последни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 08 Apr 2021 13:54:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png последни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Последниот извештај за Директните Странски Инвестиции, повторно не рангира на дното во регионот и во Европа“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posledniot-izveshtaj-za-direktnite-stranski-investicii-povtorno-ne-rangira-na-dnoto-vo-regionot-i-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posledniot-izveshtaj-za-direktnite-stranski-investicii-povtorno-ne-rangira-na-dnoto-vo-regionot-i-vo-evropa/#respond Thu, 08 Apr 2021 13:54:52 +0000 https://kurir.mk/?p=494360

Последниот извештај за Директните Странски Инвестиции(ДСИ)за 2020 год, повторно не рангира на дното во регионот и во Европа, пишува на својата фејсбук страница координаторот на пртеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески. -Катаклизмата со оваа Влада продолжува. Последниот извештај за Директните Странски Инвестиции(ДСИ)за 2020 год, повторно не рангира на дното во регионот и во Европа. ДСИ се генератор на македонската економија и можност за излез од економското сивило, кое што ни го приреди оваа неспособна влада. Помина периодот кога бевме лидери во оваа област и со гордост ги најавуваме реномираните мултинационални компании и бројот на ново проектирани и отворени работни места. Истовремено тие оствариле и најголем пораст на учеството на производи со повисока додадена вредност. Не случајно. Иако мултинационалните компании на почетокот влегуваат со производство со помала додадена вредност, тоа се пософистицирани производи од оние кои дотогаш земјите ги произведуваат. Како расте продуктивноста, растат трошоците за работна сила и се менува структурата на производите кон такви со повисока додадена вредност. Дополнително во синџирот на добавувачи/логистика, беа вклучени и многу домашни фирми. За жал тоа веќе го нема. Наместо економијата да се рестартира во првата половина од 2021 година, сведоци сме на уште едно економско фијаско слично на она од минатата година! Секојднево расте бројот на невработени, се затвораат фирми, илјадници вработени од текстилната индустрија се пратени на принуден одмор, слична судбина имаат повеќе од 50.000 вработени во угостителскиот сектор и другите услужни дејности. Да не заборавиме дека во првиот квартал имаме двоцифрен пад на индустриското производство и пораст на јавниот долг. Очекувањата за вториот квартал се уште полоши, пишува Мицевски во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posledniot-izveshtaj-za-direktnite-stranski-investicii-povtorno-ne-rangira-na-dnoto-vo-regionot-i-vo-evropa/feed/ 0
Ахмети: Во последните 100 дена премиер Албанец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-vo-poslednite-100-dena-premier-albanec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-vo-poslednite-100-dena-premier-albanec/#respond Tue, 18 Aug 2020 14:47:42 +0000 https://kurir.mk/?p=392295

Многу сум убеден дека оваа коалиција, ова партнерство за уште четири години ќе биде најуспешното, изјави претседателот на ДУИ Али Ахмети, по денешната средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев, на која беше постигнат договор за парламентарно мнозинство и владина колаиција. – Идејата беше за доближување, порака за преземање одговорност од Албанците за заедничка држава. Мора да му признаам на Заев за храброста и поздравувам дека ќе има Албанец премиер во последните 100 дена од оваа Влада, рече меѓу другото Ахмети, додавајќи оти идејата била да се доближат граѓаните и заедниците, а не да се раздвојат. На следната влада и на коалицијата Ахмети и посака многу успех и успешна работа, додавајќи дека се што претходно изјави Заев, тоа е договорено. Договорот е постигнат прво со цел, како што рече, имајќи предвид на граѓаните да им се овозможат посигурен живот и иднина. Ахмети изрази увереност дека денешната одлука ќе биде поздравена од сите граѓани на нашата држава, но и од нашите партнери од меѓунардоната заедница кои ни помогнаа на патот кон НАТО и ЕУ. – Значајно е дека денешната коалиција се базира на здрави темели и ќе придонесе за добар тек на сите процеси во државата. Многу сум убеден дека денеска направиме добра работа за сите наши граѓани, изјави меѓу другото Ахмети по денешната средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев во Клубот на пратениците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-vo-poslednite-100-dena-premier-albanec/feed/ 0
Белгија: Осум отсто од населението размислувало за самоубиство во последните три месеци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-osum-otsto-od-naselenieto-razmisluvalo-za-samoubistvo-vo-poslednite-tri-meseci-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-osum-otsto-od-naselenieto-razmisluvalo-za-samoubistvo-vo-poslednite-tri-meseci-2/#respond Thu, 25 Jun 2020 14:45:08 +0000 https://kurir.mk/?p=362957

Институтот за јавно здравје на Белгија ги мери и психолошките последици од здравствената криза и рестриктивните мерки врз населението, заклучоците се загрижувачки, јави дописничката на МИА од Брисел. Осум отсто од луѓето „сериозно“ размислувале да посегнат по сопствениот живот во последните три месеци, а 0,4 отсто се обиделе да се самоубијат, открива студијата на Институтот денеска. Анкетата се спровела од 28 мај до 3 јуни врз примерок од 34 илјади луѓе. Институтот заклучува дека социоекономските импликации од кризата имале најголемо влијание врз населението. Па така, 22 отсто од населението бележи влошување на својата финансиска состојба од почетокот на кризата, а со најголеми тешкотии за плаќање фактури се соочиле самохраните родители привремено невработени. Секој десетти Белгиец стравувал да остане без храна, исто толкав број не можеле да си дозволат здрава исхрана, а пет отсто од населението навистина се соочило со недостиг на храна. Од анксиозност и депресија се најпогодени луѓето кои живеат сами и самохраните родители. Центрите за превенција на самоубиство не забележале различен профил на луѓе, но зголемен е бројот на повици на бесплатните броеви за психолошка помош. Психолозите и психотерапевтите констатирале исто така поголеми суицидни тенденции кај своите пациенти. -Кревкоста на безбедносните системи, банкроти, губење работи, светот што се менува, сето тоа може да предизвика неизвесност, анксиозност и страв од колективна или лична пропаст, порачуваат од Центарот за превенција на самоубиства. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-osum-otsto-od-naselenieto-razmisluvalo-za-samoubistvo-vo-poslednite-tri-meseci-2/feed/ 0