поскапена струја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Dec 2022 13:09:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png поскапена струја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: Владата ја поскапува струјата, цената на евтината тарифа се зголемува повеќе од дупло https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vladata-ja-poskapuva-strujata-cenata-na-evtinata-tarifa-se-zgolemuva-povekje-od-duplo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vladata-ja-poskapuva-strujata-cenata-na-evtinata-tarifa-se-zgolemuva-povekje-od-duplo/#respond Thu, 29 Dec 2022 13:09:11 +0000 https://kurir.mk/?p=782120

„Евтината тарифа од 0,6 денари се зголемува на 1,3 денари, повеќе од двапати тоа го заборавија да го кажат. И сега кога ќе си пресмета секој еден граѓанин колку киловат часови троши во евтина, а колку во еден од блоковите ќе видите дека сметката со додадените плус 5% данок на додадена вредност ќе биде најмалку 20% поголема. Но, тоа од први јануари ќе го видат сите граѓани и ќе го доживеат. Тоа заборавија да го кажат, тоа никаде го нема, ниту во соопштението на Регулаторната дека ниската тарифа од 0,6 денари ќе стане 1,3 денари. наеднаш се зголеми за 200 отсто. Тоа никаде го нема, тоа никој не го кажува“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Кисела Вода. Мицкоски додаде дека тоа е така бидејќи во 2021 и 2022 година од државниот буџет сите граѓани префрлиле на АД ЕСМ поранешно ЕЛЕМ повеќе од 265 милиони евра. А, само во 2022 година заклучно ноември, без декември се префрлени 180 милиони евра. А, со декември ќе бидат повеќе од 200 милиони евра. „И како одат тие пари? Од државниот буџет се префрлаат во ЕСМ, а ЕСМ распишува тендер за ископ, се уценуваат компании да не се пријавуваат на тој тендер за ископ и поради итност се потпишува договор во четири очи. Истото тоа се прави и со мазутот, истото тоа се прави и со увезениот јаглен односно транспортот и истото тоа се прави со авансното плаќање на фактурите за увезена струја“, заклучи тој. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека од тие 200 милиони, проценките се дека најмалку 30 милиони се крадат. И Мицкоски ги повика сите оние кои што се повикуваат на борба против криминалот и корупцијата да отидат и да ги отворат документите и ќе увидат каде е криминалот. „Затоа ниската тарифа од 0,6 ќе стане 1,3 денари“, нагласи тој. Мицкоски околу увозот за струја рече дека за месец и половина почнувајќи од 7-ми или 10-ти ноември до крајот на 2022 година се повеќе од 45 милиони евра. „А, цело време ги слушаме како кажуваат дека произведуваат, дека задоволени се потребите, готово нема увоз итн. А, еве јас ви тврдам, нека ме демантираат дека само за само еден и половина месец се потрошени од страна на АД ЕСМ повеќе од 45 милиони евра“, укажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. „Не се пресметани трошоците за cross border капацитетите и доколку ги пресметате и тие, ќе добиете некаде околу 600 илјади евра разлика, не 800 илјади, што е повторно прилично имајќи предвид дека 2 милиони е целата зделка. Значи 30% имате профит, што е нешто неверојатно. Тоа авансно се плаќа. Ете така се краде Македонија. И секој кој што ќе каже борба против корупција, еве веднаш ви кажувам пример“, нагласи Мицкоски одговарајќи на прашањето како ја коментира набавната цена на струјата за 40% поголема од пазарната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vladata-ja-poskapuva-strujata-cenata-na-evtinata-tarifa-se-zgolemuva-povekje-od-duplo/feed/ 0
„Ако владата не правеше криминал и произведеше доволно струја немаше да има поскапување во јули, а за во јануари немаше да стане збор“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-vladata-ne-praveshe-kriminal-i-proizvedeshe-dovolno-struja-nemashe-da-ima-poskapuvanje-vo-juli-a-za-vo-januari-nemashe-da-stane-zbor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-vladata-ne-praveshe-kriminal-i-proizvedeshe-dovolno-struja-nemashe-da-ima-poskapuvanje-vo-juli-a-za-vo-januari-nemashe-da-stane-zbor/#respond Sun, 11 Sep 2022 07:41:52 +0000 https://kurir.mk/?p=731235

Ако владата не правеше криминал и произведеше доволно струја немаше да има поскапување во јули, а за во јануари немаше да стане збор, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. „Народот плаќа скапа струја затоа што владата не произведува доволно. ЕЛЕМ како произведувач на струја за универзалниот снабдувач не може во целост да обезбеди ефтина струја. РЕК Битола работи со половина капацитет, исто и Осломеј, доколку овие две електрани беа во целосен погон и правилно се димензионира работата на хидроакумулациите немаше да дојде воопшто до покачување на цената на струјата за домаќинствата. Што се однесува до стопанството, доколку ТЕЦ Неготино работеше со полн капацитет, бизнисот ќе штедеше и до 1 милион евра дневно, и наместо да увезува скапа струја ќе имаше струја по трократно пониска цена од таа што ја увезува“, велат од партијата. Од таму додаваат дека, но наместо да го димензионира производството за да им помогне на домаќинствата и фирмите, владата преку ЕЛЕМ сега троши вода од акумулациите за ноќе да произведува струја како вишок и да го продава на трговци ефтино, кои потоа ја препродаваат со 60% маржа. -Владата или не знае да работи, или сака народот да го донесе до питачки стап. И едното и другото е показател дека е потребна нова влада час поскоро. Затоа избори се решение, потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-vladata-ne-praveshe-kriminal-i-proizvedeshe-dovolno-struja-nemashe-da-ima-poskapuvanje-vo-juli-a-za-vo-januari-nemashe-da-stane-zbor/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ги покачи струјата и парното и предизвика инфлација, тоа што можело да се купи за 20.000 денари, сега треба и до 25.000 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vmro-dpmne-kovachevski-gi-pokachi-strujata-i-parnoto-i-predizvika-inflacija-toa-shto-mozelo-da-se-kupi-za-20-000-denari-sega-treba-i-do-25-000-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vmro-dpmne-kovachevski-gi-pokachi-strujata-i-parnoto-i-predizvika-inflacija-toa-shto-mozelo-da-se-kupi-za-20-000-denari-sega-treba-i-do-25-000-denari/#respond Sun, 09 Jan 2022 08:39:19 +0000 https://kurir.mk/?p=617119

Пиунот Ковачевски ги покачи струјата и парното и предизвика инфлација. Прва мерка на Ковачевски е покачената цена на струјата и парното за по 15%. Граѓаните веќе на крајот на овој месец ќе добијат сметки за струја и парно поскапи за најмалку 500 денари, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека стандардот е нагризен уште од порано. - Димитар Ковачевски подолг период беше заменик министер за финансии, а со тоа и главен виновник за лошата економска слика и инфлацијата која ни се случува. Покачени се сите продукти, а според пишувањата на медиумите прехранбените производи за една година се покачени и до 30%, тоа значи дека тоа што пред една година можело да се купи за 20.000 денари, сега треба и над 25.000 денари, се додава во партиското соопштение. Oд ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека сошата ситуација во економијата не можат да ја поправат луѓето кои ја предизвикаа и дека се потребни реални промени, а тоа е можно само со предвремени парламентарни избори и нова влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vmro-dpmne-kovachevski-gi-pokachi-strujata-i-parnoto-i-predizvika-inflacija-toa-shto-mozelo-da-se-kupi-za-20-000-denari-sega-treba-i-do-25-000-denari/feed/ 0
ЕВН Хоме по Нова година ќе набавува струја по повисока цена за 13,6% https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/evn-home-po-nova-godina-kje-nabavuva-struja-po-povisoka-cena-za-13-6/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/evn-home-po-nova-godina-kje-nabavuva-struja-po-povisoka-cena-za-13-6/#respond Tue, 14 Dec 2021 12:04:14 +0000 https://kurir.mk/?p=608308

ЕВН Хоме како Универзален Снабдувач на електрична енергија, на денешните тендери за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на своите потрошувачи за периодот Јануари-Јуни 2022, доби понуда само од АД ЕСМ. АД ЕСМ и на двата тендери (за 60% и 40% од вкупните планирани потреби) преку електронски аукции му понуди на ЕВН Хоум како Универзален Снабдувач купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегаватчас. АД ЕСМ како најповолен понудувач ќе ги покрие вкупните планирани потребни количини на електрична енергија за корисниците кои се снабдувани од страна на Универзалниот снабдувач за првата половина од 2022 година. Добиената купопродажна цена е за 13,6 % повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач за набавка на електрична енергија за периодот Јули-Декември 2021 година, кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена на електрична енергија од 36,1 евро за мегаватчас за вкупните планирани потреби на ЕВН Хоум како Универзален Снабдувач.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/evn-home-po-nova-godina-kje-nabavuva-struja-po-povisoka-cena-za-13-6/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Власта краде струја и прави милиони, а народот плаќа милиони за да има власта што да краде https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-krade-struja-i-pravi-milioni-a-narodot-plakja-milioni-za-da-ima-vlasta-shto-da-krade/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-krade-struja-i-pravi-milioni-a-narodot-plakja-milioni-za-da-ima-vlasta-shto-da-krade/#respond Sat, 20 Nov 2021 08:06:49 +0000 https://kurir.mk/?p=597623

Власта краде струја и прави милиони, а народот плаќа милиони за да има власта што да краде, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -По неколкуте купување на скапа струја, склучен е нов договор за набавка на струја за 10 дена во вредност од над 12 милиони евра. Доколку оваа сума се собере со претходните 11 милиони евра потрошени за струја, и 15 милиони кои ги плативме кон европската енергетска мрежа доаѓаме до сума од над 38 милиони евра, пари кои државата ги потроши за купување на скапа струја, а зимата календарски не е ниту почната. Струја се купува затоа што нема домашно производство, а нема затоа што нема јаглен во РЕК, ниту вода во хидроакумулациите. Неспособноста за слабиот менаџмент со енергетските претпријатија ја плаќаат граѓаните од чии џебови се одвојуваат овие тешки милиони за да се купи струја, за подоцна и таа скапо платена струја некој од власта да ја краде за копање на биткоини, велат од партијата. Од таму додаваат дека со оваа власт системот не функционира. Не чека енергетска криза од невидени размери и оваа власт не знае како да се справи. Затоа потребни се промени, брзи избори, а потоа и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-krade-struja-i-pravi-milioni-a-narodot-plakja-milioni-za-da-ima-vlasta-shto-da-krade/feed/ 0
Граѓаните тонат во сиромаштија, а власта со поскапата струја им ја одзема и последната корка леб https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-tonat-vo-siromashtija-a-vlasta-so-poskapata-struja-im-ja-odzema-i-poslednata-korka-leb/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-tonat-vo-siromashtija-a-vlasta-so-poskapata-struja-im-ja-odzema-i-poslednata-korka-leb/#respond Sat, 31 Oct 2020 15:03:49 +0000 https://kurir.mk/?p=423063

Македонските граѓани тонат во сиромаштија, а безидејноста на власта ги носи кон пропаст и раб на преживување. Државниот завод за статистика потврди дека речиси половина милион граѓани во Македонија живеат во многу тешки услови. Имено, според ДЗС, 455.600 се сиромашни, додека пострашен е податокот дека сиромашно е секое четврто четиричлено семејство, кое се зема за просек во земјава. Тоа ни покажува дека двајца родители на своите две деца не можат да им ги обезбедат ни основните услови за живот, а камо ли да ги покријат останатите трошоци во својот дом. За да биде ситуацијата уште полоша, говори и фактот дека според трговијата на мало во со храна и пијалоци, за само една година има реален пад од 5,3% што значи дека сиромаштијата си го прави своето и се повеќе граѓани не можат да си купат храна и да се прехранат на дневна основа. И додека граѓаните едвај преживуваат и не можат да си дозволат по еден оброк на ден, владата предводена од СДСМ ја прави нивната ситуацијата уште полоша. Наместо да создава услови за подобар живот, владата им го прави уште поскап животот на граѓаните. Поскапувањето на електричната енергија е последниот удар кој заедно со корона кризата, ги доведува македонските граѓани буквално на питачки стап. Покрај тоа што самата зголемена цена на електричната енергија особено во зимскиот период ќе значи дополнителен трошок, истата предизвикува и домино ефект на покачување на сите останати основни трошоци кои ги имаат граѓаните. Бидејќи ова поскапување дојде како гром од небо без никаква најава, предизвика економски шок за бизнис секторот, а уште поголем шок за граѓаните. За да ги покрие зголемените трошоци бизнис секторот почна да ги зголемува цените, а со тоа да станаа пак поголеми трошоците за живот на секој еден жител во државава, а тоа го потврди и Државниот завод за статистика кој забележа пораст на цените на мало и трошоците за живот. Во услови на криза и кога десетици илјади граѓани останаа без работа, а уште стотици со намалени приходи, власта со покачената цена на струјата предизвика голема неизвесност и огромен удар по животниот стандард на македонските граѓани. Додека поскапата цена на електричната енергија го јаде стандардот на граѓаните кои треба да издвојат од корката леб за преживување за да ги платат сметките, власта и првиот човек на регулаторна Бислимовски убедуваат дека ова поскапување е неопходно и не влијае на стандардот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-tonat-vo-siromashtija-a-vlasta-so-poskapata-struja-im-ja-odzema-i-poslednata-korka-leb/feed/ 0
Антовски: СДСМ денес даде амин за најголемото покачување на цената на струјата во Република Македонија до сега https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-sdsm-denes-dade-amin-za-najgolemoto-pokachuvanje-na-cenata-na-strujata-vo-republika-makedonija-do-sega/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-sdsm-denes-dade-amin-za-najgolemoto-pokachuvanje-na-cenata-na-strujata-vo-republika-makedonija-do-sega/#respond Fri, 31 Jul 2020 13:47:46 +0000 https://kurir.mk/?p=384425

СДСМ денес даде амин за најголемото покачување на цената на струјата во Република Македонија до сега.Регулаторната комисија за енергетика под контрола на СДСМ удри по џебот на граѓаните, ова денеска преку прес-конференција го истакна Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ. -Парите кои СДСМ ги потроши за поткуп сега ќе ги враќа во буџетот преку покачени давачки, кои треба да ги плаќаат граѓаните. Домаќинствата низ цела Република Македонија, сега ќе треба да го покријат изборниот поткуп на СДСМ. Имено Регулаторната комисија денеска донесе одлука за покачување на цената на струјата во висина од 7.4%. Со тоа сметката на струја која до сега била 1500 денари станува 1600 денари, а сметка од 3000 станува 3200 денари. Ова е поздрав од Заев до граѓаните. Зголемувањето на цената на струјата во време на корона криза може да го направи власт која се грижи само за себе и своите интереси, власт на која народот и е на последно место. Регулаторната комисија за енергетика која ако беше навистина независно тело, а не партиска комисија ќе знаеше дека обичниот граѓанин едвај го поминува месецот да се прехрани. Секоја зголемена давачка му е товар на буџетот. Ја прашуваме РКЕ: Затоа ли го одложи носењето на цената на струјата пред изборите, за да може сега без жал и одговорност да ја зголеми истата водејќи сметка само за компаниите, но не и за македонскиот народ. Ова е најголемото покачување на струјата во Република Македонија во изминативе 12 години. За тој период земјата немаше вкупно кумулативно покачување на струјата од 8%, а сега имаме покачување од 7.4%. Ова е вистински удар по џебот на граѓаните и нивниот стандард, вели Антовски. Тој додава дека изговорот на Регулаторна комисија дека ЕЛЕМ и МЕПСО имаат намалени приходи не држат, затоа што токму овие две претпријатија беа користени како место за вдомување на партиски активисти на високи плати, непосредно пред избори бидејќи се вработени повеќе од 1000 лица. -Тоа се работни места кои власта ги делеше во трка по гласови, а плата за истите ќе треба да обезбедат 2 милиони граѓани на Република Македонија преку зголемените сметки за струја. Дополнително загубите се и поради аздисаноста на власта со тендерите во РЕК Битола, каде вртеа камиони на фирми блиски на Заеви. Ова покачување на струјата денес е резултат на расипничкото владеење на СДСМ во изминативе 3 години. Граѓаните допрва треба да ги плаќаат сметките за хаосот кој го причини СДСМ во изминативе години. ВМРО-ДПМНЕ апелираше до Регулаторната комисија за енергетика да ја преиспита намерата за покачување на струјата, затоа што граѓаните не смеат да бидат жртва на лошиот менаџмент на власта, но тие уште еднаш се ставија во функција на СДСМ и на штета на граѓаните донесоа одлука за покачување на струјата. Регулаторна комисија и СДСМ донесоа одлука која граѓаните ќе ги чини пари, а за некого тоа ќе значи и нарушена егзистенција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-sdsm-denes-dade-amin-za-najgolemoto-pokachuvanje-na-cenata-na-strujata-vo-republika-makedonija-do-sega/feed/ 0