посредување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 01 Aug 2022 06:26:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png посредување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Чавушоглу понуди помош од Турција за намалување на тензиите меѓу Србија и Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chavushoglu-ponudi-pomosh-od-turcija-za-namaluvanje-na-tenziite-megju-srbija-i-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chavushoglu-ponudi-pomosh-od-turcija-za-namaluvanje-na-tenziite-megju-srbija-i-kosovo/#respond Mon, 01 Aug 2022 06:26:00 +0000 https://kurir.mk/?p=712359

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу разговараше со своите колеги од Србија и Косово, пред кои ја изрази подготвеноста на Турција да помогне во намалувањето на тензиите меѓу нив, јави турската приватна телевизија НТВ. Чавушоглу имаше одвоени телефонски разговори со шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ и косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала во врска со тензиите на границата меѓу двете земји. Турскиот министер на своите соговорници им порача дека Турција отсекогаш им придавала значење на мирот и стабилноста на Балканот и дека не е во ничиј интерес да создава нови тензии. Чавушоглу додаде дека здравиот разум мора да надвладее, а Турција е подготвена да направи се што е можно за да ги намали тензиите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chavushoglu-ponudi-pomosh-od-turcija-za-namaluvanje-na-tenziite-megju-srbija-i-kosovo/feed/ 0
Полска: Пакетите со кинески семиња можат да се сметаат за биотероризам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-paketite-so-kineski-seminja-mozat-da-se-smetaat-za-bioterorizam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-paketite-so-kineski-seminja-mozat-da-se-smetaat-za-bioterorizam/#respond Wed, 05 Aug 2020 14:34:55 +0000 https://kurir.mk/?p=386727

Полската полиција побара од граѓаните да ги информираат органите на редот ако евентуално добијат сомнителни пакети со семиња од Кина, а не ги порачале. Пакети со семиња првично пристигнаа на адреса на американските граѓани, а потоа и во Европа и во Полска. Експертите предупредуваат дека таквите семиња не можат да се посеат. – Семињата се од непознато потекло и што е најважно, се со непознат фитосанитарен статус и можат да бидат извор на нови штетници, опасни за растенија кои сè уште ги нема во земјата и во Европска Унија. Таквите организми како габи, бактерии, вируси и слично претставуваат потенцијална закана за растенијата во околината. Под поволни услови за развој и отсуство на природни непријатели и ограничувачки фактори, тие можат да се шират, предизвикувајќи економски и еколошки загуби, оценуваат експертите. Агниешка Сагајдак од полскиот Државен инспектор за заштита на растенијата и семињата истакна дека при негативен развој тоа би можело да се смета за биотероризам. – Ако плевелот или болестите се вкоренат, тоа може да доведе до големи загуби, и тогаш тоа може да се смета за биотероризам, посочи Сагајдак. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-paketite-so-kineski-seminja-mozat-da-se-smetaat-za-bioterorizam/feed/ 0
Лајчак го извести Тачи дека ја започнал работата за посредување меѓу Приштина и Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lajchak-go-izvesti-tachi-deka-ja-zapochnal-rabotata-za-posreduvanje-megju-prishtina-i-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lajchak-go-izvesti-tachi-deka-ja-zapochnal-rabotata-za-posreduvanje-megju-prishtina-i-belgrad/#respond Fri, 10 Apr 2020 12:24:16 +0000 https://kurir.mk/?p=330218

Новиот специјален претставник на Европската унија за преговорите меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак го извести косовскиот претседател Хашим Тачи дека веќе ги започнал подготовките за посредување во идниот дијалог меѓу двете држави и дека во тој правец очекува да соработува со него, јави дописникот на МИА од Приштина. Во писмото до Тачи, кое носи завчерашен датум, а кое денеска го објавија косовските медиуми, Лајчак вели дека намерата му е да го унапреди процесот на дијалог и изразува надеж дека заедно со претставниците на двете земји ќе успеат да постигнат резултати кои се во полза на народот во Косово и во Србија. – Намерата ми е да соработувам тесно и динамично за да го унапредиме процесот на дијалог и очекувам и од Приштина и од Белград да ја обноват посветеноста со истата решителност. Убеден сум дека со вистинска политичка волја од двете страни и низ дијалог заедно ќе ги постигнеме резултатите кон кои стремиме, во полза на народот во Косово и во Србија, пишува словачкиот дипломат. Лајчак порача дека во време кога светот се соочува со пандемијата на Ковид-19, од големо значење е регионалната соработка и воедно ја поздрави одлуката на косовската влада за укинување од 1 април на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина. Истиот ден кога и на Тачи, на 8 април, Лајчак му се обрати со слично писмо и на вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, кој му одговори дека е подготвен да формира тим за преговори со Србија, што ќе го предводи тој самиот, а во кој, како претседател на државата, меѓу другите, ќе членува и Тачи. Косовскиот претседател го отфрли предлогот на Курти, оценувајќи дека тоа е само една „лична желба“ на премиерот, кој со апсолутно мнозинство беше разрешен од страна на Собранието на Косово. – Разрешениот премиер е делегитимиран од гласовите на апсолутното мнозинство на народните претставници во Собранието на Косово и не може да си презема обврски во име на институциите на Република Косово, ниту пак во име на една влада во заминување. Следствено, листата на делегацијата останува само една негова лична желба и ништо повеќе од тоа, реагира кабинетот на Тачи, забележувајќи му на Курти дека „ја прекршил уставната хиерархија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lajchak-go-izvesti-tachi-deka-ja-zapochnal-rabotata-za-posreduvanje-megju-prishtina-i-belgrad/feed/ 0