породилно отсуство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Mar 2023 10:46:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png породилно отсуство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 КСЗД: Платеното породилно отсуство претставува клучно социјално право на сите жени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-platenoto-porodilno-otsustvo-pretstavuva-kluchno-sotsijalno-pravo-na-site-zheni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-platenoto-porodilno-otsustvo-pretstavuva-kluchno-sotsijalno-pravo-na-site-zheni/#respond Wed, 08 Mar 2023 10:22:21 +0000 https://kurir.mk/?p=809431

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) оваа година, на чествувањето на Меѓународниот ден на жената, ја информира јавноста за донесено мислење со кое се утврдува индиректна, продолжена, интерсецкиска дискриминација врз индивидуалните земјоделки – осигуренички, врз основа на пол, род, личен статус и припадност на маргинализирана група во остварување на правото од областа на здравственото осигурување – право на надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство. Постапката беше иницирана по поднесена претставка од Мрежата за заштита од дискриминација и ЛАГ Агро Лидер, а како дискриминатор во случајот се утврдува Министерството за здравство на Република Северна Македонија, како предлагач на Законот за здравственото осигурување. Со цел решавање на овој системски проблем, Комисијата на Министерството за здравство му препорачува да подготви измени и дополнувања во Законот за здравствено осигурување, така што ќе предвиди право на надоместок за време на привремена спреченост за вршење на земјоделската дејност поради бременост, раѓање и мајчинство за индивидуалните земјоделки, како здравствени осигуренички. Платеното породилно отсуство претставува клучно социјално право на жените, предвидено со Уставот и со меѓународните договори, па оттука, државата има обврска да го обезбеди ова право за сите жени осигуренички, без исклучок. Во 2022 година, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација постапуваше по вкупно 65 претставки во кои пријавените основи за дискриминација се полот и/или родот, а по 22 од овие претставки, Комисијата утврди дискриминација врз основа на пол и/или род. Овие податоци само ја нагласуваат континуираната потреба, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација да игра важна улога во промовирањето на половата и родовата еднаквост и борбата против дискриминација врз жените, особено жените од маргинализираните групи. Со оваа порака ја нагласуваме тековната борба за родова еднаквост и потребата за справување со системската дискриминација врз жените во сите општествени области. Од друга страна, со подигање на свеста за овие прашања се стремиме кон градење на поправедно и порамноправно општество за сите. Нека оваа објава послужи како потсетник за нужноста од активна и реална, а не само декларативна заложба од сите државни институции и активни чинители во борбата за родова еднаквост и важноста од поддршката и зајакнувањето на жените во сите општествени области од животот. Комисија за спречување и заштита од дискриминација]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-platenoto-porodilno-otsustvo-pretstavuva-kluchno-sotsijalno-pravo-na-site-zheni/feed/ 0
Во Македонија ќе има мајчинско, татковско и родителско отсуство, еве што предвидува новиот закон  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-ke-ima-majchinsko-tatkovsko-i-roditelsko-otsustvo-eve-shto-predviduva-noviot-zakon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-ke-ima-majchinsko-tatkovsko-i-roditelsko-otsustvo-eve-shto-predviduva-noviot-zakon/#respond Sat, 14 Jan 2023 19:57:11 +0000 https://kurir.mk/?p=787371

Место досегашното породилно отсуство се предвидува поделба на отсуствата на мајчинско, татковско и родителско отсуство. Ова се предвидува согласно новиот Предлог- закон за работни односи, кој е во нацрт-верзија, за кој периодов ќе оддржиме серија јавни расправи со цел вклучување на јавноста и отворање на можноста за коментари, објави вечерва министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на својот Фејсбук профил. -Татковското е во траење од 15 дена и се користи веднаш по раѓањето на детето, ако е едно дете, а за близнаци, тројки и повеќе родени деца, во траење од 20 дена. Мајчинското отсуство трае 5 месеци, а родителското по четири месеци за секој родител поединечно, наведува Тренчевска. Министерката за труд и социјална политика посочува дека иако на прв поглед изгледа дека е намален периодот на мајчинско отсуство, сепак не е така, бидејќи мајката има пет месеци мајчинско и четири месеци родителско отсуство. Значи, како што нагласи, останува со детето исто како и досега, 9 месеци. -Но, дополнително, тука се и четири месеци на родителско отсуство на таткото, кои доколку се користат од страна на таткото по истекот на мајчинското и родителството отсуство на мајката, значат дека детето , наместо досегашните 9 месеци, ќе може да биде под родителска грижа вкупно 13 месеци, објави Тренчевска. Според Тренчевска, воспоставувањето на трите вида на отсуство освен, обезбедување на заштита, имаат за цел и изедначување на улогата на мајката и таткото, односно мажот и жената во периодот на подигање на детето или децата. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-ke-ima-majchinsko-tatkovsko-i-roditelsko-otsustvo-eve-shto-predviduva-noviot-zakon/feed/ 0
Татковците во Македонија ќе добијат породилно отсуство, еве колку ќе трае https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tatkovtsite-vo-makedonija-ke-dobijat-porodilno-otsustvo-eve-kolku-ke-trae/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tatkovtsite-vo-makedonija-ke-dobijat-porodilno-otsustvo-eve-kolku-ke-trae/#respond Sat, 14 Jan 2023 17:50:16 +0000 https://kurir.mk/?p=787340

Не се намалува породилното за мајките, туку четири месеци добива и таткото, изјави за Канал 5 министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. „Тоа што се прошири по социјалните мрежи за кратење на породилното отсутво, тоа не е вистина, туку е шпекулација, односно нецелосно прикажување на новиот текст закон за работни односи, затоа што на мајката не и се скратуваат тие сегашни девет месеци, туку напротив се додаваат четири месеци како можност таткото да користи родителско отсутво заради раѓање на дете. Очекуваме во февруари да ни завршат овие јавни дебати околу текстот, да ги собереме предлозите, коментарите, тоа што е конструктивно и текстот да влезе во владина процедура, кој потоа ќе се прати во собраниска процедура“, изјави за Канал 5 министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Ваквиот пристап има за цел изедначување на улогата на мајката и таткото, односно мажот и жената во периодот на подигање на детето или децата.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tatkovtsite-vo-makedonija-ke-dobijat-porodilno-otsustvo-eve-kolku-ke-trae/feed/ 0
Од денеска татковците во Хрватска имаат право на платено отсуство по раѓање на бебе https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-tatkovcite-vo-hrvatska-imaat-pravo-na-plateno-otsustvo-po-ragjanje-na-bebe/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-tatkovcite-vo-hrvatska-imaat-pravo-na-plateno-otsustvo-po-ragjanje-na-bebe/#respond Mon, 01 Aug 2022 12:57:42 +0000 https://kurir.mk/?p=712623

Во Хрватска денеска стапи во сила законот со кој на татковците им се дава право на 10 до 15 дена платено отсуство за да го поминат со семејството во првите шест месеци по раѓањето на детето. Единствен услов е да имаат континуиран работен стаж од девет месеци, без разлика дали имаат договор на определено или неопределено време или да работат една година со прекини во текот на 24 месеци. Доколку работодавачот одбие да го дозволи овој платен одмор, се предвидува казна од 10.000 куни (1330 евра) до 50.000 куни (6650 евра). – Веруваме дека би било добро во првите месеци од животот на детето и двајцата родители да учествуваат во грижата за новороденчето и да создадат подобра емотивна врска, изјави за Хина државната секретарка на Централниот државен завод за демографија Жељка Јосиќ. На татковците кои ќе се решат да го користат ова отсуство, ќе им биде исплатена целосна плата, со тоа што оваа сума ќе оди на сметката на државата, а не на сметката на работодавачот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-tatkovcite-vo-hrvatska-imaat-pravo-na-plateno-otsustvo-po-ragjanje-na-bebe/feed/ 0
Пешевска: Бараме продолжување на породилното отсуство од 9 на 12 месеци, да не дозволиме родилките да станат социјални случаи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-barame-prodolzuvanje-na-porodilnoto-otsustvo-od-9-na-12-meseci-da-ne-dozvolime-rodilkite-da-stanat-socijalni-sluchai/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-barame-prodolzuvanje-na-porodilnoto-otsustvo-od-9-na-12-meseci-da-ne-dozvolime-rodilkite-da-stanat-socijalni-sluchai/#respond Fri, 16 Apr 2021 16:45:38 +0000 https://kurir.mk/?p=498254

Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати се обратив на темата колку статистички жените се најпогодени во пандемијава: семејното насилство врз жените е зголемено за 45%, застрашувачки е бројот на отпуштени жени во текстилната индустрија, бројот на жени кои се исклучуваат од социјалниот и општествениот живот со цел да се грижат за семејството кое се бори со пандемијата е голем, истакна Жаклина Пешевска, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во Коментар на денот. -Како Унија во чии центар на постоењето е ЖЕНАТА - нејзиното право на рамноправност и независност, борбата против родово базираното насилство и сексизмот, не можеме да останеме индиферентни на крикот на мајките кои се борат за ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПОРОДИЛНОТО ОТСУСТВО во време на пандемија. Унијата на жени во соработка со Централната комисија за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ, внимателно ги разгледа барањата на мајките и им ја понудивме нашата помош и поддршка за заштита на нивните работнички и човекови права како жени и работнички! Во оваа прилика ви ги пренесувам во целост нивните основани аргументи и барања: 1. Градинките работат со намален капацитет, нови деца не се примаат поради недостаток на кадар. Низ цела Македонија за упис на нови деца се чека од три месеци до една година. 2. Голем број од мајките немаат никаква друга опција за згрижување на доенчето. 3. Во 2020-тата година во време на најголемиот пик беше донесена пакет мерка за продолжување на платено породилно отсуство. Моментално се соочуваме со пострашни бројки на заболени од 2020-тата година. 4. Во рестриктивните мерки кои се сега на сила - затворени сите објекти каде се групираат граѓаните, не е прифатливо да се оставаат 8/9 месечни доенчиња во градинки дури и ако се најде некое слободно место. 5. Освен негувателките треба да се имунизира и целиот персонал кој се грижи за доенчињата, луѓето кои одржуваат хигиена, луѓето кои се одговорни за припремање на оброците. 6. Во вакви крајно нехумани околности, мајките се принудени да даваат откази, да се откажат од својот професионален ангажман, а не ретко доенчињата се здравстено осигурани токму преку мајките. Што станува со самохраните мајки? 7. Согласно најновите изјави на македонските педијатри, британскиот сој ги напаѓа децата од најрана возраст и остава трајни последици по нивното здравје! Во името на мајките на доенчињата и на децата од предучилишна возраст, ние од Унијата на жени и Републичката комисија за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ, бараме да се ПРОДОЛЖИ ПЛАТЕНОТО ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО, од 9 на 12 месеци, со можност за овие три месеци надоместокот на плата да изнесува 80% од платата на вработената на трошок на Буџетот на Владата на Македонија, односно Фондот. Нашите сознанија говорат дека со овој горлив проблем се соочуваат повеќе од 4.000 жени во државата. ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ РОДИЛКИТЕ ДА СТАНАТ СОЦИЈАЛНИ СЛУЧАИ!, вели Пешевска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-barame-prodolzuvanje-na-porodilnoto-otsustvo-od-9-na-12-meseci-da-ne-dozvolime-rodilkite-da-stanat-socijalni-sluchai/feed/ 0
Mајките кои сe на породилно отсуство сo отворено писмо до властите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majkite-koi-se-na-porodilno-otsustvo-so-otvoreno-pismo-do-vlastite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majkite-koi-se-na-porodilno-otsustvo-so-otvoreno-pismo-do-vlastite/#respond Wed, 31 Mar 2021 15:12:28 +0000 https://kurir.mk/?p=490380

Mајките кои сe на породилно отсуство испраќаат отворено писмо до министерството за здравство, за труд и социјална политика, Комисијата за зразни болести и Владата. -Со оглед на тоа дека се наоѓаме во најголемиот и најстрашниот бран на корона вирусот од почетокот па до денес... во кој што се потешки клинички слики се јавуваат и кај најмалите за разлика од претходните бранови, а намалениот број на групи и деца во градинките не доведува во една незавидна ситуација во која нема каде да ги згрижиме нашите бебиња за да се вратиме непречено на работните обврски. Имено голем е стравот за најмалите, најмилите, најнезаштитените. Поради тоа ние мајките, кои сме на породилно отсуство бараме решенија за оваа ситуација. Малкуте места во градинките, но и не сигурноста во истите не носат кон тоа да се продолжи платеното породилно отсуство, додека не се среди малку ситуацијата- како моментално решение додека помине бранот. Дополнително, да се разгледаат можности за проширување на капацитетите на градинките, како едно трајно решение, стои во нивното отворено писмо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majkite-koi-se-na-porodilno-otsustvo-so-otvoreno-pismo-do-vlastite/feed/ 0
Панова: Владата да ја повлече одлуката за враќање на родителите на работа, додека не обезбеди услови во градинките и училиштата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panova-vladata-da-ja-povleche-odlukata-za-vrakjanje-na-roditelite-na-rabota-dodeka-ne-obezbedi-uslovi-vo-gradinkite-i-uchilishtata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panova-vladata-da-ja-povleche-odlukata-za-vrakjanje-na-roditelite-na-rabota-dodeka-ne-obezbedi-uslovi-vo-gradinkite-i-uchilishtata/#respond Wed, 16 Sep 2020 10:17:38 +0000 https://kurir.mk/?p=403972

Со последната одлука на владата да ги врати сите родители на работа, без притоа да обезбеди услови за згрижување на децата до 10 години, испраќа порака дека децата и нивната добробит не и се важни! Уште повеќе, не им е важна ниту состојбата на мајките со продолжено породилно отсуство или на мајките на деца до 6 години, истакна на денешната прес-конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова. Таа вели дека инсистираат владата да ја повлече, како што рече, оваа избрзана одлука, да отвори јавна дебата и пред носење на нова одлука, се да ги земе предвид барањата и потребите на родителите, и пред се во фокусот да биде грижата за добробитта на децата и семејствата. -Цели 6 месеци, половина година, оваа власт мораше да најде соодветно решение за состојбата. Но напротив, остави работите со епидемијата да се движат вон контрола, за сега, да го одложи почетокот на учебната година, и одеднаш да донесе одлука дека сите родители на деца до 10 години, како и мајки на породилно отсуство, да мора да се вратат на работа! Притоа, државата воопшто не обезбеди услови за нормално функционирање на воспитно- образовните и згрижувачки институции. Избрзаноста и негрижата, како и целосно отсуство на реална слика на состојбите од страна на членовите на владата, се гледа во тоа што пред да ја донесе одлуката, оваа власт воопшто не водела сметка за бројот на децата до 6 години кои што не се запишани во градинка или згрижувачки центри, ниту пак се водела од вистинскиот капацитет- просторен и од аспект на човечките ресурси во градинките. Едноставно, во градинките нема место. Кратењето на продолженото породилно е и спротивно на предлогот на Комисијата за заразни болести која препорача отсуството да трае до крајот на годинава заради што мајките не ги запишаа децата во градинка. Притоа, секојдневни се информациите за проблеми во функционирањето на градинките пред предизвиците со епидемијата, која што воопшто не е смирена. А не смее ниту да се исклучи секојдневното најавување од страна на членовите на власта дека есенва се очекува втор бран на ширење на Корона вирусот во комбинација со сезонскиот грип, нагласи Панова. Посочи дека државата е во хаос, а економијата во колапс. -Власта колку и да е забегана не смее да и се дозволи веќе зголемениот број на невработени, односно после бројката од над 40 илјади работници кои останаа на улица заради короната; сега и родители- мајки на деца до 10 години, вклучително и мајки на продолжено породилно отсуство, да мораат да го остават работното место за да си ги згрижат децата. Заев, Филипче, Шахпаска, Царовска! Работата е премногу сериозна, проблемите кои ги креирате се претешки и воопшто непотребни за народот, кој што го оставивте на цедило цели 6 месеци! Повлечете ја оваа избрзана одлука, барањата и потребите на родителите и грижата за добробитта на децата и семејствата мора да бидат пред се, нагласи пратеничката. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panova-vladata-da-ja-povleche-odlukata-za-vrakjanje-na-roditelite-na-rabota-dodeka-ne-obezbedi-uslovi-vo-gradinkite-i-uchilishtata/feed/ 0
Родилките и мајки на деца до шест години утре на протест пред Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rodilkite-i-majki-na-deca-do-shest-godini-utre-na-protest-pred-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rodilkite-i-majki-na-deca-do-shest-godini-utre-na-protest-pred-vladata/#respond Wed, 16 Sep 2020 05:28:04 +0000 https://kurir.mk/?p=403782

Од следната среда, односно на 23 септември на работа се враќаат родителите на децата до шест години, лицата кои користеа продолжено породилно отсуство, додека бремените жени продолжуваат да ги користат мерките, односно се ослободуваат од одење на работа. Согласно владината одлука на работните позиции од 23 септември се враќаат и хронично болните, со исклучок на лицата, кај кои болеста е во фаза на влошување и оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист. Родилки и мајки на деца до шест годишна возраст најавија протест утре пред Владата, против одлуката која ги обврзува да го прекинат продолженото породилно отсуство и да се вратат на работа. Мајките бараат промена на одлуката, односно продолжување на отсуството до крајот на годината, како што претходно препорача Комисијата за инфективни болести. Реагираа и самохраните родители, кои преку здружението Една може нагласија дека со започнување на вонредната состојба, специфични мерки беа креирани за различни групи, а оваа категорија била изоставена и за нив не биле креирани индивидуализирани пакети на мерки. Голем број самохрани родители останале без работа, дел поради тоа што биле дел од неформалниот пазар на трудот, друг дел, како што наведуваат, ги загубиле работните места поради несензибилност на приватниот сектор и немањето разбирање за оние кои немаат опција за чување на децата. – Трет дел дури сега ќе ги изгубат работните позиции, овој пат поради тоа што на четвратата седница на Влада на Република Македонија одржана на токму оние кои треба да работат и земаат плата од сите граѓани на републикава, донесоа одлука која се коси со здрав разум: „Сите – читај вклучително и самохраните родители, се враќаат на работа од 23 септември – среда, иако учебната година е претумбана да почнува од октомври 2020 година. Од октомври учебната година физички ќе се одвива само од 8:30 до 10:30 часот, порачуваат од Една може. За министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска нема ништо спорно во одлуката на Владата. Таа смета дека мерката за отсуство од работа на родителите на деца до шест години и на оние со продолжено породилни отсуство станало беспредметно со отворањето на градинките. – Со отворањето на градинките мерките за отсуство од работа на родителите и за продолжено породилно отсуство ја изгуби својата смисла, изјави вчера Шахпаска. Таа оцени дека одлуката на Владата за враќање на родителите на децата од нула до шестгодишна возраст во работниот процес од 23 септември е логична и очекувана, со оглед на тоа што градинките и Центрите за ран детски развој од 9 септември се отворени и имаат капацитет да ги примат децата. Во однос на одлуката на Владата за прекин на продолженото породилно отсуство, министерката Шахпаска оцени дека со отворањето на градинките и оваа мерка ја губи смислата. Вчера беше забележан прв случај на дете заразено со коронавирус. Според информациите од Министерството, станува збор за дете кое било згрижено во градинката „13 Ноември“ во општина Центар во Скопје. Детето е на 15-месечна возраст. Шахпаска вчера информираше дека детето престојувало во градинката само еден час на 9 септември, а на 14-ти родителите ги известиле вработените во установата дека детето е позитивно на Ковид-19. Од отворањето на градинките на 9 септември беа пријавени три случаи на позитивни вработени во градински во Скопје, Битола и Свети Николе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rodilkite-i-majki-na-deca-do-shest-godini-utre-na-protest-pred-vladata/feed/ 0
Мајки на породилно, бидете спокојни: Продолженото отсуство трае се до завршување на времените мерки за коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majki-na-porodilno-bidete-spokojni-prodolzenoto-otsustvo-trae-se-do-zavrshuvanje-na-vremenite-merki-za-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majki-na-porodilno-bidete-spokojni-prodolzenoto-otsustvo-trae-se-do-zavrshuvanje-na-vremenite-merki-za-koronavirusot/#respond Tue, 21 Jul 2020 14:28:04 +0000 https://kurir.mk/?p=379275

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека на работничките кои се на продолжено породилно отсуство, платеното отсуство им трае се додека траат времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот. За да се обезбеди заштита и грижа за децата, посочуваат од Министерството, Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работни односи за време на вонредна состојба („Службен весник на РМ“ БР.90/20), со која отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус. Одлуката за времетраење и завршување на времените мерки ја носи Владата на Република Македонија, по препорака на Комисијата за заразни болести. Надоместот за породилното отсуство се регулира преку Фондот за здравствено осигурување, информираат од Министерството за труд и социјална политика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majki-na-porodilno-bidete-spokojni-prodolzenoto-otsustvo-trae-se-do-zavrshuvanje-na-vremenite-merki-za-koronavirusot/feed/ 0
Сабота и недела неработни, породилно отсуство една година и зголемување на минималната плата, бара ССМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sabota-i-nedela-nerabotni-porodilno-otsustvo-edna-godina-i-zgolemuvanje-na-minimalnata-plata-bara-ssm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sabota-i-nedela-nerabotni-porodilno-otsustvo-edna-godina-i-zgolemuvanje-na-minimalnata-plata-bara-ssm/#respond Fri, 10 Jul 2020 08:56:14 +0000 https://kurir.mk/?p=373115

Сојузот на синдикати на Македонија денеска преку соопштение излезе со неколку барања и укажувања кои, како што вели, ќе бидат почетна основа за преговори со социјалните партнери и од кои нема да отстапи без оглед на тоа кој ќе ја формира новата Влада. ССМ предлага во новиот Закон за работни односи да бидат прогласени сабота и недела за неработни денови, породилното отустсво да биде 12 месеци, а договорите на определено време да се користат само во исклучителни услови и да бидат со траење до една година. Се предлага и работодавецот во рок од 30 дена по доставен писмен предлог од Колективниот договор да ги започне преговорите. Синдикатот бара и воведување на бенифициран стаж за градежните работници и за оние работници кои работат во тешки услови кои влијаат штетно на здравјето, како и пензија по дејности односно со закон да се предвидат едни услови за пензионирање на пример за градежен работник, текстилен работник или рудар од оној работник кој работи во администрација. Дел од предлозите се и старосна пензија по работен стаж, односно 35 години работен стаж за жена и 40 години за маж, без оглед на годините на возраст, како и право на работникот на предвремена пензија која би се остварила под услови возраст од 60 години со минимум работен стаж од 15 години. Се предлага и неполна старосна пензија по возраст, односно да им се овозможи на работниците сами да го платат придонесот за пензиско и инвалидско осигурурвање доколку го немаат исполнето условот од минимум 15 години работен стаж. Од ССМ сметаат дека постои реална потреба и за зголемување на минимналната плата најмалку 60 проценти од просечната плата во државата и заболувањето од КОВИД 19 кај сите работници да се третира како професионална болест со право на 100 проценти надомест на плата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sabota-i-nedela-nerabotni-porodilno-otsustvo-edna-godina-i-zgolemuvanje-na-minimalnata-plata-bara-ssm/feed/ 0