поскапување на струјата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Oct 2022 06:39:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png поскапување на струјата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „СДС ја зголеми цената на струјата за 2.5 пати, со Мицкоски имавме 4-та најевтина струја во Европа, сега плаќаме 8-ма најскапа“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sds-ja-zgolemi-cenata-na-strujata-za-2-5-pati-so-mickoski-imavme-4-ta-najevtina-struja-vo-evropa-sega-plakjame-8-ma-najskapa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sds-ja-zgolemi-cenata-na-strujata-za-2-5-pati-so-mickoski-imavme-4-ta-najevtina-struja-vo-evropa-sega-plakjame-8-ma-najskapa/#respond Fri, 07 Oct 2022 06:39:42 +0000 https://kurir.mk/?p=742184

СДС ја зголеми цената на струјата за 2.5 пати, со Мицкоски имавме 4-та најевтина струја во Европа, сега плаќаме 8-ма најскапа, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Во 2017 година, кога претседателот Мицкоски е директор на ЕЛЕМ, македонското стопанство плаќа една од најниските цени на струја, 5 години потоа кога ЕЛЕМ го раководи СДС, стопанството плаќа струја поскапа од 32 држави во Европа. СДС не направи ништо да го зголеми производството. И тоа не само што не е зголемено, туку е и намалено. Од скоро 6 терават часови произведена струја за една година во време на ВМРО-ДПМНЕ, сега едвај се прозиведуваат 4. Недостатокот на струја се покрива со увоз, а тоа значи одлив на девизи, велат од партијата. Од таму додаваат дека доколку СДС не беа неспособни ќе го зголемеа домашното производство, или во најмала рака ќе го одржеа. Скапата струја е последица на неработата на владата, компаниите и граѓаните се жртви на таа неспосбност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sds-ja-zgolemi-cenata-na-strujata-za-2-5-pati-so-mickoski-imavme-4-ta-najevtina-struja-vo-evropa-sega-plakjame-8-ma-najskapa/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Заради Ковачевски и СДСМ од овој месец секое домаќинство ќе плаќа 500 до 800 денари повеќе за струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaradi-kovachevski-i-sdsm-od-ovoj-mesec-sekoe-domakjinstvo-kje-plakja-500-do-800-denari-povekje-za-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaradi-kovachevski-i-sdsm-od-ovoj-mesec-sekoe-domakjinstvo-kje-plakja-500-do-800-denari-povekje-za-struja/#respond Mon, 10 Jan 2022 08:02:57 +0000 https://kurir.mk/?p=617390

Заради Ковачевски и СДСМ од овој месец секое домаќинство ќе плаќа 500 до 800 денари повеќе за струја, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Покачувањето од минимум 500 денари по сметка е заради неспособноста на власта, која ги испразни хидроакумулациите во текот на летото и продаваше струја кога беше евтина, за сега да нема да произведат кога истата е скапа. Земјава нема струја и затоа што во РЕК Битола не се копаше јаглен минатата пролет и лето, и се дочека зимата без разерви на откопан јаглен на депонијата во претпријатието. Затоа што немаше јаглен, комбинатот работеше со половина блок. Домашното производство не може да ги задоволи 50% од капацитетите. Во голем период од последните неколку месеци се купуваше и половина од дневната потрошувачка, по цена 10 кратно поскапа од порано, а затоа за само два месеци оваа власт даде 86 милиони евра народни пари, нешто за кое ако ископале јаглен на време ќе уштеделе и до 70 милиони евра, велат од партијата. Од таму додаваат дека струјата е скапа и скапа ќе биде се додека е СДСМ на власт, затоа што немаат ниту план, ниту стратегија. За да се реши енергетската криза потребни се предвремени парламентарни избори, а потоа нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaradi-kovachevski-i-sdsm-od-ovoj-mesec-sekoe-domakjinstvo-kje-plakja-500-do-800-denari-povekje-za-struja/feed/ 0
Мицкоски: Струјата е покачена за претпријатијата, инфлацијата сите ја чувствуваат и сето тоа поради неспособноста на надлежните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-strujata-e-pokachena-za-pretprijatijata-inflacijata-site-ja-chuvstvuvaat-i-seto-toa-poradi-nesposobnosta-na-nadleznite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-strujata-e-pokachena-za-pretprijatijata-inflacijata-site-ja-chuvstvuvaat-i-seto-toa-poradi-nesposobnosta-na-nadleznite/#respond Sun, 21 Nov 2021 11:57:20 +0000 https://kurir.mk/?p=597923

Цената на струјата е најмалку два и пол пати, три пати покачаена од таа што била до пред некој месец поради несовесното работење на претходниците. Тоа е еден сериозен проблем кој ќе го чувствуваат и самите јавни претпријатија и општините, но и компаниите веќе од поодамна го чувствуваат, бидејќи истекоа договорите кои беа важечки изминатиот и конечно тоа ќе го почувствуваат граѓаните, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при  денешната посета на Охрид.

„Зошто е тоа така? Затоа што еднаш крадеа кога наместо да копааат се организираа во картели за да го пљачкосуваат и пустошат ЕЛЕМ и РЕК Битола. И сега втор пат ќе ги трошат народните пари веќе 4 милијарди денари, 65 милиони евра потрошија  од државните резерви за да ја санираат дупката која ја имаат финансиска, но и недостатокот на електрична енергија за месец ноември“, рече Мицкоски.

И тие ги потрошија сега, додаде тој укажувајќи дека ќе видиме уште колку ќе требаат пари во декември, јануари, февруари, па и во март.

„Така што не чекаат тешки времиња со многу потрошени пари на граѓаните, пари кои наместо да одат за реализиација на капитални проекти и повисок стандард на граѓаните ќе завршат за жал во нечии приватни џебови“, заклучи Мицкоски.

Мицкоски се осврна и на инфлацијата.

„Ќе има инфлација, таа постои, сите производи на мало се зголемени најмалку 10, 15, 20 проценти. Нема човек што не го забележува зборувам за основни продукти леб, масло, инфлација има, дел е домашна, дел е увезена“, кажа Мицкоски.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-strujata-e-pokachena-za-pretprijatijata-inflacijata-site-ja-chuvstvuvaat-i-seto-toa-poradi-nesposobnosta-na-nadleznite/feed/ 0
Од Нова година струјата поскапува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-nova-godina-strujata-poskapuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-nova-godina-strujata-poskapuva/#respond Fri, 19 Nov 2021 21:22:57 +0000 https://kurir.mk/?p=597605

Цената на струјата е загарантирана до декември. Од јануари следи покачување и за тоа треба да сме свесни, но за колку никој не знае- вели генералниот директор на АД ЕСМ Ковачевски за ТВ21. Рестрикции додева нема да има. Нема простор за паника како што се прикажува ситуацијата во јавност според него, бидејќи двата блока на РЕК Битола работат, а можеме да сметаме и на ТЕЦ Неготино. „Во декември треба да направиме план, програма за производство за следната година. Ќе се ориентираме според трошоците зголемени во однос на зголемената енергија на ресурси, репроматеријали и ќе формираме цена која ќе ја доставиме до Владата. Владата ќе ни даде задолжение. Цената на електричната енергија ја одредува регулаторна комисија. Ние 33% учествуваме во цената. Ние ќе гледаме да одиме со најниска производна цена, но да бидеме свесни дека нема да одиме со истата цена од оваа година. Ќе има покачување на цената но не можам ни јас да кажам, ниту некој друг колку проценти ќе биде“, истакна Васко Ковачевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-nova-godina-strujata-poskapuva/feed/ 0
Јовановиќ: Одлуката за поскапување на струја е политичка, таа не беше донесена пред избори за да не изгубат поени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovikj-odlukata-za-poskapuvanje-na-struja-e-politichka-taa-ne-beshe-donesena-pred-izbori-za-da-ne-izgubat-poeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovikj-odlukata-za-poskapuvanje-na-struja-e-politichka-taa-ne-beshe-donesena-pred-izbori-za-da-ne-izgubat-poeni/#respond Sun, 09 Aug 2020 17:00:47 +0000 https://kurir.mk/?p=388492

„Објаснувањето што беше кажано од Регулаторна мене ми е прилично несмасно. Практично не можам да поверувам дека може да се покачи цена на струја како дозволуваат сметките, методологијата. А, законите дозволуваат да се покачи цена на струја во ваква криза, но не дозволуваат да се намали. Мене ми е тоа практично неприфатливо објаснување. И мислам дека едноставно е недолично објаснување во ваква ситуација, и мора да се изнајде решение“, истакна Бранимир Јовановиќ, поранешен советник во министерството за финансии при своето гостување во емисијата „Бизнис поенти“. Јовановиќ посочи дека е доста загрижувачки што една ваква крупна одлука, најкрупна економска одлука што е направена последните десетина години, многу поголема на пример и од прогресивниот данок. -И загрижува што една ваква одлука се префрла на техничка комисија, на техничко тело како што е Регулаторна комисија за енергетика, кога на сите им е јасно дека ова ги погаѓа сите граѓани. Сите два милиони жители на оваа држава се погодени од вакво нешто. Ова е очигледно политичка одлука, ова е одлука која што има крупни и политички и социјални последици. И зад неа мора да стои Влада, Собрание. Ваква одлука не можеше да се носи пред избори бидејќи беа свесни дека ќе изгубат поени. А, од друга страна ниту да ја почекаат новата влада, па таа влада да сноси да кажеме одговорност за ова, туку го прават ова во период помеѓу две влади. Што е многу загрижувачки, додаде Јовановиќ. Јовановиќ вели дека покачувањето на струја е директен удар врз 755.000 сиромашни граѓани, кои што дел од нив живеат со 40 денари дневно. -Покачувањето на цената на сметките на електричната енергија ќе значи поскапување на животот на граѓаните, особено за најранливите. Ние сме држава со највисока стапка на сиромаштија во Европа. Околу 20% од луѓето во ова држава, односно 755.000 луѓе живеат во сиромаштија. Од нив околу 100.000 луѓе живеат во екстремна сиромаштија. Односно со помалку под 40 денари на ден, нагласи  Јовановиќ. Јовановиќ додаде дека екстремно сиромашните граѓани во Македонија ќе треба да плаќаат повисоки сметки за електрична енергија. -Дури се говори во јавноста дека ова поскапување ќе значи и 100 до 200 денари повисока сметка месечно. За луѓе што живеат со 40 денари на ден тоа се огромни пари. Така што ова поскапување ќе значи удирање по најсиромашните. Уште повеќе загрижува што тоа се прави за да им се удоволи на три големи монополски компании. И тоа компании кои што прават огромни профити. Тоа се ЕВН, ЕСМ по старо ЕЛЕМ и МЕПСО“, појасни Јовановиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovikj-odlukata-za-poskapuvanje-na-struja-e-politichka-taa-ne-beshe-donesena-pred-izbori-za-da-ne-izgubat-poeni/feed/ 0