поштенски услуги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Aug 2023 05:20:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png поштенски услуги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од септември повисоки цени на дел од поштенските услуги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-septemvri-povisoki-tseni-na-del-od-poshtenskite-uslugi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-septemvri-povisoki-tseni-na-del-od-poshtenskite-uslugi/#respond Thu, 17 Aug 2023 05:40:59 +0000 https://kurir.mk/?p=867696

Од први септември се воведуваат нови цени на поштенските услуги во меѓународниот поштенски сообраќај. Новите цени се однесуваат за писмата, поштенските картички, печатените работи и малите пакети. За стандардизираното писмо, поштенската услуга ќе чини 42 денари, а исто толку ќе чини и за поштенската картичка. Поштенската услуга за нестандардизираното писмо до 20 грама во соседните држави и во земјите од Европа, кои се во втора зона, од септември ќе биде 42 денари, а за останатите држави од Европа, кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 45 денари. За препорачаните писма, ќе се доплаќа 139 денари како дополнителна цена која ќе се додава на цената за основната услуга. Кај малите пакети до 100 грама, доколку се праќаат во соседните држави и во земјите од Европа од втора зона ќе се плаќа поштенска услуга од 105 денари, а за останатите европски држави кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 120 денари. За најголемите пакети од 1000 до 2000 грама, цената на поштенската услуга за соседните држави и за Европа, втора зона, ќе биде 1.115 денари, додека за останатите европски држави, Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот ќе биде 1.285 денари. За печатени книги, весници и списанија до 20 грама, поштенската услуга за соседните држави и Европа, втора зона, ќе биде 37 денари, а за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 39 денари. За пратка со печатени книги, весници и списанија кои тежат од 1000 до 2000 грама, ќе се плаќа поштенска услуга од 1.112 денари за соседните држави и Европа, втора зона, додека за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави во светот 1.265 денари... За авионски превоз за писмо, поштенска картичка, печатени работи, мали пакети и секограми (сите видови печатени работи за слепи) за Австралија и Нов Заланд и за останатите земји во светот, цената ќе биде по 6 денари за секои 10 грама тежина на пратката, која ќе се пресметува како дополнителна цена и ќе се додава на цената за основната услуга. За земјите од Европа, цената за оваа услуга останува четири денари на секои 10 грама тежина на пратката. Потребата од зголемување на цените, како што стои во образложението од Агенцијата за пошти, е оправдано од неколку причини - некои од постојните цени на основните и дополнителните услуги во меѓународниот сообраќај како писмо и поштенска картичка се во примена повеќе од 20 години, додека цените на нестандардизираното писмо, печатени работи и мали пакети, препорачано ракување и ракување со писмо, не се сменети шест години, а трошоците за нивно обезбедување се зголемени. Во образложението се наведува и дека вака зголемените цени на поштенските услуги се меѓу пониските во регионот и дека се во рамки на просекот со земјите од регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-septemvri-povisoki-tseni-na-del-od-poshtenskite-uslugi/feed/ 0
Вратен монополот на поштенските услуги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vraten-monopolot-na-poshtenskite-uslugi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vraten-monopolot-na-poshtenskite-uslugi/#respond Wed, 02 Nov 2022 10:11:44 +0000 https://kurir.mk/?p=754382

Агенцијата за пошти објави дека повторно е вратен ценовниот монопол за услугите за писма до 50 грама, кој е воспоставен со закон во корист на давателот на универзалната услуга А.Д. „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје, која за услугата има регулирана цена од 25 денари по писмо, одобрена од регулаторот. – Тоа значи дека лиценцираните даватели на поштенски услуги за истата поштенска услуга не смеат да наплаќаат единечна цена пониска од 62,5.денари, според цените кои се во примена од 01 март 2020 година, почнувајќи од 26 октомври 2022 година, односно, можат да ги обезбедуваат услугите од опфатот на резервираните услуги по цена која е два и половина пати повисока од цената по која давателот на универзална услуга ги обезбедува пратките за кореспонденција од стандардна категорија во првата тежинска стапка, информираат од Агенцијата за пошти во објава на нивната веб страница. Оттаму напоменуваат дека како регулатор во повеќе наврати укажувале на последиците кои би настанале од евентуалното усвојување на Предлог на законот за изменување на Законот за поштенските услуги, како и на негативните економски ефекти од ваквите околности, врз поштенскиот сектор. Со Законот за изменување на Законот за поштенските услуги што беше усвоен на 20 октомври, а стапи во сила од 26 октомври, се обезбеди давателот на универзалната услуга повторно да има ексклузивно право да обезбедува резервирани поштенски услуги до крајот на 2023 година. Пазарот на поштенските услуги беше накратко отворен за целосна конкуренција на 1 јануари минатата година, кога беше укинат поштенскиот монопол, но на 14 јули 2021 година беше воведена законска измена со која последователно се врати поштенскиот монопол. Целосно отворање на пазарот повторно се случи на 1 јануари годинава, а со последните измени на законот што стапија во сила на 26 октомври, повторно се овозможи ексклузивно право за националниот оператор за резервираните поштенски услуги. Поради доцнење на исплатата на платата за септември, во националната „Пошта“ на крајот на минатиот месец се одржа предупредувачки протест, кој беше ставен во мирување по постигнатиот договор со кој меѓу другото Министерството за транспорт се обврзало на владина седница да се стави точка на дневен ред со која се дава задолжение до сите државни институции да ги користат услугите на АД „Пошти“, согласно со измените во Законот за поштенски услуги.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vraten-monopolot-na-poshtenskite-uslugi/feed/ 0