поштенски марки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Feb 2023 21:06:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png поштенски марки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кралот Чарлс Трети е седмиот британски монарх на поштенски марки, прв без круна https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kralot-charls-treti-e-sedmiot-britanski-monarh-na-poshtenski-marki-prv-bez-kruna/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kralot-charls-treti-e-sedmiot-britanski-monarh-na-poshtenski-marki-prv-bez-kruna/#respond Wed, 08 Feb 2023 21:06:30 +0000 https://kurir.mk/?p=798103

Британската кралска пошта денеска го објави дизајнот на новите поштенски марки на кои ќе биде ликот на кралот Чарлс Трети, но ќе биде прикажан без круна или какви било други кралски обележја. Според Би-Би-Си, дизајнот на новата марка го одобрил лично кралот. - Информациите што ги добивме од палатата беа дека кралот сакал сè да изгледа едноставно. Се работи за слика на човек, без украсување, изјави генералниот директор на поштата Дејвид Голд. Дизајнот на новата марка е поминималистички од порано, а за разлика од многу претходни марки со монарси кои содржат круни, или дијадеми во случајот со кралици, на новата нема да има никакви монархистички симболи. По изглед ќе потсетува на профилот на кралицата Елизабета Втора кој го направи уметникот Арнолд Мачин во 1967 година. - Во последните години имавме ист монарх, а од 1967 година ги имаме речиси истите поштенски марки, рече Голд, додавајќи дека луѓето сега ќе се навикнат да ја гледаат новата слика на марките од прва и втора класа. Британските поштенски марки се единствени по тоа што не го покажуваат името на државата, а новите поштенски марки немаат ништо друго освен главата на кралот, цена и според најновиот дизајн, приложен баркод, пренесува британскиот јавен сервис. Кралот Чарлс со ова станува седмиот монарх што се појавува на поштенски марки. Прва беше кралицата Викторија, чија слика се појави на поштенски марки во 1840 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kralot-charls-treti-e-sedmiot-britanski-monarh-na-poshtenski-marki-prv-bez-kruna/feed/ 0
Заработиле пет милиони долари со користени поштенски марки https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zarabotile-pet-milioni-dolari-so-koristeni-poshtenski-marki/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zarabotile-pet-milioni-dolari-so-koristeni-poshtenski-marki/#respond Thu, 31 Oct 2019 11:34:08 +0000 https://kurir.mk/?p=258285

Двајца Јапонци успеале да заработат речиси пет милиони долари од препродажба на искористени поштенски марки, пренесува БГНЕС. Тие биле службеници во пошта во Токио. Управата на институцијата била информирана за тој криминал уште 2018 година, но досега намерно не му се дало публицитет на тоа. Според првичните информации, незаконската препродажба ја вршеле директори на два огранока на поштата во јапонскиот главен град. Во период од три години едниот продал користени поштенски марки со вкупна вредност од 3,68 милиони долари, а другиот заработил 1,29 милиони долари. Поштенските марки биле продавани по намалени цени за такса. Иако сите нелегално користени трговски марки биле наменети за обработка, тие веројатно немале печат врз нив, што и овозможило повторно нивно користење. Јапонската пошта го потврди случајот, нагласувајќи дека истрагата сè уште трае.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zarabotile-pet-milioni-dolari-so-koristeni-poshtenski-marki/feed/ 0
Магаре на првата поштенска марка на Северна (двојазична) Македонија: Што сакаат да ни порачаат? (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/magare-na-prvata-poshtenska-marka-na-severna-dvojazichna-makedonija-shto-sakaat-da-ni-porachaat-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/magare-na-prvata-poshtenska-marka-na-severna-dvojazichna-makedonija-shto-sakaat-da-ni-porachaat-foto/#respond Tue, 26 Mar 2019 12:34:20 +0000 https://kurir.mk/?p=178966

Магаре има на првата поштенска марка издадена во земјава по промена на уставното име. Граѓаните веднаш реагираа на социјалните мрежи: „Првата поштенска марка на северна (двојазична) Македонија!!! Магаре!!!! Подобар избор не можеле да направат! – објави на Фејсбук, Вероника Минов. Во коментарите под објавата луѓето изразија револт и разочараност од овој потег со двојазичноста и со новонаметнатото име „Северна“, но и со ставањето на магаре на поштенските марки што, според коментарите, може да асоцира дека македонскиот народ е магаре кое на својот грб го носи сиот товар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/magare-na-prvata-poshtenska-marka-na-severna-dvojazichna-makedonija-shto-sakaat-da-ni-porachaat-foto/feed/ 0