потонување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Aug 2020 10:36:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png потонување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дваесет години од потонувањето на руската подморница „Курск“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvaeset-godini-od-potonuvanjeto-na-ruskata-podmornica-kursk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvaeset-godini-od-potonuvanjeto-na-ruskata-podmornica-kursk/#respond Wed, 12 Aug 2020 10:36:33 +0000 https://kurir.mk/?p=389678

Пред дваесет години, на 12 август 2000 година, случајна експлозија на торпедо предизвика да потоне руската нуклеарна подморница Курск, гордоста на руската Северна флота. Судбината на 118 членови на екипажот заглавени на длабочина од 108 метри ќе ја задржи нацијата без здив цели девет дена. Тоа беше најголемата катастрофа на руската постсоветска морнарица. Руската подморница К-141 Курск, класа Оскар II, беше гордост на руската флота, што ја симболизира моќта и силата на руската морнарица. Пуштена во употреба во 1994 година, нуклеарната подморница долга 154 метри, активна помалку од шест години во времето кога потона. Таа сабота наутро пред 20 години подморницата опремена со 24 ракети и 24 торпеда учествуваше на поморска вежба во водите на Баренцовото Море, на границата на Русија и Норвешка. Во 11:28 по локално време норвешките сеизмолози забележаа моќна експлозија, а две минути подоцна следуваше уште една силна детонација. Според општоприфатената теорија, водородниот пероксид истекол во влезната просторија со оружјето, што довело до експлозија на торпедо и ова две минути подоцна предизвикало експлозија на оружјето. Втората експлозија имаше сила од околу шест тони ТНТ и беше доволно голема за да се регистрира на сеизмографите низ северна Европа. Руската морнарица ја лоцираше подморницата во неделата наутро, но целиот радио контакт со екипажот беше прекинат, добиена е само една СОС-порака. Подморницата со нуклеарен погон можеше да носи до 130 луѓе. За време на трагедијата, во подморницата имало 118 морнари и офицери, под команда на капетанот Генадиј Лијачин. Повеќето членови на екипажот биле под 30 години. Во неделата попладне, мини подморница вплови во извидничка мисија, но моторот ја погоди Курск и таа мораше брзо да излезе на површина. Несреќата во Курск ја потврдија руските власти два дена подоцна, на 14 август, наведувајќи ги „техничките проблеми“ како причина за потонувањето. Поморската команда соопшти дека експлозијата во одделот за торпедо ја оштетила подморницата, која морала да се спушти на дното, во меѓународната зона на околу 150 километри северно од руското пристаниште Североморск и дека екипажот имал доволно кислород до 18 август. Русија, исто така, првично ја одби помошта за спасување понудена од Британците, Норвежаните и на крајот од Американците, но со нивната застарена опрема, нивните обиди за спасување во невремето биле неуспешни и тие подоцна прифатиле меѓународна помош. За некои се веруваше дека ги преживеале експлозиите и се преместиле во преостанатите делови на подморницата, но нивото на кислород драстично се намалило. На 21 август, норвешки нуркачи успеаја да влезат во подморницата по само 30 часа, но беше предоцна. Внатрешноста беше целосно потопена. Сите луѓе во Курск биле заробени во воден гроб, а нуркачите пронашле само мртви тела. Според експертите, животи можеле да бидат спасени доколку операциите за спасување започнале порано. Несреќата на подморницата Курск се случи рано за време на првиот претседателски мандат на Владимир Путин, кој летуваше во тоа време во Сочи, на Црното Море. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvaeset-godini-od-potonuvanjeto-na-ruskata-podmornica-kursk/feed/ 0
Шокантни тврења за Титаник: Бродот не потонал откако удрил во леден брег, ова се случувало во последните 10 минути пред потонување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shokantni-tvrenja-za-titanik-brodot-ne-potonal-otkako-udril-vo-leden-breg-ova-se-sluchuvalo-vo-poslednite-10-minuti-pred-potonuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shokantni-tvrenja-za-titanik-brodot-ne-potonal-otkako-udril-vo-leden-breg-ova-se-sluchuvalo-vo-poslednite-10-minuti-pred-potonuvanje/#respond Mon, 15 Apr 2019 18:01:25 +0000 https://kurir.mk/?p=186833

Британскиот патнички брод Титаник потонал на 14 април 1912 година, за време на првото патување од Саутемпетон во Њујорк, САД. На бродот имало околу 2200 луѓе, а ноќта кога удрил во ледена карпа загинале 1500 луѓе.Меѓутоа таа приказна не е реална, вели поранешен поморец кој има искуство во водите на северно атлантикот, каде што потона Титаник. Капетанот Л.М  во 2002 година издаде и книга во која ги изложил своите три теории поради кои потонал Титаник. „Уверен сум дека е невозможно бродот да удри во леден брег, Титаник е жртва на арктичкиот леден слој. Арктичкиот лед е повеќегодишен и многу тврд“ вели тој. „Бројни бродови потонале на ист начин, пробивање на трупот, нема доказ дека Титаник удрил во леден брег“. Капетанот ги опиша детално последните 10 минути пред потонување. Колинс тврди дека она што го виделе и мислеле дека е магла се работело за појас мраз. Исто така и различни офицери пријавиле различни висини на ледениот брег. Капетанот Колинс вели дека оваа разлика покажува дека се работело за оптичка илузија. Физиката исто така налага дека Титаник не удрил во леден брег. Тој нагласил дека нешто познато како Бернулиев ефект значи дека тоа не  можно. Според него ако бродот пловел 11 метри во секунда и удрил во леден брег  за кој се тврди дека бил со вечичина на хотел цела страна на бродот би била уништена и бродот би потонал за неколку секунди а не неколку часа како што се случило.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shokantni-tvrenja-za-titanik-brodot-ne-potonal-otkako-udril-vo-leden-breg-ova-se-sluchuvalo-vo-poslednite-10-minuti-pred-potonuvanje/feed/ 0