пости – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Apr 2022 16:52:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пости – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Благо во пост, еве дали медот е една од опциите https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/blago-vo-post-eve-dali-medot-e-edna-od-opciite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/blago-vo-post-eve-dali-medot-e-edna-od-opciite/#respond Fri, 22 Apr 2022 17:33:45 +0000 https://kurir.mk/?p=666950

Доколку и вие спаѓате во групата луѓе кои не се сигурно дали медот е посен или не, прочитајте во продолжение. За време на постите некои се обидуваат да го исклучат од исхраната, додека за други медот е замена за нешто благо. Одредени производи сепак може да бидат алтернативно решение за време на постите. Тука спаѓаат џемот, сувото овошје, ореви, темно чоколадо, алва и медот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/blago-vo-post-eve-dali-medot-e-edna-od-opciite/feed/ 0
Совети за луѓето со дијабетес кои сакаат да постат за Рамазан https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-lugjeto-so-dijabetes-koi-sakaat-da-postat-za-ramazan/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-lugjeto-so-dijabetes-koi-sakaat-da-postat-za-ramazan/#respond Tue, 05 Apr 2022 08:19:29 +0000 https://kurir.mk/?p=658548

Рамазан, периодот во којшто муслиманските верници постат од изгрејсонце до зајдисонце, започна на 2 април. Што значи ова за луѓето кои имаат дијабетес и коишто треба да го задржат шеќерот во крвта под контрола? Дијабетесот е доживотна здравствена состојба која предизвикува високи нивоа шеќер во крвта. Постојат два главни вида дијабетес – тип 1 и тип 2. Кај дијабетес тип 1, имунолошкиот систем на телото ги напаѓа клетките што произведуваат инсулин, а кај дијабетесот тип 2, телото самостојно не произведува доволно инсулин, што предизвикува клетките да не реагираат правилно на инсулинот. – Постот за време на Рамазан не се препорачува за луѓе со дијабетес тип 1. Ова важи и за оние со оштетување на бубрезите или земаат апчиња поради болеста, вели стручњакот Несрин Јавуз. Муслиманите со хронични болести како што е дијабетесот се ослободени од обврската за рамазанскиот пост, иако многумина, сепак, сакаат да учествуваат во постот. Оние со дијабетес тип 2 може да постат, но треба да бидат особено внимателни во конкретни случаи. – Дури и за луѓето кои не си инјектираат инсулин, важно е да имаат добри долгорочни нивоа на гликоза во крвта. Оние кои земаат инсулин мора да бидат особено внимателни, бидејќи во спротивно може да западнат во тешка хипогликемија, вели Јавуз. На сите дијабетичари им се советува да разговараат со својот лекар пред да почнат да постат, да си ја проценат општата здравствена состојба, постојната терапија, опасностите од постот и со тоа да си помогнат во креирањето на планот за исхрана. Задолжително е и редовно мерење на нивото шеќер во крвта. Се препорачува овој преглед да се направи еден до два месеци пред Рамазан. И постарите лица и трудниците со дијабетес, исто така, се изложени на ризик. – Ако пациентот со дијабетес е изложен на опасност од хипогликемија за време на целодневен пост, треба веднаш да престане да пости и да го врати шеќерот во крвта под контрола со земање, на пример, малку гликоза, истакнува Јавуз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-lugjeto-so-dijabetes-koi-sakaat-da-postat-za-ramazan/feed/ 0
Утре почнува Велигденскиот пост: Дознајте што треба да јадете и како се пости https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-pochnuva-veligdenskiot-post-doznajte-shto-treba-da-jadete-i-kako-se-posti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-pochnuva-veligdenskiot-post-doznajte-shto-treba-da-jadete-i-kako-se-posti/#respond Sun, 14 Mar 2021 11:52:45 +0000 https://kurir.mk/?p=482153

Денес е Прочка, а од утре почнуваат Велигденските пости. Се пости на вода, освен во сабота и недела, кога се дозволува масло (зејтин) и вино. Масло и вино се допушта и на празниците: Упокоение на свети Кирил Солунски, Наоѓање на главата на свети Јован Крстител, свети Агатангел Битолски, Младенци Собор на свети архангел Гаврил, света Лидија Македонска, Упокение на свети Методиј Солунски и на храмов или домашен празник. Масло се допушта и на „преполовение“ на постот и на Велики Четврток заради Тајната вечера. Риба се јаде само на Благовец и на Цветници. На Лазарева сабота се јаде икра. Велигденскиот пост е најстрогата форма на постење. А постот значи воздржување телесно и духовно: воздржување од мрсна храна и од гревовност. Во постот ние му даваме предност и поткрепа на духовното пред телесното. Тоа е време за повеќе молитва и за повеќе добри дела. Време за откажување од гревот и за покајание. Во Велигденскиот пост не се прават свадби, ниту се дозволува венчавање. Телесниот пост значи во сите дни воздржување од месо, млеко, јајца и производи со нив, односно од сè што содржи месо, млеко и јајца, а во одредените денови, воздржување и од масло и од вино. Храната доминантно е од растително потекло. Иако, само во сабота и недела е дозволена храна со масло (зејтин), а во другите денови без масло, сепак, има и ублажување на постот, кога е тоа потребно. Ако е човекот болен, слаб и немоќен, може да добие благослов, да пости со зејтин, млеко и риба. Тоа се однесува и на малите деца до 7 години, но и на длабоката старост, како и за луѓето во посебни услови и состојби, како што се болестите, затворите, армијата, војните, бремените, леунките, доилките, патниците и сл. Во таквите случаи постот може да се ублажи. Благословот за тоа се добива од православен свештенослужител. Од постот не се ослободува, туку тој се олеснува. Никако не се допушта месо. Светите отци постот го нарекуваат мајка на здравјето, а и современиот начин на исхрана сè повеќе му придава значење на постот, односно на откажувањето од храната со животинско потекло. Постот е потреба и за телесното и за духовното здравје. И најважно, постот не е само воздржување и одрекување од храна, туку е важен и духовниот пост – одрекувањето и воздржувањето од секое зло и грев. Во тие дни треба да се испитаме себеси, да се воздржиме од лошите мисли, зборови и дела, да се покаеме и да се исповедаме. Да се измириме и да се очистиме. Духовно да се зајакнеме и да се збогатиме. Да правиме добри дела и да покажеме љубов кон Бога и кон луѓето. Велигденскиот пост завршува пред Страстната седмица која се издвојува во посебна седмица на страданијата. Постот, според поставениот ред, ги завршува своите 40 дена во петокот пред Лазарева сабота (во VI седмица). На Велики Четврток, се јаде еднаш дневно и тоа по завршувањето на Светата Литургија. На Велики Петoк, по своја волја, некои верници не јадат ништо до зајдисонце. Велика Сабота е единствената сабота во која се пости со пост на вода, а оние што можат, остануваат цел ден на суво јадење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-pochnuva-veligdenskiot-post-doznajte-shto-treba-da-jadete-i-kako-se-posti/feed/ 0
Утре започнува последната недела од Велигденските пости: Што треба да правите и кое е значењето на овие денови? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-zapochnuva-poslednata-nedela-od-veligdenskite-posti-shto-treba-da-pravite-i-koe-e-znachenjeto-na-ovie-denovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-zapochnuva-poslednata-nedela-od-veligdenskite-posti-shto-treba-da-pravite-i-koe-e-znachenjeto-na-ovie-denovi/#respond Sun, 21 Apr 2019 05:18:49 +0000 https://kurir.mk/?p=189226

Последната недела пред крајот на големиот Велигденски пост се нарекува сиропусна недела. Таа е од подготвителен карактер и подразбира дека треба телесно и духовно да се подготви за Воскресението Господово. Големиот пост е најважен посен период во текот на годината и затоа оваа недела, ако постите од наредната недела, морате да се придржувате до одредени правила во исхраната. Оваа недела, од Велики понеделник до Велика сабота верниците ја поминуваат во строг пост, молитви и покајание. На богослужбите во црквите се потсетува на последните земни денови на Исус Христос, неговото приведување и страдањето на крстот. Оваа недела се нарекува „страстна“ според старословенскиот збор „страст“ што значи страдање, трпение и болка. На Велики понеделник црквата потсетува на старозаветниот Јосиф кого браќата го продале за 20 сребреници, но тој се спасил и подоца станал владетел на Египет. Големиот пост воедно е и најстрог пост на црквата и задолжителен е за сите Христијани. Во време на овој пост треба да се воздржуваме од конзумирање месо, јајца, сирење, млеко, значи секоја храна што содржи животински масти. Првите три дена од првата недела на големиот пост, се пости строго. Тоа важи и за последната недела од постот, која се пости на вода. На Велики вторник православната црква го покажува Богочовекот Исус Христос како сезнаечки, кој во саботата кога го воскреснал Лазар, знаел дека еврејските старешини го осудиле на смрт. На Велика среда се споменува предавството на Јуда. На тој ден во спомен на жената која истурила миро на христовите нозе, во црквите се врши една од седумте свети тајни-осветувањето елеј. Верниците тогаш се помазуваат со осветеното масло како лек за телесно и за душевно здравје. На Велики четврток се служи литургија на Василиј Велики. На тој ден Исус Христос ја востановил светата тајна на причестување во облик на леб и вино што го претставуваат телото и крвта Господово. Вечерта има бдеење и се читаат 12 евангелија за Христовите страдања. На Велики петок нема литургија. Тоа е најжалосниот ден за христијаните бидејќи Исус Христос бил осуден и распнат на крст. Во времето на смрттта на Синот Божји земјата се затресла, Сонцето се помрачило, а завесата во ерусалимскиот храм се искинала на два дела. Наместо камбани, во црквите се до недела се слуша звукот на клепалото.  Вечерта се изнесува плаштеницата која го означува посмртното облекување и полагање во гробот на Исус Христос и се служи опело. По обиколката околу храмот верниците минуваат под плаштеницата. На Велика сабота последниот ден од Велигденскиот пост се служи опело за Исус Христос. Во раните попладневни часови се служи литургија на Свети Василиј Велики. Доцна попладне во ерусалимскиот храм на Светиот гроб на Господ Исус Христос во кој претходно се изгасени сите свеќи и кандила се пали светиот оган што го прима ерусалимскиот патријах и потоа го пренесува на народот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-zapochnuva-poslednata-nedela-od-veligdenskite-posti-shto-treba-da-pravite-i-koe-e-znachenjeto-na-ovie-denovi/feed/ 0
Ако постите, внимавајте на ова: Некои намирници се продаваат како посни, но не се https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-postite-vnimavajte-na-ova-nekoi-namirnici-se-prodavaat-kako-posni-no-ne-se/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-postite-vnimavajte-na-ova-nekoi-namirnici-se-prodavaat-kako-posni-no-ne-se/#respond Thu, 14 Mar 2019 14:23:26 +0000 https://kurir.mk/?p=174737

Иако сигурно строго внимавате што јадете, за време на постот се случува понекогаш да консумирате нешто за што не сте сигурни дали е од животинско потекло Денес, кога имаме шницли и гулаш од соја, растителна маст, сирење и млеко на база на растителни производи, посен маргарин, посен еурокрем…постот станува речиси незабележлив. И вистина е дека верниците кои почнуваат да проучуваат, внимателно ги читаат состојките на производите и често запаѓаат во недоумица која храна треба да се смета за посна и да ја консумираат, а која е сомнителна и не треба да се користи. Се покажало дека повеќето од тие „растителни имитации на мрсна храна“ всушност не се посни. Многу е важно да ја прочитате декларацијата, бидејќи многу растителни сирења можат да содржат некои состојки од животинско потекло, како што е казеин протеинот. Ако купувате растителен кашкавал, проверете дали содржи казеин протеин. Посно е само сирењето од соја. Крем бананите не се посни, бидејќи во нив се наоѓа желатин, кој се прави од животинско потекло. Истото важи и за гумените и желе-бомбоните. Исто така, во многу пецива и тестенини има јајца или јајца во прав, затоа, не секоја тестенина е посна. На пример, лебот во некои пекари се премачкува со смеса која содржи јајца, за да добие сјај и крцкавост. Не секоја рибина паштета е посна, па затоа се препорачува да се прочита декларацијата. Многумина исто така мислат дека смоките како и останатите грицки слични на смоки се посна храна, меѓутоа не е така. Тие содржат млеко во прав и какао путер, а овие состојки не се посни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-postite-vnimavajte-na-ova-nekoi-namirnici-se-prodavaat-kako-posni-no-ne-se/feed/ 0