуваат од Комисијата.
Извештајот на Народниот правобранител покажува дека во периодот 2020/21 година, за остварување на правото на надоместок за попреченост по основ на тешка или длабока интелектуална попреченост, најтешка телесна попреченост, потполно слепо и потполно глуво лице, од лица на возраст од 26-65 години се поднесени вкупно 7 293 барања. Притоа од страна на надлежните центри за социјална работа, позитивно е одлучено за 7 142 барања, односно 97, 92 отсто.
МИА
]]>Вкупно 23 барања за остварување на правото на надоместок за попреченост биле одбиени во 10 центри за социјална работа во државава поради условот навршени 65 години што го предвидува член 44 став 2 од Законот за социјална заштита. Народниот правобранител го смета ова законско ограничување за дискриминирачко и бара Министерството за труд и социјална политика да преземе мерки. Од МТСП велат дека ќе постапат согласно конечната одлука на Уставниот суд, кој уставноста на овој член ќе ја оценува в среда.

]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godinite-prechka-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-nadomestok-poradi-poprechenost/feed/0Обезбеден организиран превоз за студенти и ученици со попреченост до училиштата и факултетите
https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/obezbeden-organiziran-prevoz-za-studenti-i-uchenici-so-poprechenost-do-uchilishtata-i-fakultetite/
https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/obezbeden-organiziran-prevoz-za-studenti-i-uchenici-so-poprechenost-do-uchilishtata-i-fakultetite/#respondWed, 26 Jan 2022 13:09:18 +0000https://kurir.mk/?p=623200
За ученици и студенти со попреченост е обезбеден организиран превоз од нивното место на живеење до средните училишта и факултетите во Скопје каде што учат и студираат и назад, со адаптирани возила, за што Градот Скопје и ЈСП склучија договор. Станува збор за активност на Градот Скопје што е во согласност и со Програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита во град Скопје, за 2022 година.
Организираниот превоз на учениците и студентите со попреченост кои следат настава во средните училишта или факултетите во Град Скопје се реализира со адаптиран автобус и минибус комбе. Возилата се комплетно адаптирани на потребите на корисниците со можност за влез на инвалидска количка и други додатоци.
Вкупно 80 ученици и студенти со попреченост го користат овој вид превоз. Здружението на студенти и младинци со попреченост директно со целната група и возачите прави неделен распоред и организира маршрути.
Градот Скопје е посветен на значително подобрување на квалитетот на живеењето на студентите и младинците што припаѓаат на оваа ранлива група, за да се овозможи поголема мобилност, полесен пристап на лицата со попреченост до училиштата и факултетите, вклучување во редовниот образовен процес и обезбедување самостојност и независност во движењето.

]]>https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/obezbeden-organiziran-prevoz-za-studenti-i-uchenici-so-poprechenost-do-uchilishtata-i-fakultetite/feed/0Лицата со попреченост излегоа на протест: Ова се нивните барања до Владата
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/licata-so-poprechenost-izlegoa-na-protest-ova-se-nivnite-baranja-do-vladata/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/licata-so-poprechenost-izlegoa-na-protest-ova-se-nivnite-baranja-do-vladata/#respondTue, 20 Jul 2021 18:20:42 +0000https://kurir.mk/?p=539417Од Владата до Собранието со протестен марш, Коалицијата „Менуваме“, изрази револт за неправдите со кои се соочуваат лицата со попреченост.
Време е, истакнаа учесниците на протестот, да бидеме прифатени онакви какви сме, различни но еднакви.
-Дел од од нашите барања се веднаш сега, Владата на Република Македонија додатокот што ни следува од 7.100 да се покачи на 12.000 денари. И во следните две години истиот додаток за попреченост да ја достигне минималната плата во државата. Бараме изедначување на родителските, односно згрижувачките права, за родителите на деца со посебни потреби. Бараме права за асистените на лицата со попреченост, рече претседателот на Коалицијата „Менуваме“, Суаред Алиша.
Тој наведе дека бараат да се отстрани старосната граница за ортопетските помагала. Побара на товар на Фондот да бидат ставени белите стапови, кои го користат слепите лица, како и мерачите на притисок и на шеќер.
-Сакам да ја демантирам министерката Шахпаска, бидејќи ние никаде во нашите барања не зборуваме за инклузивност, не зборуваме за никаква програма, туку нашите цели се јасни, се базираат врз база на системски законски и подзаконски акти кои што треба државата да ги надополни, рече Алиша.
Тој потенцираше дека излегле на протест да ги побараат нивните права, кои како лица со попреченост треба да ги уживаат.
Посочи дека нивните барања утре ќе бидат доставени во Владата, а од оттаму ќе заминат во „Жена парк“ да кампуваат. Исто така, додаде, дека ќе блокираат и сообраќајни коловози и автопатишта.
–Ние ја запознавме меѓународната јавност, односно сите амбасади во нашата држава, затоа што сакаме навистина да дадеме силен придонес за сегашните и идните генерации. Во земјава има 120.000 лица со попреченост, кои имаат некаков хендикеп, нагласи Алиша. (МИА)]]>Од Владата до Собранието со протестен марш, Коалицијата „Менуваме“, изрази револт за неправдите со кои се соочуваат лицата со попреченост.
Време е, истакнаа учесниците на протестот, да бидеме прифатени онакви какви сме, различни но еднакви.
-Дел од од нашите барања се веднаш сега, Владата на Република Македонија додатокот што ни следува од 7.100 да се покачи на 12.000 денари. И во следните две години истиот додаток за попреченост да ја достигне минималната плата во државата. Бараме изедначување на родителските, односно згрижувачките права, за родителите на деца со посебни потреби. Бараме права за асистените на лицата со попреченост, рече претседателот на Коалицијата „Менуваме“, Суаред Алиша.
Тој наведе дека бараат да се отстрани старосната граница за ортопетските помагала. Побара на товар на Фондот да бидат ставени белите стапови, кои го користат слепите лица, како и мерачите на притисок и на шеќер.
-Сакам да ја демантирам министерката Шахпаска, бидејќи ние никаде во нашите барања не зборуваме за инклузивност, не зборуваме за никаква програма, туку нашите цели се јасни, се базираат врз база на системски законски и подзаконски акти кои што треба државата да ги надополни, рече Алиша.
Тој потенцираше дека излегле на протест да ги побараат нивните права, кои како лица со попреченост треба да ги уживаат.
Посочи дека нивните барања утре ќе бидат доставени во Владата, а од оттаму ќе заминат во „Жена парк“ да кампуваат. Исто така, додаде, дека ќе блокираат и сообраќајни коловози и автопатишта.
–Ние ја запознавме меѓународната јавност, односно сите амбасади во нашата држава, затоа што сакаме навистина да дадеме силен придонес за сегашните и идните генерации. Во земјава има 120.000 лица со попреченост, кои имаат некаков хендикеп, нагласи Алиша. (МИА)]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/licata-so-poprechenost-izlegoa-na-protest-ova-se-nivnite-baranja-do-vladata/feed/0Велосипедска тура за спортисти со попреченост
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/velosipedska-tura-za-sportisti-so-poprechenost/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/velosipedska-tura-za-sportisti-so-poprechenost/#respondTue, 08 Sep 2020 10:40:58 +0000https://kurir.mk/?p=400599Триесетина спортисти со физичка и интелектуална попреченост учествуваа на велосипедската тура за спортисти со попреченост што се одржа во Преспа.
Турата ја организираше Здружението на граѓани за адаптивни спортови и рехабилитација „Рекреакција“ во соработка со Здружението на граѓани „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби“, Здружението на граѓани со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“ и Здружението „Преспа Бајк – Ресен“.
Настанот е дел од проектот „Спорт за сите“, што се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), финансирана од страна на Европската Унија, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации.
Во рамки на проектот беа организирани и обуки за пливање со Наташа Мешковска, за кајак со Аднан Рамадан, за нуркање со Игор Трајаноски, за новинари со Зоран Иванов, за јога со Ивана Батев, за скијање со Јане Стефанов и за медицински персонал со Маја Улк.
– Целта на овој проект е да ги поттикне лицата со попреченост да ги осознаат своите можности и да градат капацитети на самостојни и самоуверени личности, кои ќе дадат придонес кон градењето на инклузивно општество, во кое сите ќе бидат еднакви во остварување на своите права, а од друга страна со учеството на лица без попреченост преку директна комуникација ќе можат да ги запознаат можностите но и потребите на лицата со попреченост за тоа како и во кои ситуации можат да им понудат помош. За тоа каков треба да биде односот кон овие лица, како и тоа дека е нужна потребата од известување во медиумите за лицата со попреченост со почит и разбирање за нивните успеси и квалитети, наспроти пристапот на милосрдие и сожалување, велат организаторите. (МИА)]]>Триесетина спортисти со физичка и интелектуална попреченост учествуваа на велосипедската тура за спортисти со попреченост што се одржа во Преспа.
Турата ја организираше Здружението на граѓани за адаптивни спортови и рехабилитација „Рекреакција“ во соработка со Здружението на граѓани „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби“, Здружението на граѓани со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“ и Здружението „Преспа Бајк – Ресен“.
Настанот е дел од проектот „Спорт за сите“, што се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), финансирана од страна на Европската Унија, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации.
Во рамки на проектот беа организирани и обуки за пливање со Наташа Мешковска, за кајак со Аднан Рамадан, за нуркање со Игор Трајаноски, за новинари со Зоран Иванов, за јога со Ивана Батев, за скијање со Јане Стефанов и за медицински персонал со Маја Улк.
– Целта на овој проект е да ги поттикне лицата со попреченост да ги осознаат своите можности и да градат капацитети на самостојни и самоуверени личности, кои ќе дадат придонес кон градењето на инклузивно општество, во кое сите ќе бидат еднакви во остварување на своите права, а од друга страна со учеството на лица без попреченост преку директна комуникација ќе можат да ги запознаат можностите но и потребите на лицата со попреченост за тоа како и во кои ситуации можат да им понудат помош. За тоа каков треба да биде односот кон овие лица, како и тоа дека е нужна потребата од известување во медиумите за лицата со попреченост со почит и разбирање за нивните успеси и квалитети, наспроти пристапот на милосрдие и сожалување, велат организаторите. (МИА)]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/velosipedska-tura-za-sportisti-so-poprechenost/feed/0