порошенко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 Jun 2020 15:17:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png порошенко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Порошенко Македонски, кому Заев „му пушташе“ броеви од Вес Мичел и фотки од Меркел, носел уредби во полза на странски служби https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poroshenko-alijas-piter-makedonski-komu-zaev-mu-pushtashe-broevi-od-ves-michel-i-fotki-od-merkel-nosel-uredbi-vo-polza-na-stranski-sluzbi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poroshenko-alijas-piter-makedonski-komu-zaev-mu-pushtashe-broevi-od-ves-michel-i-fotki-od-merkel-nosel-uredbi-vo-polza-na-stranski-sluzbi/#respond Wed, 10 Jun 2020 15:11:21 +0000 https://kurir.mk/?p=356238

Во тек е истрага за повеќе од 10 различни случаи за кои постои сомневање за вмешаност на Порошенко.

Украинското државно биро за истраги соопшти денеска дека се сомнева дека поранешниот претседател Петро Порошенко во 2018 година донел незаконска уредба што се однесува на неговите работи со странска разузнавачка служба.
Порошенко, кој стана пратеник откако ги загуби минатогодишните претседателски избори, рече дека случајот  е во врска со назначување заменик началник на странска разузнавачка служба и обвинението го оцени како политички мотивирано.
Бирото соопшти дека постои сомневање дека поранешниот претседател издал јасен кривичен налог кога убедил еден службеник да ги надмине своите овластувања и да се приведе еден осомничен во предистражна постапка. Во тек е истрага за повеќе од 10 различни случаи за кои постои сомневање за вмешаност на Порошенко.   Во трагикомичната мега-афера, двајца млади руси, кои се претставуваат како пранкстери, му се претставуваат на Заев како екс украинскиот претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Меѓу двете страни, Заев и луѓето кои изведуваат пранкови, односно измами или еден вид на скриени разговори со познати, имало три комуникации преку Ватсап на телефон. Првиот бил лани во август, еден месец пред референдумот, вториот пат во јануари оваа година пред гласањето во параламентот за преспанскиот договор, и третиот во април, ден пред македонските и украинските претседателски избори. Двајцата комичари на врвен начин успеваат да го убедат Заев дека се навистина Порошенко, односно Столтенберг и главно го испрашуваат во детали за неговите ставови за горливи прашања. Заев не забележува дека станува збор за пранкстери односно измамници и одговара во детали на прашањата кои на моменти се провокативни. Во првиот разговор се зборува кој ќе дојде на посета во Македонија пред референдумот, а Заев на наводниот Порошенко дури му одговара дека македонскиот претседател во тоа време Иванов е проруски и дека Русија силно работи против успехот на македонските аспирации за НАТО членство. Се спомнува дури и прашањето за името, а комичарите наведуваат дека Украина имала сличен проблем за името со латино американската држава Хондурас. Во разговорите лажниот Порошенко ги бара од Заев броевите од високиот американски претставник Вес Мичел и од косовскиот премиер Рамуш Харадинај. Лажниот Порошенко дури на Заев му тврди дека е родниснки поврзан со Александар Македонски и на шега му вели – „е сега да ме викаш Питер Македонски“, по што Заев во смеење му кажува „Чао Питер“. Пред гласањето во Праламентот за преспанскиот договор, лажниот руски Порошенко, повторно му се јавува на Заев и го прашува дали ќе треба да ги потплаќа пратениците од опозицијата како тој што направил во Украина. Во два разговори, Порошенко лажниот, наведува дека може да помогне во разговорите со вселенскиот патријарх Вартоломеј и дека му дал 100 илјади евра за автокефална украинска црква. Таа идеја наводниот Порошенко ја кажува еден ден пред вистинскиот Порошенко да ги изгуби изборите, што беше и очекувано. Прашањата кои двајцата пранкстери ги поставуваат се одлично подготвени со детали за внатрешните прашања во државата, но Заев и покрај отворениот пристап им одговара.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poroshenko-alijas-piter-makedonski-komu-zaev-mu-pushtashe-broevi-od-ves-michel-i-fotki-od-merkel-nosel-uredbi-vo-polza-na-stranski-sluzbi/feed/ 0
Порошенко: Со Путин може да се разговара само од позиција на сила https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poroshenko-so-putin-moze-da-se-razgovara-samo-od-pozicija-na-sila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poroshenko-so-putin-moze-da-se-razgovara-samo-od-pozicija-na-sila/#respond Sat, 23 Feb 2019 09:38:30 +0000 https://kurir.mk/?p=167242

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека со шефот на руската држава Владимир Путин може да се разговара само од позиција на сила. – Мислам дека човек може да разговара со Путин само од позиција на сили, изјави Порошенко во интервју за американската телевизија Фокс Њуз. Според украинскиот претседател, дијалогот со Путин би можел да даде резултати единствено ако „меѓународната коалиција биде доволно силна“ и ако санкциите кон Моксва бидат „исклучително ефикасни“. Порошенко оцени дека американската Администрациха „врши одлична работа“, на само од аспект на санкциите кон Москва, туку и поради доставувањето на Украина на противтенковските ракетни системи „Џевелин“. – Потребно е зголемување на присуството на НАТО во Црното Море, поради незаконската (руска) анексија на Крим, изјави Порошенко, додавајќи дека присуството на бродови на Алијансата во Црното Море ќе претсавува „фактор на стабилност“ во регионот. Порошнеко последниве недели ја заостри реториката кон Москва, потег што некои аналитичари го оценуваат како дел од неговата предизборна кампања во пресрет на претседателските избори во Украина. Последните анкети на јавното мислење покажуваат дека Порошенко заостанува во популарноста зад неговите двајца главни противкандидати за претседателската функција, Володомир Зелински од популистчката партија Слуга на народот (СН) и поранешната премиерка Јулија Тимошенко од конзервативниот Сеукраински сојуз „Татковина“ (Баткивштина).(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poroshenko-so-putin-moze-da-se-razgovara-samo-od-pozicija-na-sila/feed/ 0
Порошенко: Украина е подготвена да се брани од Русија и смета на ветената помош од САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poroshenko-ukraina-e-podgotvena-da-se-brani-od-rusija-i-smeta-na-vetenata-pomosh-od-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poroshenko-ukraina-e-podgotvena-da-se-brani-od-rusija-i-smeta-na-vetenata-pomosh-od-sad/#respond Wed, 28 Nov 2018 11:57:41 +0000 https://kurir.mk/?p=133068

Украинскиот претседател Петро Порошенко во интервју за Ен-Би-Си Њуз изјави дека има порака за шефот на руската држава Владимир Путин, која би сакал лично да му ја пренесе неговиот американски колега Доналд Трамп за време на претстојниот Самит на Г-20 во Аргентина. – Мојата порака гласи: Ве молам излезете од Украина, господине Путин, изјави Порошенко. Тој нагласи дека украинската армија е подготвена да ја брани својата земја, за што смета на ветената поддршка од САД. – Сметаме на САД. Сметаме на американскиот народ, изјави украинскиот претседател. Порошенко потенцира дека ако дојде до војна, Украина ќе пружи жесток отпор, нагласувајќи дека Русија „ќе плати висока цена“ ако ја нападне земјата. – Ќе се бориме за нашата слобода, за нашата демократија, за нашата земја, порача Порошенко. Како што претходно јави МИА, Порошенко синоќа обвини дека Русија драстично го засилила своето воено присуство на границата со Украина, предупредувајќи на опасност од „тотална војна“ меѓу двете земји. Инаку, од денеска во Украина во сила стапи одлуката за воведување воена состојба во 10 региони долж границите со Русија и Молдавија и областите крај Црното и Азовското Море, за период од 30 дена. Тензиите меѓу Украина и Русија ескалира по инцидентот во неделата, кога руската армија отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе од Црното Море да влезат во Керченскиот Теснец. По вооружениот инцидент, руските сили ги задржаа украинските бродови заедно со 24-ца членови на нивните екипажи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poroshenko-ukraina-e-podgotvena-da-se-brani-od-rusija-i-smeta-na-vetenata-pomosh-od-sad/feed/ 0