пошумување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 01 Apr 2023 07:40:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пошумување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На велешко езеро „Младост“ акција за пошумување на опожареното https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-veleshko-ezero-mladost-aktsija-za-poshumuvane-na-opozharenoto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-veleshko-ezero-mladost-aktsija-za-poshumuvane-na-opozharenoto/#respond Sat, 01 Apr 2023 07:40:43 +0000 https://kurir.mk/?p=818727

Здружението „Акцијаш ветерани“ и Сојузот на акцијаши ветерани на Македонија, со подршка на Општина Велес денеска на брегот на велешко езеро „Младост“ на парцела близу хотел „Глориус“, над пешачката патека, ќе спроведат акција за пошумување на две илјади садници багрем. Ќе се пошумува на површина која беше опожарена во големиот шумски пожар на крајот на август 2019 година, информира за МИА Јорданка Андреева претседател на „Акцијаши ветерани“. Површината деновиве е расчистена за садење од страна на вработени во фирмата „Пескара Вел“. Андреева информира дека освен нивни членови во акцијата за пошумување ќе се вклучат и млади. како и граѓански здруженија на акцијаши ветерани од Битола, Куманово, Скопје, Штип, Крива Паланка и Гостивар. Акцијата е поддржана и од Општина Велес која го обезбеди автобусот за превоз на акцијашите и граѓаните до езерото „Младост“. Автобусот ќе тргне во 8:45 часот од месноста Багремче, а во 8:50 часот ќе биде пред Трговски центар во Нова населба, Во 8:55 спроти Офицерски дом и во 9:00 часот пред Стоковна куќа во центарот на Велес, а од каде директно ќе вози до локацијата за пошумување на брегот на езеро „Младост“. Со акцијата воедно ќе биде одбележан 1 април – денот на доброволното младинско ангажирање што се одбележуваше во поранешна Југославија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-veleshko-ezero-mladost-aktsija-za-poshumuvane-na-opozharenoto/feed/ 0
Денес масовна акција за пошумување „Засади со љубов, за Кисела Вода” https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/denes-masovna-akcija-za-poshumuvanje-zasadi-so-ljubov-za-kisela-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/denes-masovna-akcija-za-poshumuvanje-zasadi-so-ljubov-za-kisela-voda/#respond Fri, 25 Nov 2022 07:56:27 +0000 https://kurir.mk/?p=766202

Општина Кисела Вода денес најавува масовна акција за пошумување насловена како  „Засади со љубов, за Кисела Вода“. „Ве покануваме да бидете дел од акцијата за пошумување на Општина Кисела Вода „Засади со љубов, за Кисела Вода”. Настанот ќе се одвива ДЕНЕС, петок, 25 ноември, со почеток во 10 часот на 6 локации. Една од нив е новиот парк Иднина (на кружниот тек меѓу Припор и Кисела Вода), каде градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе даде изјава за медиумите. Учество ќе земат и многу познати естрадни лица, претставници на дипломатскиот кор, спортисти, како и сите граѓани кои сакаат да засадат дрвца и да ја поддржат идејата за зелена Кисела Вода“, стои во нивната покана. Од општината додаваат дека локациите на кои ќе се сади се : новиот парк “Иднина” кај кружниот тек, на трим патеката, на Теферич, кај новата градинка во Усје, во паркот на Есенинова, во парк Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/denes-masovna-akcija-za-poshumuvanje-zasadi-so-ljubov-za-kisela-voda/feed/ 0
По повод 10 години успешно работење, „ДМ дрогерие маркт“ започнува проект: „ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО ЗА ПОЗЕЛЕНО УТРЕ!“ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/po-povod-10-godini-uspeshno-rabotenje-dm-drogerie-markt-zapochnuva-proekt-poshumuvame-zaedno-za-pozeleno-utre/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/po-povod-10-godini-uspeshno-rabotenje-dm-drogerie-markt-zapochnuva-proekt-poshumuvame-zaedno-za-pozeleno-utre/#respond Wed, 17 Aug 2022 11:15:58 +0000 https://kurir.mk/?p=719854

„Главниот мотив за започнување на проектот „ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО ЗА ПОЗЕЛЕНО УТРЕ“ лежи во стратешката определба, која постои уште од самото основање на нашата компанија ‒ да се грижиме за животната средина, а притоа да ги мотивираме своите вработени, како и други поединци и компании да го сторат истото, придонесувајќи кон создавање поздрава животна средина за сите нас и за идните генерации. Не треба да го игнорираме фактот дека природата може без нас, но ние не можеме без неа. Должни сме да ги чуваме и да ги обновуваме природните ресурси, за да можеме соодветно да одговориме на сите предизвици што ни претстојат. Тоа, пак, сакаме да го направиме преку зачувување и обновување на шумите, кои се нашиот главен извор на кислород и симбол на животот”, изјавија од компанијата, најавувајќи го почетокот на проектот. Пошумувањето оваа година ќе се реализира во ноември, на локација која е во непосредна близина на автопатот Миладиновци-Штип и е одбрана во заедничка соработка со стручните лица од ЈП Национални шуми и Факултетот за шумарство. До самиот чин на првиот бран на пошумување, целта на компанијата е покрај доброволното учество на вработените во компанијата, во проектот да се приклучат што повеќе еколошки свесни граѓани, институции и организации со кои ЗАЕДНО ЌЕ ПОШУМАТ нови зелени површини. „Како и во сите други наши проекти, нашите купувачи се наши партнери”, изјавија од компанијата, образложувајќи ја започната активност со која купувачите со секој купен dm марка производ во периодот од 16.8 до 30.9.2022 донираат 1 денар за проектот. „Во истиот овој период, како подготовка за деновите на пошумувањето, во соработка со Факултетот за шумарство, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за образование и наука, активно ќе работиме на едукација на нашите купувачи, сограѓани и партнери од најмала возраст за важноста на зелените површини, начинот на посадување и понатамошно нивно одгледување”, додадоа од компанијата. На денешната прес-конференција по повод започнувањето на проектот се обратија и Валентин Груевски - Директор на ЈП “Национални шуми” и проф. д-р Кирил Сотировски - Декан на Шумарски факултет во Скопје. Дел од акцијата за пошумување на самата локација ќе можат да бидат сите доброволно пријавени лица, кои ќе имаат можност да се пријават online, преку комуникациските канали на компанијата, по дефинирањето на точниот термин за садење. Со донирање на средства за нова опрема за ЈП Национални шуми, ДМ дрогерие маркт тежнее кон тоа проектот да достигне трајни вредности, кои од година во година ќе се облагородуваат. Овој проект следствено ја продолжува определбата на компанијата за зачувување на животната средина, а во прилог на тоа говорат многу факти и активности: • Проширување на асортиманот со голем број еколошки производи, производи неутрални за животната средина, цврсти производи, како и органски и природни производи, производи со рециклирачки пакувања и без микропластика. • Проектот „Трајна торба за цел живот“, преку кој купувачите на ДМ дрогериите од 2015, еднаш купената памучна торба за пазарување, БЕСПЛАТНО можат да ја заменат за нова, при какво било нејзино оштетување. • Прва компанија која уште во 2019, со самоволна одлука ги повлече од промет пластичните кеси за една употреба. Со започнување на овој проект, „ДМ дрогерие маркт“ уште еднаш ја потврди својата позиција како еколошки-одговорна компанија која постојано, преку разни активности вложува во зачувувањето на животната средина, со што влијае на подигнувањето на свеста за грижата за животната средина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/po-povod-10-godini-uspeshno-rabotenje-dm-drogerie-markt-zapochnuva-proekt-poshumuvame-zaedno-za-pozeleno-utre/feed/ 0
Опожарени десет пати повеќе шуми, пошумувањето три пати намалено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opozareni-deset-pati-povekje-shumi-poshumuvanjeto-tri-pati-namaleno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opozareni-deset-pati-povekje-shumi-poshumuvanjeto-tri-pati-namaleno/#respond Mon, 27 Jul 2020 05:21:35 +0000 https://kurir.mk/?p=381722

Од шумски пожари минатата година биле зафатени 10.661 хектар што е речиси десет пати повеќе од опожарените површини пред една деценија, а пошумени биле само 965 хектари. Според анализата на Државниот завод за статистика сублимирана во најновата публикација „Северна Македонија во бројки”, намален е и бројот на вработени во секторот шумарство. Во 2009 година биле евидентрани шумски пожари на 1.030 хектари, додека во 2014-та на 1.150 хектари. Пошумување, пак, (во шума и надвор од шума) е спроведено на 3.973 хекатри во 2009 година и на 1.064 хектари во 2014 година. Исечената бруто дрвна маса изнесувала 906.000 метри кубни во 2009 година, 655.000 во 2014-та и 759.000 метри кубни во 2019 година. Статистиката покажува дека во секторот шумарство лани работеле 2.220 лица, пред во 2014 година 2.376, а во 2009 година 2.504. Доминантни во земјава засега се листопадните шуми, а најмалку има иглолисни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opozareni-deset-pati-povekje-shumi-poshumuvanjeto-tri-pati-namaleno/feed/ 0
Започна првата пролетна акција за пошумување во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zapochna-prvata-proletna-akcija-za-poshumuvanje-vo-kavadarci/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zapochna-prvata-proletna-akcija-za-poshumuvanje-vo-kavadarci/#respond Tue, 12 Mar 2019 10:23:13 +0000 https://kurir.mk/?p=173874

Општината Кавадарци и ЈП „Македонски шуми“ подружница „Бор“ денеска ја започнаа првата пролетна акција за пошумување во 2019 година. Според акциониот план се пошумуваше на локалитетот „Журов дол“ над селото Ваташа, каде беа посадени 1200 садници на багрем. Ова е трета акција за пошумување на голините на поројницата. Во акцијата учествуваа: вработените од Општина Кавадарци, вработени во подружницата „Бор“ Кавадарци, ЈП „Комуналец“, од „Кожувчанка“, како и од „Дреклмајер“ со механизација. Планирано е акцијата да се одвива во текот на пет дена, во зависност од временските прилики, при што треба да бидат посадени од 7 до 8 илјади садници на багрем. Извор: КТВ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zapochna-prvata-proletna-akcija-za-poshumuvanje-vo-kavadarci/feed/ 0