порнографија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Jul 2023 07:34:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png порнографија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сунак нареди ревизија на законите кои ја опфаќаат порнографијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-naredi-revizija-na-zakonite-koi-ja-opfakaat-pornografijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-naredi-revizija-na-zakonite-koi-ja-opfakaat-pornografijata/#respond Tue, 04 Jul 2023 07:34:58 +0000 https://kurir.mk/?p=852409

Британскиот премиер Риши Сунак наложи ревизија на сите закони кои ја опфаќаат порнографијата по извештаите дека повеќе од четвртина од децата се сретнале со неа на интернет. „Владата сака да обезбеди сите закони и регулативи за порнографија да функционираат доследно за сите порнографски содржини“, рече Сунак. Минатата недела, британската Влада го поддржа амандманот на пратениците со кој се бара построга проверка на возраста за да се спречат лицата под 18 години да гледаат порнографски содржини на веб-страниците за возрасни, но и на социјалните мрежи. Во исто време, во амандманот се наведува дека лидерите на социјалните мрежи ќе се соочат со затворска казна доколку дозволат содржината за сексуална злоупотреба на деца да остане на нивните платформи. Истражувањето на комесарката за деца, Рејче де Сузе покажа дека половина од 13-годишниците виделе порнографска содржина на Интернет, а едно од 10 деца виделе експлицитни содржини за возрасни до деветтата година од животот. Речиси половина, 47 отсто од младите мажи на возраст од 16 до 21 година рекле дека девојките „очекувале“ физичка агресија во кревет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-naredi-revizija-na-zakonite-koi-ja-opfakaat-pornografijata/feed/ 0
Млади монструми од Струмица: Присилиле малолетничка на полови дејствија и ја снимале https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mladi-monstrumi-od-strumica-prisilile-maloletnichka-na-polovi-dejstvija-i-ja-snimale/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mladi-monstrumi-od-strumica-prisilile-maloletnichka-na-polovi-dejstvija-i-ja-snimale/#respond Wed, 10 Feb 2021 14:30:13 +0000 https://kurir.mk/?p=466857

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела – Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 и Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а од Кривичниот законик. Во август 2019 година, осомничените на возраст од 24 и 27 години, присилиле малолетничка која имала наполнето 14 години на снимање слики и видео клипови со порнографска содржина. Тие ја повикале оштетената во напуштен локал во еден трговски центар, каде без нејзина согласност извршиле полови дејствија врз неа и тоа го снимиле. Видеото потоа го направиле достапно, така што преку социјална мрежа го испратиле на трети лица. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, поради опасност од бегство, можност да влијаат врз оштетената/сведокот и можност да го повторат делото. Судијата го прифати предлогот и на осомничните им определи притвор во траење од 30 дена.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mladi-monstrumi-od-strumica-prisilile-maloletnichka-na-polovi-dejstvija-i-ja-snimale/feed/ 0
Го батали спортот за да се занимава со п*рнографија- За еден месец заработи половина милион долари (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/go-batali-sportot-za-da-se-zanimava-so-p-rnografija-za-eden-mesec-zaraboti-polovina-milion-dolari-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/go-batali-sportot-za-da-se-zanimava-so-p-rnografija-za-eden-mesec-zaraboti-polovina-milion-dolari-foto/#respond Thu, 22 Oct 2020 13:55:07 +0000 https://kurir.mk/?p=419461

Ѕвездата од филмовои за возрасни Рене Грејси се најде во центарот на вниманието на јавноста кога одеднаш одлучи да стави крај на својата спортска кариера и да започне да заработува пари преку порно содржини. Таа е позната во светот на трките веќе подолго време, но откако започна на порнографска страница да продава фотографии и видеа, заработката од тоа и стануваше се поголема и поголема. -Последниот месец на мојата сметка се „легнаа“ 400 000 американски долари од филмови за возрасни. Размислувам да се повлечам, изјави убавата Австралијка. Обично се снима само со своето момче, а за нејзините финансии се грижи нејзиниот татко „кој целосно ја поддржува“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/go-batali-sportot-za-da-se-zanimava-so-p-rnografija-za-eden-mesec-zaraboti-polovina-milion-dolari-foto/feed/ 0
Уапсен наставник во Црна Гора: Кога полицијата виде што има во компјутерот, го прогласи за педофил https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-nastavnik-vo-crna-gora-koga-policijata-vide-shto-ima-vo-kompjuterot-go-proglasi-za-pedofil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-nastavnik-vo-crna-gora-koga-policijata-vide-shto-ima-vo-kompjuterot-go-proglasi-za-pedofil/#respond Tue, 25 Jun 2019 13:46:25 +0000 https://kurir.mk/?p=212737

Полицијата утринава уапси 40-годишен наставник во училиште во околината на Апатина, Црна Гора поради сомнеж дека извршил кривично дело, прикажување, прибирање и поседување на порнографски материјал и искористување на малолетни лица. С.М. се сомничи за искористување на малолетничка за порнографски цели и собирање фотографии и видеа од детска порнографија која ја разменувал со други корисници на ваков материјал. За време на претересот на неговиот стан одземен му е компјутерот, надворешен хард диск како и повеќе од 90 гигабајти материјал, меѓу кои  видео и фотографии од малолетни деца. Засега му е определен притвор од 48 часа.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-nastavnik-vo-crna-gora-koga-policijata-vide-shto-ima-vo-kompjuterot-go-proglasi-za-pedofil/feed/ 0
Ќе почувствувате ужас кога ќе дознаете што било пронајдено во домот на Мајкл Џексон по обвинувањата за педофилија https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kje-pochuvstvuvate-uzas-koga-kje-doznaete-shto-bilo-pronajdeno-vo-domot-na-majkl-dzekson-po-obvinuvanjata-za-pedofilija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kje-pochuvstvuvate-uzas-koga-kje-doznaete-shto-bilo-pronajdeno-vo-domot-na-majkl-dzekson-po-obvinuvanjata-za-pedofilija/#respond Wed, 13 Mar 2019 20:46:50 +0000 https://kurir.mk/?p=174532

Уште од почетокот на деведесетите се зборувало дека Мајкл Џексон има педофилски склоности, иако сега целиот свет е шокиран по прикажувањето на документарниот филм „Напуштајќи ја Недојдија”. Два пати Џексон бил обвинет за педофилија, а судењата во 1993-та и 2000-та година ги следеле сите светски медиуми. И на двете судења тој бил ослободен од обвинението за педофилија, иако полицијата во претресот на неговиот имот „Недојдија” нашла колекција бизарни фотографии на голи деца, што не може никого да го остави рамнодушен. Според полицијата, на фотографиите најдени во 2003-та година имало голи деца, измачување на деца и порно фотографии со деца и возрасни. И неговата поранешна домашна помошничка јавно сведочела дека кралот на поп музиката сакал слики со голи бебиња и момчиња и дека му биле закачени по ѕидовите во куќата. За потсетување, во 1993-та година Мајкл Џексон беше обвинет за сексуално злоставување на Џордан Чендлер. Со вонсудска нагодба му исплатил 25 милиони долари. Вториот пат е обвинет во 2005-та за злоставување на Гевин Арвиз, но судот го ослободил пејачот поради недостиг на докази.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kje-pochuvstvuvate-uzas-koga-kje-doznaete-shto-bilo-pronajdeno-vo-domot-na-majkl-dzekson-po-obvinuvanjata-za-pedofilija/feed/ 0
Поранешен дипломат на Ватикан осуден поради детска порнографија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshen-diplomat-na-vatikan-osuden-poradi-detska-pornografija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshen-diplomat-na-vatikan-osuden-poradi-detska-pornografija/#respond Sat, 23 Jun 2018 13:35:35 +0000 https://kurir.mk/?p=68961

Ватиканскиот суд денеска го осуди ватиканскиот дипломат монсињор Карлo Капела на пет години затвор поради поседување и дистрибуција на детска порнографија. Тоа е прво такво судење во Ватикан. Капела покрај затворската осуден е и на парична казна од 5.000 евра. Капела призна дека гледал слики со детска порнографија во периодот, како што рече, на внатрешна криза предизвикана со преместувањето на служба во Ватиканската амбасада во Вашингтон. На крајот од дводневното судење тој се извини на своето семејство и на Ватикан и побара помала казна, тврдејќи дека таа епизода била само „препрека на патот“ и оти сака да продолжи да биде свештеник. Претседателот на Судот, Џузепе Дала Торе изрекувајќи ја пресудата наведе дека Капела продолжил да пристапува кон материјали со детска порнографија и откако бил отповикан од Вашиннгтон во 2017 година. Претходно, американскиот Стејт департмент го извести Ватикан дека се сомнева оти еден од нивните дипломати во Вашингтон „го крши законот што се однесува на фотографии со детска порнографија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshen-diplomat-na-vatikan-osuden-poradi-detska-pornografija/feed/ 0