поскапување на струја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 05 Nov 2022 10:50:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png поскапување на струја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зголемувањето на данокот ќе донесе поголеми сметки за струја од Нова Година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zgolemuvanjeto-na-danokot-kje-donese-pogolemi-smetki-za-struja-od-nova-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zgolemuvanjeto-na-danokot-kje-donese-pogolemi-smetki-za-struja-od-nova-godina/#respond Sat, 05 Nov 2022 10:50:09 +0000 https://kurir.mk/?p=756105

Повисоки сметки за струја од нова година. Со најавеното покачување на ДДВ-то од 5 на 10%, сметките на граѓаните ќе се зголемат за 4 до 5% во зависност од потрошувачката. Првиот регулатор дециден – да се најдат други решенија кои нема да ги оштетат граѓаните. - Според мене, треба и ние како РКЕ во наредниот период да направиме дополнителни анализи. Сега е време на криза, но и можност за креативни решенија со една цел – да можеме на некој начин ова зголемување на ДДВ-то кое се најавува да го амортизираме и да излеземе во пресрет на барањата на домаќинствата, Марко Бислимовски, претседател на РКЕ. Во пракса ова значи дека семејство што сега плаќа 2138 денари, на својата фактура има 5 отсто ДДВ од 93 денари. Ако ДДВ-то скокне на 10%, оваа сметка би била повисока за дополнителни 93 денари, односно вкупниот долг ќе биде 2231 денар. Доколку се зголеми и цената на струјата, покачувањето ќе биде уште повисоко. - Јас сум противник да кажуваме дека ќе има зголемување на цената. Прво треба да видиме како ќе заврши производството на ЕСМ оваа година, колкави приходи оствариле од продажба на вишоци, дали има потреба од увоз, па потоа треба да видиме колкави ќе бидат потребите на домаќинствата, загубите и цените по кои ќе се снабдуваат, се со цел да ја знаеме реалната слика, Марко Бислимовски, претседател на РКЕ. Последното поскапување на струјата од 7,4% во просек, беше пред 4 месеци кога беа воведени и блок тарифите според системот кој помалку троши – помалку плаќа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zgolemuvanjeto-na-danokot-kje-donese-pogolemi-smetki-za-struja-od-nova-godina/feed/ 0
Град Скопје за загадениот воздух: Поради поскапување на струјата, многу граѓани оваа година за огрев ќе користат дрва https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-za-zagadeniot-vozduh-poradi-poskapuvanje-na-strujata-mnogu-gragjani-ovaa-godina-za-ogrev-kje-koristat-drva/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-za-zagadeniot-vozduh-poradi-poskapuvanje-na-strujata-mnogu-gragjani-ovaa-godina-za-ogrev-kje-koristat-drva/#respond Mon, 27 Dec 2021 15:30:59 +0000 https://kurir.mk/?p=613668

Од Град Скопје информираат дека веќе започнале со системски и конкретни мерки за справување со загадениот воздух, но исто така обвинуваат и дека претходните градски власти не направиле доволно за да се изнајдат соодветни решенија. Според актуелните градски власти, покрај неодговорната работа на претходното раководство, проблем во справувањето со загадениот воздух оваа зима ќе биде и економската криза која, како што се вели, директно удира по граѓаните. - По најавите за драстично зголемување на цената на електричната енергија, дел од граѓаните најавуваат дека за огрев ќе користат дрва, што дополнително негативно ќе се одрази на загадувањето на воздухот, нагласуваат од Град Скопје. Во однос на мерките кои се преземаат во моментот, велат дека уште во првите денови од мандатот, новата градската администрација почнала интензивно да ги чисти сите диви депонии кои биле детектирани на територијата на градот и досега се исчистени над 120 депонии. - На дел од нив се планирани нови зелени површини, а меѓу нив во Ново Лисиче, во Ново Село и на многу други места, стои во соопштението. Како мерка против загадувањето се наведува и зголемениот и неселективен инспекциски надзор и воспоставување системски решенија, со што секое физичко или правно лице кое ја загадува околината и со тоа директно влијае врз загадување на воздухот, ќе биде казнето со високи глоби. - За првпат неселективно се изрекуваат драконски казни за загрозување на животот и здравјето на граѓаните, а една беше изречена неодамна во износ од 88 илјади еврa, објаснуваат градските власти. Од таму посочуваат и дека планот на Град Скопје е преку модернизација на јавниот превоз, директно да се влијае и да се подобри квалитетот на воздухот. - Покрај тоа планирани се нови велосипедски патеки, субвенции за купување на велосипеди и електрични тротинети, со што ќе се мотивираат граѓаните да користат алтернативен превоз. Град Скопје во план има и изградба на пет мега паркови, со што ќе се зголеми зеленилото во градот, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-za-zagadeniot-vozduh-poradi-poskapuvanje-na-strujata-mnogu-gragjani-ovaa-godina-za-ogrev-kje-koristat-drva/feed/ 0
Следната година нè очекува поскапување на струјата – зошто уште никој не знае за колку ќе биде покачена цената на електричната енергија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/slednata-godina-ne-ochekuva-poskapuvanje-na-strujata-zoshto-ushte-nikoj-ne-znae-za-kolku-kje-bide-pokachena-cenata-na-elektrichnata-energija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/slednata-godina-ne-ochekuva-poskapuvanje-na-strujata-zoshto-ushte-nikoj-ne-znae-za-kolku-kje-bide-pokachena-cenata-na-elektrichnata-energija/#respond Thu, 14 Oct 2021 16:55:13 +0000 https://kurir.mk/?p=579149

Следната година не очекува поскапување на струјата, но засега се уште никој не знае за колку ќе биде поскапувањето. Првиот човек на РКЕ, Марко Беслимовски тврди дека за да се справиме со енергетската криза потребно е и активирање на ТЕЦ Неготино. - Најодговорно тврдам дека цената на електричната енергија нема да се зголеми за 50%, а никој во моментов не знае колку ќе се зголеми. Може да има притисок врз трошокот за набавка на електрична енергија за покривање на загубите. МЕПСО и Електродистрибуција треба да распишат тендери и ќе видиме кои цени ќе се понудат. Ако цените се превисоки на располагање ни е концептот преку ЕСМ за набавка на јаглен или доколку има потреба да се вклучи ТЕЦ Неготино, истакна Бислимовски, претседател на РКЕ. Крешник Бектеши министерот за економија пак уверува дека состојбата будно се следи и се прават напори цената и по Нова Година да остане на исто ниво. - Моменталната производна цена на електричната енергија на АД ЕСМ е 36 евра за мегават и ќе направиме напори тоа да остане така. Веќе се преземаат соодветни мерки од страна на раководството на ЕСМ да се зголеми производството во РЕК Битола и во ТЕЦ Осломеј и убеден сум дека до крајот на годината речиси ќе се дуплираат капацитетите на ЕСМ во делот на производството од страна на термоелектраните... Граѓаните навреме ќе ги информираме, не очекуваме големи ценовни шокови, Бектеши. Цените на струјата и нафтата на светските берзи продолжуваат да рушат рекорди. Европската комисија веќе излезе со сет мерки кои треба да ги преземат државите за да го ублажат ударот од вртоглавиот раст на цените на енергенсите. Во повеќе држави веќе се замрзнуваат цените на горивата, а за сметките за струја се делат ваучери за загрозените семејства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/slednata-godina-ne-ochekuva-poskapuvanje-na-strujata-zoshto-ushte-nikoj-ne-znae-za-kolku-kje-bide-pokachena-cenata-na-elektrichnata-energija/feed/ 0
Едвај сврзуваат крај со крај, а сметките за струја ги оставија без денар: Граѓани со сведоштва за КУРИР- штедат, а плаќаат двојно повеќе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edvaj-svrzuvaat-kraj-so-kraj-a-smetkite-za-struja-gi-ostavija-bez-denar-gragjani-so-svedoshtva-za-kurir-shtedat-a-plakjaat-dvojno-povekje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edvaj-svrzuvaat-kraj-so-kraj-a-smetkite-za-struja-gi-ostavija-bez-denar-gragjani-so-svedoshtva-za-kurir-shtedat-a-plakjaat-dvojno-povekje/#respond Tue, 09 Feb 2021 13:35:25 +0000 https://kurir.mk/?p=466224

По парламентарните избори кои што се случија во 2020 година и по повторното доаѓање на СДСМ на власт, се донесе одлука за поскапување на електричната енергија за граѓаните на Република Македонија за цели 7,4 отсто. Одлуката ја соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Беслимовски кој во време на СДСМ е назначен како претседател од 26 јуни 2018 година со мандат од пет години. Опозицијата заедно со изреволтираните граѓани многу пати излегоа на протест за да го искажат своето незадоволство, но немаше никаков одговор од надлежните за барањата на граѓаните, а тоа е поевтина струја во ек на пандемија, каде многумина ги загубија своите работни места и останаа со минимални или со никакви месечни приходи. Изминативе два месеци граѓаните се жалат на огромни сметки за струја. Велат дека цената на последните две сметки им пристигнала двојно поголема од претходните, а притоа тврдат дека ништо не е променето во користењето на електричната енергија. Напротив, тие посочуваат дека секогаш внимаваат на евтина струја од причина што се плашат од високите сметки. Како што велат потрошувачите, тие пробувале да исконтактираат со ЕВН, а одговор повратен не добивале или пак ако добиле одговор тој најчесто бил „Нема никаква грешка, ако сакате платете си инкасатор 3.800 денари да дојде и да провери“. Поголем број на загрижени граѓани кои добиваат огромни сметки за струја, за кои сметаат дека се неосновани, ја контактираа редакцијата на КУРИР. Се пожалија дека виоските суми не се во можност да ги платат и тврдат дека сметките не се реални. Дел од нивните сведоштва, како и доказите за големите сметки, КУРИР ги пренесува во продолжение: „Сметка за струја повеќе од 3000 денари никогаш не ни пристигнала дома, а сме се грееле на термо печка во стан од 40 квадрати без изолација. Ставивме изолација, сменивме уред за греење дома, ставивме инвертер клима која никогаш не е пуштена да работи на повеќе од 20 степени. Пуштаме бојлер и машина на евтина струја, готвиме на евтина струја, за сега сметката да ни стигна дупло од тоа што плаќаме, односно 5.672 денари. Секако, сите упатени повици до ЕВН се залудни, нема никаков одговор.“ „Неколку пати сум пријавувала во ЕВН дека имам премногу високи сметки за струја, особено во текот на зимата, но дома сме на приватно греење и мислев дека поради тоа имам високи сметки за електрична енергија. Но во последните две недели од јануари, ние не бевме дома воопшто, и очекував помала сметка за електрична енергија, но добив повисока сметка за 2200 денари, па не можам да си ја објаснам. Им се јавував на ЕВН цел ден, никој не ми го одговори на телефонските повици, им пишав е-маил, не ми вратија. На крајот по 2 дена ѕвонење, госпоѓата/госпоѓицата што работи таму имаше толку некоректно однесување ми одговори буквално со овие зборови: „Што очекувате госпоѓо за четиричлено семејство колку да ви биде сметката за струја? Доколку сакате да ви дојде инкасатор, платете 3.800 денари да дојде да ви го прочита броилото“. Веднаш ми ја спушти слушалката, не успав ни да и кажам дека ние дома живееме ДВАЈЦА. Во време на пандемија, со две минимални плати од 14.500 денари кога одвај крај со крај сврзуваме, нас ни пристигнува сметка од 22.076 денари. Ова не е прв пат вака јас да пробувам да ги добијам а никој да не одговори. Исто така пред некој месец, ЕВН ја исклучија нашата електрчна енергија наместо на нашиот сосед.“ „Сметките за струја изминативе два месеци ми се колку цела моја плата. Прво, морам да ви кажам дека штедам. Само греење, на клима, уклучувам во текот на денот. Готвам, перам и пеглам после 22 часот, на евтина струја. Кризата нè погоди многу, сопругот ми остана без работа и бидејќи живееме со една плата, многу штедиме. Кога ми стигнаа сметките за струја останав во шок. Како може да платам над 12.000 денари? Се јавив во ЕВН, одговор не добив ништо конкретно. Ги распрашав соседите исто така имаат високи сметки во споредба со минатите години овие месеци, но не толку висока како мојата“, вели една скопјанка. “Сметката за струја ми е 11.000 денари! Со двете деца и сопругот спиеме во една соба за да штедиме на греење. Грееме само во дневната соба со клима. Машината за перење и климата ми потрошиле 11.000 денари за еден месец? Не е можно. Оброците ги подготвувам на евтина струја, детската и спалната соба не ги загревам. Штедам, колку што е тоа можно, за со две мали деца. Ова не е нормално, ова е веќе безобразно. Ми рекоа ќе ми го разгледаат случајот, некое порамнување било, не знам што. Луѓе живеат цел месец со оваа сума на пари, а јас за сметка треба да ги дадам. Кризата нè утепа, државата ќе нè дотепа. Владата нека најде начин да им помогне на луѓето, едвај крај со крај се скрпува, уште струјата ни ја направија поскапа.“   Магдалена Андонова]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edvaj-svrzuvaat-kraj-so-kraj-a-smetkite-za-struja-gi-ostavija-bez-denar-gragjani-so-svedoshtva-za-kurir-shtedat-a-plakjaat-dvojno-povekje/feed/ 0
Нелоски: Ако власта има пари да финансира обуки за магариња, може да ја врати цената на струјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloski-ako-vlasta-ima-pari-da-finansira-obuki-za-magarinja-moze-da-ja-vrati-cenata-na-strujata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloski-ako-vlasta-ima-pari-da-finansira-obuki-za-magarinja-moze-da-ja-vrati-cenata-na-strujata/#respond Tue, 13 Oct 2020 17:59:53 +0000 https://kurir.mk/?p=415957

Најпрвин сакам да ја искористам оваа прилика да им се извинам на сите граѓани на градот Скопје кои што во овие час и половина дополнително на сета нервоза и нетрпеливост која што ја имаат во последните неколку недели поради непланското копање на улиците, овие час и половина повторно им беа оневозможени нормално да функционираат. Но беа оневозможени да функционираат и да се движат низ градот Скопје поради фактот што оваа мафијашка власт и Регулаторната Комисија повторно е глува за барањата на граѓаните, изјави на денешниот протест,  претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски. -Ние како ВМРО-ДПМНЕ и денеска излеговме на овој протестен собир, марш каде што ги кажавме нашите две барања, а тоа се: Најпрво да се врати поранешната цена на струјата и дополнително Регулаторната Комисија и претседателот Марко Бислимоски да најдат конечно храброст и да се повлечат од комисијата за да дојдат луѓе кои што ќе бидат експерти во таа област и ќе ја вршат работата не под насока на власта и Зоран Заев, туку онака како што треба, истакна тој. -Ако владата има можности и наоѓа начини да финансира обуки за магариња и фризерници, тогаш власта мора да има слух за граѓаните и да најде решение за потешкотиите со кои се соочуваат поради ова поскапување на струјата. За жал ние сме единствена земја која што во екот на економска криза од ковид пандемијата, граѓаните имаат уште еден товар, а тоа е да плаќаат поскапа струја. Нема тука да застанеме, ќе продолжиме да бидеме гласот на граѓаните и да ја потсетуваме Регулаторната Комисија дека граѓаните крпат крај со крај и дека им е потребно помош од нивна страна, а не уште еден товар кој што ќе треба тие финансиски да го сносат како граѓани, посочи Нелоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloski-ako-vlasta-ima-pari-da-finansira-obuki-za-magarinja-moze-da-ja-vrati-cenata-na-strujata/feed/ 0
Мицкоски: Државава споредено со трошоците на живот плаќа меѓу првите три најскапи струи во Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-drzavava-sporedeno-so-troshocite-na-zivot-plakja-megju-prvite-tri-najskapi-strui-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-drzavava-sporedeno-so-troshocite-na-zivot-plakja-megju-prvite-tri-najskapi-strui-vo-evropa/#respond Tue, 13 Oct 2020 17:12:15 +0000 https://kurir.mk/?p=415904

Претседателот на МРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Само интервју“ зборуваше за поскапувањето на електричната енергија кое го прави власта предводена од СДСМ и рече дека Република Македонија споредбено со трошоците на живот плаќа меѓу првите три најскапи струи во Европа. -Власта не уверува дека имаме најниска цена во регионот. Тоа не е точно затоа што вие ако ја споредите во киловатчас којашто ја плаќаат македонските граѓани визави просечната плата во државата сме во топ три држави во Европа, истакна претседателот Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-drzavava-sporedeno-so-troshocite-na-zivot-plakja-megju-prvite-tri-najskapi-strui-vo-evropa/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Покачената цена на струјата е резултат на желбата за пари на Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pokachenata-cena-na-strujata-e-rezultat-na-zelbata-za-pari-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pokachenata-cena-na-strujata-e-rezultat-na-zelbata-za-pari-na-zaev/#respond Mon, 14 Sep 2020 07:04:52 +0000 https://kurir.mk/?p=402809

СДСМ преку партиските активисти Марко Бислимовски и Панче Орцев ја контролира РКЕ. Бислимовски и Орцев не работат за интересите на народот, туку за интересите на партијата, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Покачената цена на струјата е резултат на желбата за пари. Народот плаќа поскапа струја за да може струмичка агенција за обезбедување да испумпува десетици милиони евра од универзалниот снабдувач на електрична енергија, камиони со струмички регистарски таблици да вртат во РЕК, а финансиерите на СДСМ да добиваат тендери за ископ на јаглен од 6.4 милиони евра. Енергетските компании во државна сопственост се користат за грабеж на народот, преку нив се исполнуваат десетици милиони евра на приватни сметки. Додека Заев полни џеб, народот нема ни за леб, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Во партиското соопштение потенцираат дека СДСМ ја тоне Македонија. Иако целиот народ е против покачувањето на струјата, СДСМ не ја менува одлуката, затоа што поважен им е профитот, отколку народот. Заев и СДСМ не се решение за проблемот, тие се проблемот. Криминалот, мафијата и владата кои се едно исто во Македонија мора да паднат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pokachenata-cena-na-strujata-e-rezultat-na-zelbata-za-pari-na-zaev/feed/ 0
Граѓаните протестираат, енергетските компании молчат, домашните буџети се тенчат од поскапување на струјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-protestiraat-energetskite-kompanii-molchat-domashnite-budzeti-se-tenchat-od-poskapuvanje-na-strujata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-protestiraat-energetskite-kompanii-molchat-domashnite-budzeti-se-tenchat-od-poskapuvanje-na-strujata/#respond Thu, 03 Sep 2020 10:40:14 +0000 https://kurir.mk/?p=398651

Не стивнуваат реакциите околу поскапувањето на струјата. Најавен е нов протест на граѓаните, додека енергетските компании молчат и немаат абер од враќање на цената на нивото пред поскапувањето. Спиралата на зголемување на цените се одврте, со што на удар се најдоа семејните буџети на граѓаните, посебно на оние со пониски примања. Сето тоа ќе предизвика силен удар на животниот стандард. Анализата на Република, ја пренесуваме во продолжение: Кој најмногу ќе го почувствува и што всушност значи повисоката цена за струја за 7,4 отсто што ја одобри Регулаторната комисија за енергетика, односно како поскапувањето ќе биде пресметано во крајната сума што месечно се плаќа почнувајќи од овој месец? Со поскапувањето во сметките ќе се промени цената на потрошената електрична енергија по киловат-час, т.е. таа ќе биде повисока за 7,4 отсто во споредба со претходно, и во евтината и во скапата тарифа. Со оглед на тоа дека вкупната сметка за струја што ја добиваме има неколку ставки, за потрошена скапа и евтина електрична енергија, за моќност на електрична енергија, за улично осветлување, промени на цената ќе има само во ставките за потрошена електрична енергија. Ставката за улично осветлување останува непроменета и фиксен трошок во вкупната сметка за струја. Според пресметките оној што плаќал 1500 денари месечно, сега ќе плаќа 100 денари повеќе. Кога ќе дојде грејната сезона, оние кои се греат на струја сериозно ќе го почувствуваат покачувањето, зашто на пример сметката од 6000 денари сега ќе им биде качена над 6400 денари. Инаку во ек на ковид кризата, сите енергетски компании во земјава побараа зголемување на цената на струјата поради зголемените трошоци и намалената потрошувачка, како и поради проблемите со ликвидноста што ги предизвика пандемијата со ковид-19, притоа не водејќи сметка дека здравстевената криза зададе сериозен удар и врз стандардот на граѓаните. Голем дел од порано вработените останаа без примања, додека дел од вработените живеаат со намалени примања. Токму затоа синдикатите и опозицијата се противат на поскапувањето, граѓаните потпишуваат петиции и протестираат, додека власта останува на ставот дека Македонија и натаму има една од најниските цени на електрична енергија во регионот и во Европа. Како за граѓаните, така и за бизнисмените поскапувањето е неоправдано, затоа што не станува збор за трошоци кои не може да се поднесат од страна на тие компании, туку  се работи за профит којшто било очекувано да се реализира, а сега прогнозите се да не биде толку голем колку што било предвидено. Иако според најавите поскапе само струјата за домаќинствата, а не и за индустријата, се претпоставува дека голем број компании ќе го искористат тоа како изговор за да ги поскапат своите производи. За експертите, поскапувањето на струјата ќе го влоши и онака нискиот животен стандард, кој веќе е на удар од економските последици од пандемијата на коронавирусот. Енергетските компании и Регулаторната комисија поскапувањето го правдаат со тоа дека ние сме имале најниска цена на електричната енергија во Европа, но тие треба да имаат во вид дека ние имаме и најмала плата, односно најниски лични приходи. Ние сме во трите најсиромашни земји во Европа, според Евростат, така што не може да се очекува цената на електричната енергија да биде толку висока, велат експертите. Според податоците на европската статистичка агенција Евростат, поевтина струја од Македонија има во Србија, Косово и во Украина. Најскапа струја во ЕУ се плаќа во Германија од 0,3 евра за киловатчас, додека најевтина во Бугарија каде што е три пати пониска. Во Македонија киловатчас со даноци чини 0,08 евра. Сепак споредбата на цената на струја во однос на просечната плата, покажува дека Македонија е на самото европско дно. Според пресметките на Фејсбук платформата Рефлектор, направени врз основа на податоците објавени од Евростат, струјата во Македонија, како процент од просечната плата, е меѓу најскапите во Европа. Така на пример, еден мегаватчас електрична енергија во Македонија чини 19,1 отсто од просечната плата, додека на пример еден Исланѓанец троши само 3,4 отсто од платата за истата количина струја во неговата земја. Упатените во оваа област велат дека еден од начините да се ублажи ова ценовно поскапување на струјата е државата да го намали ДДВ-то, а другиот начин е да им се помогне на социјално ранливите категории граѓани, што сепак нема суштествено да го реши проблемот. Според новиот Законот за енергетика, со кој целосно се либерализира пазарот на електрична енергија, начинот на кој се формира цената на електрична енергија сега е поинаков од тој пред три години кога во потполност цената ја регулираше РКЕ, односно сега Универзалниот снабдувач (ЕВН Хоме) ја купува електричната енергија за своите потрошувачи на слободниот пазар по најниска цена од понудените.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-protestiraat-energetskite-kompanii-molchat-domashnite-budzeti-se-tenchat-od-poskapuvanje-na-strujata/feed/ 0
Од утре почнуваат протести во шест македонски градови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-pochnuvaat-protesti-vo-shest-makedonski-gradovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-pochnuvaat-protesti-vo-shest-makedonski-gradovi/#respond Thu, 13 Aug 2020 15:22:34 +0000 https://kurir.mk/?p=390342

Протесниот марш против поскапувањето на електричната енергија доби големи размери. Протестите во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Струга ќе почнат во 18 часот, а во Куманово во 14 часот. Се бара укинување на одлуката за поскапување на електричната енергија од 7.4%, распуштање на Регулаторна комисија за енергетика и формирање на тело во Собрание кое ќе ги разгледа и адресира сите жалби на граѓаните кон енергетските компании. -Регулаторната комисија за енергетика веднаш да ја укине одлуката за поскапување на електричната енергија за 7.4 отсто и да ја намали цената за потрошувачите за 46 отсто. Владата да го намали ДДВ од 18 во 5 отсто, да го елиминира монополот на компанијата ЕВН со укинување на договорот со цел да и се стави крај на нивното некоректно и нечовечко однесување. Да се национализира дистрибутивната мрежа и да создаде олеснителни политики за простување на долгот на социјалните случаи, вели Кренар Османи, пренесе ТВ21. И Конфедерацијата на независните синдикати во Македонија како организатори повика за масивно присуство на протестот. Во Скопје протестот ќе почне од паркот во Чаир и Жена Парк и ќе се маршира до пред Влада. Во Тетово маршот ќе почне од кружниот тек кај поранешен Монопол, кај „Мемоја„ и кај градинката на населба „Поток“ и ќе заврши кај плоштад Илирија. Во Куманово, протестот ќе почне од објектот на општината и ќе заврши пред ЕВН, и во Дебар протестот ќе почне пред објектот на општината и ќе се маршира до седиштето на ЕВН. Во Кичево ќе се протестира во градскиот плоштад. Ова е втор протест. Првиот протест се организираше во Чаир, Тетово, Гостивар и Куманово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-pochnuvaat-protesti-vo-shest-makedonski-gradovi/feed/ 0