потекло – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Mar 2023 11:16:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png потекло – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЗО: Откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-otkrivaneto-na-potekloto-na-kovid-19-e-moralen-i-nauchen-imperativ/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-otkrivaneto-na-potekloto-na-kovid-19-e-moralen-i-nauchen-imperativ/#respond Sun, 12 Mar 2023 11:16:37 +0000 https://kurir.mk/?p=810928

Откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив и сите хипотези мора да се истражат, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој на Твитер напиша дека разбирањето на потеклото на Ковид-19 е научен императив, бидејќи ќе помогне да се спречат нови избувнувања, но и морален императив бидејќи милиони луѓе кои ги загубија животите. Тедрос ја објави оваа објава по повод одбележувањето на три години откако СЗО првпат го употреби зборот пандемија за глобалната епидемија на Ковид-19. Во 2021 година, тим предводен од СЗО помина со недели во и околу Вухан, Кина, каде беа пријавени првите случаи на човечка инфекција со коронавирусот. Во заедничкиот извештај се вели дека вирусот најверојатно бил пренесен од лилјаци на луѓе преку друго животно, но дека е потребно дополнително истражување. Кина, сепак, соопшти дека не се потребни дополнителни посети. СЗО оттогаш формираше научна советодавна група за опасни патогени, но се уште не се донесени заклучоци за тоа како започна пандемијата, бидејќи се вели дека недостасуваат клучни податоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-otkrivaneto-na-potekloto-na-kovid-19-e-moralen-i-nauchen-imperativ/feed/ 0
СЗО започнува нова истрага за потеклото на коронавирусот: Ќе се испитува дали потекнува од лабораторија во Вухан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-zapochnuva-nova-istraga-za-potekloto-na-koronavirusot-kje-se-ispituva-dali-poteknuva-od-laboratorija-vo-vuhan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-zapochnuva-nova-istraga-za-potekloto-na-koronavirusot-kje-se-ispituva-dali-poteknuva-od-laboratorija-vo-vuhan/#respond Mon, 27 Sep 2021 08:44:24 +0000 https://kurir.mk/?p=568721

Светската здравствена организација ќе започне нова истрага за потеклото на коронавирусот и ќе се испитува дали потекнува од лабораторија во Вухан. Ќе биде назначен нов тим од околу 20 експерти, вклучително и експерти за биосигурност, лабораториска безбедност, генетика и начинот на ширење на вирусите кај луѓето, пишува The Wall Street Journal. Тие ќе истражат дали коронавирусот протекол од лабораторија во Вухан, на крајот на 2019 година - тврдење што го отфрли Кина, која исто така сака СЗО да испита дали вирусот потекнува од друга земја. Портпаролот на СЗО изјавил дека приоритетите на новиот тим „мора да бидат податоци и пристап во земјата каде што биле идентификувани првите извештаи“. Претходната истрага препорача Кина да ги испита најраните сомнителни случаи на коронавирус, а тимот во својот последен извештај тврдеше дека податоците дадени од земјата се недоволни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-zapochnuva-nova-istraga-za-potekloto-na-koronavirusot-kje-se-ispituva-dali-poteknuva-od-laboratorija-vo-vuhan/feed/ 0
СЗО продолжува да го истражува потеклото на пандемијата на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-prodolzuva-da-go-istrazuva-potekloto-na-pandemijata-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-prodolzuva-da-go-istrazuva-potekloto-na-pandemijata-na-kovid-19/#respond Fri, 20 Aug 2021 17:23:35 +0000 https://kurir.mk/?p=553164

Светската здравствена организација (СЗО) денеска испрати покана до експертите да се приклучат на новата експертска група што ја формира оваа организација, со цел да продолжи работата на истражувањето на потеклото на пандемијата на коронавирусот. Во соопштението на СЗО се наведува дека новата група научници треба да достави независна анализа за досега извршената работа за утврдување на потеклото на Ковид-19. СЗО објави дека бара околу 25 членови со соодветна професија кои можат да аплицираат до 10 септември. Исто така, експертите треба да ја советуваат СЗО за неопходните следни чекори, како и да дадат насоки за критични прашања поврзани со потенцијалната појава на други вируси, како што се МЕРС и ебола. Тимот од меѓународни експерти ангажирани од Светската здравствена организација во март објавија прелиминарен извештај во кој беше оценето како „крајно неверојатно“ дека потеклото на Ковид-19 е поврзано со лабораторија. Иако научниците сметаат дека вирусот најверојатно се проширил кај луѓето од животни, теоријата дека потекнува од лабораторија е во центарот на вниманието во изминатите неколку месеци. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, минатиот месец изјави дека е „премногу рано“ да се исклучи теоријата за потеклото на вирусот од лабораторија, наведувајќи дека се можни лабораториски несреќи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-prodolzuva-da-go-istrazuva-potekloto-na-pandemijata-na-kovid-19/feed/ 0
Кина ја отфрла дополнителната истрага за потеклото на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-ja-otfrla-dopolnitelnata-istraga-za-potekloto-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-ja-otfrla-dopolnitelnata-istraga-za-potekloto-na-koronavirusot/#respond Fri, 13 Aug 2021 10:09:23 +0000 https://kurir.mk/?p=550065

Кина денеска ги отфрли повиците на Светската здравствена организација (СЗО) за повторно отворање истрага за потеклото на Ковид-19, соопштувајќи дека ги поддржува „научните“, а не „политичките“ напори да се открие како настанал коронавирусот. Врз Пекинг повторно расте притисокот да спроведе нова истрага за почетокот на пандемијата од која во светот досега загинаа повеќе од четири милиони лица и ги парализира економиите ширум светот, откако во декември 2019 година првично се појави во кинескиот град Вухан. Тим меѓународни експерти на СЗО во јануари годинава отпатуваа во Вухан за да состави извештај за потеклото на коронавирусот, напишан заедно со нивните кинески колеги. Експертите не успеаја да пронајдат конечен став за тоа како почна вирусот, пишуваат француските медиуми. СЗО вчера ја повика Кина да ги сподели податоците за првите случаи на Ковид- 19 за да ја обнови истрагата за потеклото на заразата, а земјата ја повтори својата позиција дека првичната истрага е доволна и дека повиците за дополнителни податоци се мотивирани од политика, место од научни истражувања. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-ja-otfrla-dopolnitelnata-istraga-za-potekloto-na-koronavirusot/feed/ 0
САД и СЗО договорија дополнителни студии за потеклото на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-szo-dogovorija-dopolnitelni-studii-za-potekloto-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-szo-dogovorija-dopolnitelni-studii-za-potekloto-na-koronavirusot/#respond Thu, 29 Jul 2021 05:43:39 +0000 https://kurir.mk/?p=543310

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на вчерашната средба со директорот на Светска здравствена организација Тедрос Адханом Гебреисус во Кувајт договорија изработка на дополнителни студии за откривање на потеклото на пандемијата. – На состанокот беше истакнато дека во следната фаза, истрагата мора да биде навремена, базирана на докази, транспарентна и да биде водена од експерти врз кои не може да се влијае, се посочува во соопштението на Стејт департментот. СЗО претходно повика на заедничка истрага за да се открие потеклото на коронавирусот, но Кина ги отфрли плановите за дополнителни инспекции на лаборатории и пазари на нејзина територија. Првите случаи на инфекција со вирусот Ковид-19 кај луѓето беа пријавени во градот Вухан во декември 2019 година, а Кина ги отфрли теориите дека вирусот „протекол“ од една од нејзините лаборатории.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-szo-dogovorija-dopolnitelni-studii-za-potekloto-na-koronavirusot/feed/ 0
СЗО предупредува дека потрагата по потеклото на коронавирусот е „отруена од политиката“, реагираа на наредбата на Бајден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predupreduva-deka-potragata-po-potekloto-na-koronavirusot-e-otruena-od-politikata-reagiraa-na-naredbata-na-bajden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predupreduva-deka-potragata-po-potekloto-na-koronavirusot-e-otruena-od-politikata-reagiraa-na-naredbata-na-bajden/#respond Sat, 29 May 2021 07:49:54 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516367

Водечкиот експерт на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, вчера повика на одвојување на „политиката“ за прашањето за потеклото на коронавирусот од научниот аспект на оваа тема. Рајан ова го изјави неколку дена откако американскиот претседател Џо Бајден им нареди на своите соработници да најдат одговор на прашањето за потеклото на вирусот, пренесува Ројтерс. - Многу би сакале сите да ја одделат, ако е можно, политиката од науката кога станува збор за ова прашање. Целиот овој процес е отруен од политиката - рече Рајан на прес-конференцијата. Тој додаде дека ќе бидат потребни дополнителни студии за да се утврди потеклото на вирусот, пренесува Танјуг. Од појавата на вирусот во централниот кинески град Вухан во декември 2019 година, научниците се обидуваа да ја решат мистеријата за потеклото на вирусот, пишува Ројтерс. Тимот предводен од СЗО помина четири недели во и околу Вухан со кинески истражувачи и во извештајот во март изјави дека вирусот најверојатно се шири од лилјаци на луѓе преку друго животно. Потоа беше заклучено „дека преносот преку лабораториски инцидент е исклучително неверојатен пат“. Сепак, многу политичари и голем број научници не биле задоволни од тоа, според агенцијата. Бајден во средата им нареди на асистенти да најдат одговори за потеклото на вирусот, потенцијално вклучително и можност за несреќа во кинеска лабораторија. Соединетите држави во четвртокот го повикаа СЗО да спроведе втора истрага. - Секоја земја и секој субјект можат слободно да ги следат нивните теории за потекло, ова е слободен свет - рече Рајан. Тој рече дека СЗО е организација која се труди да соработува со сите свои земји-членки со цел колективно да бара одговори. Според објавените податоци на веб-страницата „Светлометри“, од почетокот на пандемијата се потврдени 170.153.479 случаи на коронавирус ширум светот, а во моментов се активни 14.481.802 случаи на инфекција. 3.537.922 луѓе починале од последица на коронавирусот, а 151.985.435 се опоравиле. Соединетите држави имаат најмногу регистрирани случаи на ковид-19 - повеќе од 34 милиони, Индија - повеќе од 27,7 милиони, Бразил - повеќе од 16,3 милиони, Франција - повеќе од 5,6 милиони и Турција - повеќе од 5,2 милиони. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predupreduva-deka-potragata-po-potekloto-na-koronavirusot-e-otruena-od-politikata-reagiraa-na-naredbata-na-bajden/feed/ 0
Се бара нова истрага за потеклото на коронавирусот – 24 истражувачи сметаат дека досегашното истражување е нарушено од политиката https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-bara-nova-istraga-za-potekloto-na-koronavirusot-24-istrazuvachi-smetaat-deka-dosegashnoto-istrazuvanje-e-narusheno-od-politikata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-bara-nova-istraga-za-potekloto-na-koronavirusot-24-istrazuvachi-smetaat-deka-dosegashnoto-istrazuvanje-e-narusheno-od-politikata/#respond Thu, 08 Apr 2021 06:34:50 +0000 https://kurir.mk/?p=494043

Заедничкото истражување на Кина и Светската здравствена организација (СЗО) за потеклото на коронавирусот не даде веродостојни одговори за тоа како почна пандемијата и потребни се поригорозни истражувања, со или без Пекинг, соопштија група меѓународни научници и истражувачи. Во заедничката студија, објавена минатата недела, се наведува дека најверојатната патека на пренесување на вирусот што предизвикува Ковид-19 вклучува лилјаци и други диви животни во Кина и Југоисточна Азија. Исклучена беше можноста дека вирусот протекол од лабораторијата. Во отворено писмо, 24 научници од Европа, САД, Австралија и Јапонија изјавија дека истражувањето било нарушено од политиката. -Тие сакаа да постигнат онолку компромиси колку што им беа потребни за да се постигне минимална соработка од Кина, рече Џејми Мецл од Атлантскиот совет, кој и го напиша писмото. Во писмото се наведува и дека заклучоците од истражувањето се темелени на необјавено кинеско истражување, додека критичните записи и биолошките примероци „остануваат недостапни“. Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејсус минатата недела изјави дека Кина сокрила некои податоци. Лианг Ванијан, виш кинески експерт за Ковид-19, го негираше ова тврдење и се чини дека ги отфрли сите натамошни заеднички истраги во Кина, кажувајќи дека фокусот во иднина треба да се насочи кон другите земји. Мецл смета дека светот можеби ќе мора да се врати на „планот Б“ и да спроведе истрага „на најсистематски можен начин“, и тоа без кинеско учество. Кина ги негираше обвинувањата дека САРС-КоВ-2 протекол од истражувачка лабораторија во Вухан, градот каде што првпат бил идентификуван Ковид-19. Заедничка студија на Кина и СЗО даде резултат дека е „екстремно мала веројатноста“ вирусот да излегол од лабораторија, соопштувајќи дека „нема податоци“ дека било која лабораторија чува вируси поврзани со вирусот САРС-КоВ-2. Тедрос притоа додаде дека „се потребни повеќе истражувања за да се дојде до подобри заклучоци“. Мецл истакна дека Кина треба да ги обезбеди информациите што можат да ги побијат лабораториските хипотези. -Кина има бази на податоци за тоа кои вируси се чувале во лабораториите, рече Мецл, додавајќи дека „постојат типови на научници кои се занимаваат со таа материја, а ние немаме пристап до тие луѓе“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-bara-nova-istraga-za-potekloto-na-koronavirusot-24-istrazuvachi-smetaat-deka-dosegashnoto-istrazuvanje-e-narusheno-od-politikata/feed/ 0
Што вели нацрт-извештајот на СЗО: Коронавирусот не е дојден од лабораторија, се чини дека ова е сценариото https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shto-veli-nacrt-izveshtajot-na-szo-koronavirusot-ne-e-dojden-od-laboratorija-se-chini-deka-ova-e-scenarioto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shto-veli-nacrt-izveshtajot-na-szo-koronavirusot-ne-e-dojden-od-laboratorija-se-chini-deka-ova-e-scenarioto/#respond Mon, 29 Mar 2021 08:58:49 +0000 https://kurir.mk/?p=489073

Заедничката студија на Светската здравствена организација (СЗО) и Кина за потеклото на Ковид-19 вели дека пренесувањето на вирусот од лилјаци на луѓе преку друго животно е најверојатно сценарио и дека пропуст во лабораторијата како причина е крајно неверојатно. Агенцијата наведува дека денес ја добила скоро финалната верзија на извештајот на СЗО од дипломат со седиште во Женева, кој не сакал да биде идентификуван бидејќи не бил овластен да дава информации пред нејзиното официјално објавување. Сè уште не е познато дали извештајот може да се промени пред да биде објавен, но наодите што ги содржи беа главно очекувани и оставија многу прашања без одговор, пренесува АП. Тимот на СЗО предложи понатамошно истражување во сите можни насоки во врска со потеклото на коронавирусот, освен хипотезата дека тој „избегал“ од лабораторијата. Истражувачите разгледале четири сценарија по редослед на веројатност. Тие заклучија дека пренесувањето преку друго животно е многу веројатно. Тие проценија дека е веројатно директното ширење од лилјаците на луѓето, и исто така рекоа дека е можно ширење со прехранбени производи со „ладен ланец“. Објавувањето на извештајот беше одложено неколку пати, а официјален СЗО кон крајот на минатата недела изјави дека очекува тој да биде подготвен за објавување во следните неколку дена. Извештајот главно се заснова на посетата на тим меѓународни експерти на СЗО на кинескиот град Вухан, каде што за прв пат беше откриен „Ковид-19“, во текот на јануари и февруари минатата година, според агенцијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shto-veli-nacrt-izveshtajot-na-szo-koronavirusot-ne-e-dojden-od-laboratorija-se-chini-deka-ova-e-scenarioto/feed/ 0
Еве во што се сомневаат експертите од СЗО за потеклото на коронавирусот? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eve-vo-shto-se-somnevaat-ekspertite-od-szo-za-potekloto-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eve-vo-shto-se-somnevaat-ekspertite-od-szo-za-potekloto-na-koronavirusot/#respond Mon, 22 Mar 2021 07:43:23 +0000 https://kurir.mk/?p=485901

Експертите од Светската здравствена организација (СЗО), истражувајќи го изворот на ширење на коронавирусот во кинескиот град Вухан, навестуваат дека трговијата со диви животни може да биде причината за ширењето на вирусот САРС-КоВ-2, јави „Блумберг“. Меѓународна група експерти на СЗО од 14 јануари речиси еден месец престојуваше во Кина и притоа спроведе заедничко истражување со кинески експерти за да се утврди потеклото на Ковид-19. Експертите на СЗО, наводно, развиле четири главни хипотези за можното потекло на вирусот. Коронавирусот веројатно не влегол во човечкото тело директно од лилјаците на пазарот за морска храна Вухан. Веројатно имало меѓупреносител на вирусот. Истражувачите, исто така, го доведоа во прашање вештачкото потекло на Ковид-19 и не ја поддржаа теоријата дека пандемијата е резултат на протекување од лабораторија. Исто така, кај нив има и хипотеза споделена од НР Кина во врска со пренесувањето на вирусот преку контаминирана храна. Меѓутоа, најверојатна причина за коронавирусот е трговијата со диви животни на пазарот со морски плодови во Вухан, наведуваат експертите на СЗО. Доминик Двајер, микробиолог од Сиднеј, кој беше дел од експертската група на СЗО, вели дека вирусот можело да се прими преку заразено животно, кое било продадено на пазарот. -Пазарот можеби бил клучен за влегувањето на вирусот во човечкото тело, изјави Џоел О.Вертхајм, асистент по медицина на Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего. Тој додаде дека, според актуелните податоци до кои тие дошле, пазарот е местото каде првично се проширел САРС-КоВ-2, но не мора да значи дека е тоа местото каде што се појавил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eve-vo-shto-se-somnevaat-ekspertite-od-szo-za-potekloto-na-koronavirusot/feed/ 0
СЗО: Остануваат отворени сите хипотези за потеклото на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-ostanuvaat-otvoreni-site-hipotezi-za-potekloto-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-ostanuvaat-otvoreni-site-hipotezi-za-potekloto-na-koronavirusot/#respond Fri, 12 Feb 2021 09:41:13 +0000 https://kurir.mk/?p=467716

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека сите хипотези за потеклото на коронавирусот, кој предизвика пандемија, остануваат отворени. – Покренати се некои прашања дали одредени хипотези се отфрлени. Сакам да појаснам дека сите претпоставки се отворени и бараат натамошни проучувања, истакна Гебрејесус. Тој додаде дека тимот на СЗО во Кина се уште работи на завршниот извештај и му се заблагодари на независниот експертски тим за, како што рече, „многу важната научна вежба во екстремно тешки околности“. Експертскиот тим кој го проучува потеклото на коронавирусот соопшти во вторникот дека е „сосема неверојатно“ дека тој се проширил од вирусолошката лабораторија во кинескиот град Вухан и тоа „не е хипотеза за која сметаат дека подразбира натамошно проучување“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-ostanuvaat-otvoreni-site-hipotezi-za-potekloto-na-koronavirusot/feed/ 0