порторико – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 05 Aug 2022 06:17:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png порторико – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поранешната гувернерка на Порторико, Васкез уапсена поради корупција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshnata-guvernerka-na-portoriko-vaskez-uapsena-poradi-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshnata-guvernerka-na-portoriko-vaskez-uapsena-poradi-korupcija/#respond Fri, 05 Aug 2022 06:21:39 +0000 https://kurir.mk/?p=714330

Американските власти ја уапсија поранешната гувернерка на Порторико, Ванда Васкез, која беше на оваа функција од 2019 до 2021 година, поради обвинение за корупција за време на изборната кампања во 2020 година. Таа е обвинета дека била дел од шема за подмитување, се наведува во соопштението на Министерството за правда. Според надлежни, сопственикот на венецуелско – италијанската банка „Банкредито“, Хулио Мартин Херера Велутини и поранешниот агент на ФБИ, Марко Росини, им платиле околу 300.000 долари на политички консултанти, кои ја поддржале кампањата на Васкез во замена за политички услуги. Властите наведуваат дека сопственикот на банката „Банкредито“, која била под истрага на островските регулаторни тела, индиректно побарал од Васкез да замени директор на регулаторно тело. Хулио Мартин Херера Велутини, наводно со Марко Росини, понудил мито. Двајцата се обвинети заедно со Васкез. Таа, како и тие, може да добијат до 20 години затвор доколку бидат осудени, изјави американскиот обвинител за округот Порторико, Стивен Малдроу, на прес – конференција. Васкез за првпат ќе се појави во суд нешто подоцна во текот на денешниот ден, соопшти Министерството за правда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshnata-guvernerka-na-portoriko-vaskez-uapsena-poradi-korupcija/feed/ 0
Најмалку 11 загинати при превртување на чамец близу Порторико https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-11-zaginati-pri-prevrtuvanje-na-chamec-blizu-portoriko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-11-zaginati-pri-prevrtuvanje-na-chamec-blizu-portoriko/#respond Fri, 13 May 2022 07:20:37 +0000 https://kurir.mk/?p=676070

Најмалку 11 лица загинаа при превртување на чамец со мигранти, северно од ненаселениот остров Десечео, близу западниот брег на Порторико. – Досега, спасени се 31 лице, соопштија локалните власти. Не се знае колку луѓе биле во чамецот, а меѓу спасените се 20 машки и 11 женски лица. Хеликоптер на американската царина и гранична полиција забележал превртен чамец и набргу почнала акцијата за спасување. Најмалку осум Хаиќани се во болница, не се знае националноста на останатите лица во чамецот. Во регионот, мигранти од Хаити и од Доминиканската Република бегаат од насилството и сиромаштијата во своите држави. Американската крајбрежна стража и доминиканската морнарица во саботата спасија 68 мигранти во преминот Мона, подрачје меѓу Порторико и Доминиканската Република. – Овие патувања се навистна опасни. Бродовите се небезбедни, преоптоварени и немаат опрема за спасување, истакна Кастродад. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-11-zaginati-pri-prevrtuvanje-na-chamec-blizu-portoriko/feed/ 0
ОИ: Прво злато во атлетика за Порторико https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oi-prvo-zlato-vo-atletika-za-portoriko/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oi-prvo-zlato-vo-atletika-za-portoriko/#respond Mon, 02 Aug 2021 07:45:47 +0000 https://kurir.mk/?p=544952

Атлетичарката Јасмин Камачо-Квин победи во женското финале на трката 100 метри со пречки и го освои првото олимписко злато во историјата на Порторико во овој спорт. Ова е и прво одличје за Порторико на Олимпијадата во Токио, за кое Камачо-Квин најави борба уште во полуфиналето кога го урна олимпискиот рекорд со време од 12.26. Американката Кендра Херисон се закити со сребрениот медал по ова финале. Камачо-Квин истрча за 12.37 секунди во финалето, Херисон запиша време од 12.52, додека бронзениот медал припадна на Јамајканката Меган Тејпер со време од 12.55 секунди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oi-prvo-zlato-vo-atletika-za-portoriko/feed/ 0
Во Порторико се урна голем радио телескоп https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-portoriko-se-urna-golem-radio-teleskop/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-portoriko-se-urna-golem-radio-teleskop/#respond Tue, 01 Dec 2020 15:00:58 +0000 https://kurir.mk/?p=437040

Во Порторико се урна огромен радио телескоп, кој со децении имаше клучна улога во астрономските откритија, соопштија порториканските власти. Опсерваторијата Аресибо е затворена уште од август, откако пукна помошен кабел и ја оштети параболичната антена. Додека на почетокот од ноември пукна и главниот кабел, поради што порториканската Национална фондација за наука неколку недели подоцна соопшти дека ќе ја прекина работата на радио телескопот поради преголемото оштетување. Тоа беше втор по големина телескоп во светот и функционираше повеќе од половина век. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-portoriko-se-urna-golem-radio-teleskop/feed/ 0
По силниот земјотрес: Еден и пол милион луѓе без струја во Порторико (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-silniot-zemjotres-eden-i-pol-milion-lugje-bez-struja-vo-portoriko-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-silniot-zemjotres-eden-i-pol-milion-lugje-bez-struja-vo-portoriko-video/#respond Thu, 09 Jan 2020 12:01:24 +0000 https://kurir.mk/?p=287402

Околу еден и пол милион луѓе, што е повеќе од половина од населението во Порторико, останаа без електрична енергија по земјотресот што ги погоди Карибите во вторникот, а неколку илјади граѓани ја минаа ноќта на отворено откако биле урнати нивните домови или се изложени на ризик да бидат уништени. Земјотресот со интензитет од 6,4 степени беше најсилниот што го погоди Порторико во последните 100 години, во кој загина едно лице. Снабдувањето со електрична енергија низ целиот остров не се очекува да биде воспоставено до викендот, бидејќи при потресот се оштетени електраната „Коста Сур“ и друга енергетска инфраструктура. – За обнова на електраната што снабдува електрична енергија во Порторико ќе биде потребна најмалку една година, изјави Ел Нуево Диа, директор на Агенцијата за снабдување со електрична енергија. Околу 24 отсто од населението нема ниту вода, а повеќе од 2.200 лица се сместени во прифатни центри. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-silniot-zemjotres-eden-i-pol-milion-lugje-bez-struja-vo-portoriko-video/feed/ 0
ФОТО: Силниот земјотрес во Порторико го уништи чудото на природата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-silniot-zemjotres-vo-portoriko-go-unishti-chudoto-na-prirodata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-silniot-zemjotres-vo-portoriko-go-unishti-chudoto-na-prirodata/#respond Wed, 08 Jan 2020 08:06:08 +0000 https://kurir.mk/?p=286651

Силен земјотрес кој во понеделникот го погоди Порторико ја уништи популарната туристичка атракција „Дупка во карпа“. Ова место се сметаше за чудо на природата, но по силниот земјотрес од 5,8 степени, а во кој загина едно лице, повеќе не постои. По овој земјотрес, следуваа серија нови од кои најсилниот беше со јачина од 6,6 степени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-silniot-zemjotres-vo-portoriko-go-unishti-chudoto-na-prirodata/feed/ 0