поранешен претседател – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Dec 2022 16:15:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png поранешен претседател – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина поранешниот претседател на Уставниот суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-poraneshniot-pretsedatel-na-ustavniot-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-poraneshniot-pretsedatel-na-ustavniot-sud/#respond Tue, 20 Dec 2022 16:15:19 +0000 https://kurir.mk/?p=778252

На 96-годишна возраст во Скопје почина поранешниот претседател на Уставниот суд, Ѓорѓи (Гога) Николовски. Како што информира Уставниот суд, по повод смртта на Николовски, Судот изрази длабоко сочувство до неговото семејство и блиски пријатели и роднини. Николовски беше претседател на Уставниот суд во периодот од 1979 до 1986 година и, како што посочуваат од Судот, остави пример на професионалец кој даде значаен придонес во градењето на традицијата на уставното судство во земјава, уште во периодот на СФРЈ. Николовски е роден на 18 март 1927 година во Битола, каде што го завршува своето основно и средно образование. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје како студент на првата генерација во 1955 година. За време на студиите работел во „Радио Битола”, а по дипломирањето се вработува како секретар на Собранието на битолската околија. Помеѓу бројните функции коишто Николовски ги извршувал во текот на својот живот, биле и републички пратеник, еден од првите претседатели на Универзитетскиот совет на Универзитетот во Скопје, потпретседател на Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, потпретседател на републичкото Собрание и претседател на собранискиот Општествено-политички собор. Во два мандата бил и пратеник во Сојузното собрание на СФР Југославија и претседател на Соборот на републиките и покраините на југословенското Сојузно собрание. По завршувањето на мандатот како судија во Уставниот суд, Николовски бил претседател на Републичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија (ССРНМ). – Ѓорги (Гога) Николовски важи за долгогодишен промотор и почесен претседател на манифестацијата за децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија. За својата општествена и граѓанска дејност, носител е на повеќе одликувања и признанија, се посочува во соопштението на Уставниот суд. Николовски починал во својот дом во Скопје на 16 декември 2022 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-poraneshniot-pretsedatel-na-ustavniot-sud/feed/ 0
Почина поранешниот грчки претседател Христос Сарѕетакис https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-poraneshniot-grchki-pretsedatel-hristos-sardzetakis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-poraneshniot-grchki-pretsedatel-hristos-sardzetakis/#respond Thu, 03 Feb 2022 08:10:34 +0000 https://kurir.mk/?p=626252

На 93-годишна возраст, почина поранешниот претседател на Грција Христос Сарѕетакис, кој беше на функција во периодот од 1985 до 1990 година, јави дописничката на МИА од Атина. Сарѕетакис веќе два месеци беше хоспитализиран со пневмонија на интензивна нега во атинска болница, каде што утрово ја загуби битката. По професија беше судија, а во 1985 година ПАСОК го предложи за претседател на државата. По завршувањето на петгодишниот претседателски мандат, Сарѕетакис во голема мера се повлече од јавниот живот во Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-poraneshniot-grchki-pretsedatel-hristos-sardzetakis/feed/ 0
Почина поранешниот претседател на Уругвај https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-poraneshniot-pretsedatel-na-urugvaj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-poraneshniot-pretsedatel-na-urugvaj/#respond Sun, 06 Dec 2020 14:09:57 +0000 https://kurir.mk/?p=439599

Поранешниот претседател на Уругвај, Табаре Васкес почина на 80-годишна возраст откако ја загуби битката со рак на белите дробови, напиша денеска на Твитер неговиот син Алваро Васкес. Табаре Васкес беше претседател на јужноамериканската држава во периодот од 2005 до 2010 година, но и во периодот меѓу 2015 и 2020 година, а минатата година му беше дијагностициран канцер. Неговиот син ја извести јавноста дека поранешниот уругвајски претседател починал во својот дом во Монтевидео во присуство на семејството и пријателите. – Во име на семејството, сакам да им заблагодарам на сите Уругвајци за љубовта која мојот татко ја добиваше во текот на сите овие години, напиша Алваро Васкес. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-poraneshniot-pretsedatel-na-urugvaj/feed/ 0
Поранешниот индиски претседател Пранаб Мукерџи почина од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-indiski-pretsedatel-pranab-mukerdzi-pochina-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-indiski-pretsedatel-pranab-mukerdzi-pochina-od-kovid-19/#respond Mon, 31 Aug 2020 14:25:51 +0000 https://kurir.mk/?p=397403

Поранешниот индиски претседател, Пранаб Мукерџи (84), почина денеска од последиците на коронавирусот, откако неколку недели беше во болница. Воената болница во Њу Делхи претходно соопшти дека Мукерџи претрпел септичен шок по инфекција на белите дробови. Британските медиуми пренесоа дека неговата здравствена состојба драстично почнала да се влошува од вчера. Во претходната администрација, сега предводена од опозициската Конгресна партија, Мукерџи беше министер за надворешни работи и за финансии и имаше пријатели од двете страни на политичкиот спектар. Премиерот Нерендра Моди на Твитер напиша дека „Мукерџи остави неизбришлив белег на патот на развојот на земјата“, приложувајќи фотографија на која ги допира стапалата на поранешниот претседател како знак на почит. „Тој беше исклучителен научник, врвен државник и нему му се воодушевуваа од целиот политичкиот спектар и во сите делови на општеството“, напиша Моди. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-indiski-pretsedatel-pranab-mukerdzi-pochina-od-kovid-19/feed/ 0
Почина поранешниот танзаниски претседател Бенџамин Мкапа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-poraneshniot-tanzaniski-pretsedatel-bendzamin-mkapa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-poraneshniot-tanzaniski-pretsedatel-bendzamin-mkapa/#respond Fri, 24 Jul 2020 14:04:23 +0000 https://kurir.mk/?p=380893

Поранешниот претседател на Танзанија, Бенџамин Мкапа, (81) кој со земјата управуваше во два мандати од 1995 до 2005 година, починина во болница во Дар ес Салам, соопшти денеска владата, пренесоа француските медиуми. Тој беше трет претседател на земјата по независноста од Велика Британија во 1962 година. -Тажен сум од смртта на третиот претседател на Танзанија и тоа е голема загуба за нас како земја. Да се ​​молиме за него, рече претседателот Џон Магуфити во краткиот телевизиски говор. Засега не е посочена причината за смртта]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-poraneshniot-tanzaniski-pretsedatel-bendzamin-mkapa/feed/ 0
Поранешниот претседател на Барселона стравува дека Меси ќе го напушти клубот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poraneshniot-pretsedatel-na-barselona-stravuva-deka-mesi-kje-go-napushti-klubot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poraneshniot-pretsedatel-na-barselona-stravuva-deka-mesi-kje-go-napushti-klubot/#respond Thu, 16 Jul 2020 12:42:51 +0000 https://kurir.mk/?p=377124

Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта стравува дека капитенот Лионел Меси може да го напушти тимот. Неговиот договор истекува следното лето. – Сакам тој да остане во 2021 година, но се плашам дека погрешната одлука на раководството може да доведе до неповратни последици. Ова не е БарсаГејт, ова е БартоГејт, изјави Лапорта алудирајќи на аферата што го потресе клубот со наводно плаќање луѓе со цел да бидат оцрнети поранешни и сегашни членови на каталонскиот клуб. Тој е загрижен дека управувањето на Јосеп Марија Бартомеу го ризикува статусот на клубот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poraneshniot-pretsedatel-na-barselona-stravuva-deka-mesi-kje-go-napushti-klubot/feed/ 0
Поранешниот јужнокорејски претседател осуден на 17 години затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-juznokorejski-pretsedatel-osuden-na-17-godini-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-juznokorejski-pretsedatel-osuden-na-17-godini-zatvor/#respond Wed, 19 Feb 2020 12:36:31 +0000 https://kurir.mk/?p=306020

Врховниот суд во Сеул го осуди поранешниот јужнокорејски претседател Ли Мјун-бак на 17 години затвор поради корупција. Во 2018 година тој е осуден на 15-годишна затворска казна, но е условно пуштен на слобода во март минатата година поради лоша здравствена состојба. По поднесената жалба на пресудата, Врховниот суд му ја зголеми казната на 17 години затвор. Судот во Сеул соопшти дека Ли не се покајал поради злоупотребата на службената должност, туку ги обвинил оние со кои работел. Тој е осуден за поткуп, проневера и други обвиненија. Поранешниот шеф на јужнокорејската држава ги отфрлил повеќето точки од обвинението. Ли беше претседател на Јужна Кореја од 2008 до 2013 година. неговата наследничка Парк Геун-хе, исто така, е осудена на 33 години затвор поради корупциски скандал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-juznokorejski-pretsedatel-osuden-na-17-godini-zatvor/feed/ 0
Боливија наскоро ќе издаде налог за апсење на поранешниот претседател Ево Моралес https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolivija-naskoro-kje-izdade-nalog-za-apsenje-na-poraneshniot-pretsedatel-evo-morales/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolivija-naskoro-kje-izdade-nalog-za-apsenje-na-poraneshniot-pretsedatel-evo-morales/#respond Sun, 15 Dec 2019 10:06:21 +0000 https://kurir.mk/?p=277738

Боливија во следните неколку дена ќе издаде налог за апсење на поранешниот левичарски претседател Ево Моралес заради бунт, изјави привремената претседателка на земјата Жанин Ањез. Моралес во моментов се наоѓа во Аргентина, каде неделава доби статус на бегалец, пренесоа британските медиуми. -Може да се врати кога и да посака. Замина бидејќи тоа го сакаше, рече Ањез и додаде дека во следните неколку дена ќе биде распишан налогот за негово апсење. Статусот на поранешниот боливиски претседател беше решен со инаугурацијата на новиот аргентински претседател Алберто Фернандез, кој го наследи конзервативецот Маурисио Макри. Моралес претходниот месец го мина во Мексико, по бурните случувања во неговата земја во октомври кога беше обвинет за организирање и учество во „наместени избори“. Иако прогласи победа по првиот круг од гласањето на претседателските избори, оддржани на 20 октомври, Моралес, по речиси 14 години минати на власт, беше присилен да поднесе оставка под притисок на вооружените сили во земјата. Една недела подоцна веќе избега во Мексико, каде побара и експресно доби азил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolivija-naskoro-kje-izdade-nalog-za-apsenje-na-poraneshniot-pretsedatel-evo-morales/feed/ 0
Издаден налог за апсење на поранешниот претседател на Еквадор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izdaden-nalog-za-apsenje-na-poraneshniot-pretsedatel-na-ekvador/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izdaden-nalog-za-apsenje-na-poraneshniot-pretsedatel-na-ekvador/#respond Wed, 04 Jul 2018 08:10:40 +0000 https://kurir.mk/?p=72795

Еквадорските власти издадоа налог за апсење на поранешниот претседател Рафаел Кореа, кој живее во Белгија, поради организиран обид за киднапирање на политички противник во 2012 година. Судот синоќа соопшти дека ја известил Меѓународната криминалистичка полиција (Интерпол) оти е издаден меѓународен налог за апсење на поранешниот претседател кој беше на власт од 2007 до 2017 година. Кореа се товари за злосторничко здружување и обид за киднапирање на поранешниот пратеник Фернанд Балде. Тој тврди дека во 2012 година во Богота пет лица по налог на Кореа го натерале да влезе во едно возило, но беше ослободен по интервенцијата на колумбиската полиција. Поранешниот социјалистички претседател се пресели во Белгија во 2017 година откако замина од претседателската функција. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izdaden-nalog-za-apsenje-na-poraneshniot-pretsedatel-na-ekvador/feed/ 0