популација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 14 May 2023 08:21:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png популација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во ЕУ живеат 446,7 милиони луѓе: Најмногу во Германија, најмалку во Малта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-eu-zhiveat-446-7-milioni-luge-najmnogu-vo-germanija-najmalku-vo-malta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-eu-zhiveat-446-7-milioni-luge-najmnogu-vo-germanija-najmalku-vo-malta/#respond Sun, 14 May 2023 08:39:20 +0000 https://kurir.mk/?p=833951

Во Европската унија (ЕУ) во 2022 година живееле 446,7 милиони луѓе. Најнаселена земја-членка е Германија (83,2 милиони, 19% од вкупниот број во ЕУ), втора е Франција (67,9 милиони, 15%), а во првите пет се и Италија (59,0 милиони, 13%), Шпанија (47,4 милиони, 11%) и Полска (37,7 милиони, 8%), соопшти Евростат. Овие пет земји-членки сочинуваат вкупно две третини од населението на ЕУ. Најмалку населени земји-членки на ЕУ, пак, се Малта (521.000 луѓе, што е 0,1% од вкупниот број на ЕУ), Луксембург (645.000, исто така 0.1%) и Кипар (905.000, 0.2%). Во периодот од 2001 до 2020 година, вкупното население на ЕУ се зголемило од 429 милиони на 447 милиони, што претставува раст од 4%. Седумнаесет земји-членки имале пораст на населението во овој период, а десет евидентирале намалувања. Најголеми релативни зголемувања се забележани во Луксембург (43%), Малта (31%), Ирска (30%) и Кипар (27%), додека најголемо намалување имаат Литванија (-20%) и Летонија (-19%). Меѓутоа, меѓу 1 јануари 2020 година и 1 јануари 2022 година, населението на ЕУ се намалило за 585 000 луѓе. Највисоки намалувања во апсолутни бројки се забележани во Италија (-611 000, што одговара на -1,0%) и во Полска (-304 000, -0,8%), а во релативна смисла во Хрватска (-4,8%, -196 000) и Грција (−2,4%, −259 000). Севкупно, десет земји членки на ЕУ имале намалување на нивното население во текот на двегодишниот период 2020-2021 година, додека останатите забележале зглемување. Најголем апсолутен пораст има Франција (552 000, 0,8%), а Луксембург највисок релативен пораст (3,1%, 19 000).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-eu-zhiveat-446-7-milioni-luge-najmnogu-vo-germanija-najmalku-vo-malta/feed/ 0
Популацијата на ЕУ до 2100 година ќе се намали за шест отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/populatsijata-na-eu-do-2100-godina-ke-se-namali-za-shest-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/populatsijata-na-eu-do-2100-godina-ke-se-namali-za-shest-otsto/#respond Sat, 01 Apr 2023 08:18:44 +0000 https://kurir.mk/?p=818747

Населението во ЕУ до 2100 година ќе се намали за шест отсто односно за 27,3 милиони луѓе, покажуваат проекциите на Евростат. По падот на бројот на населението во 2020 и 2021 година поради влијанијата на пандемијата од КОВИД-19, популацијата во ЕУ почна да закрепнува во текот на 2022 година. Како последица на масовниот прилив на бегалци од Украина по руската агресија, се проценува дека населението на ЕУ достигна 451 милион лица на 1 јануари 2023 година. Се очекува врвот да биде достигнат во 2026 година кога се проценува дека во Унијата ќе живеат 453 милиони луѓе, по што ќе почне да стагнира и да се намалува достигнувајќи 420 милиони во 2100 година. Бројот на деца и млади луѓе (на возраст од 0 до 19 години) во вкупното население се предвидува да се намали од 20% на почетокот на 2022 година на 18% до 2100 година. Уделот на работоспособните луѓе (на возраст од 20-64 години години), пак, во вкупното население на ЕУ ќе падне од 59% во 2022 на 50% во 2100 година. Спротивно на тоа, уделот на постарите возрасни групи (65 години или повеќе) ќе се зголеми. Брјот на оние на возраст меѓу 65-79 години се очекува да порасне од 15% на 17%, а на возрасната група од 80 или повеќе да се зголеми повеќе од двојно, од 6% на 15%. Во 2022 година, пирамидата на населението на ЕУ веќе го покажува обликот поврзан со долг животен век, ниски стапки на смртност и ниски стапки на наталитет. Најголем дел од населението го сочинуваат работоспособни луѓе над 50 години, додека уделот на млади под 20 години е значително помал. Пирамидата во 2100, пак, јасно покажува развој кон општество што се намалува и старее. Паѓа уделот на децата и младите под 20 години и на работоспособната популација, а расте на луѓето на возраст од 65 или повеќе години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/populatsijata-na-eu-do-2100-godina-ke-se-namali-za-shest-otsto/feed/ 0
Светската популација надмина осум милијарди луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskata-populacija-nadmina-osum-milijardi-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskata-populacija-nadmina-osum-milijardi-lugje/#respond Tue, 15 Nov 2022 08:17:31 +0000 https://kurir.mk/?p=760717

Светската популација денеска надмина осум милијарди луѓе, соопштија Обединетите нации, предупредувајќи дека регионите кои веќе се соочуваат со недостиг на ресурси поради климатските промени се во поголеми тешкотии. „Постигнувањето од осум милијарди луѓе е знак за успех на човештвото, но исто така е голем ризик за нашата иднина“, рече Џон Вилмот, директор на одделот за население на ОН. Земјите со среден приход, претежно во Азија, имаат најголем дел од тој раст, зголемувајќи го своето население за околу 700 милиони луѓе од 2011 година. Индија е побројна за околу 180 милиони луѓе и следната година би требало да ја надмине Кина како најнаселена земја во светот. Од друга страна, наталитетот постојано се намалува во САД, Европа и Јапонија, но и во Кина, која се бори со последиците од својата програма „Политика на едно дете“, а минатата година ги повика семејствата да имаат второ, па дури и трето дете. Без разлика дали станува збор за храна, вода или енергија, од сè ќе има помалку на располагање, бидејќи светската популација ќе се зголеми за уште 2,4 милијарди луѓе до 2080 година, според проекциите на ОН. „На секој човек му треба гориво, дрва, храна и вода и место за живеење“, рече Стефани Фелдштајн, директорка за население и одржливост во Центарот за биолошка разновидност. Притисокот врз ресурсите ќе биде особено голем во африканските земји, каде според експертите се очекува пораст на населението. Тие се исто така меѓу земјите кои се најчувствителни на климатските влијанија и на кои најмногу им требаат средства за ублажување на последиците од климатските промени. Во субсахарска Африка, каде што околу 738 милиони луѓе веќе живеат без соодветни основни услови за живот, се предвидува населението да се зголеми за 95 отсто до средината на векот, според Институтот за економија и мир. Според податоците на ОН, светската популација моментално расте со најбавно темпо од 1950 година и може да достигне околу 8,5 милијарди во 2030 година, 9,7 милијарди во 2050 година, а се очекува рекорд од околу 10,4 милијарди луѓе во 2080-тите, како и да остане на тоа ниво до 2100 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskata-populacija-nadmina-osum-milijardi-lugje/feed/ 0
Популацијата во Западна Европа расте на штета на Источна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/populacijata-vo-zapadna-evropa-raste-na-shteta-na-istochna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/populacijata-vo-zapadna-evropa-raste-na-shteta-na-istochna/#respond Mon, 25 Jun 2018 09:38:59 +0000 https://kurir.mk/?p=69424

Бројот на населението во Западна Европа значително се зголемува благодарение на миграцијата, додека Источна Европа има проблем со демографијата поради заминувањето на граѓаните, потенцираат од Австриската академија на науките (OEAW) и виенскиот центар Витгенштајн. Тие анализирале развојот на население во Европа во периодот меѓу 1990 и 2017 година, земајќи ги предвид природниот демографски развој и миграцијата. Дошле до заклучоци дека во Европа само неколку стотини километри раздвојува територија со силен пораст на населението и територија со „алармантен демографски пад". Во Ирска има раст од 36 отсто, пред се благодарение на природниот демографски развој, додека во  Босна и Херцеговина населението е намалено за 22 отсто, поради емигрирањето. Останати држави со раст на населението се Швајцарија - 26 отсто, главно поради имиграцијата, Норвешка - 24 отсто (природен прираст, и благодарение на миграција), Шпанија со 20 отсто (миграција), Франција со 18 проценти (помалку миграција повеќе природен прираст) и Шведска со 17 проценти (миграција). Кога станува збор за Германија, научниците дошле до неочекувани податоци – на една страна тоа е западноевропска земја со јасен пад на бројот на население (минус четири проценти), но раст на миграција од девет проценти, што е помалку во споредба со други земји. Од друга страна, Бугарија, Летонија, Литванија, Молдавија, Босна и Херцеговина и во Косово од 1990 година има намалување на населението за повеќе од 20 проценти. Растот е видлив само во Словенија и Словачка со три проценти. Намалувањето на населението во Источна Европа е во речиси сите земји предизвикано од миграцијата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/populacijata-vo-zapadna-evropa-raste-na-shteta-na-istochna/feed/ 0