портал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Jul 2022 15:37:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png портал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Смртни закани до редакцијата на бањалучкиот портал „еТрафика“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smrtni-zakani-do-redakcijata-na-banjaluchkiot-portal-etrafika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smrtni-zakani-do-redakcijata-na-banjaluchkiot-portal-etrafika/#respond Thu, 21 Jul 2022 15:37:28 +0000 https://kurir.mk/?p=708541

Редакцијата на порталот „еТрафика“ од Бања Лука од мај годинава добивала смртни закани преку социјалните мрежи, потврди мрежата „SafeJournalists“. Заканите се пријавени во полицијата, а предметот е доставен до Окружното јавно обвинитество во Бања Лука. Заканите доаѓале од лице за кое порталот пред четири години објавил серија текстови во кои се посочува дека лицето вршело оперативни зафати врз куче во импровизирана амбуланта во неговиот дом. Главната уредничка на порталот „еТрафика“ Вања Стокиќ изјави дека новинарите во редакцијата се загрижени, бидејќи заканите продолжиле независно што случајот е пријавен до полицијата. „Мошне сме загрижени бидејќи заканите не престануваат, тој се јавува повеќе од два месеци, не престана ниту кога му се заканувавме со полиција. Посебно е вознемирувачки што во една порака ни напиша дека не одговара за своите постапки и оти нема да оди во затвор туку на лекување. Тоа значи дека тој мисли дека може да ни направи се, без последици“, рече таа. Маја Радевиќ од мрежата „SafeJournalists“ за БиХ посочува дека од Обвинителството добила одговор оти во случајот нема елементи за кривично дело оттаму што нема лични закани односно заканите биле упатувани до редакцијата на порталот. „Ваквото објаснување е во најмала рака зачудувачки и само уште една потврда за тоа како постапуваат обвинителите кога станува збор за закани и напади врз новинари. Ако случајно вакви брутални закани беа упатени до политичар, тој што ги испратил одамна ќе беше во притвор, рече Радевиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smrtni-zakani-do-redakcijata-na-banjaluchkiot-portal-etrafika/feed/ 0
Косовското НВО „Актив“ отвори портал за српско-албанско пријтелство https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskoto-nvo-aktiv-otvori-portal-za-srpsko-albansko-prijtelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskoto-nvo-aktiv-otvori-portal-za-srpsko-albansko-prijtelstvo/#respond Tue, 17 May 2022 17:22:59 +0000 https://kurir.mk/?p=678003

Невладината организација „Актив“ од Северна Митровица ја промовира денеска својата нова интернет-страница, чија цел е да придонесе за зближување меѓу српската и албанската заедница во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Порталот е насловен „Српско-албанско пријателство“, а неговите содржини се достапни на три јазици – српски, албански и англиски. На денешната промоција на порталот, неговата авторка, Александра Павловиќ изјави дека цел на проектот е „посебно младите да научат за добрите страни на српско-албанските односи, за кои не се знае доволно“, објави косовскиот медиум на српски јазик Радио КИМ. – Тука може да се најдат различни приказни, како на пример за (актерите) Фарук Беголи и Беким Фехмиу, за Скендербег, за српско-албанските врски во Средниот век. Сите тие врски ве водат кон поголема воздржаност. Тоа не се класични академски истории, туку имаат повеќе новинарски карактер, изјави Павловиќ. Извршниот директор на Фондот на Косово за хуманитарно право, Беким Бљакај рече дека „една таква интернет-страница им е потребна на Србите и Абанците на патот кон помирувањето“. – Главно луѓето во Косово и Србија ги користат или ги добиваат информациите кои им ги нудат медиумите, било електронски или од друг вид, и никогаш не можат лесно да дојдат до информации како овие што ги нуди овој портал. Мислам дека е многу значајно тие што се заинтересирани, посебно младите, да имаат извор на информации за српско-албанските односи низ историјата, изјави Бљакај. По презентацијата на страницата, се одржа дискусија на тема „Заедничкиот живот на Србите и Албанците во очите на домашните активисти и набљудувачи“. Граѓанската активистка за човекови права, Нора Ахметај изјави дека позитивни примери од соживотот на Албанците и Србите тешко може да се најдат во јавноста, додека извршниот директор на НВО Актив, Миодраг Миличевиќ изрази уверување дека „подбуцнувачката реторика на политичарите се одразува негативно на односите меѓу двата народи“. Учесниците на трибината се согласија дека првиот чекор кон помирувањето меѓу Албанците и Србите треба да биде расветлувањето на судбината на исчезнатите лица од последната војна во Косово, објави Радио КИМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskoto-nvo-aktiv-otvori-portal-za-srpsko-albansko-prijtelstvo/feed/ 0
Порталот за борба против ренсомвер им помага на жртвите од хакерски напади https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portalot-za-borba-protiv-rensomver-im-pomaga-na-zrtvite-od-hakerski-napadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portalot-za-borba-protiv-rensomver-im-pomaga-na-zrtvite-od-hakerski-napadi/#respond Mon, 27 Jul 2020 14:02:43 +0000 https://kurir.mk/?p=382166

Европол денеска соопшти дека специјализираниот интернет портал „Номерерансон“ нуди бесплатна помош за жртвите на ренсомвер – компјутерски вирус со чија помош хакерите од физички и правни лица изнудуваат откуп и оти досега е спречено 632 милиони долари да дојдат до кибер криминалците. Ако вирусот ренсомвер продре во компјутер почнува да ги шифрира потенцијално важните податоци и корисникот не може да пристапи без да им плати откуп на хакерите. – Такви хакерски напади се случуваат со години, но последните месеци се интензивираа, а на мета се болниците и владините институции на некои земји и тоа во ситуација кога светот е погоден од пандемијата со Ковид-19, наведува Европол во соопштението издадено по повид четири години од постоењето на порталот „Номерерансом.орг“. (No more ransom – нема повеќе откуп) Порталот досега имал над 4,2 милиони посетители од 188 држави. Со 163 партнери, порталот Номерерансом е прв пример на јавно-приватно партнерство во таа област и е достапен на 36 јазици, а во изминатата година во својата збирка воведе 28 софтверски алатки за декрипција и може да се избори со 140 различни типови на ренсомвер вирусот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portalot-za-borba-protiv-rensomver-im-pomaga-na-zrtvite-od-hakerski-napadi/feed/ 0
Турската полиција изврши претрес во просториите на опозициски портал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskata-policija-izvrshi-pretres-vo-prostoriite-na-opoziciski-portal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskata-policija-izvrshi-pretres-vo-prostoriite-na-opoziciski-portal/#respond Thu, 28 Jun 2018 13:10:52 +0000 https://kurir.mk/?p=70795

Турската полиција денеска изврши претрес во канцеларијата на опозицискиот информативен портал Сендика во Истанбул. Претресот е извршен веднаш по спроведените апсења на поддржувачи на кандидатот на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) Мухарем Инџе на неодамнешните претседателски избори. Сајтот соопшти дека за време на претресот во просториите не се наоѓале новинари, додавајќи дека тој е извршен во рамки на истрагата која се води против главниот уредник Али Ергин Демирхан. Демирхан првпат беше уапсен во април под обвинение дека не ги признава резултатите од референдумот за воведување на претседателскиот систем во Турција, а потоа и во мај поради објавување текст со наслов „Ние можеме да ја запреме диктатурата“. Во меѓувреме, пет лица се уапсени денеска во Измир поради „навреда на државници“, а претходно биле притворени други седум лица, кои, како што се тврди, го прекориле турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по митингот на Инџе на 21 јуни. Ердоган беше реизбарн на претседателските избори кои се одржаа во неделата.  (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskata-policija-izvrshi-pretres-vo-prostoriite-na-opoziciski-portal/feed/ 0