посмртни останки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Dec 2021 12:42:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png посмртни останки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Останките на загинатите во автобуската несреќа по десет дена пренесени во земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostankite-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja-po-deset-dena-preneseni-vo-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostankite-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja-po-deset-dena-preneseni-vo-zemjava/#respond Fri, 03 Dec 2021 12:42:25 +0000 https://kurir.mk/?p=603628

По десет дена, посмртните останки на загинатите во трагичната автобуската несреќа, од Бугарија се пренесени во земјава. Пристигнаа претпладнево со два бугарски воено-транспортни авиона на Меѓународниот аеродром „Скопје“. Летот на авионите доцнеше поради лошите временски услови во Бугарија. По нивното слетување почна преземањето на останките. На скопскиот аеродром по овој повод беше организирана посебна церемонија на која присуствуваа државниот и воениот врв, пратеници, претставници на верските заедници, како и високи делегации од Косово и Албанија. Припадници на Армијата ги преземаа посмртните останки од авионите и ги пренесоа до погребалните возила со кои потоа, поворката тргна кон вечните почивалишта на загинатите. Преземањето на останките почна со едноминутно молчење на присутните. Последна почит на загинатите им оддадоа претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев. Венци положија и претседателката на Косово Вјоса Османи, како и претседателката на албанското Собрание Линдита Никола. Во знак на почит се поклонија и бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов, првиот вицепремиер Артан Груби, министерот Бујар Османи, како и претседателот на ДУИ, Али Ахмети. На загинатите почит може да им оддадат и граѓаните на плоштадот „Скендербег“ во Скопје каде се поставени венци. Сообраќајната несреќа во која загинаа 45 граѓани, а седум беа повредени се случи на 23 ноември, на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник во Бугарија кога автобусот на „Беса транс“ – Скопје се враќал од Истанбул.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostankite-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja-po-deset-dena-preneseni-vo-zemjava/feed/ 0
Полетаа двата авиона со посмртните останки од Софија за Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poletaa-dvata-aviona-so-posmrtnite-ostanki-od-sofija-za-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poletaa-dvata-aviona-so-posmrtnite-ostanki-od-sofija-za-skopje/#respond Fri, 03 Dec 2021 10:14:07 +0000 https://kurir.mk/?p=603526

Двата воени авиона полетаа од софискиот аеродром со посмртните останки на 45-те загинати македонски државјани, јави дописникот на МИА од Софија. Авионите ќе бидат придружувани од министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, кој за таа цел отпатува во Софија. Полетувањето на авионите беше пролонгирано поради лошите временски услови во Софија. На Скопскиот аеродром останките ќе ги пречека висока државна делегација, а на плоштадот  „Скендербег“ во Скопје веќе се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите во несреќата. Поворката со останките која требаше да помине низ главниот град е откажана на барање на семејствата на загинатите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poletaa-dvata-aviona-so-posmrtnite-ostanki-od-sofija-za-skopje/feed/ 0
ВО ЖИВО: Државен пречек и испраќање на починатите во автобуската несреќа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-drzaven-prechek-i-isprakjanje-na-pochinatite-vo-avtobuskata-nesrekja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-drzaven-prechek-i-isprakjanje-na-pochinatite-vo-avtobuskata-nesrekja/#respond Fri, 03 Dec 2021 09:30:00 +0000 https://kurir.mk/?p=603473

Владата објави видео линк преку кој граѓаните ќе може да го следат државниот пречек и испраќањето на починатите во автобуската несреќа во Република Бугарија. Предвиено е церемонијата околу транспортот на телата на Скопскиот аеродром да почне во 10.55 часот. Ќе присуствуваат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска, Благој Бочварски, пратеници и поглаварот на Исламската верска заедница. Најавено е присуство и на странски делегации. Сообраќајната несреќа се случи на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник во Бугарија кога автобусот на „Беса транс“ – Скопје се враќал од Истанбул. Загинаа 45 граѓани, а седум беа повредени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-drzaven-prechek-i-isprakjanje-na-pochinatite-vo-avtobuskata-nesrekja/feed/ 0
Авионите сè уште не полетале од Софија за Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avionite-se-ushte-ne-poletale-od-sofija-za-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avionite-se-ushte-ne-poletale-od-sofija-za-skopje/#respond Fri, 03 Dec 2021 09:20:55 +0000 https://kurir.mk/?p=603471

Поради лошите временски услови на софискиот аеродром и силниот ветер, се уште не полетале двата воени авиона со посмртните останки на 45-те загинати македонски државјани, јави дописникот на МИА од Софија. Се очекува авионите да полетаат најрано за 30 минути, но тоа ќе зависи од метеоролошката ситуација, изјави за МИА во Софија дипломатски извор кој сакаше да остане анонимен. Претходно од македонската Влада за МИА потврдија дека слетувањето на авионите се очекува за околу еден час.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avionite-se-ushte-ne-poletale-od-sofija-za-skopje/feed/ 0
Посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа се очекува да пристигнат за еден час https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posmrtnite-ostanki-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja-se-ochekuva-da-pristignat-za-eden-chas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posmrtnite-ostanki-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja-se-ochekuva-da-pristignat-za-eden-chas/#respond Fri, 03 Dec 2021 09:09:39 +0000 https://kurir.mk/?p=603456

За околу еден час се очекува да пристигнат двата авиона од Бугарија со посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа што се случи на 23 ноември. Можно е извесно пролонгирање на слетувањето на авионите поради временските услови. Како што потврдија за МИА од Владата, предвиено е церемонијата околу транспортот на телата на Скопскиот аеродром да почне во 10.55 часот. Ќе присуствуваат претрседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска, Благој Бочварски, пратеници и поглаварот на Исламската верска заедница. Најавено е присуство и на странски делегации. Сообраќајната несреќа се случи на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник во Бугарија кога автобусот на „Беса транс“ – Скопје се враќал од Истанбул. Загинаа 45 граѓани, а седум беа повредени. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posmrtnite-ostanki-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja-se-ochekuva-da-pristignat-za-eden-chas/feed/ 0
Со два воено-транспортни авиони денеска ќе пристигнат посмртните останки на жртвите во несреќата кај „Струма“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-dva-voeno-transportni-avioni-deneska-kje-pristignat-posmrtnite-ostanki-na-zrtvite-vo-nesrekjata-kaj-struma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-dva-voeno-transportni-avioni-deneska-kje-pristignat-posmrtnite-ostanki-na-zrtvite-vo-nesrekjata-kaj-struma/#respond Fri, 03 Dec 2021 07:06:02 +0000 https://kurir.mk/?p=603346

Со два воено-транспортни авиони денеска во 9 часот од Бугарија се очекува на Меѓународниот аеродром Скопје да пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во сообраќајната несреќа на автобусот на „Беса транс“-Скопје, што се случи на 23 ноември на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник. По пристигнувањето, како што најавија од МНР, поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град. Во периодот од 10 до 13 часот граѓаните ќе може да оддадат последна почит и да положат цвеќе на плоштадот „Скендербег“ и да ја проследат поворката која ќе помине по булеварот веднаш до плоштадот, во периодот меѓу 11 и 12 часот. Од плоштадот ќе може да се проследи колоната со возилата која ќе се движи по булевар „Гоце Делчев“, кон крајните дестинации (домовите) на загинатите. На плоштадот „Скендербег” граѓаните ќе имаат можност преку видео екран да го следат настанот, со цел достоинствено да оддадат почит кон загинатите сограѓани. Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби вчера на средбата со Амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов, му се заблагодарил за брзата интервенција на бугарските власти со цел целосно расветлување на трагичниот настан во кој животот го изгубија 45 патници од Северна Македонија, како и за третманот и укажаната грижа кон преживеаните. -Веќе се идентификувани сите 45 жртви на автобусот што се запали на автопатот Струма, а нивната идентификација е направена со ДНК профили, изјави заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов вчера за БТА. Со указ на јавниот обвинител, информира тој, дадено е одобрение посмртните останки на жртвите да им бидат предадени на претставници на Владата на Република Северна Македонија за транспорт и трансфер на нивните роднини. Невладиниот бугарски Институт за безбедност на патиштата во меѓувреме задолжи меѓународен ревизор да изврши непристрасна стручна проверка на состојбата на патиштата пред тешката несреќа на автопатот Струма, во која загинаа 45 – те македонски државјани. Како што јави дописникот на МИА од Софија, при увидот констатирано е дека заштитните огради не се поставени во согласност со барањата. На подрачјето на сообраќајната несреќа се случиле бројни несреќи при што биле оштетени заштитните огради. Во овој случај, имало повторно инсталирање на објектот во средната разделна лента. Од Институтот за безбедност на патиштата сугерираат дека на истото подрачје можеби имало и претходна сообраќајна несреќа. Приклучокот на заштитната ограда бил неправилно монтиран со две наместо со четири завртки, како што требало. Ова е, наведуваат, причината поради која заштитната ограда се скинала и покрај малата брзина со која удрил автобусот. – Кобната делница на „Струма“ е пуштена во употреба пред 20 години без Акт 16. Утврдено е и дека недостасуваат знаци и дека има оштетени ознаки. Испратен е извештај и до Агенцијата за патна инфраструктура, а оваа информација треба да биде проверена од истражните органи на Бугарија, велат од невладината организација. Во меѓувреме, вчера обвинителот Бисер Михаилов и истражителот Маријан Маринов, кои работат на расветлување на трагедијата, изјавија за БТВ, дека е позната причината за пожарот и локацијата на неговиот првичен извор во автобусот со македонски туристи на враќање од Истанбул. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Маријан Маринов одбил да ја открие причината за пожарот и рекол дека „ќе им остави на експертите“ кои веќе имаат свои „тези“. Но, истражителот коментира дека во македонскиот автобус било „нанижано“ големо парче заштитна ограда за гумата до влезната врата, била пронајдена „свиткана хармоника“ и „уништена е пластичната цистерна“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-dva-voeno-transportni-avioni-deneska-kje-pristignat-posmrtnite-ostanki-na-zrtvite-vo-nesrekjata-kaj-struma/feed/ 0
Со два воени авиони утре ќе бидат транспортирани посмртните останки на загинатите во трагичната автобуска несреќа во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-dva-voeni-avioni-utre-kje-bidat-transportirani-posmrtnite-ostanki-na-zaginatite-vo-tragichnata-avtobuska-nesrekja-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-dva-voeni-avioni-utre-kje-bidat-transportirani-posmrtnite-ostanki-na-zaginatite-vo-tragichnata-avtobuska-nesrekja-vo-bugarija/#respond Thu, 02 Dec 2021 09:37:52 +0000 https://kurir.mk/?p=602895

Со два воени транспортни авиони утре изутрина од Бугарија ќе бидат транспортирани останките на 45-те македонски граѓани кои загинаа во автобуската несреќа на патот „Струма“, изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов. -Бугарската страна ќе обезбеди два воено-транспортни авиона со кои утре изутрина ќе бидат транспортирани останките на загинатите во сообраќајната несреќа, изјави Ангелов на новинарско прашање по посетата на општина Штип. Од Министерството за надворешни работи исто таканајавија дека утре претпладне, на Меѓународниот аеродром Скопје ќе пристигнат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Република Бугарија. Во несреќата на патнички автобус со скопски регистарски таблички што се случи на 23 ноември на патот „Струма“, близу градот Перник, загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-dva-voeni-avioni-utre-kje-bidat-transportirani-posmrtnite-ostanki-na-zaginatite-vo-tragichnata-avtobuska-nesrekja-vo-bugarija/feed/ 0
Во двор на црковен интернат во Канада пронајдени посмртни останки од 751 дете https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-dvor-na-crkoven-internat-vo-kanada-pronajdeni-posmrtni-ostanki-od-751-dete/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-dvor-na-crkoven-internat-vo-kanada-pronajdeni-posmrtni-ostanki-od-751-dete/#respond Thu, 24 Jun 2021 18:01:15 +0000 https://kurir.mk/?p=527617

Домородната заедница од Канада соопшти дека пронашла стотици необележани гробови на местото на некогашниот интернат во црквата во провинцијата Саскачеван. „Суверената автохтона федерација на Првите нации“ (ФСИН) во регионот Ковесес соопшти дека откритието на гробовите е „досега најзначајно во Канада“. Заедницата во Ковесес е една од неколкуте таканаречени „Први нации“, како што се нарекува домородното население во Канада, потомци на Инуитите и Мерисите. Кадмус Делорм, раководител на домородната заедница во Ковесес, изјави дека останките на 751 дете се пронајдени во необележани гробови во задниот двор на интернатот во регионот Саскачеван. -Ова не е масовна гробница, ова се необележани гробови, рече Делорм, пренесе агенцијата Анадолија. Според официјалните канадски податоци, интернатот работел од 1899 до 1997 година во регионот Ковесес, на околу 140 километри источно од главниот град на провинцијата Регина. Новите гробници се откриени со површински радарски скенери, што како истраги се почнати во 139 училишта низ целата земја, откако кон крајот на мај беа пронајдени останки на 215 деца, некои на возраст од три години, кои биле закопани на местото на некогашното училиште за домородни деца во Камлоупс, Канада Националниот лидер на Канадското собрание на Првите нации, Пери Белегард, изјави дека веста за откривањето на стотици неименувани гробници е трагична, но дека воопшто не е изненадување. Тој ги повика Канаѓаните да бидат со нив во овие исклучително тешки и емотивни моменти. Училиштата главно ги воделе христијански цркви во име на државната влада, од 1840-тите па се до 90-тите години на минатиот век. Повеќето од овие деца, присилно одземени од нивните семејства и сместени во црковните интернати, (се претпоставува дека биле над 150.000 локални деца) биле изложени на физичко, сексуално и психолошко насилство. Канадската федерална влада во 2008 година официјално им се извини на жртвите за тоа што се случувало во црковните интернати, каде илјадници деца починале од глад, студ и медицински експерименти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-dvor-na-crkoven-internat-vo-kanada-pronajdeni-posmrtni-ostanki-od-751-dete/feed/ 0
Посмртните останки на Бата Живојиновиќ ќе бидат преместени, синот открива каде ќе почива неговиот татко https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/posmrtnite-ostanki-na-bata-zivojinovikj-kje-bidat-premesteni-sinot-otkriva-kade-kje-pochiva-negoviot-tatko/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/posmrtnite-ostanki-na-bata-zivojinovikj-kje-bidat-premesteni-sinot-otkriva-kade-kje-pochiva-negoviot-tatko/#respond Sun, 21 Mar 2021 11:52:42 +0000 https://kurir.mk/?p=485566

Синот на српскиот актер Велимир Бата Живојиновиќ, Миљко открива дека посмртните останки на неговиот татко ќе бидат преместени во Корачица каде ќе почива покрај својата сопруга. -Бата и Лула заминаа во 2016 и 2019 година, но засекогаш останаа со нас. Јас и сестра ми Јелена тоа го чувствуваме иако живееме на различни страни на светот, изјавил Миљко. Разговорот со него е воден во семејниот ден на Живојиновиќ каде Бата и Лула живееле целиот живот. Синот вели дека не се осмелил да го премести мебелот кои родителите со наместиле, за случајно некој спомен на нив да не исчезне. Миљко планирал да го организира преместувањето на посмртните останки на починатиот татко од Алејата на заслужни граѓани во Корачица, но засега тоа е одложено поради короната. -Сигурно ќе ги пренесеме посмртните останки на тато до Лула која Бата неизмено ја сакаше, штом ќе може да ги симнеме маските. Нема тоа да го правиме во овие услови, не би било достојно за неговиот живот и дело, нагласил синот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/posmrtnite-ostanki-na-bata-zivojinovikj-kje-bidat-premesteni-sinot-otkriva-kade-kje-pochiva-negoviot-tatko/feed/ 0
Посмртните останки на Коби и Џиџи предадени на семејството за погреб https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/posmrtnite-ostanki-na-kobi-i-dzidzi-predadeni-na-semejstvoto-za-pogreb/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/posmrtnite-ostanki-na-kobi-i-dzidzi-predadeni-na-semejstvoto-za-pogreb/#respond Tue, 04 Feb 2020 06:49:29 +0000 https://kurir.mk/?p=298921

Хеликоптерската несреќа во која загинаа Коби Брајант, неговата ќерка Џиана (13) и уште седум лица, од кои две деца, го шокираше светот, а по извршената идентификација со помош на отпечатоци од прсти на семејствата ќе им бидат проследени посмртните останки за да може да ги погребаат. Останките на славниот кошаркар и ќерката ги превзема неговата сопруга Ванеса. Бројни навивачи го опколија домот на ЛА Лејкер „Стејплс Центар“ за да се простат од Коби кој 20 години играше за клубот. Оставените фотографии, маици, писма ќе бидат проследени до сопругата Ванеса во следните неколку денови. -Ванеса ни се јави и ни кажа: „Моето семејство ги сака тие работи.“ Ќе го означиме секој предмет, маица, писмо, кошаркарска топка, плишана играчка. Ќе ги ставиме во посебни контејнери и ќе ги испорачаме до семејството, изјавила претседателката на управата на центарот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/posmrtnite-ostanki-na-kobi-i-dzidzi-predadeni-na-semejstvoto-za-pogreb/feed/ 0