пораѓање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Mar 2022 08:13:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пораѓање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ја гледаа 425.000 следбеници: Јутјуб-ѕвезда се породи во живо https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ja-gledaa-425-000-sledbenici-jutjub-dzvezda-se-porodi-vo-zivo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ja-gledaa-425-000-sledbenici-jutjub-dzvezda-se-porodi-vo-zivo/#respond Thu, 17 Mar 2022 08:13:39 +0000 https://kurir.mk/?p=648626

Позната Јутјуб-блогерка Имоџин Хортон го роди своето дете во живо пред 425.000 следачи на мрежата за споделување видеа и нагласи дека не жали што го снимала раѓањето на нејзината ќерка. Жената која вообичаено прави видеа за мода и убавина, ја сподели и оваа видеоснимка на нејзиниот Јутјуб-канал „Имоџинејшн“ (Imogenation). Коментирајќи ја одлуката да го сними раѓањето на ќерка ѝ Ренелија, „инфлуенсерката“ вели дека „тоа не е голема работа“ за неа бидејќи „отсекогаш била пред камерите и сака да се изразува“ себеси. На видеото се гледаат само емоциите на мајката, но не и раѓањето. – Имам граници. Никогаш нема да ја разоткриеме Ренелија без облека или да го откриеме нејзиното тело, изјави блогерката. Секако, нејзиниот живот на Јутјуб не запира поради бебето, а Имоџин признава дека се вратила на работа еден месец откако се породила.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ja-gledaa-425-000-sledbenici-jutjub-dzvezda-se-porodi-vo-zivo/feed/ 0
Вечна дилема: Природно породување или царски рез – ова се нивните предности и опасности https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vechna-dilema-prirodno-poroduvanje-ili-carski-rez-ova-se-nivnite-prednosti-i-opasnosti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vechna-dilema-prirodno-poroduvanje-ili-carski-rez-ova-se-nivnite-prednosti-i-opasnosti/#respond Sat, 03 Jul 2021 19:40:27 +0000 https://kurir.mk/?p=531344

Oколу една третина од бебињата денес се раѓаат со царски рез. Некои жени одлучуваат да се породат на овој начин самостојно, додека други немаат друг избор, односно, лекарите решаваат да закажат царски рез ако утврдат дека тоа е побезбедно за мајката. Болничарката Шери Бејлс смета дека е најважно бебето и мајката да бидат здрави и сѐ да мине во најдобар ред, а на кој начин малечкото ќе дојде на овој свет, е многу помалку битно. За време на природното пораѓање, мајката ќе го почувствува проширувањето на нејзината матка. Контракциите притоа се чувствуваат како силни менструални грчеви. Некои жени се одлучуваат за лекови против болки, најчесто епидурал, додека други не земаат никакви лекови. Така, жената ќе може да го држи бебето во раце веднаш по раѓањето. Породувањето може да трае и 12 до 14 часа (ако е прворотка), додека секое следно раѓање оди многу побрзо. Породувањето со царски рез обично трае околу 45 минути. Може да се изврши под целосна анестезија или под епидурална или спирална анестезија. Самиот процес не е болен, иако жената ќе чувствува како лекарите го вадат бебето. Времето за опоравување е тешко да се предвиди затоа што мајките имаат различни нивоа на постоперативна болка. Повеќето жени остануваат во болница 24 – 48 часа по вагиналното породување. Потоа, се јавува вагинално крварење, грчеви, оток и болка. Родилките мора да одморат неколку недели по раѓањето. При царски рез, компликациите може да бидат полоши. Веќе првиот ден жената може да почувствува гадење и слабост. Кашлањето, смеењето и кивањето може да предизвикаат болка. Само еден ден по царскиот рез, ќе мора да станете и да почнете да се движите, така што во белите дробови да не се собира вода, но и за да се подобри циркулацијата и да си помогнете во варењето на храната. Родилката обично е отпуштена од болница три до четири дена по отстранувањето на конците. Болката целосно ќе престане по шест недели. За време на природно породување, на жената можеби ќе ѝ треба епизиотомија, поточно рез, сечење заради проширување на вагиналниот отвор, што како и шиењето потоа, може да предизви болка. Проблемите со контрола на мочниот меур се исто така можни по породувањето. Компликациите при царскиот рез може да вклучуваат и инфекција на матката и кај резот, прекумерно крварење, повреди на мочниот меур или несакани реакции од анестезијата како што се тромбоза и белодробна емболија.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vechna-dilema-prirodno-poroduvanje-ili-carski-rez-ova-se-nivnite-prednosti-i-opasnosti/feed/ 0
Конечно, никој не го избира нејзиното место на пораѓање: Меган Маркл одлучи каде ќе роди друго дете https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/konechno-nikoj-ne-go-izbira-nejzinoto-mesto-na-poragjanje-megan-markl-odluchi-kade-kje-rodi-drugo-dete/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/konechno-nikoj-ne-go-izbira-nejzinoto-mesto-na-poragjanje-megan-markl-odluchi-kade-kje-rodi-drugo-dete/#respond Thu, 01 Apr 2021 14:36:01 +0000 https://kurir.mk/?p=490919

Војвотката од Сасекс Меган Маркл (39) планира поинакво раѓање за своето второ дете, девојчето што го очекува со принцот Хари (36). Имено, извор близок до неа за „Пејџ Шест“ изјавил дека Меган сака да се породи во нејзината вила и на Хари во вредност од 14,7 милиони долари во Монтезит. - Таа сака да го живее тој посебен момент овој пат во удобноста на својот дом - рекол изворот. - Таа има прекрасен дом во Калифорнија, тоа е прекрасно место за раѓање на нејзината ќерка - додаде тој. Доколку детето се роди во Америка, тој автоматски ќе има американско државјанство, а преку неговиот татко, принцот Хари, ќе добие и британско државјанство. Ако сака, еден ден може да се кандидира за претседател на САД, затоа што условот е раѓање во САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/konechno-nikoj-ne-go-izbira-nejzinoto-mesto-na-poragjanje-megan-markl-odluchi-kade-kje-rodi-drugo-dete/feed/ 0
Манекенка доживеа шок: Ја заболел стомакот, отишла во тоалет и се породила – не знаела дека е бремена (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/manekenka-dozivea-shok-ja-zabolel-stomakot-otishla-vo-toalet-i-se-porodila-ne-znaela-deka-e-bremena-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/manekenka-dozivea-shok-ja-zabolel-stomakot-otishla-vo-toalet-i-se-porodila-ne-znaela-deka-e-bremena-foto/#respond Thu, 14 Nov 2019 18:04:26 +0000 https://kurir.mk/?p=264217

Ќерката Исла и мајката се добри и се навикнуваат на заедничкиот живот што aвстралиската манекенка Ерин Лангмаид (23) не го очекувала пред две недели, пишува „Дејли мејл“. Ерин од Мелбурн работела цело време и тврди дека користела контрацептивни инјекции. Таа немала трудничко стомаче, утринско гадење или други знаци на бременост, а на денот кога се родила Исла, се чувствувала лошо. Таа не забележала дека облеката ѝ е тесна. „Ништо не укажуваше дека нашата ќерка е тука. Тоа беше најголемиот шок во мојот живот“, им порачаа Ерин и нејзиниот партнер Дан Карти на новинарите.
 
View this post on Instagram
 
The hardest week of our lives, you are my rock. And now you are Isla’s. 2 years with you ?

A post shared by Erin Langmaid (@erinlangmaid) on

Отишла во тоалет, а десет минути подоцна ја држела ќерката, која е родена здрава и била тешка 3,6 килограми. Дан слушнал дека нешто се случува во бањата, влегол и се изненадил кога го видел бебето. Исла престанала да дише по раѓањето, па Дан повикал брза помош за да помогне во спасувањето на животот на бебето. Девојчето е родено во 37. недела од бременоста, но Ерин не знаела дека е бремена.
Според статистичките податоци, една од 500 жени не знае дека е бремена до 20. недела, а една од 2.500 жени ја открива бременоста дури кога ќе почне да се пораѓа. Новата мајка тврди дека немало начин на кој ќе открие порано дека е бремена, но таа и нејзиниот партнер со воодушевување ја дочекале улогата на родители на убавата Исла.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/manekenka-dozivea-shok-ja-zabolel-stomakot-otishla-vo-toalet-i-se-porodila-ne-znaela-deka-e-bremena-foto/feed/ 0
ДРАМА НА ГРАНИЦА: Трудница тргнала со автобус кон Хамбург, па се породила на влез во Словенија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/drama-na-granica-trudnica-trgnala-so-avtobus-kon-hamburg-pa-se-porodila-na-vlez-vo-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/drama-na-granica-trudnica-trgnala-so-avtobus-kon-hamburg-pa-se-porodila-na-vlez-vo-slovenija/#respond Mon, 19 Nov 2018 12:58:41 +0000 https://kurir.mk/?p=129545

На граничниот премина Брегана, на влезот во Словенија, во автобус кој тргна од Тузла кон Хамбург, се породи една патничка. Меѓу патниците во автобусот на тузланската компанија „Транс Турист“ била и жена во поодмината бременост на која при породувањето и помогнале другите патници и возачите. Ова на Фејсбук го потврди директорот на Патничката агенција „Транс Турист“ Едо Хасиќ, пренесе порталот Klix.ba. На бремената жена наеднаш на преминот Брегана на влез во Словенија и почнале болките. Потоа мајката и бебето со санитетско возило се префрлени во болница. Автобусот со останатите патници го продолжи патот кон Хамбург. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/drama-na-granica-trudnica-trgnala-so-avtobus-kon-hamburg-pa-se-porodila-na-vlez-vo-slovenija/feed/ 0
Експлозија од емоции: Мајка го раѓа своето шесто дете во ходникот на болницата (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/eksplozija-od-emocii-majka-go-ragja-svoeto-shesto-dete-vo-hodnikot-na-bolnicata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/eksplozija-od-emocii-majka-go-ragja-svoeto-shesto-dete-vo-hodnikot-na-bolnicata-foto/#respond Tue, 06 Feb 2018 16:11:32 +0000 http://kurir.mk/?p=18893

Оваа мајка која има пет ќеркички, својот син го роди пред да стигне до породилната сала. Со помош на сопругот, таа се породи во ходникот од болница во Америка. Моментот на породувањето го овековечи Тами Карин со фотографии кои брзо се распространија на интернет. Бебето Маквел се роди во добра здравствена состојба. -Само што влеговме во вратата, му реков: „Тревис, време е. Тој е тука“. Ги спуштив панталоните бидејќи чувствував дека моето тело ја турка надвор главата на бебето. Посегнав и можев да почувствувам како неговата глава се спојува со мојата рака. Го погледнав мојот сопруг и му реков: „Мораш да го фатиш“. Без двоумење тој го направи токму тоа. Турнав само еднаш и моето тело го направи останатото. И тој беше таму, токму таму на подот од одделот за итна помош, објаснила мајката Џес Хоган.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/eksplozija-od-emocii-majka-go-ragja-svoeto-shesto-dete-vo-hodnikot-na-bolnicata-foto/feed/ 0