построги мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Dec 2021 07:39:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png построги мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Италија на сила построги мерки против коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-na-sila-postrogi-merki-protiv-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-na-sila-postrogi-merki-protiv-koronavirusot/#respond Mon, 06 Dec 2021 07:39:38 +0000 https://kurir.mk/?p=604564

Во Италија од денеска стапија во сила построги мерки против коронавирусот, со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу јавни активности, и нема да можат да користат јавен превоз без ковид-потврди. Од денеска само оние кои биле вакцинирани или прележале Ковид-19 можат да јадат во ресторани, да одат во кино, да излегуваат во клубови и да гледаат фудбалски натпревари на стадионите. Владата на премиерот Марио Драги донесе нови правила кон крајот на ноември и ќе останат во сила до 15 јануари. Правилата важат и за користење на јавен превоз и хотелско сместување. На пример, досега, патниците кои патувале со воз на подолга релација морале да покажат дека се вакцинирани, дека прележале Ковид-19 или се негативни на коронавирус. Од понеделник ќе се бара „зелен сертификат“ и за метро, автобус и меѓуградски превоз. Мерките не се однесуваат на деца до 12 години бидејќи се уште не можат да се вакцинираат. Но, според владините планови тиа може да почнат да се вакцинираат веќе од 16 декември. Италијанскиот медицински регулатор веќе ја одобри вакцината на Фајзер/Бионтек во помали количини за деца на возраст од пет до 11 години. Задолжителните вакцини на училишниот персонал, полицајците и војниците ќе почнат на 15 декември. Вакцинацијата на вработените во здравството е задолжителна од април.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-na-sila-postrogi-merki-protiv-koronavirusot/feed/ 0
Германија е против воведување построги санкции за Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-e-protiv-voveduvanje-postrogi-sankcii-za-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-e-protiv-voveduvanje-postrogi-sankcii-za-rusija/#respond Mon, 26 Apr 2021 13:11:28 +0000 https://kurir.mk/?p=502253

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас се изјасни против воведување на построги санкции за Русија поради затворениот опозициски лидер Алексеј Навални, објави ДПА. Шефот на германската дипломатија изјави дека се сомнева оти таквите мерки ќе доведат до подобра ситуација во однос на критиките на Кремљ. – Мислам дека ќе се случи токму спротивното, нагласи Мас. ЕУ со месеци бараше ослободување на Навални, кој е осуден за прекршување на условната казна, која не ја исполни бидејќи замина неколку месеци на лекување во Германија откако беше отруен во Сибир. Мас потсети дека ЕУ веќе двапати употребила слични мерки против Русија – по труењето на Навални и откако беше уапсен по неговото враќање. Сепак, санкциите воведени против Русија во врска со анексијата на Крим и конфликтот во источниот дел на Украина ќе останат во сила сè додека не се постигне решение, увери германскиот министер. – Но, не е во наш интерес да се вклучиме во оваа конфронтација. Ние сакаме дијалог и да бидеме добри соседи со Русија, истакна Мас. Тој додаде дека лошата состојба во односите меѓу Берлин и Москва, како и меѓу ЕУ и Москва, е повод за дијалог. Односите не треба да останат во таа состојба, нагласи Мас, оценувајќи дека „за да се промени тоа, треба да разговараме“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-e-protiv-voveduvanje-postrogi-sankcii-za-rusija/feed/ 0
Прекинат состанокот на покраинските влади со Меркел, поради несогласување околу водедувањето построги мерките https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prekinat-sostanokot-na-pokrainskite-vladi-so-merkel-poradi-nesoglasuvanje-okolu-vodeduvanjeto-postrogi-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prekinat-sostanokot-na-pokrainskite-vladi-so-merkel-poradi-nesoglasuvanje-okolu-vodeduvanjeto-postrogi-merkite/#respond Tue, 23 Mar 2021 07:03:13 +0000 https://kurir.mk/?p=486445

Преговорите меѓу федералните и покраинските влади на Германија за понатамошни мерки во борбата против коронавирусот се прекинати поради несогласување околу воведувањето построги мерки, што ги бара канцеларката Ангела Меркел. – Мерките за кои се договоривме досега не се доволни за да се запре динамиката на ширење на инфекцијата, рече Ангела Меркел. Како што пренесуваат германските медиуми, најспорно е прашањето за патувања за време на велигденските празници. Федералните покраини, особено оние лоцирани на бреговите на Северното и Балтичкото море, бараат отворање на туристичките капацитети со строго почитување на хигиенските мерки и физичката дистанца. Меркел останува на ставот за натамошна забрана за сите патувања Федералната влада и некои федерални покраини одбиваат да го сторат тоа и инсистираат на понатамошна забрана на сите патувања што не се многу потребни, вклучувајќи ги и туристичките. Забрането е хотели и приватно сместување да бидат домаќини на гости за туристички цели. На состанокот се дискутира и за воведување полициски час во области со голема инциденца на зараза. Планираниот предлог да се дозволи посета на семејствата за време на велигденските празници, како што беше случај за Божик, е одбиен. Претходно, учесниците на состанокот, како што пренесуваат германските медиуми, се согласиле за начелно продолжување на актуелните мерки до 18 април. Сè уште не е познато кога може да продолжи состанокот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prekinat-sostanokot-na-pokrainskite-vladi-so-merkel-poradi-nesoglasuvanje-okolu-vodeduvanjeto-postrogi-merkite/feed/ 0
ЕК сака построги мерки за патување во и вон Европската Унија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-saka-postrogi-merki-za-patuvanje-vo-i-von-evropskata-unija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-saka-postrogi-merki-za-patuvanje-vo-i-von-evropskata-unija/#respond Mon, 25 Jan 2021 13:57:17 +0000 https://kurir.mk/?p=459601

Европската Комисија (ЕК) денеска им препорача на земјите членки на ЕУ да воведат построги мерки за патниците во и вон Унијата за да се избегнат нови бранови од Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел. Земјите треба построго да ги обесхрабрат со неесенцијални движења преку границите но и во самите земји со оглед на тоа дека новите мутации на вирусот се позаразни и се шират многу бргу, предупредија денеска еврокомесарите Дидие Рејндерс и Илва Јохансон на прес конференција во Брисел. За земјите надвор од ЕУ, Комисијата препорачува задолжително тестирање пред заминување и приложување на тест не постар од 72 часа како и карантин или изолација од 14 дена максимум. ЕК бара исто така да се преземат построги мерки за патниците кои пристигнуваат од земјите каде се детектирани новите варијации на вирусот, односно Велика Британија и Јужна Африка. За овие патници треба да се бараат и дополнителни тестови при пристигнување во земја на ЕУ. Конечно, Комисијата препорачува и да се воспостави заеднички европски формулар за локализација на патниците. За сега секоја земја има свои формулари, Комисијата смета дека треба сите земји членки на ЕУ да имаат ист образец. Што се однесува до одлуката да се отстрани трета земја од списокот на ризични дестинации, Комисијата бара да се додаде критериум што се однесува на присуството на мутирани соеви на вирусот. Другите критериуми за стапките на позитивност и на тестирање остануваат исти. ЕУ треба да ги заостри правилата за патување не само во самата Унија, туку и во самите земји членки, смета ЕК, без притоа да се стави во опасност функционирањето на заедничкиот пазар. За оваа цел земјите членки на ЕУ ги модификуваа кодовите со бои, додавајќи ја темно црвената за земјите со посебна висока стапка на заразени и позитивност. За патниците кои пристигнуваат од овие зони, ЕК препорачува тест и карантин, но одлуката останува во рацете на националните власти. Сепак, европската извршна власт потсетува дека на есенцијалните работници, лицата кои работат во погранична зона или преминуваат редовно граници од семејни причини треба да им се олеснат процедурите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-saka-postrogi-merki-za-patuvanje-vo-i-von-evropskata-unija/feed/ 0
Построги мерки од полноќ во Лондон, Есекс и Хертфордшајр https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postrogi-merki-od-polnokj-vo-london-eseks-i-hertfordshajr/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postrogi-merki-od-polnokj-vo-london-eseks-i-hertfordshajr/#respond Wed, 16 Dec 2020 14:51:46 +0000 https://kurir.mk/?p=444142

Од полноќ во Лондон и некои делови на Есекс и Хертфордшајр ќе бидат воведени построги мерки за ограничувања поради зголемениот број случаи на заразени со коронавирус, пишува британскиот весник „Мирор“. Многумина вчера ја искористиле последната можност да ги посетат пивниците и терасите на отворено. Од денеска ноќните клубови, кафулињата и рестораните ќе можат да служат пијалак само за носење. Декември му донесе нови проблеми на британскиот угостителски сектор. Промените ги најави министерот за здравство Мет Хенкок во понеделникот, што предизвика незадоволство меѓу угостителскиот сектор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/postrogi-merki-od-polnokj-vo-london-eseks-i-hertfordshajr/feed/ 0
Норвешка воведува построги мерки, вклучително и за приватни собири https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshka-voveduva-postrogi-merki-vkluchitelno-i-za-privatni-sobiri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshka-voveduva-postrogi-merki-vkluchitelno-i-za-privatni-sobiri/#respond Mon, 26 Oct 2020 16:55:07 +0000 https://kurir.mk/?p=420885

Поради најновото зголемување на бројот на новозаразени, Норвешка ќе воведе построги мерки во борбата против пандемијата, вклучително и ограничувања на приватни собири, соопшти премиерката Ерна Солберг. Норвешката премиерка исто така рече дека ќе бидат укинати исклучоците од мерките за карантин за странските работници кои доаѓаат во Норвешка. Тие од 31 октомври ќе треба да поминат десет дена во карантин по пристигнувањето во земјата, рече Солберг. Во Норвешка од почетокот на пандемијата со коронавирусот се заразиле околу 18.000 луѓе, а повеќе од 270 починале. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshka-voveduva-postrogi-merki-vkluchitelno-i-za-privatni-sobiri/feed/ 0
Белгија воведува построги мерки против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-voveduva-postrogi-merki-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-voveduva-postrogi-merki-protiv-kovid-19/#respond Thu, 23 Jul 2020 13:06:32 +0000 https://kurir.mk/?p=380330

Поради зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавирусот, белгискиот Совет за национална безбедност одлучи повторно да воведе построги мерки со цел да се спречи ширењето на заразата. Наместо најавената „петта фаза“ на излез од вонредните мерки, белгиските власти донесоа одлука за заострување на правилата и нови ограничувања. Новите мерки се однесуваат на задолжителното носење заштитни маски на сите јавни места, но и на прометни улици и пазари, следење на контакти на клиенти во кафулиња и барови, како и скратено работно време на дежурни ноќни продавници. Патниците што пристигнуваат во Белгија ќе треба да пополнат формулар 48 часа пред да влезат во земјата, а сите оние што доаѓаат од области што белгиските власти ги оценија како „епидемиолошки небезбедни“, ќе треба да бидат тестирани и да одат во карантин. Во Белгија во јули е регистрирано забележително зголемување на бројот на заразени со коронавирусот. Белгиските епидемиолози предупредуваат на „почеток на вториот бран“ на епидемијата, потсетувајќи на фактот дека во понеделникот на 13 јули се пријавени 216 нови случаи на Ковид-19, што е повеќе заразени отколку во средината на март кога беа воведени мерките за изолација. Се додава дека овој пат најмногу се погодени младите луѓе на возраст меѓу 20 и 30 години и оти низ целата земја се регистрирани локални жаришта на болеста. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-voveduva-postrogi-merki-protiv-kovid-19/feed/ 0
Се построги мерки за заштита во Хрватска поради зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-postrogi-merki-za-zashtita-vo-hrvatska-poradi-zgolemuvanjeto-na-brojot-na-novozarazeni-so-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-postrogi-merki-za-zashtita-vo-hrvatska-poradi-zgolemuvanjeto-na-brojot-na-novozarazeni-so-koronavirusot/#respond Mon, 13 Jul 2020 06:57:30 +0000 https://kurir.mk/?p=374960

Во Хрватска од денеска стапуваат во сила построги епидемиолошки мерки кои ги најави Кризниот штаб поради наглото зголемување на заразени во последните денови. Според новите правила, задолжително е носење маски во продавници, јавниот превоз, медицинските установи … Маски ќе мора да носат и вработените во кафулиња и ресторани. Во однос на организирањето настани со повеќе од 100 учесници, се воведуваат повеќе правила што се однесуваат на посетителите, носење маски, во врска со храна и пијалаци, хигиенски услови и слично. Забрането е и ракување, прегрнување и бакнување. Од саботата почна примената на построги мерки на границите, односно за сите граѓани на земји кои не се членки на ЕУ задолжителен е негативен тест за коронавирус не постар од два дена, или задолжителна 14-дневна самоизолација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-postrogi-merki-za-zashtita-vo-hrvatska-poradi-zgolemuvanjeto-na-brojot-na-novozarazeni-so-koronavirusot/feed/ 0
Мнозинството Австријци бараат построга контрола и задолжително носење маски https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnozinstvoto-avstrijci-baraat-postroga-kontrola-i-zadolzitelno-nosenje-maski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnozinstvoto-avstrijci-baraat-postroga-kontrola-i-zadolzitelno-nosenje-maski/#respond Fri, 10 Jul 2020 08:59:41 +0000 https://kurir.mk/?p=373119

Поголемиот дел од Австријците, односно 59 проценти од нив, сакаат да се врати обврската за носење заштитни маски,покажува истражувањето објавено од весникот „Естерајх“. Од друга страна, 41 процент  се против задолжителното носење маски. Во Австрија, во моментов, задолжително е да се носи маска само во јавниот превоз. Од анкета се гледа дека за задолжително носење маска се 63 отсто од испитаните жени и 56 проценти од анкетираните мажи. Исто така, според анкетата, 64 отсто од граѓаните се за построги контроли и казни за непочитување на мерките. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnozinstvoto-avstrijci-baraat-postroga-kontrola-i-zadolzitelno-nosenje-maski/feed/ 0
Грчката Влада размислува да воведе построги правила за движењето на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-razmisluva-da-vovede-postrogi-pravila-za-dvizenjeto-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-razmisluva-da-vovede-postrogi-pravila-za-dvizenjeto-na-gragjanite/#respond Tue, 31 Mar 2020 13:23:24 +0000 https://kurir.mk/?p=324951

Ја разгледуваме можноста, рамката за движење на граѓаните да биде построга, изјави портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас во неговите интервјуа за грчкото радио „Скај 100,3“ и за грчката телевизија „Мега“, објаснувајќи дека додека многумина доследно се придржуваат на мерките за забрана на движењето, постои мал процент од граѓаните кои ги злоупотребуваат можностите што им се нудат за излегување од дома, јави дописничката на МИА од Атина. Грците за излегување од дома имаат шест опции, односно шест исклучоци од забраната за движење, а Пецас вели ако некој на секој час одбира по една различна опција ќе излезе шест пати од дома. -Не може некој, три пати дневно да ја користи потврдата со шесте опции што му се нудат. Излегувањето го комбинираме да одиме во супермаркет, во аптека, во фурната што е во нашата населба и се враќаме дома, истакна Пецас и додаде дека освен тоа што некои граѓани излегуваат често, користејќи различна причина од оние што им стојат на располагање, други пак, можноста за излегување ја користат за премногу долго време да се задржат надвор. Токму затоа, според портпаролот на грчката Влада, се разгледува можноста за воведување на построги правила за излегувањето од дома да се сведе на еднаш дневно. Паралелно, грчката полиција продолжува со контролите, а во текот на вчерашниот ден, за непотребно движење и за прекршување на забраната биле изречени 2193 казни. Од почетокот на мерката, односно од минатиот понеделник заклучно со вчера, забраната ја прекршиле 10 634 лица и биле казнети со 150 евра]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-razmisluva-da-vovede-postrogi-pravila-za-dvizenjeto-na-gragjanite/feed/ 0