Последна трка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 14 Oct 2020 20:55:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Последна трка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Последната трка од државниот шампионат во автомобилизам ќе се вози на 1 ноември на патеката кон Пониква https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/poslednata-trka-od-drzavniot-shampionat-vo-avtomobilizam-kje-se-vozi-na-1-noemvri-na-patekata-kon-ponikva/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/poslednata-trka-od-drzavniot-shampionat-vo-avtomobilizam-kje-se-vozi-na-1-noemvri-na-patekata-kon-ponikva/#respond Wed, 14 Oct 2020 20:55:46 +0000 https://kurir.mk/?p=416502

По две одложувања на терминот, последната ридско-брзинска трка од овогодишниот државен шампионат во автомобилизам ќе се вози на 1 ноември на патеката кон Пониква. На состанокот што го иницираше градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, претставниците на Автомобилистичката федерација и сопствениците на угостителски објекти на Пониква се договориле трката да се вози, со оглед што таа е во функција на промоција на планинскиот центар. Притоа е постигната и согласност за идната година да се изготви календар на натпреварите. Кочани ја има најдобрата патека за ридско-брзински трки во Македонија, а Пониква е прекрасно место и штета е да се прекине традицијата стара 30 години. Автомобилизмот е високоризичен спорт и бара многу ангажман и финансиски средства за подготовки, поради што задоволни сме што со помош на локалната власт најдовме заеднички јазик со угостителите и годинава успешно ќе го привршиме државниот шампионат, истакна Ранко Станојковски, претседател на комисијата за спорт при Автомобилистичката федерација на Македонија. Угостителите на Пониква се противеа на одржувањето на ридско-брзинските трки поради затворањето на патеката, која е дел од регионалниот патен правец кон планинскиот центар на Осогово, со образложение дека во деновите додека трае натпреварувањето посетителите не можат да стигнат до угостителските објекти. На работниот состанок е заклучено ридско-брзинските трки на Пониква од догодина да се одржуваат во последната седмица од април и во првата од септември, во периодот меѓу 12 и 16 часот, а организаторот да води сметка тоа да не биде продолжен празничен викенд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/poslednata-trka-od-drzavniot-shampionat-vo-avtomobilizam-kje-se-vozi-na-1-noemvri-na-patekata-kon-ponikva/feed/ 0