постојни членки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 Jun 2020 14:33:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png постојни членки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Путин предлага самит на петте постојани членки на СБ на ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-predlaga-samit-na-pette-postojani-chlenki-na-sb-na-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-predlaga-samit-na-pette-postojani-chlenki-na-sb-na-on/#respond Fri, 19 Jun 2020 14:43:40 +0000 https://kurir.mk/?p=359949

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика лидерите на петте постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН да се договорат за организирање самит што треба да се фокусира на горливите светски проблеми што е можно поскоро. Путин тој повик го испраќа во написот објавен на англиски јазик во американското списание за меѓународни односи, Национален интерес, во кој ги анализирал настаните од Втората светска војна. Анализата на Путин е објавена пред парадата закажана за следната недела на Црвениот плоштад во Москва за одбележување на 75-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. „Денес, исто како и во 1945 година, важно е да се покаже политичка волја и да се дискутира заедно за иднината“, напиша рускиот претседател. Тој предлага самитот да се одржи во јануари, а четири земји членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Кина, Франција и Велика Британија, во принцип потврдија дека се согласуваат. Москва се надева дека самитот би можел да биде организиран кога стравот од коронавирусот ќе се смири. Москва објави дека самитот ќе биде посветен на глобалната економија, безбедноста, контролата на оружјето, екстремизмот, компјутерската безбедност и климатските промени, а Путин најави дека Русија ќе ги претстави своите идеи и иницијативи на сите тие теми. „Потпирајќи се на заедничка историска меморија, можеме и мораме да веруваме едни на други. Тоа ќе биде цврста основа за успешни преговори и насочена акција во корист на обезбедување … стабилност и безбедност за целата планета“, напиша Путин. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-predlaga-samit-na-pette-postojani-chlenki-na-sb-na-on/feed/ 0
Трамп ја поддржува идејата на Путин за самит на петте постојани членки на СБ на ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-ja-poddrzuva-idejata-na-putin-za-samit-na-pette-postojani-chlenki-na-sb-na-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-ja-poddrzuva-idejata-na-putin-za-samit-na-pette-postojani-chlenki-na-sb-na-on/#respond Thu, 07 May 2020 15:39:07 +0000 https://kurir.mk/?p=343131

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја поддржува идејата на неговиот руски колега Владимир Путин, за самит со учество на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, изјави синоќа Тим Суливан, американски амбасадор во Москва. Суливан посочи и дека САД планираат да ги обноват преговорите со Русија за контрола на вооружувањето. Според него, Трамп неодамна му соопштил на Путин дека таа иницијатива е „добра идеја“. Сега се разгледуваат форматот и организацијата. Во текот на посетата на Израел во јануари, Путин предложи лидерите на Русија, САД, Велика Британија, Кина и Франција, да свикаат годинава самит, истакнувајќи дека петте нуклеарни сили „имаат посебна одговорност да се сочува цивилизацијата“. Сергеј Лавров, министер за надворешни работи, во март изјави дека САД, Франција и Кина го прифатиле предлогот. Суливан исто така изјави дека САД планираат да ги обноват и преговорите со Русија за контрола на вооружувањето, вклучително и историскиот Договор за ракети со мал и среден дострел кој беше обновен од претседателите Барак Обама и Дмитриј Медведев во 2010 година. Рокот на овој договор истекува во фебруари 2021 година, со можност да се продолжи уште пет години по согласност на двете страни. Администрацијата на Трамп засега одолговлекува со започнување на преговори со Русија, инсистирајќи дека во новиот договор треба да се вклучи и Кина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-ja-poddrzuva-idejata-na-putin-za-samit-na-pette-postojani-chlenki-na-sb-na-on/feed/ 0