пошта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Sep 2023 08:01:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пошта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поскапуваат дел од поштенските услуги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poskapuvaat-del-od-poshtenskite-uslugi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poskapuvaat-del-od-poshtenskite-uslugi/#respond Fri, 01 Sep 2023 08:01:42 +0000 https://kurir.mk/?p=873338

Нови цени на поштенските услуги во меѓународниот поштенски сообраќај се во сила од денеска. Новите цени се однесуваат за писмата, поштенските картички, печатените работи и малите пакети. За стандардизираното писмо, поштенската услуга ќе чини 42 денари, а исто толку ќе чини и за поштенската картичка. Поштенската услуга за нестандардизираното писмо до 20 грама во соседните држави и во земјите од Европа, кои се во втора зона, од септември ќе биде 42 денари, а за останатите држави од Европа, кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 45 денари. За препорачаните писма, ќе се доплаќа 139 денари како дополнителна цена која ќе се додава на цената за основната услуга. Кај малите пакети до 100 грама, доколку се праќаат во соседните држави и во земјите од Европа од втора зона ќе се плаќа поштенска услуга од 105 денари, а за останатите европски држави кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 120 денари. За најголемите пакети од 1000 до 2000 грама, цената на поштенската услуга за соседните држави и за Европа, втора зона, ќе биде 1.115 денари, додека за останатите европски држави, Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот ќе биде 1.285 денари. За печатени книги, весници и списанија до 20 грама, поштенската услуга за соседните држави и Европа, втора зона, ќе биде 37 денари, а за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 39 денари. За пратка со печатени книги, весници и списанија кои тежат од 1000 до 2000 грама, ќе се плаќа поштенска услуга од 1.112 денари за соседните држави и Европа, втора зона, додека за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави во светот 1.265 денари... За авионски превоз за писмо, поштенска картичка, печатени работи, мали пакети и секограми (сите видови печатени работи за слепи) за Австралија и Нов Заланд и за останатите земји во светот, цената ќе биде по 6 денари за секои 10 грама тежина на пратката, која ќе се пресметува како дополнителна цена и ќе се додава на цената за основната услуга. За земјите од Европа, цената за оваа услуга останува четири денари на секои 10 грама тежина на пратката. Потребата од зголемување на цените, како што стои во образложението од Агенцијата за пошти, е оправдано од неколку причини - некои од постојните цени на основните и дополнителните услуги во меѓународниот сообраќај како писмо и поштенска картичка се во примена повеќе од 20 години, додека цените на нестандардизираното писмо, печатени работи и мали пакети, препорачано ракување и ракување со писмо, не се сменети шест години, а трошоците за нивно обезбедување се зголемени. Во образложението се наведува и дека вака зголемените цени на поштенските услуги се меѓу пониските во регионот и дека се во рамки на просекот со земјите од регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poskapuvaat-del-od-poshtenskite-uslugi/feed/ 0
Синдикатот на Пошта: Итна средба со Владата или протести и штрајкови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-poshta-itna-sredba-so-vladata-ili-protesti-i-shtrajkovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-poshta-itna-sredba-so-vladata-ili-protesti-i-shtrajkovi/#respond Mon, 20 Feb 2023 13:03:42 +0000 https://kurir.mk/?p=802691

Синдикатот на Македонска пошта бара итна средба со Министерството за транспорт и врски и Владата за состојбите во претпријатието кое, како што велат, се соочува со загуби во работењето и ризици за редовна исплата на платата. Доколку во рок од пет дена не се одржи средба, синдикалното раководство најави дека ќе ги преземе сите законски мерки и механизми за заштита на правата на работниците со организација на протести и штрајкови. Повторно апелира генералниот директор на Пошта да го стопира огласот за 31 ново вработување во администрацијата на претпријатието, што сметаат дека е економски неиздржано и во постојните финансискси услови. -Стравуваме како вработени за натамошната иднина на друштвото, како и редовната исплата на плата за наредниот период со оглед на фактот дека платата за јануари ја земавме на 17-ти месецов по истекот на законскиот рок. И покрај тоа што Македонска пошта се соочува со сериозни проблеми со целокупното работење генералниот директор распиша оглас за нови 31 вработување во администрцијата. Тие вработувања во оваа ситуација се непотребни со оглед на фактот дека во тој дел имаме превработеност, а тоа може да се направи со прераспоредување на работни места со цел поголема продуктивност и подобри услуги кон граѓаните, рече на прес-конференција Боро Велигденов, претседател на Синдикатот, посочувајќи дека нови вработувања се потребни во технолошкиот процес, односно на поштари, шалтерски и работници во оператива, каде немаат доволно кадар. Според Велигденов, не е преземено ништо за спроведување на трипартитниот меморандум за соработка потпишан протестот во октомври лани, што го организираше Синдикатит. Тогаш со раководството и Владата беа договорени активности за внатрешни реформи, со нова систематизација и реорганизација на работењето особено во делот на обезбедување услови и средства за работа, како и потпишување колективен договор. Во Пошта, информираше Велигденов, моментно работат над 2000 вработени, а вкупната бројка во последните пет години се намалува и претходно изнесуваше 2200. Проблемот, вели тој, е старосната структура, 65 проценти се над 55 години и заминуваат во пензија. Над 90 проценти од нив се во технолошкиот процес каде имаме сериозни проблеми во работењето. -Наместо да се сконцентрираме да ги подобриме услугите односно да обезбедиме поквалитетна работа, преземаме непотребни чекори со новите вработувања. Платата за јануари е со задоцнување со заеми, генерираме намалени приходи, работиме со загуба, и стравуваме како ќе обезведиме средства за редовна плата за наредниот период, рече Велигденов, посочувајќи дека според негови информации платата за јануари била исплатена со помош на заем земен од Халк банка. Со договорот по протестот во октомври лани, што следуваше по неисплатената плата за септември, е предвидено платите да се исплаќаат во законски предвидениот рок, до 15-ти во месецот. Исто така со одлука на Владата државните институции добија задолжение да ги користат услугите на АД „Пошти“, како и дека ќе почне процес на реорганизација, рационализација и оптимизација на работењето претпријатието, што ќе трае до 31 декември 2022 година и ќе се следи од Владата. Националната Пошта има ексклузивно право да обезбедува резервирани поштенски услуги до 31 декември година, откако со законски измени повторно и беше вратена монополската позиција во тој сегмент од пазарот. Од почетокот на месецов се во сила нови цени за осум поштенски услуги на државното претпријатие. Зголемување на цените има за стандардизирано и за нестандардизирано писмо до 50 грама за што наместо 25 денари ќе се плаќа 36 денари, за стандардизирана картичка до 50 грама – 16 денари, за нестандардизирано писмо oд 50 до 100 грама – 48 денари, а за нестандардизирано писмо од 100 до 250 грама – 60 денари. Пониски се цените за гломазно писмо над 250 до 500 грама (80 денари), за гломазно писмо од 500 до 1.000 грама (128 денари), како и за гломазно писмо над 1.000 до 2.000 грама (176 денари), се наведува во решението од Агенцијата за пошти.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-poshta-itna-sredba-so-vladata-ili-protesti-i-shtrajkovi/feed/ 0
Постапката за рекламација кај поштенски оператор не ја знаат 77 проценти од корисниците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postapkata-za-reklamacija-kaj-poshtenski-operator-ne-ja-znaat-77-procenti-od-korisnicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postapkata-za-reklamacija-kaj-poshtenski-operator-ne-ja-znaat-77-procenti-od-korisnicite/#respond Wed, 04 Jan 2023 11:20:56 +0000 https://kurir.mk/?p=783740

Дваесет и четири проценти од физичките лица опфатени со истражување на Агенцијата за пошти рекле дека воопшто не примаат пратки преку електронска трговија, 20 проценти примаат до две пратки годишно, 19 проценти до пет, а 20 проценти до 10 пратки годишно. Оние кои примаат пратки почесто во текот на годината се испитаници од 18-44 години, студенти/ученици, вработени во приватен сектор, со вишо или високо образование и со повисоки месечни примања. Повеќе од половина од испитаниците, односно 60 проценти, интернет нарачките на пратки ги прават во внатрешниот поштенски сообраќај, а 40 проценти во меѓународен. Оние кои во поголем број нарачуваат во државава се на возраст од 18-24, од 55 до 64 години, како и испитаници над 75 години, невработени, студенти/ученици, пензионери и приватници/сопственици на бизнис, стои во резултатите од истражувањето спроведено од 10-ноември до 5-ти декември 2022 година. Од деловните корисници на поштенски услуги, пак, 23 проценти годишно нарачуваат 20 и повеќе пратки, 20 проценти нарачуваат до 10 пратки, 14 проценти до пет пратки, а 12 проценти до две пратки. Триесет и еден процент воопшто не нарачуваат пратки преку интернет на годишно ниво. Мнозинството од испитаниците опфатени со истражувањето на Агенцијата за пошти, 77 проценти не се запознаени со постапката за поднесување рекламации кај поштенскиот оператор за изгубени, оштетени поштенски пратки и пречекорување на рокот за достава, а 23 проценти изјавиле дека се запознаени со оваа постапка. Испитаниците кои се запознаени со постапката во поголем број се на возраст од 18 до 24 години, учениците/студентите или сопствениците на приватен бизнис. Нешто повеќе од две третини од испитаниците, 70 проценти, воопшто не испраќаат писма на месечна основа, а 18 проценти изјавиле дека испраќаат до две писма. На прашањето поврзано со цената на стандардно писмо која изнесува 25 ден, 56 проценти се многу или донекаде задоволни, а 34 проценти ниту се задоволни, ниту не се задоволни. Дури 41 процент од испитаниците би платиле повисока цена за услугата за достава на пратка нареден ден или за два дена. Нешто помалку од половина од испитаниците, 46 проценти, се донекаде задоволни, додека 23 проценти се многу задоволни од поштенските услуги. Главни причини за незадоволство од поштенските услуги според истражувањето на Агенцијата за пошти се проблемите со доставата (88 проценти), краткото работно време (63 проценти) како и застарените процедури и цените на поштенските услуги со 50 проценти. Речиси две третини од испитаниците 62 проценти сметаат дека е во ред, Пошта на Северна Македонија да ги обезбедува своите услуги не само во нивните деловни простории преку нивниот персонал, туку и преку договорни пошти (приватни продавници, продажни места, трговија, бензински пумпи). Со оваа идеја се согласуваат во поголем број најмладите од 18-24 години, но и постарите од 65- 74, невработените, учениците/студентите… Најважен фактор за квалитетот на обезбедување на поштенските услуги според мнозинството од испитаниците (78 проценти) опфатени со истражувањето на Агенцијата за пошти, е брзината на преносот на поштенски пратки, како и цената на поштенската услуга со 61 процент. Исто така важни се и факторите на локацијата на поштенските единици и цена на поштенската услуга. Најкористени поштенски услуги во државава се подигање пакет, 57 проценти, прием и подигање на писма, сметки, честитки на домашна адреса (51 процент) и подигање препорачани пратки (50 проценти). Половина од испитаниците односно 49 проценти, ги посетуваат поштенските единици еднаш месечно. Најважни критериуми за избор на поштенска единица која се посетува се личното подигање на поштенски пратки 67 процент, и локацијата 62 проценти, како и работното време 53 проценти. Повеќе од половина од испитаниците немаат предлог како да се подобрат условите за пристап до поштенски услуги 59 проценти. За побрза достава на пратките се изјасниле осум проценти, додека за постоење на повеќе филијали шест проценти. Две третини, 68 проценти, користеле поштенски услуги од друг давател на поштенски услуги покрај услугите на Пошта на Северна Македонија, а најголем дел од нив, 81 процент, користеле услуги од Карго. Главни причини за користењето на овие конкурентски компании се брзината на достава 83 проценти, брзина на прием 61 процент, како и итноста 53 проценти. Само 17 проценти од испитаниците изјавиле дека знаат за постоењето на збирни сандачиња за прием и достава на пакети, 46 проценти рекле дека би ги користеле.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postapkata-za-reklamacija-kaj-poshtenski-operator-ne-ja-znaat-77-procenti-od-korisnicite/feed/ 0
Во Пошта немало бомба, пријавата е лажна  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-poshta-nemalo-bomba-prijavata-e-lazna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-poshta-nemalo-bomba-prijavata-e-lazna/#respond Thu, 29 Dec 2022 14:33:33 +0000 https://kurir.mk/?p=782175

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава од објект на Пошта на Македонија во Скопје по добиена порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажна пријава. -Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, информираат од МВР.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-poshta-nemalo-bomba-prijavata-e-lazna/feed/ 0
ФОТО: Рита Ора доби поштенска марка во Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-rita-ora-dobi-poshtenska-marka-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-rita-ora-dobi-poshtenska-marka-vo-kosovo/#respond Sat, 26 Nov 2022 19:07:25 +0000 https://kurir.mk/?p=767022

Пејачката Рита Ора, која е родена во Приштина, ќе биде дел од марките на Филателијата на Поштата на Косово. Поштенска марка со нејзиниот лик е пуштена во промет денеска, на 26 ноември, поточно нејзиниот роденден. -Повеќе од десет години на врвот на меѓународната музичка и рап сцена, таа ја користеше секоја прилика да ја промовира својата родна земја Косово, како и целиот албански народ преку својата слава, се вели во соопштението на Пошта Косово. По повод објавувањето на оваа поштенска марка, извршната директорка на Косовската пошта, Факете Кадиу, изрази благодарност до Рита Ора. -За Поштата на Косово е чест да и оддаде почит на Рита Ора. Таа ни даде толку многу убави моменти и бескрајна гордост со нејзините песни, настапи и величествени концерти. Нека овој прекрасен печат биде симболичен подарок од Косово за нашата пејачка, на овој посебен ден за неа, за неа извонреден придонес за нашата земја и нашата нација, рече Кадиу.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-rita-ora-dobi-poshtenska-marka-vo-kosovo/feed/ 0
Ковачевски: Работиме на изнаоѓање долгорочно одржливо решение за „Пошта“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-rabotime-na-iznaogjanje-dolgorochno-odrzlivo-reshenie-za-poshta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-rabotime-na-iznaogjanje-dolgorochno-odrzlivo-reshenie-za-poshta/#respond Thu, 24 Nov 2022 14:25:11 +0000 https://kurir.mk/?p=765946

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се работи на изнаоѓање начин за долгорочна одржливост на македонска Пошта, а за самиот објект којшто пред неколку години изгоре рече дека презема обврска заедно со ресорните министри тој да се обнови. Одговарајќи на пратеничко прашање на Гордана Силјановска Давкова, тој кажа дека од 2012 година македонска Пошта креира загуба некаде од околу три милиони евра годишно и работи монополски на пазарот. -Тоа е неодржлива ситуација. Секоја година Владата одвојува средства од својот Буџетот. Она што јас сметам дека треба да се направи е комплетна реорганизација на пошта односно првиот начин е приватизација, вториот е делумна приватизација со аукција или со избор на стратешки партнер, рече Ковачевски на седницата за пратенички прашања. Според неговото искуство како што кажа Ковачевски најдобро е стратешки партнер, бидејќи тие се грижат за развојот на бизнисот. Краткорочно, потсети Ковачевски, ние веќе имавме одлука на Влада за финансиска поддршка, но со услов синдикатот и менаџментот да излезат со план за рационализација и намалување на трошоците и воведување на нови платфпрми. Во меѓувреме владин тим ќе работи на долгорочна одржливост на поштата. Што се однесува до просториите на државна Пошта, сооглед на тоа дека државата ја субвенционира тие немаат финансии да ги реновираат, додаде тој, ќе земеме обврска тој објект да се стави во функциија и да се користи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-rabotime-na-iznaogjanje-dolgorochno-odrzlivo-reshenie-za-poshta/feed/ 0
Предупредувачки протест во Пошта: Исплата на плати до вторник или протест пред Влада, егзистенцијата на 2.200 семејства доведена во прашање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predupreduvachki-protest-vo-poshta-isplata-na-plati-do-vtornik-ili-protest-pred-vlada-egzistencijata-na-2-200-semejstva-dovedena-vo-prashanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predupreduvachki-protest-vo-poshta-isplata-na-plati-do-vtornik-ili-protest-pred-vlada-egzistencijata-na-2-200-semejstva-dovedena-vo-prashanje/#respond Thu, 20 Oct 2022 10:26:16 +0000 https://kurir.mk/?p=748283

Двети синдикални организации на Македонска пошта денеска повторно одржаа предупредувачки протест за време на паузата. Бараат да им биде исплатена септемвриската плата, да не се доцни во иднина со исплатата на платите, да се подобрат нивните услови за работа и државата да ги користи нивните услуги и да не ангажира приватни пошти, со цел да се зголемат нивните приходи. Претседателот на едниот Синдикат на Македонска пошта Боро Велигденов појасни дека протестот го одржуваат поради доцнењето на платите, кои требало да бидат исплатени најдоцна до 15-ти месецов.
– Дополнително како вработени се грижиме за нашата егзистенција, за нашите работни места, односно за иднината на нашата компанија, проблем кој со години се провлекува и особеното немање интерес од Владата да заземе цврст став во надминување на состојбите и на подобрување на работењето на Македонска пошта. Македонска пошта е државна компанија која е од суштинско значење за државата и мора како пошта да постои и да биде главен сервис на граѓаните, потенцираше Велигденов. Тој предупреди дека доколку не се исплатата платите до вторник, сите вработени од Македонска пошта ќе одржат протест пред Влада. – Сепак, станува збор за егзистенција на нашите семејства – немаме плата во оваа криза кога енормно се покачуваат цените не можеме дома да ги исплатиме нашите обврски, да однесеме леб, кредити и ред други работи. Впрочем, не можеме да дојдеме на работа, немаме пари за издржување, истакна претседателот на Синдикатот. Тој информираше дека вчера одржале состанок со Управниот одбор, но оти сè уште немаат добиено официјален одговор. – Инаку, се изготвувало план и стратегија за надминување на состојбите, штом ќе ги добиеме ќе биде информирана целата јавност. Ние како синдикат впрочем и тоа бараме, не само гаранција секој месец да добиваме редовно плата, туку и да ни ја приложат стратегијата како ќе излеземе ние од ситуацијата, како секој нареден месец ние ќе имаме работа пред се и ќе се обезбеди плата за сите вработени, бидејќи станува збор за 2.200 вработени, тоа се 2.200 семејства, додаде Велигденов.
Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија информираше дека до Владата и до менаџерскиот тим уште во вторник ќе поднесат барање, на владина седница со заклучок, бидејќи станува збор за АД во државна сопственост, да нареди премиерот до сите министри да ги користат услугите на „Македонски пошти“. – Не може ние да правиме тендери и да ангажираме приватни т.н. пошти, или брзи пошти, а нашата национална пошта која ја има државата како нејзин сервис, да биде скокната и да не прави приходи од писмата кои се носат во одредени министерства, судски пресуди итн. Значи, решението е државата да си ги користи своите ресурси кои ги има – АД „Пошта на Македонија“ кои се во сопственост на државата. Тоа е решението. Ние ќе бараме тоа да се процесуира бидејќи гледаме секакви заклучоци се носат на Влада, па редно е да се помогне и на ова АД во државна сопственост за да може и понатаму да работи, бидејќи знаеме – ја опслужуваме целата држава Македонија, а ствараме повеќе расходи отколку што добиваме приходи, потенцираше Димовски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predupreduvachki-protest-vo-poshta-isplata-na-plati-do-vtornik-ili-protest-pred-vlada-egzistencijata-na-2-200-semejstva-dovedena-vo-prashanje/feed/ 0
Среде бел ден во Скопје се демолира автомобил: „За газдата што не дава плата“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/srede-bel-den-vo-skopje-se-demolira-avtomobil-za-gazdata-shto-ne-dava-plata-video/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/srede-bel-den-vo-skopje-se-demolira-avtomobil-za-gazdata-shto-ne-dava-plata-video/#respond Mon, 03 Oct 2022 13:27:56 +0000 https://kurir.mk/?p=740457

На видеото се гледа како две лица среде бел ден демолираат автомобил оставен на паркингот., -Припрема за газди што не даваат плата. ПС, а за чиновничиња и министерчиња што сега глумат големи газди ќе се снима нов филм, стои во коментарот на видеото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/srede-bel-den-vo-skopje-se-demolira-avtomobil-za-gazdata-shto-ne-dava-plata-video/feed/ 0
Приведен росоманец, искршил стакло на пошта и повредил две лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-rosomanec-iskrshil-staklo-na-poshta-i-povredil-dve-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-rosomanec-iskrshil-staklo-na-poshta-i-povredil-dve-lica/#respond Fri, 30 Sep 2022 10:48:40 +0000 https://kurir.mk/?p=739480

Во Росоман вчера полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле М.Ж.(46), затоа што околу 11.30 часот со употреба на сила и остар предмет, го искршил стаклото од влезната врата на поштата во Росоман. За ова денеска информираше Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес. -Притоа, со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци, се здобил М.К.(74) од Кавадарци, кој бил во поштата. Според пријавеното, после тоа тој излегол од поштата и пред продажен објект во Росоман, физички нападнал 51-годишна жена од Росоман. По приведувањето, лицето било спроведено во Психијатриска болница во Негорци, соопшти Самарџиев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-rosomanec-iskrshil-staklo-na-poshta-i-povredil-dve-lica/feed/ 0
Од објект на пошта, си направиле куќа – сега ќе одговараат за „бесправно градење“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/od-objekt-na-poshta-si-napravile-kukja-sega-kje-odgovaraat-za-bespravno-gradenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/od-objekt-na-poshta-si-napravile-kukja-sega-kje-odgovaraat-za-bespravno-gradenje/#respond Tue, 27 Sep 2022 20:37:17 +0000 https://kurir.mk/?p=738234

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од с.Љубаништа, охридско и против управителот Б.Р.(40) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавените, како инвеститори на градба на земјиште, веќе постоечки објект-пошта го реновирале и извршиле пренамена во индивидуална семејна куќа, извршиле доградба на поткровје без да поседуваат одобренија за градба, за адаптација со пренамена од деловен во станбен простор и без Одобрение за реконструкција на деловен објект.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/od-objekt-na-poshta-si-napravile-kukja-sega-kje-odgovaraat-za-bespravno-gradenje/feed/ 0