посетители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 07 May 2022 10:37:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png посетители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Над 1000 посетители вчера на прославата на патронатот на Општина Кисела Вода https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nad-1000-posetiteli-vchera-na-proslavata-na-patronatot-na-opshtina-kisela-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nad-1000-posetiteli-vchera-na-proslavata-na-patronatot-na-opshtina-kisela-voda/#respond Sat, 07 May 2022 10:37:41 +0000 https://kurir.mk/?p=673300

Преку 1000 посетители вчера беа дел од манифестацијата која Општина Кисела Вода ја организираше по повод својот патронен празник. Под насловот “Св. Ѓорѓија - Низ приказната за Кисела Вода”, во и пред домот на култура “Билјана Беличанец” се одржа мултимедијален проект кој побуди интерес кај сите генерации. -Сите ние сме дел од една историја, сите ние оставаме свој отпечаток, испишуваме свое поглавје во една голема приказна. Приказната за Кисела Вода. Веројатно, многумина од вас, тука присутните, со сентименталност гледаат на овој објект кој денес дише со нов здив, а како поранешно кино, бил убав спомен на една младост. Почитта кон минатото, кон традицијата и обичаите, се оддава преку нивното зачувување, негување и пренесување, и ова се постулати врз кои ќе се темели нашето функционирање како раководство на Општина Кисела Вода. Впрочем, чест и благослов е да се управува со најстарата скопска општина, која е дом на бројни монументи на македонската духовност. Обновата, но и креирањето на нова, модерна сегашност и иднина, се наша одредница и ќе се почувствуваат во сите сфери на општественото живеење. Визијата за Кисела Вода, како најстара скопска, но општина со најдинамичен развој е реалноста која започнавме одлучно да ја градиме. И тоа заедно со вас, нашите жители-истакна во своето обраќање пред присутните градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Низ приказната за Кисела Вода се проговори за македонската глаголица и македонската кирилица, како суштина на македонскиот јазик и култура, низ модерната визуелна интерпретација на двете писма на авторите Лазе Трипков и Ласко Џуровски. За значењето на изложеното преку постерите и фонтовите говореше професорката д-р Елка Јачева – Улчар. Претставата “За нашиот Горан” посветена на великанот Горан Стефновски ја одиграа дечињата од актерското училиште на Весна Бејби Петрушевска. Популарниот Виктор Апостоловски покажа дека е вистински идол меѓу младите, посебно после песната Супермен, која ја пееше и на бис. Преубав музички избор преку својот сет направи и Диџеј Манов, кој ја затвори вечерта. Целокупната манифестација имаше еколошки момент, бидејќи електричната енергија за неа беше обезбедена преку перформансот на активистите од “Гоу Грин”. Тие во текот на целата вечер произведуваа струја преку возење на велосипеди. Заклучокот на присутните беше заеднички-Вакви настани треба да ни се случуваат почесто. А градоначалникот Ѓорѓиевски, токму тоа и го најави за перидот што следува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nad-1000-posetiteli-vchera-na-proslavata-na-patronatot-na-opshtina-kisela-voda/feed/ 0
Голак повторно со посетители, на планината формирана снежна покривка (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/golak-povtorno-so-posetiteli-na-planinata-formirana-snezna-pokrivka-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/golak-povtorno-so-posetiteli-na-planinata-formirana-snezna-pokrivka-foto/#respond Mon, 20 Dec 2021 11:22:36 +0000 https://kurir.mk/?p=610778

Обилниот снег кој изминатата недела непрекинато паѓаше на планината Голак, викендов ги измами посетителите да се искачат на делчевската планинска убавица и со своите најмали да уживаат во снежната белина која отсуствуваше во градот. Според дел од граѓаните, добро е што поради проодноста на патот Делчево – Голак им било овозможено да уживаат во снегот. – Голак како место каде некогаш доаѓаа рекреативци од цела држава и пошироко секогаш во зима го има својот препознатлив сјај. Патот беше чист до одморалиштето, што покрај снежни доживувања на децата овозможи и долги прошетки на присутните. Навистина денот беше прекрасен и убаво беше да се биде денес на Голак, истакна посетител. Од подружницата на ,,Македонија пат” потврдија дека имале интервенции со градежна механизација, наспоменувајќи дека патот Делчево – Голак е чист по целата должина, со тоа што на некои места биле забележливи паднати дрвја, кои се отстранети. На останатите места во Пијанечко-малешевскиот регион кои водат до туристичките локалитети каде има снег, патиштата исто така се проодни, без посериозни проблеми по одвивањето во сообраќајот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/golak-povtorno-so-posetiteli-na-planinata-formirana-snezna-pokrivka-foto/feed/ 0
Ајфеловата кула повторно отворена за посетители https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ajfelovata-kula-povtorno-otvorena-za-posetiteli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ajfelovata-kula-povtorno-otvorena-za-posetiteli/#respond Fri, 16 Jul 2021 07:09:38 +0000 https://kurir.mk/?p=537459

Ајфеловата кула се отвора за посетителите од денеска по неколку месеци затворање како дел од епидемиолошките ограничувања. Влезниците се распродадени на интернет. Ајфеловата кула беше затворена кон крајот на минатата година поради пандемијата со Ковид-19. Атракцијата во Париз исто така беше затворена за посетителите во текот на дел од пролетта 2020 година, кога вирусот почна да се шири во Европа. Посетителите на Ајфеловата кула мора да носат маски и да одржуваат социјална дистанца. Од 21 јули стапуваат на сила нови ограничувачки мерки, така што посетителите ќе треба да покажат негативен тест, доказ за вакцинација или прележан Ковид-19.Ова правило во моментов не важи за малолетници. Ајфеловата кула секоја година обично ја посетуваа околу 7 милиони луѓе. Минатата година беше забележан голем пад на бројот на посетители поради епидемиолошките ограничувања и помалку меѓународни туристи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ajfelovata-kula-povtorno-otvorena-za-posetiteli/feed/ 0
Отворен за посетители индискиот споменик на љубовта https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otvoren-za-posetiteli-indiskiot-spomenik-na-ljubovta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otvoren-za-posetiteli-indiskiot-spomenik-na-ljubovta/#respond Wed, 16 Jun 2021 08:49:10 +0000 https://kurir.mk/?p=524161

Властите во Индија денеска повторно го отворија познатиот храм Таџ Махал и повеќе други знаменитости, за посета. Тоа, откако бројот новозаразени со коронавирусот забележа пад. Најмногу 650 туристи ќе може да ја посетат најголемата туристичка атракција во Индија, дневно. Билетите се резервираат преку интернет, соопштија тамошните власти. На влезот, ќе се мери температурата на посетителите. Задолжително е да се носат маски и луѓето да се придржуваат до мерките на физичко растојание. Таџ Махал беше затворен во април поради наглото зголемување на бројот заразени со коронавирусот во Индија. Министерство за здравство објави 62.224 нови случаи изминативе 24 часа, што е значителен пад во споредба со 400.000 дневно во април. Според наводите, 2.542 лица починале како резултат од вирусот. Со тоа, вкупниот број смртни случаи од избувнувањето на пандемијата се зголеми на 379.573 лица. Градот Агра, каде што се наоѓа Таџ Махал, вчера пријави 10 новозаразени, а во април имало 500 заразени на ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otvoren-za-posetiteli-indiskiot-spomenik-na-ljubovta/feed/ 0
Нотр Дам ќе биде отворена во 2024 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/notr-dam-kje-bide-otvorena-vo-2024-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/notr-dam-kje-bide-otvorena-vo-2024-godina/#respond Thu, 15 Apr 2021 06:00:55 +0000 https://kurir.mk/?p=497399

Катедралата Нотр Дам во Париз, која беше уништена во пожар пред две години, повторно ќе биде отворена за посетителите во 2024 година. Тоа го вети француската министерка за култура Розелин Бачело. Таа соопшти дека биле собрани 833 милиони евра преку јавна акција, што се доволно средства за реконструкција на катедралата. Министерката денеска, точно две години по пожарот кој делумно го уништи објектот, ќе замине на градилиштето заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, кој тогаш побара катедралата да се обнови во рок од пет години. Пожарот во катедралата Нотр Дам избувна ноќта на 15 април 2019 година. Кулата се урна и голем дел од покривот беше уништен, но пожарникарите успеаја да го зачуваат овој грандиозен средновековен објект, ремек-дело на готската уметност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/notr-dam-kje-bide-otvorena-vo-2024-godina/feed/ 0
Таџ Махал по шест месеци повторно отворен за посетители https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tadz-mahal-po-shest-meseci-povtorno-otvoren-za-posetiteli/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tadz-mahal-po-shest-meseci-povtorno-otvoren-za-posetiteli/#respond Mon, 21 Sep 2020 09:47:39 +0000 https://kurir.mk/?p=406112

Едно од најпознатите светски зданија, Таџ Махал по шест месеци е повторно отворено за посетители. Ова беше најдолг период во кој некогаш храмот бил затворен, а во Индија сè уште расте бројот на заразени со коронавирусот. Мавзолејот во градот Агра беше затворен во март, по воведените мерки против Ковид-19. Правилата велат дека сега ќе може да прими само 5.000 посетители на ден, со строги епидемиолошки мерки. Во вообичаен ден, мермерниот мавзолеј од 17. век, го посетуваат и до 70.000 луѓе. Сега целиот објект е редовно дезинфициран, а на посетителите ќе им се мери температурата на влезот. Билетите се плаќаат со картички. Групно фотографирање е забрането поради наложеното физичко растојание. Последен пат Таџ Махал беше привремено затворен во 1978 година, при поплавите во Агра. Претходно храмот беше затворен на неколку дена во 1971 година, за време на војната меѓу Индија и Пакистан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tadz-mahal-po-shest-meseci-povtorno-otvoren-za-posetiteli/feed/ 0
Лувр повторно отворен за посетителите со строги мерки за заштита https://arhiva.kurir.mk/makedonija/luvr-povtorno-otvoren-za-posetitelite-so-strogi-merki-za-zashtita/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/luvr-povtorno-otvoren-za-posetitelite-so-strogi-merki-za-zashtita/#respond Mon, 06 Jul 2020 07:43:49 +0000 https://kurir.mk/?p=369648

По три месеци, музејот Лувр ќе ги отвори вратите за посетителите, под строги санитарни услови поради коронавирусот. Санитарните мерки ќе останат на сила најрано до септември, односно задолжително носење на маска започнувајќи од возраст од 11 години. Посетителите ќе треба да дојдат опремени со маска, бидејќи музејот нема да им ја дава. Во музејот постои добро утврдена патека за посетата која се советува, но која може да не се почитува ако нема многу посетители.  За да се види Мона Лиза или Жаконда, сега ќе се влегува преку Големата Галерија и ќе се излегува на другата страна од салата Државната сала, преку салата Сенон. Пред сликата на Мона Лиза поставени се столпчиња и ленти, со цел да им се дозволи на посетителите да го зачуваат растојанието. Резервацијата на влезницата се советува да се направи преку интернет, бидејќи само таа гарантира влегување во музејот, освен ако музејот нема продадено 400 влезници за секој половина час на влегување, тогаш туристите ќе можат да купат влезница на самиот влез.  Околу 30 отсто од салите на Лувр се затворени, но турситите не треба да се грижат на нивните погледи се ставени на располагање 30 000 дела на 45 000 квадратни метри изложбен простор. Ноќните посети засега нема да се одржуваат. Дневно се очекуваат меѓу 8 и 10 000 посетители, наместо вообичаените 40 000. Лувр е еден од најпосетените музеи во светот со 10 милиони посетители, од кои дури 75 отсто се странски туристи. Според музејот на 23 јуни само 12 000 лица резервирале влезници за месец јули, додека за месец август немаше ниту една резервација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/luvr-povtorno-otvoren-za-posetitelite-so-strogi-merki-za-zashtita/feed/ 0
Мицотакис: И ова лето ги очекуваме посетителите од балканските земји https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-i-ova-leto-gi-ochekuvame-posetitelite-od-balkanskite-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-i-ova-leto-gi-ochekuvame-posetitelite-od-balkanskite-zemji/#respond Tue, 19 May 2020 12:47:45 +0000 https://kurir.mk/?p=347844

Грција и ова лето ги очекува посетителите од балканските земји, кои секоја година ни прават чест, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на квадрилатералната средба со неговите колеги од Бугарија и Романија и претседателот на Србија, јави дописничката на МИА од Атина. Предмет на разговорите, како што информираат од кабинетот на Мицотакис, била размената на искуства во справувањето со коронавирусот, акцентот бил ставен на укинувањето на рестриктивните мерки со што ќе се олесни продолжувањето на патувањето на бизнисмените, работниците и туристите, а станало збор и за предусловите за нормализирање на прекуграничниот туризам и транспорт, кои се клучни фактори за економско закрепнување на земјите од регионот. Од грчка страна, на видеоконференцијата , освен грчкиот премиер, присуствувале и министрите за надворешни работи, за здравство, туризам, заменик-министерот за цивилна заштита, како и шефот на експертскиот тим епидемиолози во Министерството за здравство на Грција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-i-ova-leto-gi-ochekuvame-posetitelite-od-balkanskite-zemji/feed/ 0
На Божиќниот панаѓур во Стразбур се врши претрес на посетителите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-bozikjniot-panagjur-vo-strazbur-se-vrshi-pretres-na-posetitelite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-bozikjniot-panagjur-vo-strazbur-se-vrshi-pretres-na-posetitelite/#respond Fri, 22 Nov 2019 20:21:54 +0000 https://kurir.mk/?p=267897

Најпознатиот Божиќен панаѓур во Франција, во Стразбур, денеска е отворен под силна полициска заштита. Пред една година теорист на овој панаѓур со нож и пиштол уби пет лица, по што беше убиен од полицијата. Градските власти соопштија дека на годинешниот Божиќен панаѓур има 500 полицајци во цивилна облека и оти на влезот ќе се претресуваат сите посетители. Стразбур очекува од саемот да заработи 250 милиони евра, со инвестиција од околу пет милиони евра, вклучително и безбедноста која годинава чини еден милион евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-bozikjniot-panagjur-vo-strazbur-se-vrshi-pretres-na-posetitelite/feed/ 0
Зоолошката во Скопје со изненадувања за посетителите по повод утрешниот роденден https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zooloshkata-vo-skopje-so-iznenaduvanja-za-posetitelite-po-povod-utreshniot-rodenden/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zooloshkata-vo-skopje-so-iznenaduvanja-za-posetitelite-po-povod-utreshniot-rodenden/#respond Sat, 31 Aug 2019 07:30:36 +0000 https://kurir.mk/?p=235256

Забава со детски песни, театарска претстава, Дизни маскоти и други изненадувања ги очекуваат посетителите што ќе дојдат во Зоолошката градина утре, на одбележувањето на нејзиниот 93-ти роденден. Големата роденденска журка ќе почне во 17 часот, а присутните ќе уживаат во настапите на „Златно Славејче“, детската театарска претстава на Неверленд- Волшебникот од ОЗ, како и со Дизни маскотите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zooloshkata-vo-skopje-so-iznenaduvanja-za-posetitelite-po-povod-utreshniot-rodenden/feed/ 0