поштенска марка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Jul 2023 10:19:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png поштенска марка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Нова поштенска марка, „Скопје се сеќава 1963 – 2023“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-nova-poshtenska-marka-skopje-se-sekava-1963-2023/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-nova-poshtenska-marka-skopje-se-sekava-1963-2023/#respond Thu, 27 Jul 2023 10:19:24 +0000 https://kurir.mk/?p=860627

Програмата за развој на Обединетите нации во партнерство со АД Пошта на Северна Македонија ја промовираше новата поштенска марка „Скопје се сеќава 1963 - 2023“ издадена по повод одбележувањето шест децении од разорниот скопски земјотрес. По иницијатива на УНДП, поштенската марка е испечатена во 6000 примероци по дизајн изработен од Лоран Куфало, со препознатливиот стилизиран мотив на часовникот на Старата железничка станица и специјалното изработено лого по повод јубилејот. Марката е достапна во продавницата на Филателија при Пошта во Скопје со номиналната вредност од 36 денари. „Новата поштенска марка изработена во партнерство со АД Пошта е во состав на активностите на УНДП за одбележување на 60 годишнината од земјотресот во Скопје. Марката ќе остане како сведок на отпорноста на градот Скопје и сигурен сум дека сите љубители и колекционери – филателисти ќе ја препознаат нејзината важност во одбележувањето важни историски моменти за идните генерации“, истакна Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП. Пригодната марка, промовирана денеска, ќе остане своевиден доказ за храброста и надежта на скопјани, и за солидарност која го обедини светот после најголемата катастрофа во поновата историја на градот. „АД Пошта досега има издадено повеќе едиции поштенски марки со скопски мотиви. Така е и денеска, кога се сеќаваме на огромната катастрофа. Шеесет години подоцна, нѝ беше посебно задоволство што имавме можност да работиме и за овој значаен јубилеј на нашиот главен град“, изјави Бујаре Абази, генерална директорка на АД Пошта на Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-nova-poshtenska-marka-skopje-se-sekava-1963-2023/feed/ 0
ФОТО: Рита Ора доби поштенска марка во Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-rita-ora-dobi-poshtenska-marka-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-rita-ora-dobi-poshtenska-marka-vo-kosovo/#respond Sat, 26 Nov 2022 19:07:25 +0000 https://kurir.mk/?p=767022

Пејачката Рита Ора, која е родена во Приштина, ќе биде дел од марките на Филателијата на Поштата на Косово. Поштенска марка со нејзиниот лик е пуштена во промет денеска, на 26 ноември, поточно нејзиниот роденден. -Повеќе од десет години на врвот на меѓународната музичка и рап сцена, таа ја користеше секоја прилика да ја промовира својата родна земја Косово, како и целиот албански народ преку својата слава, се вели во соопштението на Пошта Косово. По повод објавувањето на оваа поштенска марка, извршната директорка на Косовската пошта, Факете Кадиу, изрази благодарност до Рита Ора. -За Поштата на Косово е чест да и оддаде почит на Рита Ора. Таа ни даде толку многу убави моменти и бескрајна гордост со нејзините песни, настапи и величествени концерти. Нека овој прекрасен печат биде симболичен подарок од Косово за нашата пејачка, на овој посебен ден за неа, за неа извонреден придонес за нашата земја и нашата нација, рече Кадиу.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-rita-ora-dobi-poshtenska-marka-vo-kosovo/feed/ 0
Поштенска марка по повод „50 години МКЦ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poshtenska-marka-po-povod-50-godini-mkc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poshtenska-marka-po-povod-50-godini-mkc/#respond Fri, 25 Nov 2022 10:25:47 +0000 https://kurir.mk/?p=766347

По повод 50-годишниот јубилеј, ЈУ Младински културен центар доби поштенска марка „50 години МКЦ“ издадена од АД Пошта, како дел од Годишната програма за издавање на поштенски марки на националната Пошта. Оваа чест за МКЦ, како што велат оттаму, доаѓа токму во нејзиното најзначајно постоење, со одбележувањето на половина век од основањето на институцијата. Поштенската марка, која излезе на 27 септември 2022 година е дело на македонскиот дизајнер Марко Ковачевски, додека АД Пошта истата ја издаде со вредност од 50 денари во 6000 примероци. -За мене МКЦ е лична приказна и се трудев визуелно да ги поставам сликите што мене лично ме поврзуваа со него. При конципирањето на решението не сакав едноставно да ја насликам институцијата и нејзината историја, туку истовремено да ги прикажам и нејзината еволуција, оригиналност и мисија за младите и децата во Скопје. Затоа ја прецртав зградата на МКЦ заедно со скулптурите и уметноста која ја опкружува, а со кои и колоритно се надополнува, за кои мислев дека се соодветни на годишнината и поводот. Па така, скулптурта на Дада е ставена во преден план затоа што истовремено потсеќа на хор, или бенд, или група што се бунтува, а одзади е поставен споменикот „Бомба“ посветен на антифашистичкото востание во 1941 и улогата на младите од Скопје во почетоците на народно-ослободителната војна. Во позадината е поставена планетата на која стои Малиот Принц – омилената скулптура на сите детски посетители на установата. Според мене, МКЦ за изминативе 50 години е тоа – дом на младинската бунтовност, прогресивност и уметност и на детската радост, изјавува Ковачевски. Од МКЦ во денешното соопштение посочуваат дека по случаен избор одлучиле да испратат писма со благодарност до голем број соработници, уметнци, индивидуалци, институции и лица кои биле дел од програмското делување на МКЦ и помогнале во нејзиното културно издигнување. ЈУ МКЦ е една од најзчајните институции од областа на културата и вон институционалното културно делување во државата, основан на 28 декември 1972 година од Собранието на Град Скопје. По скромните почетоци наменети за најмладите, својот вистински развој МКЦ го доживува во последните 20 години со проширување на своите програмски, стратешки и културни делувања. Како институција која е востановена и никната врз основа на покажаната светска солидарност, пост земјотресот, МКЦ за младите во Скопје значи нов импулс, нови надежи и простор во кој можат да ги реализираат своите културни потреби како најважната точка за дружење, размена на идеи, место за слободно изразување на младите. По повод отворањето на вратите на МКЦ на 28 декември 1972 година, како што велат од МКЦ , во тек се подготовки за голем настан со кој на прекрасен и симболичен начин ќе се заокружи јубилејната година на институцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poshtenska-marka-po-povod-50-godini-mkc/feed/ 0
Украина издаде антируски поштенски марки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-izdade-antiruski-poshtenski-marki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-izdade-antiruski-poshtenski-marki/#respond Wed, 13 Apr 2022 06:06:37 +0000 https://kurir.mk/?p=662203

Украинскиот отпор кон руската инвазија доби поддршка и во форма на нови поштенски марки. Украинската пошта издаде нова серија поштенски марки. Помалку од седум недели по почетокот на руската инвазија, новите поштенски марки покажуваат како украински војник му го покажува средниот прст на руски воен брод. Поштата, исто така, почна да користи печат со специјално мастило што дава впечаток на контурите на Змискиот остров, островот во Црното Море што руските сили го окупираа на почетокот на војната. Украинскиот офицер Роман Хирбов (32) на островот им кажал на руските сили кои барале да се предадат: „Руски бродови, е…се!“. Тој со оваа порака стана национален херој, а неговата изрека е исцртана на ѕидовите низ земјата и на сувенирите. Марките ќе имаат домашна и меѓународна верзија. Првите писма испратени со новите поштенски марки ги потпишаа Хирбов и директорот на поштата Игор Смељански.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-izdade-antiruski-poshtenski-marki/feed/ 0
ФОТО: Поштенска марка за историскиот настап на „Рисовите“ на ЕУРО 2020, изработена во 6000 примероци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-poshtenska-marka-za-istoriskiot-nastap-na-risovite-na-euro-2020-izrabotena-vo-6000-primeroci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-poshtenska-marka-za-istoriskiot-nastap-na-risovite-na-euro-2020-izrabotena-vo-6000-primeroci/#respond Tue, 01 Jun 2021 10:30:16 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517624

Поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на Европско првенство во фудбал 2020 промовираше денеска АД Пошта. На промоцијата, која се одржа во просториите на Дирекцијата на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, генералниот директор Јани Макрадули порача дека со оваа поштенска марка сакаат да се заблагодарат на репрезентатиците за успехот и радоста што ја приредија на сите нас. – Марката е со номинална вредност од 181 денар и изработена во 6 000 примероци. Поради ковид мерките, иако бевме договорени, денеска, за жал со нас не се селекторот и играчите, изјави Макрадули. Ова е скромен придонес од нас за сите фудбалски репрезентативци, посочи Макрадули и им посака успех на првенството. Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, порача дека нашите фудбалски херои го заслужуваат ваквиот гест и поштенска марка во нивна чест. Mакедонската фудбалска репрезентација обезбеди прв историски настап на ЕУРО2020, што од 11 јуни до 11 јули ќе се одржи во повеќе градови низ Европа. Македонските фудбалери својот прв натпревар на Европското првенство го играат на 13 јуни во Букурешт против Австрија, по што следат пресметките со Украина и Холандија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-poshtenska-marka-za-istoriskiot-nastap-na-risovite-na-euro-2020-izrabotena-vo-6000-primeroci/feed/ 0
Издадена поштенска марка со ликот на Блаже Конески во 6000 примероци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izdadena-poshtenska-marka-so-likot-na-blaze-koneski-vo-6000-primeroci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izdadena-poshtenska-marka-so-likot-na-blaze-koneski-vo-6000-primeroci/#respond Mon, 05 Apr 2021 10:05:53 +0000 https://kurir.mk/?p=492498

Марка со ликот на великанот Блаже Конески од денеска е во оптек во 6.000 примероци, со што Пошта на РСМ се вклучи во одбележувањето на јубилејот – 100 години од неговото раѓање. Илустрирана е со портретот на Конески, дело на академик Димитар Кондовски. Во вредност од 72 денара може да се најде во Бирото за филателија во Пошта 2 во Скопје. Претседателот Стево Пендаровски на промоцијата порача дека негувањето и афирмацијата на македонскиот јазик не е само долг кон делото на академикот Конески, туку и долг кон самите себеси, долг кон сите наши предци, долг кон идните генерации. -Заштитата и негувањето на македонскиот јазик е исто така и обврска не само кон оние чиј мајчин јазик е македонскиот, туку и кон сите оние кои го употребуваат како официјален во независна и самостојна Република Северна Македонија, но и кон сите лингвисти, слависти и македонисти кои го проучувале и изучувале, кон сите преведувачи кои преведувале и преведуваат од или на македонски. На крајот на краиштата тоа е долг кон науката, кон вистината и кон правдата. Затоа во годината Конески, но и во секоја следна како општество, но и како поединци, обични граѓани или претставници на институции да работиме сплотено и одговорно во афирмација и промоција на неговото дело, рече Пендаровски, на промоцијата на која присуствуваа и министерката за култура Ирена Стефоска, генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија“ Јани Макрадули и универзитетскиот професор и претседател на Советот за македонски јазик Људмил Спасов. Директорот на Пошта на РСМ верува дека на секој наш сограѓанин, а особено на филателистите ќе им биде предизвик да ја вметнат марката во сопствената колекција. -За да ја прошириме во целиот свет да стане што повидлива сите да испратиме барем едно писмо, на некому што му недостига, некому што го чувствуваме близок и да ја ставиме поштенската марка со ликот на Конески, особено во ова тешко време, кога корона-пандемијата физички не одделува едни од други, порача Макрадули. Промоцијата е дел од програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ која се одвива под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Министерството за култура, а во соработка со Министерството за образование и наука. Стогодишнината од раѓањето на Конески е запишана и во календарот на значајни јубилеи подржани од УНЕСКО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izdadena-poshtenska-marka-so-likot-na-blaze-koneski-vo-6000-primeroci/feed/ 0
Промоција на поштенска марка посветена на 100 години од раѓањето на Блаже Конески https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promocija-na-poshtenska-marka-posvetena-na-100-godini-od-ragjanjeto-na-blaze-koneski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promocija-na-poshtenska-marka-posvetena-na-100-godini-od-ragjanjeto-na-blaze-koneski/#respond Mon, 05 Apr 2021 05:14:45 +0000 https://kurir.mk/?p=492355

По повод јубилејот – 100 години од раѓањето на македонскиот великан, Блаже Конески, АД „Пошта на Северна Македонија“ денеска ќе промовира пригодна поштенска марка. На промоцијата, која ќе се одржи во дирекцијата на АД „Пошта на Северна Македонија“ – шалтер сала, како што е најавено, ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, министерката за култура Ирена Стефоска, генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија“ Јани Макрадули и универзитетскиот професор и претседател на Советот за македонски јазик Људмил Спасов. Настанот, како што информираат организаторите, е дел од програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ која се одвива под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Министерството за култура, а во соработка со Министерството за образование и наука. Стогодишнината од раѓањето на Конески е запишана и во календарот на значајни јубилеи подржани од УНЕСКО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promocija-na-poshtenska-marka-posvetena-na-100-godini-od-ragjanjeto-na-blaze-koneski/feed/ 0
Издадена поштенска марка посветена на Кензо Танге https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izdadena-poshtenska-marka-posvetena-na-kenzo-tange/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izdadena-poshtenska-marka-posvetena-na-kenzo-tange/#respond Thu, 04 Jun 2020 10:35:03 +0000 https://kurir.mk/?p=353720

Во мај, 2020 година, Поштата на Македонија издаде комеморативна поштенска марка за Кензо Танге во сеќавање на неговиот придонес во реконструкцијата на Скопје. Кензо Танге е еден од најзначајните јапонски архитекти на дваесетиот век. Тој го дизајнираше планот за реконструкција на Скопје по земјотресот во 1963 година. Кензо Танге е симбол за пријателството помеѓу Јапонија и Македонија и Амбасадата на Јапонија ја цени соработката со Поштата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izdadena-poshtenska-marka-posvetena-na-kenzo-tange/feed/ 0
Промоција на поштенската марка „75 години од депортацијата на Евреите во Македонија” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-poshtenskata-marka-75-godini-od-deportacijata-na-evreite-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-poshtenskata-marka-75-godini-od-deportacijata-na-evreite-vo-makedonija/#respond Wed, 05 Dec 2018 07:35:23 +0000 https://kurir.mk/?p=135878

Промоција на поштенската марка  „75 години од депортацијата на евреите во Македонија” ќе се одржи денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања во организација на Македонски пошти.
На промоцијата на поштенската марка ќе се обратат вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, амбасадорот на државата Израел во Македонија, Дан Ориан, директорот на АД. „Македонска Пошта“, Ејуп Рустеми и директорот на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, Скендер Асани. МИА
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-poshtenskata-marka-75-godini-od-deportacijata-na-evreite-vo-makedonija/feed/ 0