пораст – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Jun 2023 13:55:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пораст – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За синдикатите неприфатливи предлозите за зголемување на платите во јавниот сектор за годинава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-sindikatite-neprifatlivi-predlozite-za-zgolemuvane-na-platite-vo-javniot-sektor-za-godinava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-sindikatite-neprifatlivi-predlozite-za-zgolemuvane-na-platite-vo-javniot-sektor-za-godinava/#respond Thu, 29 Jun 2023 13:55:11 +0000 https://kurir.mk/?p=850905

Синдикатите сметаат дека новата методологија што ја предлага Владата за платите во јавниот сектор може да биде трајно решение, но велат дека е предолг периодот од пет години за усогласување на Општиот колективен договор, како што е предложено во неа. Пред почетокот на денешната седница на на Економско социјалниот совет (ЕСС) порачаа дека нема да ги прифатат предлозите што им ги нуди Владата за зголемување на платите во јавниот сектор за годинава. -Нашите барања ние јавно веќе ги презентиравме и доставивме и до Владата и до Министерството за труд и социјална политика - моделот минимална плата помножено со коефициент на сложеност на работни места. Предлогот на Владата е просечна плата помножена со соодветен коефициент на сложеност на работни места што значи тука сме некаде. Меѓутоа, она што е сламка на спрепнување, тоа е долгиот, предолгиот период на усогласување на плативе, тоа е нивниот предлог од пет години. Дефинитивно ова за нас како СОНК и како Конфедерација на слободни синдикати е неприфатлив, изјави Јаким Неделков, претседателот на СОНК пред почетокот на седницата на ЕСС. Нагласи дека најмалку што во моментов за нив е прифатливо е усогласување на платите во нивните дејности и во јавниот сектор, за 12,55 проценти, односно за онолку колку што во март годинава порасна минималната плата. -Од таа причина, очекувам тоа да биде разумниот минимум 12,55 проценти за оваа година, и дополнително усогласување на платите за онолку проценти колку што практично инфлацијата ги изеде платите во изминативе неколку години, т.е. минималната плата порасна во однос на реалните плати согласно Колективниот договор, рече Неделков. Посочи дека сега конечно Владата го прифатила нивното укажување дека е апсолутно погрешна методологијата линеарно да се зголемуваат платите. -Конечно и Владата сфати дека тоа е навистина грешка и дека со таквиот систем наместо да се избегне урамноловката, се продлабочува. За некого 12,55 проценти зголемување на плати, за некого 6 проценти зголемување на платите, тоа апсолутно е неприфатливо. И тој е тој систем којшто не доведува до трајно решение, туку до компресија на работните места помеѓу себе и зголемување на урамноловката. Така што конечно оваа методологија што се предлага, може да биде трајно решение, меѓутоа не во толку долг период, туку за многу, многу пократок, потенцира Неделков. Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Дејаноски порача дека нема да прифатат ништо на денешната седница на ЕСС и посочи дека долго време го истакнуваат нивното барање методологијата да биде иста како што имаат функционерите - просечна плата со коефициент. -Пратија нешто од Влада пред неколку дена. Она што го пратија за УПОЗ не е прифатливо, бидејќи процентите што ги нуди Владата моментално се прениски. Имаме официјална инфлација 14,5 проценти, а ни нудат за 2023 годна пораст на плата од 3 проценти на вредност на бод што не е ни блиску до инфлацијата камо ли блиску до 78 отсто колку што добија функционерите, изјави Дејаноски пред почетокот на седницата на ЕСС. Ќе видиме, додаде, дали образложението што ќе го дадат денеска е нешто различно од тоа што е напишано. -Меѓутоа, ставот на синдикатот на УПОЗ е дека ваквиот предлог е апсолутно неприфатлив додека не добиеме и ние и колегите од другите синдикати опипливо зголемување на плата што ќе го осетат вработените и ќе можат гордо да одат по улица и да влезат во продавница, а тоа да не претставува толкав удар за нивниот џеб, рече Дејановски и потенцира дека сега нема да прифатат ништо. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-sindikatite-neprifatlivi-predlozite-za-zgolemuvane-na-platite-vo-javniot-sektor-za-godinava/feed/ 0
Пораст на цените на плинот на европските берзи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/porast-na-cenite-na-plinot-na-evropskite-berzi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/porast-na-cenite-na-plinot-na-evropskite-berzi/#respond Wed, 23 Feb 2022 10:50:23 +0000 https://kurir.mk/?p=635320

Цените на плинот во Европа за време на тргувањето денеска се искачија над 960 долари за илјада кубни метри, за првпат од 14 февруари, покажуваат податоците на лондонската берза ИЦЕ. Цената на мартовските фјучерси во центарот ТТФ во Холандија се искачи на 960,6 долари за 1.000 кубни метри, или 82 евра за мегават-час. Вкупното поскапување на плинот од почетокот на денот изнесува околу 2,8 отсто. Аналитичарите потсетуваат дека вчера германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Берлин ја прекинува сертификацијата на гасоводот „Северен поток 2“. Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок исто така рече дека „проектот ‘Северен поток 2’ е замрзнат“. Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари над 97 долари, поради загриженоста за снабдувањето по признавањето од страна на Русија на двата источни украински региони контролирани од проруските сепаратисти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/porast-na-cenite-na-plinot-na-evropskite-berzi/feed/ 0
Експресно одбиени амандманите на опозицијата за раст на другите плати со порастот на минималната https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekspresno-odbieni-amandmanite-na-opozicijata-za-rast-na-drugite-plati-so-porastot-na-minimalnata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekspresno-odbieni-amandmanite-na-opozicijata-za-rast-na-drugite-plati-so-porastot-na-minimalnata/#respond Thu, 17 Feb 2022 18:17:55 +0000 https://kurir.mk/?p=632844

Власта и опозицијата конечно ја стартуваа дебата за тоа како треба да биде скроен законот за покачувањето на минималната плата. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 4 амандмани, со кој бараат и скалесто покачување на сите плати во јавниот сектор согласно растот на минималецот, а побараа и поддршка од власта и за предлогот за зголемување на пензиите за 20%. Од власта сите амандмани беа експресно одбиени. За претениците од СДСМ предлогот за скалесто покачување бил паушален оти според нив, тоа се правело со колективните договори и сега не било предмет на расправав. Ваквиот предлог го оценија како паушален, и не бил издржан. Опозициските партии побараа и државата освен придонесите за плати, да го плати и персоналниот данок. Велат, мерката наместо една година, да важи до 2024. За власта и ова беше неприфатливо. Речиси со идентичен амандман Алијанса на албанците и ВМРО- ДПМНЕ побара со растот на минималната плата и сите останати плати да бидат зголемени во јавниот сектор. -Со растот на минималната плата мора да има зголемување на останатите плати особено во образованието, администрацијата, вработените во Собранието, рече Илире Даути – Пратеничка од Алијанса за Албанците. Министерката за труд, Јована Тренчевска образложи дека овој амандман не може да биде прифатен бидејќи растот на останатите плати е во согласност со потпишаните колективни договори, а не со измени во минималната плата. -Висината на платите не е предмет на уредување во овој закон, дополнително што со предлагањето на овој амандман се нарушува социјалниот дијалог кои што за оваа Влада е многу важен. Се доведува во прашање колективниот договор сите прашања кои се однесуваат за дополнителни бенефиции, коефициенти на договор се предмет на договарање на колективните договор, нагласи Јована Тренчевска – Министерка за труд и социјална политика. Во следните денови се очекува предлог измените во Законот за минимална плата да се најдат на пленарна седница пред пратенците. Комисиската расправа според деловникот ќе трае 3 дена, бидејќи предлог измените се поднесени по скратена постапка. Со предлог законските измени минималната плата од следниот месец ќе изнесува 18.000 денари, со кој веќе од следниот месец над 80.000 работници ќе добијат покачување. Растот на минималецот е договор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekspresno-odbieni-amandmanite-na-opozicijata-za-rast-na-drugite-plati-so-porastot-na-minimalnata/feed/ 0
Индексите на азиските берзи пораснаа од најниските нивоа во последната година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indeksite-na-aziskite-berzi-porasnaa-od-najniskite-nivoa-vo-poslednata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indeksite-na-aziskite-berzi-porasnaa-od-najniskite-nivoa-vo-poslednata-godina/#respond Tue, 07 Dec 2021 08:27:40 +0000 https://kurir.mk/?p=605131

Акциите на азиските берзи денеска пораснаа, исто како и на Волстрит ден претходно, бидејќи се намалија стравувањата од новиот сој омикрон на коронавирусот, а новите економски стимулации во Кина ги охрабрија инвеститорите. Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, утринава во 7 часот порасна за 0,6 отсто, откако вчера се лизна на своето едногодишното најниско ниво. На берзата во Токио индексот Никеи скокна за повеќе од два отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја, Австралија и Хонг Конг пораснаа меѓу 0,1 и 1,8 отсто. Азиските инвеститори се охрабрени од новите стимулативни мерки во кинеската економија. Кинеската Централна банка најави дека ќе го намали износот што банките треба да го чуваат како задолжителна резерва, на приближно 188 милијарди долари, со цел да се стимулира кредитирањето, а со тоа и економскиот раст. Ова е втор ваков потег годинава бидејќи по минатогодишното силно закрепнување од кризата со коронавирусот, растот на втората по големина светска економија забавува поради забавувањето на производствениот сектор, проблемите со недвижностите и постојаниот ризик од Ковид-19. Позитивно на берзите се одрази и вчерашниот скок на берзанските индекси на Волстрит за повеќе од еден отсто. Најголемата светска берза е нестабилна веќе десет дена, откако се појави веста за омикрон сојот на коронавирусот, што може да биде позаразен од претходните и отпорен на постоечките вакцини. Затоа, инвеститорите се плашат од повторно затворање на економиите, што би го забавило закрепнувањето од кризата со коронавирусот. Но, тие стравови се намалија вчера, откако др. Ентони Фаучи, советник во Белата куќа за здравствената криза, рече дека и покрај брзото ширење, омикрон засега не претставува високо ниво на загриженост. -Инвеститорите сега се помалку загрижени за омикрон, рече Кинг Лип, стратег во Baker Avenue Asset Management. Благодарение на тоа, шпекулациите за заострување на монетарната политика на американската Централна банка, кои ги држеа инвеститорите во последните денови, вчера беа во втор план. А на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо падна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест главни светски валути, се движи околу 96,22 поени, додека вчера во ова време беше 96,26 поени. Истовремено, цената на нафтата дополнително порасна, откако вчера скокна за речиси пет отсто. На лондонскиот пазар цената на барелот поскапе за 0,7 отсто на 73,65 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за еден отсто на 70,20 долари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indeksite-na-aziskite-berzi-porasnaa-od-najniskite-nivoa-vo-poslednata-godina/feed/ 0
Пораст на заболени и хоспитализирани во Прилеп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/porast-na-zaboleni-i-hospitalizirani-vo-prilep/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/porast-na-zaboleni-i-hospitalizirani-vo-prilep/#respond Wed, 11 Nov 2020 15:19:42 +0000 https://kurir.mk/?p=428079

Поради алармантните и загрижувачки бројки на заболени од Ковид-19 во Прилеп, локалната самоуправа и општата болница, повикаа на мобилизација на сите здравствени работници, невработени или пак од приватни ординации, кои можност да се вклучат и да помогнат во оваа драматична состојба. На Инфективното оддделение, како и на уште три други оддели во болницата вкупно се хоспитализирани над 100 пациенти, дел во тешка состојба. Капацитетите се зголемија, но, има голем недости на медицинки кадар, пренесува телевизија Телма. - Потребата се зголеми двојно, може и повеќе, бидејќи во новите три одделенија се сместени по 20 пациенти, па мора да се зголеми и бројот на сестри за да можат да одговорат на барањето на пациентит. Тое е едната страна, од друга страна како и секаде во државата, кај здравствените работници имаме заболување од Ковид, вели Драги Богојески, директор на општата болница „Борка Талески“ - Прилеп.

Целиот текст може да го погледнете на Телма.ком.мк

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/porast-na-zaboleni-i-hospitalizirani-vo-prilep/feed/ 0
Пораст на јужнокорејската економија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/porast-na-juznokorejskata-ekonomija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/porast-na-juznokorejskata-ekonomija/#respond Tue, 27 Oct 2020 09:30:57 +0000 https://kurir.mk/?p=421110

Економијата на Јужна Кореја забележа пораст во третиот квартал од годинава, надминувајќи го падот предизвикан од Ковид-19 кога главните трговски партнери на земјата почнаа да ги укинуваат ограничувањата воведени поради пандемијата. Четвртата по големина азиска економија се зголемила за 1,9 отсто во последниот квартал во однос на претходните три месеци, соопшти денеска Банка на Кореја, што е најбрза експанзија од првиот квартал во 2010 година. Во однос на минатата година, јужнокорејската економија во третиот квартал се намалила за 1,3 отсто, откако имала пад за 2,7 проценти претходните три месеци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/porast-na-juznokorejskata-ekonomija/feed/ 0
Германската индустрија закрепнува, нарачките во пораст https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-industrija-zakrepnuva-narachkite-vo-porast/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-industrija-zakrepnuva-narachkite-vo-porast/#respond Thu, 06 Aug 2020 10:33:54 +0000 https://kurir.mk/?p=387124

Германските фабрички нарачки се со пораст во јуни, покажуваат денешните официјални податоци, според кои најголемата економија во Европа е на пат за закрепнување од падот, предизвикан од затворањето на земјата, поради пандемијата на коронавирусот. Индустриските нарачки во јуни се зголемија за 27,9 проценти во однос на претходниот месец, покажуваат податоците од Министерството за економија. Ова зголемување е двојно повеќе отколку што предвидуваа економистите и доаѓа по силниот пораст на порачки во мај од 10,4 проценти. Главниот економист на ИНГ банка Карстен Брзески рече дека по укинувањето на мерките за затворање на земјата во април, во Германија главно раст имаше приватната потрошувачка, додека индустриската активност заостануваше. Германската економија претрпе сериозен удар поради мерките за ограничување за време на пандемијата, со пад од 10,1 процент на бруто домашниот производ во вториот квартал од оваа година, бидејќи извозот и деловните инвестиции паѓаа нагло. Иако индустриските нарачки се зголемија во јуни, нивниот број се уште е над 11 проценти под нивото што беше во истиот месец минатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-industrija-zakrepnuva-narachkite-vo-porast/feed/ 0
Во Израел нови 1.464 случаи, најголем дневен пораст на заразени со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-izrael-novi-1-464-sluchai-najgolem-dneven-porast-na-zarazeni-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-izrael-novi-1-464-sluchai-najgolem-dneven-porast-na-zarazeni-so-kovid-19/#respond Fri, 10 Jul 2020 08:35:32 +0000 https://kurir.mk/?p=373098

Во последните 24 часа, 1.464 лица во Израел се новозаразени, што е најголемо дневно зголемување на потврдени случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата, јавуваат израелските медиуми. Во земјата во моментов има 16.651 активни случаи, од кои 129 се во сериозна состојба и 39 на респиратори. Бројот на смртни случаи достигна вкупно 350. Во обид да се запре ширењето на заразата од денеска попладне до следниот петок, неколку населби во Ерусалим и градовите Рамла, Беит Шемеш и Кирјат Малахи ќе бидат делумно затворени. Влезовите во овие градови ќе бидат дозволени заради давање основна медицинска помош, правни процеси и за деца чии родители живеат одделно, а деловната активност исто така ќе биде ограничена. Министерот за здравство на Израел, Јули Еделштајн на затворен состанок рече дека може да се воведе општа изолација во случај бројот на потврдени случаи на заразени со вирусот да достигне до 2.000 дневно. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека Владата премногу брзо отворила некои делови од економијата, што доведе до повторно ширење на вирусот низ целата земја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-izrael-novi-1-464-sluchai-najgolem-dneven-porast-na-zarazeni-so-kovid-19/feed/ 0
Пораст на семејното насилство за време на епидемијата во Лондон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/porast-na-semejnoto-nasilstvo-za-vreme-na-epidemijata-vo-london/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/porast-na-semejnoto-nasilstvo-za-vreme-na-epidemijata-vo-london/#respond Sat, 25 Apr 2020 08:17:57 +0000 https://kurir.mk/?p=337043

Бројот на пријави за семејно насилство во Лондон се зголемил за една третина во последните шест недели, соопшти управата на лондонската полиција и упати апел до жртвите да пријават насилство со ветување дека нема да бидат казнети поради кршење на мерките за социјално дистанцирање и ограничување на движењето. Веќе пет недели во Велика Британија во сила се вонредни мерки поради епидемијата на коронавирусот, продавниците се затворени, а на граѓаните им е наредено да останат дома. Сепак, управата на лондонската полиција соопшти дека потенцијалните жртви на семејно насилство за време на вонредната состојба се уште поранливи и повеќе изложени на насилниците. Секој ден лондонската полиција апси околу 100 лица поради вакви дела и им порачува на граѓаните дека никој не мора молчи за насилство или да трпи насилници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/porast-na-semejnoto-nasilstvo-za-vreme-na-epidemijata-vo-london/feed/ 0
Ангеловска-Бежоска: Не се очекува пораст на стапката на инфлација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-ne-se-ochekuva-porast-na-stapkata-na-inflacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-ne-se-ochekuva-porast-na-stapkata-na-inflacija/#respond Mon, 20 Apr 2020 09:22:44 +0000 https://kurir.mk/?p=334532

Не се очекува пораст на стапката на инфлација. Очекувањата за движењата на цените на примарните производи до крајот на годината се коригирани надолу. Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за неделникот „Капитал“. Притоа, таа нагласува дека во првите три месеци од оваа година, исто како и минатата, стапката на инфлација е релативно ниска и стабилна. Просечната стапка на инфлација, заклучно со март изнесува 0,6% и е под проекцијата. -Пандемијата негативно се одрази врз глобалната побарувачка, што доведе до надолно прилагодување на цените на повеќето берзански производи. Овој пад е посебно изразен кај цените на нафтата на светските пазари, каде што дополнителен ефект имаше и неможноста за договор помеѓу најголемите производители на овој енергенс. Ваквите поместувања ќе имаат директен надолен ефект врз стапката на инфлација во македонската економија преку пониските домашни цени на горивата, што, впрочем е веќе видливо и преку мартовските податоци за инфлацијата. Пониските цени на енергентите, коишто се влезна компонента и кај другите производи и услуги, може дополнително да влијаат и на останатите цени, истакнува Ангеловска-Бежоска. Според гувернерката, покрај директниот ефект од пониските увозни цени, надолно влијание врз цените кај нас се очекува и преку каналот на домашната побарувачка. Дел од преземените мерки за спречување на ширењето на вирусот, како што напоменува таа, влијаат во насока на одложување на потрошувачката на домаќинствата, што би можело да доведе и до надолно прилагодување на цените во македонската економија. Во интервјуто, гувернерката посочува дека заради корона-кризата се очекува пад на економијата, но и нејзино закрепнување во текот на следната година. -За разлика од 2008 година, кога кризата беше резултат на сериозно нарушување на макроекономските фундаменти во глобални размери, тековно се соочуваме со шок од неекономски карактер и како таков, тој не би требало да се одрази врз долгорочниот потенцијал за раст на економиите, ниту пак да доведе до креирање подлабоки структурни проблеми, нагласува Ангеловска-Бежоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-ne-se-ochekuva-porast-na-stapkata-na-inflacija/feed/ 0