популарност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Jun 2022 09:18:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png популарност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Каби Ламе тивко до врвот: Официјално е најследен тиктокер https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kabi-lame-tivko-do-vrvot-oficijalno-e-najsleden-tiktoker/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kabi-lame-tivko-do-vrvot-oficijalno-e-najsleden-tiktoker/#respond Fri, 24 Jun 2022 09:18:46 +0000 https://kurir.mk/?p=695059

Каби Ламе е официјално најследен на ТикТок откако од врвот ја симна тинејџерката Чарли Д’Амелио. Сенегалскиот комичар со месеци водеше битка за следбеници со Д’Амелио пред да ги надмине нејзините 142,1 милиони следачи. Каби сега има над 143 милиони луѓе кои го следат, а неговиот налог е активен од март 2021 година. Каби (22) до март 2020 година беше работник во италијанска фабрика во еден индустриски град. За време на корона пандемијата ја изгубил работата и без никакви приходи се вратил во родителскиот дом. Неговото семејство се доселило во Италија од Сенегал, а животот не им бил лесен. Таткото го наговарал да почне да бара друга работа, но Каби одлучил да проба нешто поинакво. Почнал да креира содржини за ТикТок. Неговите снимки често се базираат на непотребни таканаречени „животни трикови“, а преку кои тој укажува на нивниот апсурд. Младиот тиктокер покажува како истите трикови  може да се изведат на многу поедноставен начин, а без да изговори збор. За Си-Ен-Ен рекол дека неговие тивки реакции треба да покажат неверување. Снимките редовно ја покажуваат неговата огорченост поради претерано комплицираните аспекти од животот. -Дојдов на ваква идеја бидејќи ги гледав сите тие видеа со трикови. Ми се допадна идејата во тоа да се додаде малку едноставност. Идејата дојде случајно, но тишината не. Смислував начин да успеам да допрам до што поголем број луѓе. А најдобриот начин за тоа, е воопшто да не зборувам. Можеби затоа моите изрази на лицето се смешни, оваа едноставност успева да ги насмеа луѓето и тоа ми се допаѓа, вели Каби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kabi-lame-tivko-do-vrvot-oficijalno-e-najsleden-tiktoker/feed/ 0
Анкета: Популарноста на Путин меѓу бугарските граѓани нагло опадна, а 63 отсто ја поддржуваат политиката на ЕУ кон Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-popularnosta-na-putin-megju-bugarskite-gragjani-naglo-opadna-a-63-otsto-ja-poddrzuvaat-politikata-na-eu-kon-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-popularnosta-na-putin-megju-bugarskite-gragjani-naglo-opadna-a-63-otsto-ja-poddrzuvaat-politikata-na-eu-kon-rusija/#respond Tue, 01 Mar 2022 10:38:58 +0000 https://kurir.mk/?p=638577

Според анкетата на Агенцијата за истражување Алфа, нарачана од БНТ од почетокот на војната во Украина, рускиот претседател Владимир Путин, кој со години ужива висок рејтинг во Бугарија, изгубил повеќе од половина од својата популарност. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во периодот 2020-2022 година помеѓу 55 и 58 отсто од бугарските граѓани искажале позитивни оценки за Владимир Путин, а само 20 отсто негативни, но сега ситуацијата е значително променета. Позитивните мислења кај Бугарите за Путин се речиси двојно намалени и изнесуваат 32 отсто, додека негативните се зголемија на 48 проценти. Растечката руска агресија, убиствата на невини граѓани од двете страни и заканата за употреба на нуклеарно оружје од страна на рускиот претседател се факторите кои го сменија мислењето на бугарското општество. Повеќе од три четвртини од нив сметаат дека руската инвазија на Украина е неоправдана. Сосема непознатиот претседател на Украина Володимир Зеленски ги освои симпатиите на 40 отсто од анкетираните Бугари, додека 29 отсто имале негативно мислење за него. Според истражувањето, 63 отсто од Бугарите ја поддржуваат политиката на европските земји и воведувањето санкции против Русија и помошта за Украина. Против оваа политика. се 32 отсто. Вкупно 55 отсто ја одобруваат оставката на министерот за одбрана Стефан Јанев што ја побара бугарскиот премиер Кирил Петков, поради неговите „лични“ позиции за надворешната политика на Бугарија, што е спротивна на општата политика на владата. Вкупно 36 отсто не се согласуваат со смената на Стефан Јанев, покажува истражувањето кое вечерва ќе биде претставено во програмата за дискусија „Референдум“ на БНТ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-popularnosta-na-putin-megju-bugarskite-gragjani-naglo-opadna-a-63-otsto-ja-poddrzuvaat-politikata-na-eu-kon-rusija/feed/ 0
Франција: Популарноста на претседателот Макрон стагнира https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-popularnosta-na-pretsedatelot-makron-stagnira/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-popularnosta-na-pretsedatelot-makron-stagnira/#respond Sun, 21 Jun 2020 10:29:29 +0000 https://kurir.mk/?p=360409

Една недела пред вториот круг на општинските избори во Франција и најавената реконструкција на француската влада веднаш по изборите, популарноста на претседателот Емануел Макрон стагнира, додека таа на премиерот Едуар Филип се зголемува, јави дописникот на МИА. Според испитувањето на ИФОП за Журнал ди Диманш, популарноста на Емануел Макрон стагнира на 38 отсто на задоволни Французи од неговата работа, односно -1 процентен поен за еден месец, додека 60 отсто од испитаниците не се задоволни од оствареното од нивниот претседател. Сепак популарноста на Макрон е поголема во споредба со таа на неговите претходници Никола Саркози (34%) и Франсоа Оланд (22%) во истиот период од мандатот. Од друга страна популарноста на премиерот Едуар Филип се зголемува, при што 50 отсто од испитаниците се задоволни од неговата работа, додека 48 отсто не се задоволни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-popularnosta-na-pretsedatelot-makron-stagnira/feed/ 0
Популарноста на Салвини најниска во последните две години, довербата во Конте дрстично зголемена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/popularnosta-na-salvini-najniska-vo-poslednite-dve-godini-doverbata-vo-konte-drstichno-zgolemena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/popularnosta-na-salvini-najniska-vo-poslednite-dve-godini-doverbata-vo-konte-drstichno-zgolemena/#respond Wed, 06 May 2020 13:25:55 +0000 https://kurir.mk/?p=342503

За време на двомесечната пандемија на коронавирусот во Италија опадна популарноста на контроверзниот десничарски политичар Матео Салвини, покажуваат анкетите, додека популарноста на премиерот Џузепе Конте е на добар пат да се зголеми. Партијата на Салвини, Лига, ја поддржуваат помалку од 25 проценти од испитаниците, што претставува намалување од претходните 34,3 проценти што ги освои на европските избори пред една година, покажуваат резултатите од анкетата на Институтот Икс, објавени денеска. Што се однесува до партиите на владејачката коалиција, Демократската партија на Левиот центар е поддржана од 22,9 проценти од граѓаните, популистичкото движење „Пет ѕвезди“ има 16,8 проценти, а „Италијанските браќа“, уште една екстремно десничарска партија, има поддршка од 13,8 проценти од избирачите. На минатонеделните анкети, Лига беше поддржана во просек од 27,2 проценти од испитаниците, намалку од јуни 2018 година. Истовремено поддршката за премиерот Џузепе Конте се зголеми на 58 проценти од 35 проценти во средината на февруари, пред избувнувањето на пандемијата, покажа истражувањето на Икс. Во време на криза, рејтингот на владите се зголемува заради тоа што аналитичарите го нарекуваат „национална хомогенизација“. Италија во понедлникот почна со постепено олеснување на мерките. Во земјата, повеќе од 29.000 луѓе починаа од Ковид-19 и заразени се околу 213.000 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/popularnosta-na-salvini-najniska-vo-poslednite-dve-godini-doverbata-vo-konte-drstichno-zgolemena/feed/ 0
Популарноста на Макрон во пораст https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/popularnosta-na-makron-vo-porast/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/popularnosta-na-makron-vo-porast/#respond Wed, 09 Jan 2019 07:03:18 +0000 https://kurir.mk/?p=149900

Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон бележи раст во јануарските анкети, достигнувајќи околу 28 отсто, што е за пет процентни поени повеќе во споредба со испитувањата на јавното мислење во декември. Според анкетата на институтот Ифоп-Фидисиал, спроведена за потребите на весникот „Пари Мач“ и радиото „Сид“ на 3 и 4 јануари со 1.014 испитаници, како најголема заслуга на Макрон, Французите ја сметаат „одбраната на интересите на Франција во странство“. Вкупно 30 проценти од анкетираните ја поддржуваат економската политика на Макрон, но само 19 отсто сметаат дека тој ја сфаќа загриженоста на избирачите. Ова е прв раст на популарноста на Макрон по два месеци пад, инициран од протестите на „жолтите елеци“. Во исто време, анкетата покажува и зајакнување на позицијата на екстремно десничарскиот Национален собир на Марин ле Пен, кој, според испитаниците, претставува „главна опозиција на Владата“ на Макрон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/popularnosta-na-makron-vo-porast/feed/ 0
За секаква осуда: Го стави кучето во машина за перење за популарност на социјалните мрежи, а навлече само гнев (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/za-sekakva-osuda-go-stavi-kucheto-vo-mashina-za-perenje-za-popularnost-na-socijalnite-mrezi-a-navleche-samo-gnev-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/za-sekakva-osuda-go-stavi-kucheto-vo-mashina-za-perenje-za-popularnost-na-socijalnite-mrezi-a-navleche-samo-gnev-video/#respond Wed, 15 Aug 2018 20:07:42 +0000 https://kurir.mk/?p=88340

Аргентинката Тамара Ротман предизвика бес на социјалните мрежи затоа што поради популарност на Инстаграм и во надеж дека ќе добие повеќе следачи го стави кучето во машина за перење, пренесува Дејли Мејл. На кратката снимка се гледа како преплашениот териер Коко, се приближува до стаклото и пробува да излезе, додека центрифугата му врти под нозете. Овој гест предизвика бројни коментари, некои бараа да биде казнета поради малтретирање животни и ја нарекуваа глупа. Тамара се бранеше дека машината не била вклучена и дека немала намера да му наштети на домашното милениче. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/za-sekakva-osuda-go-stavi-kucheto-vo-mashina-za-perenje-za-popularnost-na-socijalnite-mrezi-a-navleche-samo-gnev-video/feed/ 0