поскапа струја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Jun 2022 07:09:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png поскапа струја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Премногу е, народот плаќа поскапа струја, затоа што Ковачевски краде https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-premnogu-e-narodot-plakja-poskapa-struja-zatoa-shto-kovachevski-krade/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-premnogu-e-narodot-plakja-poskapa-struja-zatoa-shto-kovachevski-krade/#respond Wed, 15 Jun 2022 07:09:34 +0000 https://kurir.mk/?p=691080

Премногу е, народот плаќа поскапа струја, затоа што Ковачевски краде, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Со СДСМ цената на струјата се зголеми за 30%. Народот плаќа поскапа струја затоа што луѓето од врвот на власта преку свои блиски фирми испумпуваа пари од РЕК Битола преку разни тендери, а комбинатот го оставија без основни средства за работа. И во исто време ги испразнија акумулациите. Неработата и криминалот во енергетиката во изминативе 5 години сега граѓаните ќе го платат со уште едно покачување на цената на струјата од јули. Повисоките сметки за струја ќе значат помалку пари за народот и поскапо производство, а со тоа и понеконкурентна економија, велат од партијата. Од таму додаваат дека народот не може да издржи уште една зима со скапа струја, скапо парно греење, скапи горива и скапа храна. -Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-premnogu-e-narodot-plakja-poskapa-struja-zatoa-shto-kovachevski-krade/feed/ 0
Арсовски: Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја за да има пари за криминалот на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-gragjanite-kje-plakjaat-poskapa-struja-za-da-ima-pari-za-kriminalot-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-gragjanite-kje-plakjaat-poskapa-struja-za-da-ima-pari-za-kriminalot-na-sdsm/#respond Sun, 29 May 2022 10:17:22 +0000 https://kurir.mk/?p=683061

СДСМ и лично оваа влада предводена од СДСМ, изминативе неколку години ја креираше најголемата енергетска криза во Република Македонија, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски. Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Арсовски: -И нормално од СДСМ, сите можеме да чуеме како велат дека тоа било светска енергетска криза итн, но реалноста и фактите велат дека оваа енергетска криза е директно наметната од СДСМ и од нивното лошо и криминално работење и сите ценовни шокови и покачувања на цената на електричната енергија ќе ги платат лично граѓаните, впрочем, како што го плаќаат и до сега. За жал, заради криминалното и неодговорно работење на СДСМ и оваа влада во енергетскиот сектор, граѓаните изминативе години плаќаат до 30% повисока струја, а сега од јули за жал, ќе плаќаат уште најмалку 10% повисоки сметки за струја. Почитувани, тоа е СДСМ. Зошто е ова така? Вчера можевме да видиме кои што ги објави претседателот Мицкоски, а укажуваат на недомаќинското работење во РЕК Битола и запуштеноста на комбинатот. Тие слики можат да ги погледнат повторно граѓаните за да се потсетат како изгледа РЕК Битола. Цели поплавени рударски машини, поплавени транспортни траки, поплавени багери кои се користат за работа во рудникот и практично ништо од овие машини кои се поплавени не е нефункционално во моментов. Зошто? Затоа што никој од ова раководство кое го води ЕЛЕМ, односно ЕСМ и РЕК Битола не мислел и воопшто не се ангажирал како да се справи со водни поплави и слично, па затоа е парализиран целиот комбинат и не работи. Надоврзано на ова, во извештајот на Регулаторна комисија покажува дека во 2021 година може да се забележи дека се произведени вкупно 3,17 терават часови електрична енергија од страна на ЕЛЕМ, а само две години претходно во 2019тата година произведени се 4,25 терават часови електрична енергија од страна на ЕЛЕМ. Што значи, за само една година намалено е производството на електрична енергија од страна на ЕЛЕМ за нешто повеќе од 1 терават часови електрична енергија. Ако се земе во предвид дека просечна увозна цена на струја според светските берзи е 250 евра за мегават час, тоа укажува дека оваа Влада со намаленото производство на струја од над 1 терават часови струја за една година, влегла, народски кажано во дупка повеќе од 250 милиони евра. Тие пари ги плаќаат граѓаните преку плаќањето повисоки сметки изминативе месеци. Ова е тажната реалност во Република Македонија и затоа граѓаните плаќаат до сега 30% повисоки сметки за електрична енергија, а од јули ќе плаќаат и над 10% повисоки од сегашните сметки за електрична енергија. На крајот од денот, ниту еден обид за манипулација ниту од Владата, ниту од омилениот регулатор на СДСМ Бислимовски, нема и не смее да го оправда криминалот со тендерите во 4 очи во РЕК, нема да може да го оправда незнаењето за работење во енергетиката на оваа влада, ниту пак рекетот кој го правеа а беше пријавен во МВР преку РЕК Битола и испумпувањето на парите преку агенции за обезбедување. Ете заради ова, граѓаните плаќаат повисоки сметки за струја и ќе плаќаат уште повисоки сметки за струја. Решението е предвремени парламентарни избори, нова влада, а пред тоа сите граѓани кои што не се задоволни од ваквото криминално работење на оваа влада, ги повикуваме да ни се придружат на протестот во месец јуни, рече Арсовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-gragjanite-kje-plakjaat-poskapa-struja-za-da-ima-pari-za-kriminalot-na-sdsm/feed/ 0
Албанија: Богатите семејства ќе плаќаат поскапа струја https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-bogatite-semejstva-kje-plakjaat-poskapa-struja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-bogatite-semejstva-kje-plakjaat-poskapa-struja/#respond Thu, 31 Mar 2022 11:31:38 +0000 https://kurir.mk/?p=656286

Албанскиот премиер Еди Рама од собраниската говорница на денешната пленарна седница, најави дека се прави студија со која ќе се разгледа можноста богатите домаќинства да плаќаат поскапа електрична енергија. Тој уште еднаш ја повтори одлуката на Владата со која нема зголемување на цената на електричната енергија за албанските домаќинства и покрај енергетската криза и неповолната хидролошка состојба од која зависи домашното производство. – Страшна е и помислата дека сме во услови на тоа што се случи, всушност немање снабдување, недостиг на нафта, гас, струја и храна. Ова се случи. Не и денес стоиме зад усвоениот пакет економски мерки, со кој не предвидуваме поскапуме на цената на струјата за ниту едно албанско семејство. Министерството за енергетика прави студија за богатите семејства, за да видиме дали можеме да направиме привремена поделба каде тие што имаат повеќе да платат повисока сметката за енергија, изјави Рама. Тој нагласи дека за другите домаќинства нема да има зголемување на сметката за енергија, за што Владата ќе продолжи да ја плаќа разликата. Локалното производство на електрична енергија во Албанија зависи од хидроенергијата, а сушата во последните месеци ја влоши и онака лошата ситуација со електрична енергија во земјата. Поради неповолната хидрологија акумулацијата на најголемата хидроелектрана „Фиерза“, која е втора во поголемина на Балканот, според последните информации е на критичниот минимум, поради што запрено е производството. Претходно Владата соопшти дека ќе мора да потроши околу 550 милиони евра за увоз на електрична енергија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-bogatite-semejstva-kje-plakjaat-poskapa-struja/feed/ 0
„Заевизмот направи семејство кое плаќало 2.000 денари за струја сега да плаќа над 2.300 месечно, тоа годишно e колку две нови сметки“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaevizmot-napravi-semejstvo-koe-plakjalo-2-000-denari-za-struja-sega-da-plakja-nad-2-300-mesechno-toa-godishno-e-kolku-dve-novi-smetki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaevizmot-napravi-semejstvo-koe-plakjalo-2-000-denari-za-struja-sega-da-plakja-nad-2-300-mesechno-toa-godishno-e-kolku-dve-novi-smetki/#respond Mon, 03 Jan 2022 08:04:28 +0000 https://kurir.mk/?p=615683

Заевизмот ја поскапи електричната енергија за граѓаните. Ова поскапување е колку две нови сметки на годишно ниво. Ете каков катастрофален удар на стандардот предизвика заевизмот, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Електричната енергија освен базичното поскапување, дополнително поскапува и по основ на укинувањето на евтината дневна тарифа. Оттука вкупното поскапување изнесува над 15 %. Ова значи дека едно семејство кое плаќало по 2000 денари месечно за електрична енергија ќе плаќа сега по 2300 денари плус ДДВ. Ако се земе предвид дека намалената стапка на ДДВ ќе се враќа етапно во текот на следната година ударот по семејниот буџет ќе биде уште поголем. Уште полошо поминуваат компаниите кои набавуваа електрична енергија на слободниот пазар. Тие денес плаќаат неколку кратно повисока цена и се на работ на егзистенцијата, велат од партијата. Од таму додаваат дека оваа новогодишна честитка која пиунот Ковачевски и заевизмот му ја испорачаа на народот, Народот со поскапувањето на струјата од свој џеб ја плаќаат неспособноста, неодговорноста и криминалните тендери на власта. -Да потсетиме дека од август 2020 година до денес цената на струјата кумулативно порасна за околу 40%. За една и пол година! Најпрво летото 2020 година струјата поскапи 7,5%, потоа летото 2021-ва уште нови 12,5%, за сега над 15%. Поскапување на поскапување и дојдовме до околу 40%. Да биде уште потрагично и покрај сите овие поскапувања МЕПСО и ЕЛЕМ се претворија во загубари. ЕЛЕМ има рекордно најниско ниво на произведена домашна струја, нема доволно јаглен и акумулациите се празни, а МЕПСО нелегално влече струја од европската мрежа. Ете до кое дереџе го донесе заевизмот енергетскиот систем во Македонија. За ова мора да има одговорност, потенцираат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaevizmot-napravi-semejstvo-koe-plakjalo-2-000-denari-za-struja-sega-da-plakja-nad-2-300-mesechno-toa-godishno-e-kolku-dve-novi-smetki/feed/ 0
Бектеши: Цената на електричната енергија ќе се зголеми до 10% https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-cenata-na-elektrichnata-energija-kje-se-zgolemi-do-10/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-cenata-na-elektrichnata-energija-kje-se-zgolemi-do-10/#respond Tue, 07 Dec 2021 17:31:39 +0000 https://kurir.mk/?p=605449

Цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе се зголеми до 10 отсто. Оваа информација за Алсат ја кажа министерот за економија Крешник Бектеши за емисијата Економски магазин која ќе се емитува утре во 22 часот. Алсат претходно обајви дека цената на струјата ќе поскапи 9 проценти. Официјалните податоци ќе бидат објавени на девети декември кога ќе се објави понудата на државната ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум која набавува струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. „Да бидам искрен, на затворена владина седница веќе е усвоена одлука со која ЕСМ ќе учествува на јавен тендер објавен од универзалниот снабдувач, во овој случај, ЕВН Хоме. Јас само можам да потврдам дека крајната цена според сите проекции што сме ги правеле ние како енергетски тим во рамки на Владата, нема да биде над 10% за домаќинствата и граѓаните“. Алсат дознава и дека неизвесно е дали по Нова година граѓаните ќе имаат преку ден евтина тарифа на електричната енергија. За оваа се уште се преговарало. Доколку се укине евтината тарифа тогаш владата планира дополнителни субвениции на ранливите категории на граѓани за подмирување на сметките за струја. Она што е сигурно е дека останува евтината тарифа за време на ноќните часови и во неделата. Инаку, ЕСМ вчера ги испрати пресметките за трошоците до владата по кои на Илинденска имаа обврска да ја склопат понудата и најдоцна до девети да ја испратат до ЕВН Хоум. Надлежните уверуваат дека 100 отсто од потребната струја на Универзалниот снабдувач за домаќинствата ќе биде обезбедена од ЕСМ. Осумдесет отсто од струјата ќе биде од домашното производство а останатите 20 отсто ќе се купува од берзите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-cenata-na-elektrichnata-energija-kje-se-zgolemi-do-10/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на власта ќе го плаќа народот преку поскапа струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kriminalot-na-vlasta-kje-go-plakja-narodot-preku-poskapa-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kriminalot-na-vlasta-kje-go-plakja-narodot-preku-poskapa-struja/#respond Fri, 03 Dec 2021 08:06:03 +0000 https://kurir.mk/?p=603393

Власта се подготвува за покачување на цената на струјата од над 20%, неизвесно кога ќе се активира и ТЕЦ Неготино, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Според информациите кои излегоа во јавноста, а власта не ги демантираше изречно АД ЕЛЕМ побарало покачување на струјата од над 20%, а дополнително се чека и на МЕПСО. Според едноставни пресметки во најдобар случај со оваа влада на чело на државата од јануари, граѓанин кој плаќал 3000 денари струја, ќе треба да плати минимум 3600 денари. Само за струја ќе треба да се одвојува нешто повеќе од 1/5 од минималната плата. Покачување од 20% или повеќе ќе биде тежок удар за народот. Власта не направи ништо да го спречи струјниот ценовен шок. Власта не ја активираше навремено ТЕЦ Неготино, ниту пак ископа јаглен во РЕК Битола кога требаше са се копа, се потроши водата од хидроакумулациите и државата се остави без ресурси, велат од партијата. Од таму додаваат дека Во РЕК Битола не се копаше јаглен затоа што парите се трошеа на тендери за транспорт и други непродуктивни работи. -Со вака неспремен енергетски сектор катастрофата која што може да ни се случи може да биде уште поголема. Затоа СДСМ не е решение, бидејќи тие се проблемот и треба да си заминат, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kriminalot-na-vlasta-kje-go-plakja-narodot-preku-poskapa-struja/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Молкот на Заев значи согласност со изјавата на коалицискиот партнер Морачанин дека струјата треба да поскапи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-molkot-na-zaev-znachi-soglasnost-so-izjavata-na-koaliciskiot-partner-morachanin-deka-strujata-treba-da-poskapi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-molkot-na-zaev-znachi-soglasnost-so-izjavata-na-koaliciskiot-partner-morachanin-deka-strujata-treba-da-poskapi/#respond Sat, 17 Jul 2021 07:14:33 +0000 https://kurir.mk/?p=537966

Два дена реакции во јавноста за изјавата на коалициската пратеничка на Заев, Морачанин, дека цената на струјата требало да биде поскапа. Заев никаде го нема да им објасни на граѓаните дали се согласува дека народот треба да плаќа уште поскапа електрична енергија, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Попусти се фалбите на СДСМ дека граѓаните нема да плаќаат поскапа електрична енергија, со намалувањето на ДДВ-то, кое по вина на власта се одолговлекуваше во Собранието. Граѓаните не треба да бидат излажани, законското решение е до крајот на годината, а со неспособното владеење на СДСМ народот го очекува ценовен шок. Храната е поскапа, инфлацијата е во подем, горивата се поскапени за 14 денари, сметките на граѓаните растат, платите не се доволни за нормална живеачка, а Заев без мака воведува и нови давачки, затоа што ја задолжи државата за дополнителни 2.4 милијарди евра, а тендерите во четири очи го испразнија Буџетот. Јавноста реагира за поскапата електрична енергија, а експертите предупредуваат дека со затворањето на РЕК Битола и недоволните производни капацитети, власта која појма нема од менаџирање со државните ресурси се обидува да го осуди овој народ да плаќа даноци, нови покачувања и измислени нови давачки. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи оваа тажна реалност во која живее македонскиот граѓанин да продолжи. Со новиот концепт „Македонија за сите луѓе“ знаеме како и ќе се погрижиме да се продолжи животот на термоелектраните, што само по себе ќе обезбеди поголемо производство на електрична енергија која ќе биде поевтина за сите домаќинства, велат од партијата. Од таму додаваат дека власта не е способна на граѓаните да им обезбеди поевтина електрична енергија, но ВМРО-ДПМНЕ не само што ќе ја намали цената на чинење на струјата, туку и ќе обезбеди парите од покачената акциза да се вратат кај граѓаните. Време е да престане грабежот врз народот кој го прави Заев четири години, време е за Македонија за сите луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-molkot-na-zaev-znachi-soglasnost-so-izjavata-na-koaliciskiot-partner-morachanin-deka-strujata-treba-da-poskapi/feed/ 0
100 дена Влада донесоа повисоки сметки за струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/100-dena-vlada-donesoa-povisoki-smetki-za-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/100-dena-vlada-donesoa-povisoki-smetki-za-struja/#respond Thu, 10 Dec 2020 12:08:00 +0000 https://kurir.mk/?p=441460

Ситуацијата на секое поле во државата е загрижувачка. Тоа го потврдуваат и бројките  каде  од месец март до денес над 50.000 граѓани останаа без своите работни места и 500.000 граѓани живеат со 2 евра на дена. Но, наспроти овие загрижувачки бројки граѓаните секојдневно укажуваат дека иако економските парамeтри се поразителни тие плаќаат повисока цена на електричната енергија. -Веќе подолг период забележуваме прекини во електричната енергија. Тоа се случува 3-4 пати во неделата. Ние се грееме на струја и поради ваквите почести и подолги прекини на електрична енергија остануваме без греење,  ни раскажа лице кое живее во Кисела Вода. За истата оваа ситуација ни потврдија и граѓани од повеќе делови од Скопје како и од внатрешноста. -Исто и кај нас во Штип, Виница, Гевгелија се случува овој проблем. Неколку пати на подолг период во текот на денот се случува да немаме струја. Но и покрај ваквата проблематика  забележуваме и зголемување во цената електричната енергија. По најавеното покачување на цената на електричната енергија сега плаќаме повисока сметка за приближно 600 денари од вообичаеното, ни посочија други граѓанини. За поскапувањетоа не електричната енергија ВМРО-ДПМЕ протестираше и апелираше власта да не ја покачи цената на електричната енергија. -Протестираме за социјална тема, тоа е покачената цена на електрична енергија. Првото барање враќање на старата цена на електричната енергија. Наместо да му овозможувате вонреден профит на универзалниот снабдувач, намалето го процентот“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од пред зградата на Регулаторната комисија. По сите овие информации можеме да заклучиме дека на властите поважно им е што е можно повеќе да се збогатат отколку да им помогнат во овие тешки времиња. Имено и во овие 100 Влада граѓаните добија повисоки сметки за струја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/100-dena-vlada-donesoa-povisoki-smetki-za-struja/feed/ 0
ВО ЖИВО: ВМРО-ДПМНЕ на протест пред Регулаторната комисија за енергетика против поскапената струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-vmro-dpmne-na-protest-pred-regulatornata-komisija-za-energetika-protiv-poskapenata-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-vmro-dpmne-na-protest-pred-regulatornata-komisija-za-energetika-protiv-poskapenata-struja/#respond Sat, 31 Oct 2020 10:44:29 +0000 https://kurir.mk/?p=422942

ВМРО-ДПМНЕ денеска во 12:30 часот повторно ќе протестира против поскапувањето на струјата. Од партијата ги повикуваат сите граѓани кои се незадоволни од оваа ненародна власт предводена од СДСМ и Зоран Заев. Протестот е еден од низата успешни протести на партијата која се одржуваат веќе месец дена. КУРИР целиот протест во 12:30 часот од пред седиштето на Регулаторната комисија за енергетика ќе го пренесува во живо, следете не: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-vmro-dpmne-na-protest-pred-regulatornata-komisija-za-energetika-protiv-poskapenata-struja/feed/ 0
„Заев склучува договор со СВ Инвест вреден милион евра, еве зошто граѓаните плаќаат поскапа струја“ (ДОКУМЕНТИ) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-skluchuva-dogovor-so-sv-invest-vreden-milion-evra-eve-zoshto-gragjanite-plakjaat-poskapa-struja-dokumenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-skluchuva-dogovor-so-sv-invest-vreden-milion-evra-eve-zoshto-gragjanite-plakjaat-poskapa-struja-dokumenti/#respond Tue, 22 Sep 2020 11:31:12 +0000 https://kurir.mk/?p=406724

Заев и Костадинов додека лажат за економската слика во Македонија, тие се богатат на грбот на граѓаните.   Над 40.000 граѓани останаа без работа, но Заев потпиша договор со „СВ Инвест“  вреден скоро милион евра, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ не одговори за тендерот од 6.2 милиони евра за ископување на јаглен од РЕК Битола кој го доби нивен финансиер Силјан Мицевски. Но затоа се дрзна и Заев преку „СВ Инвест“ да зема пари. Очигледно дека РЕК Битола претставува златна кокошка на мафијата предводена и диригирана од Зоран Заев. Компанијата „СВ Инвест“ се поврзува со името на Вице Заев, брат на Зоран Заев, тој добива милионски јавни набавки во четири очи од државната електрана РЕК Битола, без притоа да поседува механизација со која ќе ги извршува работите. Македонските граѓани додека го тераат денот со 50 денари дневно, фамилијата Заев се полни со милиони евра. Македонската економија стагнира, но богатењето на Заев и СДСМ продолжува. Поради СДСМ Македонија има историски пад на БДП од 12.7% и намалени плати и тоа само за 6 месеци криза. Еднократната помош и задолжувањето од страна на Владата на СДСМ не се решение, затоа што тие не генерираат раст на економијата. И додека се оди во надолен тренд сметките за струја единствено растат. Додека граѓаните гладуваат, Костадинов и неговиот шеф Заев се богатат“, обелоденуваат од партијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-skluchuva-dogovor-so-sv-invest-vreden-milion-evra-eve-zoshto-gragjanite-plakjaat-poskapa-struja-dokumenti/feed/ 0