посиди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Jul 2022 11:05:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png посиди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТОГРАФИЈА ОД ДЕНОТ КОГА ИСЧЕЗНА МАРТИН: Неговиот брат моли за помош- СПОДЕЛЕТЕ! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fotografija-od-denot-koga-ischezna-martin-negoviot-brat-moli-za-pomosh-spodelete/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fotografija-od-denot-koga-ischezna-martin-negoviot-brat-moli-za-pomosh-spodelete/#respond Wed, 13 Jul 2022 11:05:03 +0000 https://kurir.mk/?p=704442

Братот на исчезнатиот Мартин се огласи повторно на Фејсбук и објави фотографија од денот на неговото исчезнување. -Ова е сликата направена од денот на исчезнувањето на мојот брат. Потрагата се уште е во тек меѓутоа со многу намален капацитет. Потребна ни е поголема покриеност од воздух копно и вода. Доколку некој има било каква информација и е во можност на било кој начин да помогне во потрагата по мојот брат слободно исконтактирајте ме. Ве молам споделете ја фотографијата за волонтерите што помагаат да имаат појасна слика, пишува Горан Јовановски, братот на исчезнатиот Мартин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fotografija-od-denot-koga-ischezna-martin-negoviot-brat-moli-za-pomosh-spodelete/feed/ 0
НЕВРЕМЕ НА ХАЛКИДИКИ: Силниот ветер ја отежнува потрагата по исчезнатиот 28-годишен Македонец, неговите мајка и брат доаѓаат од Америка во Грција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nevreme-na-halkidiki-silniot-veter-ja-oteznuva-potragata-po-ischeznatiot-28-godishen-makedonec-negovite-majka-i-brat-doagjaat-od-amerika-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nevreme-na-halkidiki-silniot-veter-ja-oteznuva-potragata-po-ischeznatiot-28-godishen-makedonec-negovite-majka-i-brat-doagjaat-od-amerika-vo-grcija/#respond Mon, 11 Jul 2022 11:06:18 +0000 https://kurir.mk/?p=703238

Мајката и братот на 28-годишникот од Македонија патуваат од Америка каде живеат за да учествуваат во големата акција за пронаоѓање на младиот човек, кој и понатаму се води како исчезнат во морето , како што изјави за прототема.гр претседателот на спасувачите волонтери од ОФКАТХ, Христос Рамос. 28-годишникот бил понесен од струјата на морето, кој заедно со двајца спасени пријатели сакал да плива и покрај лошите временски услови, до познатата плажа „Мити“ во Посеида, Халкидики. Младиот човек, по спасувањето на 30-годишниот Иван, е единствениот од групата кој и понатаму се води како исчезнат, а властите и волонтерите се борат со невремето. Сите се надеваат на „чудо“ за спас на животот на 28-годишниот кој се води како исчезнат речиси два 24 часа. Работата на екипите за пребарување и спасување ја отежнуваат силните ветришта што од рано утрово дуваат во областа и достигнувајќи јачина и до 7 бофори. „Има многу силен ветер, поради што чамците кои излегоа на море, дури и крајбрежната стража не може да работи. Засега истражуваме со пешачки делници и чекаме да видиме како ќе се развиваат временските прилики, велат од спасувачките служби за Прототема. Како што соопшти Рамос, штом се подобрат временските услови, се очекува спасувачите да фрлат подводен дрон во водата што значително ќе помогне во потрагата. Според последните официјални информации, во реонот се активни патролен чамец на крајбрежната стража и две крајбрежни пловила, додека хеликоптерот на воздухопловните сили пред малку ја заврши потрагата што ја вршеше од рано наутро. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nevreme-na-halkidiki-silniot-veter-ja-oteznuva-potragata-po-ischeznatiot-28-godishen-makedonec-negovite-majka-i-brat-doagjaat-od-amerika-vo-grcija/feed/ 0
МНР: Продолжува потрагата по третиот Македонец со спасувачка акција во полн капацитет- хеликоптер и бродови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-prodolzuva-potragata-po-tretiot-makedonec-so-spasuvachka-akcija-vo-poln-kapacitet-helikopter-i-brodovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-prodolzuva-potragata-po-tretiot-makedonec-so-spasuvachka-akcija-vo-poln-kapacitet-helikopter-i-brodovi/#respond Mon, 11 Jul 2022 07:43:23 +0000 https://kurir.mk/?p=703100

Македонските дипломатски-конзуларни претставништва во Грција рано наутро добиле потврда дека продолжува и денеска потрагата со спасувачка акција во полн капацитет- хеликоптер и бродови- како претходните два дена по исчезнатиот наш државјанин во местото Посиди, Грција. Здравствената состојба на двајцата државјани кои вчера и завчера беа извлечени од море е добра, истите се наоѓаат во болница и се очекува нивно брзо пуштање од болница. Нашите претставништва остануваат во интензивен контакт со надлежните институции на Грција и секоја информација навремено ќе биде пренесена, информираат од Министерството за надворешни работи. - Би сакале да упатиме благодарност до крајбрежната стража на Грција, грчкото воено воздухопловство и локалното население/волонтерите вклучени во потрагата за нивниот неизмерен труд и пожртвуваност, се додава во соопштението на Министерството. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-prodolzuva-potragata-po-tretiot-makedonec-so-spasuvachka-akcija-vo-poln-kapacitet-helikopter-i-brodovi/feed/ 0
Продолжува потрагата по третиот Македонец на Халкидики https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-potragata-po-tretiot-makedonec-na-halkidiki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-potragata-po-tretiot-makedonec-na-halkidiki/#respond Mon, 11 Jul 2022 06:24:26 +0000 https://kurir.mk/?p=703054

Продолжува и денеска спасувачката акција и потрагата по третиот исчезнат македонски државјанин, во Посиди, на првиот крак на Халкидики, откако вчера и завчера беа пронајдени живи неговите двајца пријатели, јави дописничката на МИА од Атина. Вчерашната акција, во вода, од воздух и на копно, на грчката крајбрежна служба, на военото воздухопловство, на спасувачки тимови и волонтери во Посиди, не донесе резулата во обидите да се пронајде 28-годишниот. Од грчката крајбрежна служба, доцна синоќа соопштија дека потрагата „ќе продолжи со разденувањето“, а за било каква разврска ќе информираат со ново соопштение. Во однос на пронаоѓањето на 30-годишниот Иван, од крајбрежната служба објаснуваат дека бил лоциран вчера во утринските часови од хеликоптер на военото воздухопловство, во морската област околу 15 наутички милји западно од Посеиди. Првично бил преземен од танкер, а потоа префрлен на патролен чамец на крајбрежната служба и пренесен на пристаништето во Неа Скиони. Како што вчера објави МИА, спасениот со насмевка на лицето, смирен, опуштен и во добро расположение, стапна на копно, а на пристаништето беше пречекан со аплауз од присутните, но и од голем број новинарски екипи кои детално го следат случајот со исчезнатите македонски туристи. Додека траеше акцијата и потрагата, на еден од чамците на спасувачките екипи, беа и братот и таткото на спасениот, кои од Северна Македонија пристигнале на Халкидики. Во однос на тоа како 30-годишниот преживеал 19 часа во вода, градоначалничката на општина Касандра Анастасиа Халкиа во разговор со дописничката на МИА од Атина, откри дека мала топка му го спасила животот. -Искрено сум многу среќна откако дознав дека е жив по 19 часа борба во морето. Една топка се најде пред него и оваа топка беше неговиот спас, рече градоначалничката која не можеше да ја скрие радоста што момчето беше пронајдено живо, особено по толку часови во морето. Додаде дека со спасувањето на Иван ѝ се вратила надежта дека може и третото момче да биде пронајдено живо. Спасувачката акција и потрагата започнаа во саботата во попладневните часови, кога тројцата државјани на Македонија влегле во морето на плажата Мити во Посиди на првиот крак на Халкидики, а поради лошото време се нашле во беспомошна ситуација и се оддалечиле од брегот. Дел од присутните на плажата забележале дека капачите ги снемало и веднаш ја информирале крајбрежната служба, по што започна и акцијата. Еден од тројцата пријатели, 25-годишниот Васил беше спасен во саботата по поминати околу два часа во вода, додека пак вчера, беше пронајден и 30-годишниот Иван.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-potragata-po-tretiot-makedonec-na-halkidiki/feed/ 0
ВО ДОБРА СОСТОЈБА Е: Ова е спасеното момче од Македонија (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-dobra-sostojba-e-ova-e-spasenoto-momche-od-makedonija-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-dobra-sostojba-e-ova-e-spasenoto-momche-od-makedonija-foto/#respond Sun, 10 Jul 2022 11:12:42 +0000 https://kurir.mk/?p=702826

Еден од исчезнатите македонски државјани на Халкидики, пронајден е жив и е во релативно добра здравствена состојба, потврдуваат за дописничката на МИА од Атина извори од крајбрежната служба на Грција. Според истите информации на МИА, станува збор за 30- годишен државјани на Северна Македонија, кој по над 17 часа од исчезнувањето е пронајден од товарен брод што пловел во близина во морскиот дел југозападно од Касандра. Акцијата и потрагата на грчката крајбрежна служба, на грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери продолжуваат за пронаоѓање на вториот исчезнат. – Поточно, хеликоптерот на воздухопловните сили кој од утрото учествуваше во потрагата по двајцата исчезнати лица во Посеиди, Халкидики, лоцираше едно од двете млади момчиња во морето, на 14 наутички милји од копно (околу 26 километри). Тој беше превземен од блискиот брод под знамето на Гибралтар, а потоа брод на крајбрежната стража го презеде за да го однесе до пристаништето Неа Скиони, пишуваат грчките медиуми. Според информациите на newsit.gr, станува збор за 30-годишниот исчезнат, чиј татко и брат дошле од Скопје да учествуваат во потрагата. – Всушност, тој беше пронајден во доста добра состојба, и покрај многуте часови што морал да плива, поголем дел нив во текот на ноќта, пишува порталот. Групата од тројца млади луѓе летуваше на Халкидики. Вчера славеле роденден на пријател на плажата во Митис во Посеиди, нурнале во морето и исчезнале. Со помош на сурфер, еден од групата прв беше пронајден жив уште вчера и пренесен во болница, без никаква опасност по неговото здравје. Таткото и братот на исчезнатото момче кое беше пронајено денеска пристигнаа на Халкидики од Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-dobra-sostojba-e-ova-e-spasenoto-momche-od-makedonija-foto/feed/ 0
Се огласи и МНР по несреќата во Грција: Продолжува потрагата по третиот исчезнат Македонец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-i-mnr-po-nesrekjata-vo-grcija-prodolzuva-potragata-po-tretiot-ischeznat-makedonec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-i-mnr-po-nesrekjata-vo-grcija-prodolzuva-potragata-po-tretiot-ischeznat-makedonec/#respond Sun, 10 Jul 2022 11:02:22 +0000 https://kurir.mk/?p=702818

По добиените информации за несреќата во Посиди, Грција, од вчера нашите дипломатски-конзуларни претставништва во Грција се во интензивна комуникација со надлежните грчки органи, односно со крајбрежната служба за спасување. Според досегашните информации, вчера околу 15:00 часот тројца наши државјани кои влегле во морето, поради лошото невреме се нашле во беспомошна ситуација да се оддалечуваат од брегот. Со помош на едно приватно пловило, едниот од загрозените вчера бил спасен после два часа поминати во вода. По продолжување на потрагата денес, утрово е добиена потврда за пронаоѓање на уште еден од групата, кој исто така е во добра здравствена состојба, иако веќе подолго време бил во вода, се наведува во соопштението од МНР. Оттаму посочуваат дека Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун е во комуникација со семејствата на загрозените наши државјани, и стои на располагање за секаква помош. – Потрагата на грчката крајбрежна служба продолжува за пронаоѓање и на третиот исчезнат. За сите нови информации, јавноста ќе биде дополнително информирана, се наведува во соопштението од МНР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-i-mnr-po-nesrekjata-vo-grcija-prodolzuva-potragata-po-tretiot-ischeznat-makedonec/feed/ 0
Пронајден жив еден од исчезнатите Македонци на Халкидики, продолжува потрагата по вториот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pronajden-ziv-eden-od-ischeznatite-makedonci-na-halkidiki-prodolzuva-potragata-po-vtoriot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pronajden-ziv-eden-od-ischeznatite-makedonci-na-halkidiki-prodolzuva-potragata-po-vtoriot/#respond Sun, 10 Jul 2022 09:45:43 +0000 https://kurir.mk/?p=702792

Еден од исчезнатите македонски државјани на Халкидики, пронајден е жив и е во релативно добра здравствена состојба, потврдуваат за дописничката на МИА од Атина извори од крајбрежната служба на Грција. Според истите информации на МИА, станува збор за 30- годишен државјани на Македонија, кој по над 17 часа од исчезнувањето е пронајден од товарен брод што пловел во близина во морскиот дел југозападно од Касандра. Акцијата и потрагата на грчката крајбрежна служба, на грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери продолжуваат за пронаоѓање на вториот исчезнат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pronajden-ziv-eden-od-ischeznatite-makedonci-na-halkidiki-prodolzuva-potragata-po-vtoriot/feed/ 0
СИТЕ ДЕТАЛИ ДО СЕГА: Спасениот Македонец во добра состојба- трагаат и таткото и братот на еден од исчезнатите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-detali-do-sega-spaseniot-makedonec-vo-dobra-sostojba-tragaat-i-tatkoto-i-bratot-na-eden-od-ischeznatite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-detali-do-sega-spaseniot-makedonec-vo-dobra-sostojba-tragaat-i-tatkoto-i-bratot-na-eden-od-ischeznatite/#respond Sun, 10 Jul 2022 08:09:46 +0000 https://kurir.mk/?p=702773

Без резултат е досегашната потрага во текот на ноќта во морскиот дел на првиот крак на Халкидики, по двајцата исчезнати, веројатно македонски државјани, а спасувачката акција продолжува и денеска, јави дописничката на МИА од Атина. Потрагата и денеска се води под лоши временски услови со силен ветер со јачина од шест бофори (над 40 километри на час), а според информациите на МИА во акцијата учествуваат бродови на крајбрежната служба, чамци и бродови што се во близина и хеликоптер. Спасувачката акција започна вчера околу 19 часот по локално време, откако тројцата пријатели, на плажата Мити во Посиди, влегле во морето, но веројатно биле повлечени од струите и брановите, поради лошото време, а еден од нив беше спасен. Од Крајбрежната служба на Грција за дописничката на МИА од Атина вчера потврдија дека спасениот е од Македонија и станува збор за 25-годишно момче, кое е во добра здравствена состојба. За останатите двајца, се претпоставува дека и тие се македонски државјани, меѓутоа нема официјална потврда од надлежните, иако грчките медиуми тврдат дека исчезнатите се од Северна Македонија. Според локалните медиуми, еден од тројцата пријатели имал роденден и дошле на Халкидики за да го прослават, а во некој момент влегле во морето да се капат, без да ги земат предвид силниот ветер и брановите. Дел од присутните на плажата забележале дека капачите ги снемало и веднаш ја информирале крајбрежната служба, по што започнала и акцијата. Градоначалничката на Касандра Анастасиа Халкиа за грчките медиуми објаснила конкретната плажа е многу опасна за пливање бидејќи има морски струи и големи бранови. Солунскиот портал Ворија, утрово објави дека во еден од бродовите со кои се врши потрагата се наоѓаат и таткото и братот на еден од исчезнатите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-detali-do-sega-spaseniot-makedonec-vo-dobra-sostojba-tragaat-i-tatkoto-i-bratot-na-eden-od-ischeznatite/feed/ 0
Продолжува потрагата по двајцата Македонци на Халкидики https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-potragata-po-dvajcata-makedonci-na-halkidiki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-potragata-po-dvajcata-makedonci-na-halkidiki/#respond Sun, 10 Jul 2022 06:33:53 +0000 https://kurir.mk/?p=702755

Потрагата по двајцата македонски државјани кои вчера биле однесени од морските струи на плажата Мити на првиот крак Касандра на Халидики продолжува и денес. Крајбрежната стража беше алармирана вчера попладне околу 18 часот дека три лица влегле во морето и се изгубиле од видно поле. Силните струи во областа ги одвлечкале. Едното момче на восраст од 25 години беше спасено. Според информациите од грчите медиуми бил повлечен од сурфер. И утрово се трага по двајцата исчезнати. Во потрагата покрај бродови на грчката крајбрежна страќа, вклучен е и хеликоптер на Армијата и рибарски бродови. Тројцата пријатели вчера правеле прослава во Посиди, па решиле да влезат во морето, по што биле однесени од силната струја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-potragata-po-dvajcata-makedonci-na-halkidiki/feed/ 0
ПОТРАГАТА ОТЕЖНАТА: Прослава во Грција се претвори во кошмар за туристите од Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potragata-oteznata-proslava-vo-grcija-se-pretvori-vo-koshmar-za-turistite-od-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potragata-oteznata-proslava-vo-grcija-se-pretvori-vo-koshmar-za-turistite-od-makedonija/#respond Sat, 09 Jul 2022 20:47:39 +0000 https://kurir.mk/?p=702748

Поради мракот, отежната е потрагата по двајцата Македонци во Посиди. Тројца пријатели од Македонија кои славеле роденден сакале да се забавуваат и да пливаат на познатата плажа „Мити“ во Посиди, на Халкидики, пркосејќи им на силниот ветер и големите бранови, објави грчкиот весник „Прототема“. Најмладиот меѓу нив, кој е на 25-годишна возраст, бил пронајден со помош на сурфер кој нурнал во водата, додека се уште трае потрагата по неговите двајца пријатели кои имаат 28 и 30 години. – Роденденската забава се претворила во кошмар за тројцата туристи кои се забавувале на плажата, кога решиле да се приближат до многу опасен дел од брегот и да се нурнат во морето, наведува грчкиот весник, додавајќи дека некои од присутните на плажата веднаш ги известиле надлежните. Под координација на Заедничкиот координативен центар за пребарување и спасување, на местото пристигнале брод на крајбрежната стража, патролно возило, хеликоптер на воздухопловните сили, два приватни чамци и волонтери по што почнала акцијата за спасување на исчезнатите туристи. – Местото е премногу опасно и затоа локалното население никогаш не оди таму. Имаше многу бранови и ветер и во тој момент се спојуваат струите на двете мориња и тоа е многу опасно, изјавила градоначалничката на Касандра, Анастасија Чалкија, нагласувајќи дека штом ќе се стемни ќе биде тешко да се продолжи со потрагата. Грчките медиуми истакнуваат дека потрагата по двајцата македонски државјани ќе продолжи вечерва со пловечки и патролен чамец на крајбрежната стража, како и два приватни чамци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potragata-oteznata-proslava-vo-grcija-se-pretvori-vo-koshmar-za-turistite-od-makedonija/feed/ 0