постари лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 14 Sep 2022 13:06:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png постари лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 БУГАРИ СО ИЗМАМА СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ЗЕМАТ 20.000 ЕВРА ОД СКОПЈАНКА: Лажеле дека нејзината ќерка прегазила дете и дека тие ќе и помогнеле https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bugari-so-izmama-se-obidele-da-zemat-20-000-evra-od-skopjanka-lazele-deka-nejzinata-kjerka-pregazila-dete-i-deka-tie-kje-i-pomognele/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bugari-so-izmama-se-obidele-da-zemat-20-000-evra-od-skopjanka-lazele-deka-nejzinata-kjerka-pregazila-dete-i-deka-tie-kje-i-pomognele/#respond Wed, 14 Sep 2022 13:06:54 +0000 https://kurir.mk/?p=732685

Денеска (14.09.2022) полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа К.О.И.(51) и Г.Е.М. (56), двајцата од Благоевград, Република Бугарија кои со измама се обиделе да земат 20.000 евра од 65-годишна жена од Скопје, лажејќи ја дека нејзината ќерка прегазила дете и дека тие ќе и помогнеле за да не оди во затвор. Вчера (13.09) на 65-годишната жена од Скопје на телефон и се јавило непознато лице кое се претставило дека наводно е полициски началник и и кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што згазила дете и ако сака да ја спаси од затвор требало да му даде 20.000 евра. Оштетената му рекла дека има дома само 7500 евра, а другите пари ќе ги даде дополнително. Измамникот и рекол парите што ги има да ги даде веднаш, а останатите наредниот ден, па оштетената околу 16:00 часот на локација во општина Аеродром ги дала парите на, за неа, непознато лице. Денеска, измамникот повторно се јавил околу 7 часот, по што оштетената го пријавила случајот во Полициска станица Аеродром. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје презедоа соодветни мерки и активности за приведување на измамниците и дадени се насоки на оштетената како да постапува. Откако на подрачјето на општина Центар оштетената му ги дала парите на измамникот, тој е лишен од слобода и утврдено е дека станува збор за К.О.И.. Веднаш потоа е приведена и Г.Е.М., која го чекала во ресторан, во близина на местото каде К.О.И. беше лишен од слобода. Кај нив се пронајдени пари кои потекнуваат од кривични дела. К.О.И. во службен разговор го признал делото, а признал и дека на сличен начин измамил лице од Кавадарци и лице од Охрид. По документирање на случајот, во координација со ОЈО ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Апелираме до граѓаните да внимаваат и да не наседнуваат на вакви измами, а доколку добијат вакви повици, случајот веднаш да го пријават во најблиската полициска станица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bugari-so-izmama-se-obidele-da-zemat-20-000-evra-od-skopjanka-lazele-deka-nejzinata-kjerka-pregazila-dete-i-deka-tie-kje-i-pomognele/feed/ 0
Во соседството казна од 100 евра за сите лица постари од 60 години ако не се вакцинирани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sosedstvoto-kazna-od-100-evra-za-site-lica-postari-od-60-godini-ako-ne-se-vakcinirani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sosedstvoto-kazna-od-100-evra-za-site-lica-postari-od-60-godini-ako-ne-se-vakcinirani/#respond Fri, 14 Jan 2022 14:01:32 +0000 https://kurir.mk/?p=619371

Во Грција од недела стапува на сила нова епидемиолошка мерка. Владиниот портпарол Јанис Економу изјави за новинарите дека невакцинираните лица постари од 60 години ќе треба да плаќаат по 100 евра месечно. Тој објасни дека оваа мерка е неопходна, бидејќи девет од 10 смртни случаи од корона припаѓаат на таа возрасна група. Дополнително, седум од 10 интубирани пациенти во одделенијата за интензивна нега ковид се постари од 60 години. Осум од десет се невакцинирани, додава тој за „Економист“. Атина на крајот на ноември објави задолжителна вакцинација за лицата постари од 60 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sosedstvoto-kazna-od-100-evra-za-site-lica-postari-od-60-godini-ako-ne-se-vakcinirani/feed/ 0
Одложувањето на втората доза на вакцината на Фајзер кај постарите лица резултира со поголеми нивоа на антитела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odlozuvanjeto-na-vtorata-doza-na-vakcinata-na-fajzer-kaj-postarite-lica-rezultira-so-pogolemi-nivoa-na-antitela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odlozuvanjeto-na-vtorata-doza-na-vakcinata-na-fajzer-kaj-postarite-lica-rezultira-so-pogolemi-nivoa-na-antitela/#respond Fri, 14 May 2021 08:57:30 +0000 https://kurir.mk/?p=510184

Вакцината на Фајзер/Бионтек против коронавирус кај постари лица произведува три и пол пати поголема реакција на антитела кога втората доза се одложува до 12 недели по првата, покажа британско истражување. Ова е прва студија која директно го споредува производството на антитела по тринеделен интервал помеѓу две дози, како што е препорачано од Фајзер/Бионтек, и продолжен интервал до 12 недели помеѓу две дози, што многу земји го воведоа во недостиг на вакцини за да ги опфатат многу повеќе луѓе со прва доза на вакцина и со тоа барем делумно да се заштити поголем број на луѓе од смртоносната болест. Откако Велика Британија исто така воведе поголем период меѓу двете дози, производителите на вакцината на компанијата Фајзер/ Бионтек изјавија дека нема податоци за да се обезбеди научна основа за таквата одлука. Но, компаниите признаа дека јавните здравствени интереси за заштита на што поголем број жители можат да бидат земени предвид. Тогаш истражувањата веќе покажаа дека единечна доза од вакцината Фајзер обезбедува значителна заштита од болеста. – Нашата студија покажува дека врвот на одговорот на антителата по втората доза на Фајзер е значително зголемен кај постарите лица кога се одложува до 12 недели, изјави авторот на студијата Хелен Пари од Универзитетот во Бирмингем. Во многу европски земји, вакцината на Фајзер/Бионтек почна да се применува пред да се донесе одлука за продолжување на интервалот помеѓу двете дози, па така, мал дел од луѓето беа вакцинирани со втората доза по 21 ден, како што препорачува производителот. Со студијата, која сè уште не поминала научна рецензија, биле опфатени 175 лица на возраст од 80 до 99 години и утврдено е дека продолжувањето на интервалот меѓу две дози го зголемува врвот на создавање на антитела за три и пол пати во споредба со луѓето кои го примиле втора доза по три недели. Антителата се дел од имунолошкиот систем, а вакцината исто така го стимулира производството на Т-клетки, кои исто така учествуваат во одбраната на организмот од инфекција. Врвот на Т-клетките бил поголем во групата која ја добила втората доза по три недели, па авторите на студијата предупредуваат дека сè уште не можат да извлечат заклучоци за нивото на заштита што го има едно лице во зависност од интервалот меѓу две дози на вакцини. Но, земајќи ги предвид овие податоци во комбинација со нивото на заштита што го обезбедува првата доза на вакцина против хоспитализација и смрт од Ковид-19, Институтот за јавно здравје на Англија процени дека студијата дополнително го поддржува британскиот пристап за вакцинација со кој се зголемува периодот помеѓу две дози вакцини и така со првата доза се опфатени и заштитени голем број лица. – Пристапот за кој се одлучи Велика Британија со одложување на втората доза на вакцина навистина се исплати, рече Гајатри Амирталингам, епидемиолог во Англискиот институт за јавно здравје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odlozuvanjeto-na-vtorata-doza-na-vakcinata-na-fajzer-kaj-postarite-lica-rezultira-so-pogolemi-nivoa-na-antitela/feed/ 0
Бразил: Вакцината на Астра Зенека безбедна за постари лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-vakcinata-na-astra-zeneka-bezbedna-za-postari-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-vakcinata-na-astra-zeneka-bezbedna-za-postari-lica/#respond Fri, 29 Jan 2021 07:20:10 +0000 https://kurir.mk/?p=461290

Бразилското здравствено регулаторно тело „Анвиса“ соопшти дека податоците за вакцината против коронавирус, што ја развија компаниите „Астра Зенека“ и Универзитетот во Оксфорд, засега покажуваат дека вакцината е безбедна за постари пациенти. „Анвиса“ реагираше откако Германија препорача вакцината на „Астра Зенека“ да се дава само на лица помлади од 65 години. Како што наведе во соопштението, не е можно да се утврди ефикасноста на вакцината „Ковидшилд“ за постари од 65 години, бидејќи, како што наведува, учеството на старите лица во студиите што се спроведени досега не е статистички релевантно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-vakcinata-na-astra-zeneka-bezbedna-za-postari-lica/feed/ 0
Зошто коронавирусот е најсмртоносна опасност за постарите лица? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-koronavirusot-e-najsmrtonosna-opasnost-za-postarite-lica/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-koronavirusot-e-najsmrtonosna-opasnost-za-postarite-lica/#respond Wed, 08 Apr 2020 16:40:55 +0000 https://kurir.mk/?p=329300

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, лекарите предупредуваат дека постарите се најзагрозената група, а сега експертите објаснуваат и зошто е тоа така. Стапката на процентот на смртност нагло расте по 70-тата година, велат најновите проценки објавени во Lancet Infectious Diseases. Меѓутоа, зошто постарите лица се толку загрозени? Освен главнат причина, дека постарите луѓе главно имаат некоја хронична болест, науката смета дека постои уште една причина. Таа втора причина ја нарекле „самрак на имунитетот“. -Не е само бројот на годините тој кој одредува како телото ќе одговори на болеста, предупредува геронтологот Џорџ Кучел од Универзитетот во Конектикат, додавајќи дека многу посериозен фактор е и бројот на хроничните болести од кои пациентот страда. И можноста дека пациентот ќе мора да биде хоспитализиран расте со текот на годините. Според досегашните бројки, околу 18,4 пациенти постари од 80 години морале да бидат во болница. Кај луѓето во шеесеттите години, процентот изнесува 12 отсто, додека околу 3,4 отсто триесетгодишници мора да бидат во болница. Британските научници сметаат дека возраста е во голема мера причина за катастрофата што ја снајде Италија. Просечната старост во Италија е 47 години и Италијаните се вбројуваат меѓу најстарите народи во Европа. Околу 23 проценти од населението им е постаро од 65 години. „Органзизмот на постарите луѓе не реагира на микроорганизмите како што реагирал кога бил помлад. Тоа е „самрак на имунитетот“, објаснува имунобиологот Јанко Николиќ Жугиќ од Универзитетот во Аризона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-koronavirusot-e-najsmrtonosna-opasnost-za-postarite-lica/feed/ 0