постпородилната депресија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Jul 2023 15:04:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png постпородилната депресија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Доктор Лазаров: Како здравство и општество многу малку посветуваме внимание на постпородилната депресија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-lazarov-kako-zdravstvo-i-opshtestvo-mnogu-malku-posvetuvame-vnimanie-na-postporodilnata-depresija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-lazarov-kako-zdravstvo-i-opshtestvo-mnogu-malku-posvetuvame-vnimanie-na-postporodilnata-depresija/#respond Mon, 03 Jul 2023 15:04:08 +0000 https://kurir.mk/?p=852216

На интензивна нега во многу критична состојба е 39 годишната родилка која синоќа се обиде да си го одзеде животот фрлајќи се од првиот кат на Клиниката за гинекологија. Директорката на ГАК, д-р Викторија Јовановска информираше дека пациентката во два наврати се пожалила на вознемиреност, но дека тоа не е прва појава кај родилките. По овој случај се огласи доктор Ненад Лазаров кој смета дека како здравство и како општество малку или воопштво не се посветува внимание на постпородилната депресија. -Психолошката состојба на родилките, првенствено постпородилната депресија е нешто на што исклучително малку или воопшто не му посветуваме внимание како здравство и како општество. Не смее да се занемари и сопругот и неговата поддршка и учество во целиот процес, од самата бременост па се до раѓањето и пуерпериумот, кој има круцијална улога за менталното здравје на родилката, особено во првите денови по раѓањето. Иако за среќа не е честа појава, постпарталната психоза оправдано се смета за здравствена итност, се случува 0.09 до 2.6 од 1000 раѓања а неретко резултира со обиди за суицид, доста често во позадина има претходна психичка состојба, вели доктор Лазаров.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-lazarov-kako-zdravstvo-i-opshtestvo-mnogu-malku-posvetuvame-vnimanie-na-postporodilnata-depresija/feed/ 0