порше – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 27 Jun 2023 16:22:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png порше – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Штутгарт договори спонзорски договор со Порше вреден 100 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shtutgart-dogovori-sponzorski-dogovor-so-porshe-vreden-100-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shtutgart-dogovori-sponzorski-dogovor-so-porshe-vreden-100-milioni-evra/#respond Tue, 27 Jun 2023 16:22:56 +0000 https://kurir.mk/?p=850193

Германскиот фудбалски клуб Штутгарт договори спонзорски договор со локалниот производител на автомобили Порше и консултантската компанија МХП, кој би можел да донесе повеќе од 100 милиони евра. Мерцедес Бенц ќе остане главен спонзор на Штутгарт, но компанијата ќе се откаже од правото на името на стадионот, соопшти денеска бундеслигашот. МХП, консултантска компанија за менаџмент и информатичка технологија, е член на групацијата на Порше и ќе го преземе правото на името на стадионот за почетен период од десет години. „Планираната соработка со Порше, МХП и Мерцедес Бенц ветува долгорочно јакнење на клубот и компаниите кои стојат зад него. Тука инвеститорите во Лигата на шампиони се собираат под еден покрив“, изјави претседателот на Штутгарт, Клаус Фогт. Штутгарт минатата сезона одвај избегна испаѓање од Бундеслигата, откако во двата бараж дуели беше поуспешен од второлигашот Хамбургер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shtutgart-dogovori-sponzorski-dogovor-so-porshe-vreden-100-milioni-evra/feed/ 0
Порше се откажа од влегување во Ф1 https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/porshe-se-otkazha-od-vleguvane-vo-f1/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/porshe-se-otkazha-od-vleguvane-vo-f1/#respond Sun, 26 Mar 2023 05:36:24 +0000 https://kurir.mk/?p=816470

Германската компанија Порше нема да се приклучи на караванот во Формула 1 веднаш по воведувањето на новите правила во 2026 година, пренесуваат европските медиуми. Порше е дел од групацијата Фолксваген, која во април минатата година објави дека Ауди и Порше сакаат да бидат дел од најбрзиот циркус од 2026 година. Во меѓувреме, Ауди купи удел во Заубер и си обезбеди сопствен влез во Формула 1. За разлика од Ауди, Порше беше заинтересиран само за соработка со некои од постоечките конструктори. Најсериозни преговори беа со актуелниот шампион Ред Бул, но тие пропаднаа во септември. Во меѓувреме, австрискиот тим најави дека ќе користи мотори на Форд од 2026 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/porshe-se-otkazha-od-vleguvane-vo-f1/feed/ 0
Тешко повреден скопјанец, со „порше“ излетал од коловоз https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/teshko-povreden-skopjanets-so-porshe-izletal-od-kolovoz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/teshko-povreden-skopjanets-so-porshe-izletal-od-kolovoz/#respond Sat, 11 Mar 2023 13:09:52 +0000 https://kurir.mk/?p=810775

Околу 20:10 часот синоќа на автопатот Куманово - Скопје во атар на кумановското село Романовце, патничко моторно возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот скопјанец В.С., излетало надвор од коловозот, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи. - По несреќата, В.С. бил пренесен во Ургентен центар - Куманово, каде од лекар му е констатирана тешка телесна повреда, појаснуваат од МВР. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР - Куманово. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/teshko-povreden-skopjanets-so-porshe-izletal-od-kolovoz/feed/ 0
Новата „Манхарт“ модификација на „Порше 911“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/novata-manhart-modifikacija-na-porshe-911/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/novata-manhart-modifikacija-na-porshe-911/#respond Mon, 14 Nov 2022 20:44:09 +0000 https://kurir.mk/?p=760497

„Порше 911 ГТ2 РС“ од претходната серија 991 сѐ уште е најмоќниот сериски „елфер“ досега, но тоа германската тјунинг-компанија „Манхарт“, сепак, го направи уште помоќен. Меѓу најновите проекти зад познатата компанија за модифицирање возила, е проект заснован на „Порше 911 ГТ2 РС“, придвижуван од 3,8-литарски 6-цилиндричен би-турбо мотор со вообичаените 700 коњски сили. Новиот „суперавтомобил“ означен со „ТР 900“, од друга страна, има бројни нови карбонски елементи на каросеријата, сепак засенети од фактот дека речиси тркачкото купе на „Порше“ го придвижуваат 945 коњски сили и 1.050 њутн-метри во вртежи. За значително поголемиот „столб“ над задната оска, стандардните турбополначи се заменети со поголеми и помоќни турбополначи „ТТХ 1000“. Ладилниците се, исто така, поголеми, интеркулерот е различен, а електронската контролна единица на моторот е прекалибрирана заедно со поотворениот издувен систем. Податоците за перформансите не се објавени, а „ТР 900“ ќе чини 550.000 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/novata-manhart-modifikacija-na-porshe-911/feed/ 0
„Порше“ е на берзата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/porshe-e-na-berzata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/porshe-e-na-berzata/#respond Thu, 29 Sep 2022 13:00:46 +0000 https://kurir.mk/?p=739050

Производителот на спортски автомобили „Порше“ од денеска е на берза со иницијална јавна понуда (ИПО), вредна околу 75 милијарди евра, со којашто се надева дека ќе дојде до околу 19,5 милијарди евра свеж капитал. Според тоа, пазарната капитализација се проценува речиси на ниво на „Фолксваген“, неговата матична компанија, која вреди околу 84 милијарди евра. Ги надмина и соперниците како „Ферари“. ИПО на „Порше“ е меѓу најголемите во Европа и е втора по големина во Германија, по излегувањто на „Дојче телеком“ на берзата во 1996 година. Цената на акција на „Порше“ на отворањето вредеше 84 евра, што е блиску до опсегот од 76,5 до 82,5 евра што фирмата го објави овој месец. Компаниите во континентална Европа годинава собраа најмал капитал на берзата од Глобалната финансиска криза во 2009 година, или приближно 44 милијарди долари. Само 4,5 милијарди долари беа собрани во ИПО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/porshe-e-na-berzata/feed/ 0
„Porsche“ најавува електрична „Panamera“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/porsche-najavuva-elektrichna-panamera/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/porsche-najavuva-elektrichna-panamera/#respond Wed, 07 Sep 2022 13:55:03 +0000 https://kurir.mk/?p=729975

Додека „Porsche“ планира серија модификации за актуелната „Panamera“, германската марка има многу поголеми планови за следната генерација на овој модел. Така, „Autoblog“ наведува дека се планира и електрична верзија на „Panamera“, на истата „SSP“ платформа која ќе биде основа за неодамна објавениот теренец на „Porsche“ со седум седишта. Таа „EV“ платформа ќе се користи и за втората генерација на „Taycan“ што доаѓа подоцна во оваа деценија. Се верува дека „Panamera“ без мотор со внатрешно согорување ќе седи над „Taycan“ во гамата, што значи дека ќе добие поголема каросерија со подолго меѓуоскино растојание. Британскиот магазин тврди дека по големина ќе биде сличен на растегнатиот модел достапен денес, кој се протега до 5.199 милиметри и има меѓуоскино растојание од 3.100 mm. Бидејќи ќе биде изграден на платформа за електрични автомобили, тоа значи дека електричната „Panamera“ ќе нуди супериорен внатрешен простор во однос на „Panamera LWB“ на бензински погон. „Panamera EV“ наводно е во рана фаза на развој и затоа е малку веројатно да биде пуштена во продажба пред средината на деценијата кога големиот „SUV“ треба да излезе на улиците. Според „Autocar“, следниот „Taycan“ е закажан за 2027-ма година. „Porsche“ работи и на понапредна технологија на батерии од 800 V за да постигне поголем опсег, додека се планираат верзии со еден и два електрични мотори. Електричната „Panamera“ нема да значи крај на моторот со внатрешно согорување, бидејќи „Porsche“ има намера да го надгради моделот со погон на „SUS“ во 2023-та година и да го задржи во производство до крајот на деценијата. Тоа би значело преклопување од неколку години, што ќе биде случај и со „Macan“. Спортскиот кросовер следната година ќе добие „EV“ варијанта, која извесен период ќе се продава заедно со дериватите на „SUS“. Шансите се поголемиот „Cayenne“ да следи слична стратегија, а „Autocar“ наведува дека „Cayenne“ ќе добие „EV“ верзија во 2025-та година. Единственото „Porsche“ што нема да добие чист електричен погон во блиска иднина ќе биде „911“, бидејќи германската марка ја отфрли својата „EV“ верзија за оваа деценија. Во меѓувреме, хибридниот погон пристигнува кон средината на деценијата, кога помалите спортски автомобили „718“ целосно ќе ги отфрлат своите „SUS“ верзии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/porsche-najavuva-elektrichna-panamera/feed/ 0
ФОТО: Посебна серија патики за љубителите на Порше, позната е и цената https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-posebna-serija-patiki-za-ljubitelite-na-porshe-poznata-e-i-cenata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-posebna-serija-patiki-za-ljubitelite-na-porshe-poznata-e-i-cenata/#respond Sat, 11 Jun 2022 12:28:39 +0000 https://kurir.mk/?p=689540

Порше и Пума претставуваат лимитирана серија со која оддаваат почит на еден посебен модел. Porsche 911 Carrera RS 2.7 е премиерно претставено пред половина век. Кога е претставен, овој автомобил беше најбрзото германско возило,  но и едно од најбрзите во светот. Постигнуваше брзина од 245 км/ч. А сега патиките Puma x Porsche Suede RS 2.7 се оние кои ќе го одбележат големиот јубилеј. Ќе бидат произведени 500 пара од секој модел, односно боја, баш како што Порше произведе 500 примероци од автомобилите. Во продажба ќе има 10 бои кои се идентични на автомобилите. Осум бои ќе бидат достапни за целиот свет, додека портокаловата е резервирана на холандскиот пазар, а црните за јапонскиот. Цената е околу 120 евра. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-posebna-serija-patiki-za-ljubitelite-na-porshe-poznata-e-i-cenata/feed/ 0
Сообраќајна несреќа во скопски Аеродром – Порше заврши со речиси откинато тркало (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/soobrakjajna-nesrekja-vo-skopski-aerodrom-porshe-zavrshi-so-rechisi-otkinato-trkalo-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/soobrakjajna-nesrekja-vo-skopski-aerodrom-porshe-zavrshi-so-rechisi-otkinato-trkalo-foto/#respond Tue, 05 Apr 2022 19:26:18 +0000 https://kurir.mk/?p=658898

Сообраќајна несреќа се случила вечерва околу 20 часот во скопски Аеродром, откако автомобил марка Порше излегло од коловозот и завршило речиси со откинато тркало. Според неофицијалните информации причинета е само материјална штетат, а во незгодата нема повредени. Фото: centar.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/soobrakjajna-nesrekja-vo-skopski-aerodrom-porshe-zavrshi-so-rechisi-otkinato-trkalo-foto/feed/ 0
СО ПОРШЕ КАЈЕН НА КИЕВ Чеченците војуваат со стил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-porshe-kajen-na-kiev-chechencite-vojuvaat-so-stil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-porshe-kajen-na-kiev-chechencite-vojuvaat-so-stil/#respond Wed, 02 Mar 2022 13:33:06 +0000 https://kurir.mk/?p=639494

Во изминатите неколку дена е навистина тешко да се дојде до проверена информација од воените дејствија во Украина, по покренувањето на инвазијата на руската војска. Објавени се мноштво на фотографии и на видеа, од кои поголемиот дел се употребени во пропагандни цели. Тука секогогаш во преден план се припадниците на чеченската гарда, составен дел на руската армија. Чеченците досега остварија огромен број на прегледи на социјалните мрежи, со поставувањата на своите видеа и фотографии. За континуитетот се погрижија двајцата Чеченци, кои војна како да тргнале со Порше Кајен, скап автомобил на чие задно стакло пишува: „На Киев“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-porshe-kajen-na-kiev-chechencite-vojuvaat-so-stil/feed/ 0
Порше сака да стане снабдувач на мотори за Формула 1 https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/porshe-saka-da-stane-snabduvach-na-motori-za-formula-1/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/porshe-saka-da-stane-snabduvach-na-motori-za-formula-1/#respond Wed, 03 Nov 2021 15:04:03 +0000 https://kurir.mk/?p=590387

Шефот на одделот за мотоспорт на Порше, Томас Лоденбах, зборуваше за желбата на компанијата да стане снабдувач на мотори за Формула 1. -Не е тајна дека навистина размислуваме за Формула 1. Не е тајна дека сме во контакт со ФИА и дека, да речеме, навистина сериозно размислуваме за таква можност, изјави Лоденбах за „Планет Ф1“. Сепак, конечната одлука сè уште не е донесена. Исто така, шефот на одделот за мотоспорт на Порше објасни дека компанијата сака да ги промени моторите на тркачките автомобили. -Колку што знам, во однос на прашањето за Формула 1, многу работи навистина се движат во вистинската насока, особено, во однос на важноста на електрониката. Би сакале да видиме повеќе стандардни делови во дизајнот на моторот, а за електричниот дел, производителите имаат слобода да дизајнираат. И многу од споменатите работи навистина можат да се остварат, додаде Лоденбах. Претходно во медиумите се појавија информации дека Порше ја разгледува можноста за соработка со Ред Бул или дури и создавање сопствен фабрички тим базиран на Заубер, кој делува во Ф1 под брендот Алфа Ромео.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/porshe-saka-da-stane-snabduvach-na-motori-za-formula-1/feed/ 0