постигнат договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 06 Jun 2020 08:04:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png постигнат договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Албанија: Политичкиот совет постигна договор за изборната реформа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/albanija-politichkiot-sovet-postigna-dogovor-za-izbornata-reforma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/albanija-politichkiot-sovet-postigna-dogovor-za-izbornata-reforma/#respond Sat, 06 Jun 2020 08:04:29 +0000 https://kurir.mk/?p=354334

Албанскиот Политички совет, кого го сочинуваат претставници на политичките партии од власта и опозицијата, постигнаа договор околу изборните реформи, што е еден од 15-те услови за почнување преговори на Албанија со ЕУ. -По повеќе средби, синоќа по полноќ во Конгресната палата Политичкиот совет постигна консензус за спроведување на изборите, прифаќајќи ја 100 отсто електронската идентификација на гласачите на изборите. Во нацрт-договорот се вели дека Владата на Албанија гарантира навремено финансирање онолку колку што е технички можно,-пренесува државната агенција АТА. Надминато беше и недоразбирањето околу составот на изборните комисии и одбори. Договорено е Централната изборна комисија да се реформира, член да биде само оној кој го поминал ветингот и да има двајца странски експерти кои ќе помагаат во подготовката,обуката и спроведувањето на процесот на биометриска идентификација. Претседателот да се избира со консензус а потпретседателот го предлага опозицијата. На овој договор претходеа повеќе средби на Политичкиот совет, како и неколку средби и разговори со странските дипломати, посебно синоќешните средби на американската амбасадорка Јури Ким, со опозицискиот лидер, Љуљзим Баша и со шефот на државата,Илир Мета. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/albanija-politichkiot-sovet-postigna-dogovor-za-izbornata-reforma/feed/ 0